Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Во длабок и сеопфатен преглед, истражив точноста на десет водечки фитнес часовници, со цел да помогнам на корисниците да донесат информирана одлука при избор на уред за следење на активности. Тестот вклучуваше прецизно мерење на 10.000 чекори со различни брендови, анализирајќи ги нивните способности за следење на физичка активност. Резултатите открија значителни разлики во прецизноста помеѓу различните производители. Некои часовници покажаа ...
Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на градежните работи на ...
Џејмс Ренсон, талентиран карактерен актер познат по улогите во ‘The Wire’, ‘Танџерина’, ‘Генерација Убиј’, ‘It: Поглавје Две’ и ‘Црниот Телефон’, почина на 19 декември. Тој беше 46-годишен. Неговата изненадна загуба остава длабок печал во филмската индустрија, каде што беше препознатлив по своите многубројни и длабоки карактерни улоги. Ренсон беше познат по способноста да создава автентични и емотивно силни ликови кои допираат до срцата на ...
Во контекст на трагичниот настан на Бонди Плажа, Australian Police откриваат детали кои фрлаат светло на потеклото и подготовката на осомничениот. Според официјалните извештаи, Naveed Akram спроведувал специфична обука за ракување со огнено оружје надвор од Сиднеј, заедно со својот татко. Овој детаљ укажува на можни длабински фактори кои влијаеле врз неговото однесување. Истражителите темелно ги анализираат сите аспекти на неговото потекло и ...
„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001. Но, слушнете го мојот говор на Конгресот, никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или ВЛЕН. Она што го имав за вазалите, им го кажав од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение“, кажа лидерот на ДУИ, Али Ахмети на брифинг со новинарите. Според него, планот А останува развој и ...
Почнаа да се враќаат македонските државјани кои се на привремена работа во странство за празниците. Податоците на МВР покажуваат дека на граничниот премин Табановце викендов влегле над 36 илјади македонски државјани. – На граничниот премин Табановце од 20.12.2025 (петок) од 10 часот до 22.12.2025 (понеделник) до 10 часот влез во државата оствариле 36.316 македонски државјани, а излез оствариле 6.892 македонски државјани. Што се однесува до ...
Со индекс на загадување од 155 (Unhealthy), Скопје моментално се наоѓа на 7. место на листите со најзагаден воздух, рамо до рамо со некои од најзагадените градови и држави во светот. Ова не е само бројка туку јасен аларм за квалитетот на воздухот што секојдневно го вдишуваат граѓаните. Што всушност содржи загадениот воздух? Најкритични за Скопје се ПМ10 и ПМ2.5 честичките – микроскопски честички прашина и саѓи кои најчесто потекнуваат од: ...
Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот од денес попладне (вторник 23 декември) па до четврток (25 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и локално за време на овој период ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд). Поради продор на поладен воздух од север на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе ...
Крис Риа, британскиот кантавтор со препознатлив зарипнат глас, почина на 74 години. Семејството на авторот на хитовите „Driving Home for Christmas“, „On the Beach“ и „Josephine“ објави дека тој починал во болница по кратко боледување. Роден во 1951 во Мидлзбро, Рија му се придружил на својот прв бенд „Магдалена“ на 22 години, во кој претходно пеел и Дејвид Кавердејл. По краткото членување во групата „Бјутифул лузерс“, започнал соло кариера ...
Уште еден телевизиски канал исчезна од македонската медиумска сцена. Телевизија Сонце, која подолг период беше дел од националниот кабелски телевизиски простор, повеќе не емитува програма. Корисниците на кабелските оператори забележуваат дека каналот е недостапен, а на негово место се појавува порака за немање сигнал или целосно затемнет екран, што упатува на прекин на работата. ТВ Сонце се издвојуваше со програма насочена кон теми од ...
Власта, иако ветуваше, не направи вистински измени на Кривичниот законик. Наместо тоа, преку пратеници на ДПМНЕ, поднесува козметички интервенции, далеку од суштинска реформа, дури и спротивна на европски директиви и комвенции, изјави Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ. Во продолжение соопштението Иако нов Кривичен законик се подготвуваше повеќе од четири години од работна група составена од професори, експерти, судии и обвинители – тој не е ...
На економско социјалниот совет не падна договор забпокачување на минималната плата. Првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов, вели дека на седницата наместо договор имало само лецитирање со бројки за зголемување на минималецот. Ако не се слушне јазикот на аргументите за потребата од итно зголемување – ќе се слушне јазикот на работниците на друго место – посочи Трендафилов, најавувајќи протести. Простор за оптимизам нема дополни првиот ...
Сообраќајот се одвива непречено, но возачите да бидат внимателни поради појава на магла Возачите денеска треба да бидат внимателни поради појава на магла која ја намалува видливоста на 50 до 150 метри на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово, информира ЈП Македонијапат. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но коловозите се на места влажни. На некои патни правци, особено низ усеци и ...
Важно предупредување за сите кои вечерва патуваат кон јужниот сосед. Од 18:40 часот, граничниот премин Евзони (од грчка страна, спроти ГП Богородица) е ставен под блокада. Според најновите информации:Македонија Целосна блокада на Евзони за влез во Грција – рампата е спуштена од 18:40 часот Важно предупредување за сите кои вечерва патуваат кон јужниот сосед. Од 18:40 часот, граничниот премин Евзони (од грчка страна, спроти ГП Богородица) е ...
