Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека со назначувањето на Ефимија Димовска на чело на Развојната банка, премиерот Христијан Мицкоски ја става институцијата во функција на, како што наведе, сопствени бизнис интереси. Фрчкоски тврди дека Димовска е сопруга на Димитар Димовски, кого го посочува како долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во проекти поврзани со хидроцентрали, преку компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје. ...

Лидерот во шпанската Ла Лига Барселона во дербито на 26.коло го совлада Виљареал пред своите навивачи со 4:1. Најдобар поединец на дуелот беше Ламин Јамал кој постигна хет-трик. Со неговите два гола Барселона на полувреме водеше со 2:0, а головите беа постигнати во 28.та и 37.та минута. Гостите од Виљареал намалија на 2:1 со голот на Пепе Геје во 49.минута. Но, Барселона постигна уште два гола. Јамал по третпат го совлада противничкиот голман ...

Израелските и американските сили започнаа координирани воздушни напади врз Исламската Република Иран. Прво беше цел на Техеран, а потоа и други цели низ целиот Иран. Луѓето бегаа по улиците по нападот, кој започна во 7:30 часот наутро по македонско време. Видеа од жестоки удари циркулираат на социјалните мрежи. Густи облаци од чад, попознати како „печурки“, се издигаа над целите погодени од ракети. Американските претставници очекуваат овој ...

– Под слоганите „Не беше несреќа, беше убиство“, „Правда за загинатите“, „Криминалот од Темпи да не се скрие“, илјадници граѓани протестираа на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент во Атина на тригодишнината од железничката несреќа кај Темпи, а по завршувањето на официјалниот дел, имаше тензии меѓу полицијата и маскирани лица, јави дописничката на МИА од Атина. Официјалниот дел траеше нешто повеќе од два часа, започна со едноминутен молк ...

До овој момент, до дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, единаесет македонски државјани официјално побарале евакуација од Израел. Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба. Во оваа фаза, препораката до нашите ...

Дерби дуелот од 20.коло од Првата фудбалска лига меѓу Струга и Вардар заврши без победник 1:1, а со освоениот бод Вардар остана на првата позиција со 52 бода, додека стружани ја продолжија серијата од четири натпревари без победа (два пораза и два нерешени). „Црвено-црните“ поведоа во 13.минута со голот на Хрватот Мислав Матиќ (трет гол во првенството), додека на 1:1 изедначи резервистот кај стружани Христијан Матески во 80.минута, откако ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на промена на режимот во Техеран. Во својата прва видео изјава за нападите на САД и Израел врз Иран, Нетанјаху апелираше до „целиот ирански народ“ да „го отфрлат јаремот на тиранијата и да донесат слободен и мирен Иран“, објави Си-Ен-Ен-. Тој нагласи дека „заедничкото дејствување ќе создаде услови храбриот ирански народ да ја земе својата судбина во свои раце“. Во видео изјавата, Нетанјаху му се ...

Американските напади врз Иран се извршуваат од воздух и од море, изјави американски функционер за Ројтерс. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја. Американски функционер потврди за „Тајмс оф Израел“ дека САД биле вклучени во утринските напади во Иран заедно со Израел. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е незадоволен од Иран бидејќи Техеран сè уште не е подготвен да се откаже од своето нуклеарно оружје. Тој посочи дека сака да постигне договор со Иран и предупреди дека „понекогаш е неопходно“ да се употреби воена сила. Тој пред да замине во Тексас наведе дека Иран сè уште не е подготвен да се откаже од своето нуклеарно оружје. Запрашан за можноста за употреба на сила, Трамп рече дека САД ...

Најпопуларната одбојкарка во светот, Кајла Симонс, повторно успеа да привлече внимание на социјалните мрежи со својот атрактивен изглед. Одбојкарската ѕвезда стекна меѓународна слава играјќи за тимот на Универзитетот Маршал, а денес успешно гради кариера во манекенството. На своите профили споделува фотографии од фотосесии, како и моменти од своето секојдневие, додека понекогаш ги насочува своите следбеници кон содржини на платформата „Онли ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која, како што инофмрира разговарале за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси. На средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, била истакната важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството меѓу двете земји во интерес на нашите граѓани. ...

Американскиот ММА борец Дру Зима претрпе тешка скршеница на раката. Toj e сопственик на црниот појас во БЏЏ, го имаше своето деби во ММА октагонот со победа над Логан Дитрих. Иако славеше со технички нокаут, момчето од Флорида ќе сака што поскоро да ја заборави својата прва борба, бидејќи ја скрши подлактицата додека го удираше својот ривал, но ја забележа морничавата повреда само за време на прославата. Погледнете View this post on Instagram ...

Никотинот во училиште станува сè повидлив проблем откако национално истражување спроведено во 2024 година во 75 училишта, со опфат од 4.670 ученици на возраст 13–15 години, покажало дека 13,6% од учениците моментално користат некаков тутунски производ, а наодите беа презентирани на 27 февруари 2026 во Министерството за здравство од Институтот за јавно здравје, ресорното министерство и Светската здравствена организација. Податоците укажуваат ...

Светот на бодибилдингот и иранската јавност се збогуваат со Давуд Сохараби, млад човек кој беше познат како „иранскиот Бред Пит“ поради неговата неверојатна харизма и убавина. Неговиот доживотен подем од курир до фитнес ѕвезда беше прекинат на 30-годишна возраст, само два часа откако гордо го крена сребрениот медал на неговото последно натпреварување. Наместо прослава, на улиците на Техеран се случи lхаос, каде што тој доживеа смртоносна ...

Жељко Ражнатовиќ Аркан зад себе оставил импресивна колекција слики, повеќе од 80 ремек-дела, меѓу кои биле и некои од најсериозните српски автори, како што се Паја Јовановиќ, Петар Лубарда, Сава Шумановиќ, но и едно дело од познатиот шпански сликар Франциско Гоја. Аркан се сметал и за голем колекционер на скапи часовници и љубител на накит, особено скапоцени камења. Колекцијата на брендирани часовници броела околу 20 парчиња, а оној што го ...

В понеделник, 2 март, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет. Како што изјави за МИА министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, меѓу точките од дневниот ред ќе биде и просечната потрошувачка кошничка што Владата веќе ја изготви, но сè уште го чека ставот на работодавачите и синдикатите. На седницата на ЕСС ќе биде објавена и точната сума за колку ќе се зголеми минималната плата. – Просечната потрошувачка кошничка веќе беше ...

Поранешниот бугарски репрезентативец Димитар Бербатов деновиве е во центарот на вниманието откако стана советник за спорт во владата на премиерот Андреј Ѓуров. Малкумина знаат дека Бербатов е Македонец од село Марикостиново, Пиринска Македонија. Неговиот дедо Јордан Бербатов е еден од основачите на ОМО Илинден Пирин во 1990 година. Јордан бил и делегат на првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот бугарски репрезентативец Димитар Бербатов ...

Полицијата ја опколи зградата во центарот на Подгорица каде што живее бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Зградата беше опкружена од специјални полициски единици. Исто така, беше објавено дека во тек е претрес на имотот што го користи Ѓукановиќ во Подгорица. Се претресува и имотот што го користи во Никшиќ. Станува збор за акција спроведена по наредба на Основното државно обвинителство во ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Астана изјави дека е „многу загрижен“ за здравствената состојба на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој е хоспитализиран во Белград поради воспаление на двете белодробни крила. Вучиќ им рече на новинарите од Србија кои го придружуваат за време на неговата посета на Казахстан дека е „во постојан контакт“ со министерот за здравство Златибор Лончар во врска со здравствената состојба ...

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам Бегај. -Ќе го повторам она што му го кажав на господинот Бегај и она што го кажав на заедничката средба на албанската делегација и на претставниците од мојот кабинет. Секогаш се радувам на средбите со господинот Бегај. Иако неговата вокација е лекар, а мојата правник, ...

Државниот завод за статистика потврди голем раст на превезена стока во товарниот сообраќај, силен поттик за економијата и нови работни места, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот квартал од 2025 година е за 66,7% зголемена во споредба со истиот период 2024 година, додека пак забележано е и зголемување на карго превозот преку ...

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари 2026 година, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година. Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од ...

Бројот на невработени лица во четвртото тримесечје од 2025 година е намален за 3,6% споредено со истиот период од 2024 година и сега изнесува 91.388 лица, објави Државниот завод за статистика. Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 57,9 %, а жени 42,1 %. Бројот на вработени лица во последниот квартал лани, споредено со третиот квартал бележи зголемување од 0,6 %. Од вкупниот број вработени, 57,8 % се мажи, а 42,2 % се ...

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ...

Црногорската полиција врши претрес на имотот во центарот на Подгорица на бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател Мило. Во истата зграда е сместена и филијалата на Прва банка, чиј сопственик е Ацо Ѓукановиќ. Ацо Ѓукановиќ се смета за еден од најбогатите луѓе во Црна Гора. На крајот на 2006 година, тој ги купи акциите на Никшиќка банка, која една година подоцна ја преименува во Прва банка. Неговото богатството се проценува на ...

Екипата на тетовска Шкендија го заврши настапот во УЕФА Конференциската лига, откако во 1/16 финалето синоќа беше елиминирана од турската екипа Самсунспор. Во реваншот вчера резултатот беше 4:0 за турскиот претставник. – Прво да му честитам на противникот за пласманот во следната рунда, мислам дека го заслужија тоа во двата натпревара. За натпреварот бевме многу добри во првото полувреме, потоа еден случаен пенал и заморот си го направија ...

Oд името на Владата можам да кажам дека сме исклучително задоволни и ни е чест што можеме да бидеме дел од овој настан бидејќи како Влада исклучително многу внимание во политиките посветуваме во вложувањето кај младите, истакна денеска во своето обраќање при потпишувањето на договорот со меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски. -Од мое име и од името на Владата би сакал да посакам ...

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс претрпе пораз од Феникс, иако Лука Дончиќ реализираше 41 поен, кои се покажаа недоволни за победа. Јунак на дуелот беше Ројс О’Нил, кој постигна тројка на 0,9 секунди пред крајот на дуелот. Феникс до важната победа стигна, иако во текот на дуелот имаше и двоцифрена предност. Клуч за победата беше извонредниот шут за три поени 22 реализирани тројки од 50 обиди (44 отсто). Во редовите на „езерџиите“ Дончиќ покрај ...

Екипата на Макаби натпреварите против Анадолу Ефес и Фенербахче ќе ги игра во Белград, соопштија од Евролигата. Поради воените случувања во појасот Газа, израелската екипа две години дуелите од Евролигата ги играше во Белград, но откако беше потпишано примирје Макаби домашните натпревари ги играше пред своите навивачи. До „враќање“ во Белград ќе дојде поради препораките на локалните власти и безбедносната процена. Дуелот од 33.коло Макаби – ...

Ракометниот плеј оф од Супер лигата стартува попладнево со натпреварот во Кавадарци меѓу Тиквеш и првакот Еурофарм Пелистер. Со овој натпревар стартува и борбата за титулата. Почетокот на дуелот е од 19 часот. Другите два дуела се на програмата утре, а дербито од 18:30 часот го играат Алкалоид и Вардар, екипи кои играа меѓу себе и во последното коло претходниот викенд од регуларниот дел. Третиот дуел од 1.коло е натпреварот меѓу Бутел и Охрид ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
65%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
94%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
45%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.28
67%
1016
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
97%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
2.24
58%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.13
59%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
75%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0083

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

152465.86

Алуминиум

3.53

Цинк

0.00

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Калај

52.70

Сребро

2534.46

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Платина

66744.95

Родиум

319899.93