Избор на Влада и носење на одлуки на Уставен со Бадинтер за законите што во законодавниот дом се донесени со двојно мнозинство ќе биде условот на Али Ахмети и на ДУИ да влезат во која било идна македонска влада. Ова денеска на брифинг со медиумите во седиштето во Мала Речица го порача лидерот на ДУИ. Ахмети, кој беше придружуван од новото потесно раководство на “интегративците“ е уверен дека таквите негови барања не излегуваат од рамката на ...
Поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, официјално е назначен за нов тренер на Баерн Минхен. Како што вечерва е објавено на веб-страницата на Баерн, 76-годишниот Пешиќ ќе го предводи германскиот тим до крајот на сезоната. Баерн го раскина договорот на Гордон Херберт со заедничка согласност во саботата. Пешиќ во својата кариера веќе беше тренер на Баерн во периодот од 2012 до 2016 година. „Светислав го ...
Во Владата денеска беа потпишани договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со што се најавуваат стратешки инвестиции во енергетскиот сектор во вкупна вредност од 97 милиони евра. Во Владата денес беа потпишани договори, настан кој има значење и оди многу подалеку од формалниот чин на потпишување на договори. Всушност денес донесовме одлуки коишто ја обликува иднината на ...
Амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите од кариера кои се отповикани како дел од неодамнешната одлука на претседателот Доналд Трамп која опфати смена на околу 30 амбасадори на САД. – Длабоко сме и благодарни на амбасадорката Агелер за нејзината служба во Македонија во изминатите три години и посветени сме на обезбедување непречена и ефективна транзиција што ќе им даде приоритет на мисијата на САД и нашите дипломатски односи – се вели ...
„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку дијалог, партнерство и заемна одговорност. Овој Совет не е формалност, туку темел на социјалната кохезија и стабилност во државата, место каде што интересите на работниците, работодавачите и Владата се среќаваат со цел да се изгради одржлива и правична економија“, вели Христијан Мицкоски ...
Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова за прв пат се изведува во регионот, а се со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем. Ова го изведуваме за целосна доизградба и ставање во функција на безбедно автопатско решение – истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска одржа вонредна прес-конференција, на која се осврна на, како што рече, обвинувањата и нападите што ВМРО-ДПМНЕ со денови ги пласира во јавноста. Фрчкоски наведе дека по изгласувањето на Резолуцијата, која, според него, наместо борба против дезинформации, значи забрана на вистината и слободата на говорот, започнале закани со кривични пријави и апсења. Тој оцени дека вакви практики ...
Републичката јавна обвинителка Анита Топалов –Исајловска е избрана за вршител на должноста на местото на Љупчо Коцевски се додека не се избере нов, на јавен конкурс. Така одлучија едногласно членовите на Советот на јавните обвинители на денешната седница закажана за избор, а по оставката на државниот обвинител минатата недела. Анита Тополова-Исајловска првпат е избрана за обвинителка во 2009 година, во 2013 влегува во Вишото обвинителство, а ...
Драмски театар Скопје во среда, на 24 декември во 12 часот организира комеморација во чест на починатиот актер Лазе Манасковски, соопштија од матичниот театар. Од драмски уште информираат дека погребот на Манасковски е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од актерот од 11:30 до 12:30 часот во капелата на гробиштата. Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер ...
Руски генерал загина во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет објави дека генерал-потполковник Фанил Сарваров починал утрово откако детонирала експлозивна направа поставена под автомобил. Според истражниот комитет, Сарваров бил началник на одделот за оперативна обука на руските вооружени сили. Руските власти изјавија дека една од верзиите што ги истражуваат вклучува можна вмешаност на украинските ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повлекува речиси 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други високи позиции во американските дипломатски мисии низ целиот свет објави „AP“. АП известува дека Африка е континентот најпогоден од промените, бидејќи сегашните амбасадори на САД таму ќе бидат повлечени од 13 земји: Бурунди, Камерун, Зелен ’Рт, Габон, Брегот на Слоновата Коска, Мадагаскар, Маврициус, Нигер, Нигерија, ...
Во Владата денеска заседава Економско социјалниот совет, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. На седница се очекува да стане збор за минималната плата, пресметката на потрошувачката кошничка, почитувањето и потребата од унапредување на колективните договори во јавниот и приватниот сектор, исплатата на додатоците од плата и останатата регулатива од областа. За износот на минималната плата претставници на Владата во неколку наврати ...
Имплементацијата на Шенген системот за влез и излез (EES), кој започна на 12 октомври 2025 година предизвика хаос на аеродромите, посебно во периодот на зголемени гужви. Патниците чекаат и по 3 часа за да ги поминат сите процедури. Аеродромските служби предупредуваат дека доколку системот не се стабилизира до почетокот на јануари, многу тешко ќе биде да се реализира обврската за зголемувањето на прагот за регистрација на 35% од 9 јануари, а ...
Очигледно е дека нема граница која Венко Филипче нема да ја помине за да ги задоволи апетитите и агендата на Зоран Заев, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. На листата на Извршниот одбор на “новото“ СДС се најде и Јон Фрчкоски, син на идеологот на партијата. Во СДС можете да најдете буквално се што не може на друго место, лица кои се компромитирани, лица кои ги злоупотребиле своите службени позиции, лица кои ќе направат се да ...
Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница за определување вршител на должноста државен јавен обвинител на местото Љупчо Коцевски кој си поднесе оставка, откако минатонеделната седница на чиј дневен ред беше ставен изборот на заменик на Коцевски до изборот на нов државен јавен обвинител беше одложена поради отсутво на еден од членовите на Советот. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, минатата недела на 17 декември си ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја. -Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс. Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна. -Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја ...