На 17 јули, петок, претседателката и врховен командант на Вооружените сили на Бугарија Илијана Јотова ќе присуствува на националната поморска вежба со меѓународно учество „Бриз 2026“. Во 08:30 часот претседателката на Бугарија Јотова ќе биде пречекана со воени почести на Морската станица – Бургас, каде што ќе ја поздрави почесната гарда. Потоа, на бродот на фрегатата „Дрзки“, шефицата на државата ќе го набљудува изведувањето демонстрации на ...

Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Иванка Ташева се сретна со новоизбраниот игумен на Зографскиот манастир „Св. великомаченик Георгиј Зограф“, архимандрит Гаврил во Министерството за надворешни работи. Ташева ја истакна улогата на манастирот како чувар на бугарското духовно, културно и историско наследство, како и значењето на соработката меѓу бугарската држава, Бугарската православна црква и манастирот. На средбата се ...

Ивон Величковски Медиумите на македонски релативно површно ја третираа изјавата на српската министерка Пауновиќ дека “би спровела етничко чистење во Косово за време на војната”. Кај нив повеќе внимание предизвика нејзиното прогласување за непожелна личност во Косово, одошто самата изјава. Очекувано. Бидејќи во Србија, дури откако реагираа студентите и европските функционери, Вучиќ изјавата и ја оцени како “непромислена”, а Дачиќ се обиде да ...

Изложбата „Старите градски куќи раскажуваат приказни“, посветена на архитектонското наследство на Бугарија и Северна Македонија, беше отворена во музејот „Емфиџиева куќа“ во Ќустендил, јавува БТА. Поставката опфаќа 13 објекти од Ќустендил, Дупница, Крива Паланка и Кратово, изградени во втората половина на XIX и почетокот на XX век. Покрај архитектонските особености, изложбата ги претставува и семејните приказни поврзани со куќите. ...

Претседателката и врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска го прими началникот на вооружените сили на Сојузна Република Германија, генерал Карстен Бројер. Сиљановска-Давкова посочи дека посетата на генералот Бројер е уште една потврда за посветеноста на НАТО кон регионалната стабилност. Според неа, сојузништвото со Германија овозможува изградба на отпорен и интероперабилен одбранбен систем. За генералот ...

„Христијан Мицкоски со месеци ги навредува граѓаните, нарекувајќи ги ‘талог на општеството’, ‘мекотели’, ‘коленичари’, ‘медиокритети’. Ова не се изјави на обичен политичар, туку на премиер кој ги навредува сопствените граѓани. Но, Мицкоски не се извинува. Напротив, продолжува да ги навредува граѓаните и со своите постапки“, велат од СДСМ. „Мицкоски, заедно со својот прв човек и пратеник на Вучиќ – Иван Стоилковиќ, пцуе и ги навредува ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари работна средба со в.д. амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји, како и стабилното партнерство кое се темели на споделените демократски вредности и тесната институционална соработка. Соговорниците разговараа за парламентарната агенда и актуелните институционални случувања. Нагласена беше важноста од ...

Осум студенти и еден професор од Грција престојуваат во смолјанското село Славејно, каде во текот на една недела ќе ги проучуваат животот, традициите и културното наследство на планината Родопи, пишува БТА. Посетата е дел од Меѓународната летна школа по етнологија и културна антропологија „Meeting the Mountains“, организирана од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во соработка со Универзитетот „Пантеон“ во Атина. Учесниците веќе ги ...

Создавањето подобри услови за бизнис и инвестиции во Бугарија е меѓу водечките приоритети на Владата. Ова го изјави премиерот Румен Радев за време на средбата со раководството на Американско-централноевропската бизнис асоцијација. Во разговорот што се одржа во седиштето на бугарската влада учествуваа вицепремиерите Александар Пулев и Атанас Пеканов, министерот за одбрана Димитар Стојанов, министерката за надворешни работи Велислава ...

ВМРО-ОКГ и нивните портпароли повторно се обидуваат да создадат вештачка афера за да го одвлечат вниманието од вистинските проблеми, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да зборуваат за економскиот колапс, за блокираниот европски пат и за ослободувањето на криминалци како Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, тие сега се фокусираат на законски отпис на стари долгови во ЈП ПОЦ. Обвинувањата се неосновани и тенденциозни. ...

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа, Злоупотреба на лични податоци и Компјутерска измама. Против вкупно 33 лица е поднесен предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама. Обвинетите со умисла извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат ...

Бехар Зогиани /специјално за БГНЕС/ Министерката за државна управа и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ, јавно го повтори она за чие спроведување српските државни институции работат деноноќно. Нејзината изјава не е изненадување. Таа е претставничка на партијата на Слободан Милошевиќ, кој беше обвинет во Хаг за геноцид и воени злосторства. Денес оваа партија е дел од владејачката коалиција на српскиот претседател Александар Вучиќ. ...

Во музејот на градот Разлог во Бугарија се одржа едукативна програма посветена на Васил Левски, во пресрет на 189-та годишнина од неговото раѓање, која се одбележува на 18 јули, јавува Пиринско. Специјална гостинка во музејот беше д-р Елена Чалг’нова, кустос во Регионалниот историски музеј во Благоевград. Таа им разкажа на присутните ученици за семејството на Левски, имињата под кои бил познат и за помалку познати факти од неговиот живот, ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека оваа сезона Дирекцијата е подготвена како никогаш досега за справување со пожарите. „Што се однесува до нашата подготвеност за справување со пожари, оваа сезона сме подготвени како никогаш досега. Поради опасноста од пожарите Владата оваа година благовремено прогласи кризна состојба уште од 1 јули со што на располагање ги имаме сите механизми на кризната состојба ...

По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението, реагираат од СДСМ. Ова, како што додаваат од партијата, е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството. „Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат. Кога е во прашање политички неистомисленик или ...

Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта. Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ, кажа денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Според неа, зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и ...

Во бугарската претседателска институција во текот на јуни и јули пристигнале повеќе предлози 2027 година, кога ќе се одбележат 190 години од раѓањето на Васил Левски, да биде прогласена за Година на Апостолот на слободата, јавува БТА. Ова беше соопштено во обраќањето на претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, претставено од секретарот на институцијата Милена Димитрова за време на свеченото одбележување на 189-годишнината од раѓањето на ...

Кривичниот суд денеска соопшти дека обвинителот се откажал од обвинението против Драган Павловиќ – Латас за случајот „Тотал“, во кој тој беше обвинет за даночно затајување. Од Судот наведуваат дека за Латас настанала апсолутна застареност на кривичното гонење. „Ја информираме јавноста дека на 27 мај 2026 – та година, е донесена пресуда со која се одбива обвинението, откако надлежниот Јавен обвинител се откажа од обвинителниот акт во целост“, ...

Историската меморија и зачувувањето на делото на Васил Левски како основа на националниот идентитет беа меѓу главните акценти во говорот на министерот за култура на Бугарија Евтим Милошев за време на свеченото одбележување на 189-годишнината од раѓањето на Апостолот на слободата, што се одржа во Националниот историски музеј во Софија, јавува БТА. Министерот посочи дека делото на Васил Левски далеку ги надминува рамките на ...

Институтот GATE на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ прими 32 практиканти од Бугарија, Јапонија, Гана и Унгарија во четвртото издание на својата летна програма во областа на вештачката интелигенција (ВИ) и големите податоци, соопштија од институтот, пренесува БТА. За годинашното издание, кое се одржува под мотото NEXT GATE TALENTS, се пријавиле повеќе од 100 млади стручњаци и студенти. Избраните практиканти во текот на три месеци ...

„Кога Паша пее, имаме чувство на стабилност. Тоа не е глас, туку инструмент што пее. И тоа топло, уметнички“, рекол композиторот Јосиф Цанков за бугарската пејачка Паша Христова, од чие раѓање денес се навршуваат 80 години, пишува БТА. Паша Христова е родена во 1946 година во Софија под името Парашкева Христова Стефанова. Првично работела како специјалист за техничко цртање во Институтот за електрокари, но желбата да стане пејачка ја одвела ...

Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДС, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа партија, недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси. „Изборниот законик не е прашање на ...

ВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра, реагираат од СДСМ. Според нив, со блокирање на реформите и европскиот пат, граѓаните се лишуваат од огромни европски фондови и инвестиции кои би ја подобриле економијата и животниот стандард. „За споредба, Црна Гора веќе си обезбеди над 3,2 ...

Поради промени во програмата на претседателката Илијана Јотова, таа нема да учествува на свеченото одбележување по повод 189 години од раѓањето на Васил Левски, кое ќе се одржи од 11:00 часот во Националниот историски музеј во Софија, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата, пренесува БТА. Свеченото одбележување е организирано од Националниот историски музеј и Националниот музеј „Васил Левски“. Настанот ќе започне претпладне во ...

Вкупно 65 учесници од Украина, Албанија и Србија го завршија Летниот семинар по бугарски јазик и култура при Филолошкиот факултет на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“, соопштија од високообразовната установа, пренесува БТА. Во текот на две недели, универзитетски професори, наставници, ученици и студенти од бугарски културно-образовни организации и училишта во трите земји изучувале бугарски јазик, култура и традиции во Благоевград. ...

Бугарското училиште во Сиетл одбележа 15 години од своето основање со свеченост во паркот во Белвју, соопшти тимот на образовниот центар на својата фејсбук-страница, пренесува БТА. На прославата учениците настапиле со детски изведби и програма посветена на бугарскиот јазик и култура. „Секое дете донесе светлина, инспирација и надеж за иднината на бугарскиот јазик и култура далеку од татковината“, наведоа од училиштето, упатувајќи им желби на ...

Петтоодделенецот Георги Димитров од Математичката гимназија „Баба Тонка“ во Русе освои златен медал на финалето на меѓународниот натпревар World Mathematics Invitational 2026, одржан во Чиба, Јапонија. Со овој успех неговата колекција се приближи до 100 медали, јавува Актуално. Георги беше еден од петтемина бугарски петтоодделенци што се пласираа во финалниот круг и единствениот претставник од Русе во својата возрасна категорија. Неговиот ...

Министерството за образование и наука на Бугарија ја започна постапката за номинирање кандидати за Националните награди за наука „Питагора“ за 2026 година, со кои ќе бидат одликувани водечки бугарски научници и научни комуникатори. Наградите ќе бидат врачени на свечена церемонија во октомври 2026 година, во пресрет на Денот на народните просветители. Ќе биде доделена Големата награда „Питагора“ за севкупен научен придонес, како и признанија ...

Бугарската амбасадорка во Ирска, Вања Андреева, на 8 јули учествуваше на средба на шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на Европската Унија во Europe House во Даблин, соопшти Амбасадата на Бугарија во Ирска, пренесува БТА. Специјален гост беше началникот на Штабот за одбрана на Ирска, генерал-потполковник Роса Малкахи. На средбата биле разгледани приоритетите на ирското претседателство со Советот на ЕУ, актуелната безбедносна ...

На 16 јули, четврток, претседателката на Бугарија Илијана Јотова ќе учествува на свеченото одбележување на 189 години од раѓањето на Васил Левски, организирано од Националниот историски музеј и Националниот музеј „Васил Левски“. Во пресрет на годишнината, со настанот ќе им биде оддадена почит на животот, делото и духовното наследство на Апостолот на слободата. Свеченото одбележување ќе започне во 11:00 часот во Сончевата сала на Националниот ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.03
52%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
1.93
67%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.23
81%
1018
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.01
58%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.92
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
89%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
0.93
41%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.37
48%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
2.09
64%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
75%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.37
91%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Сребро

2005.37

Цинк

0.00

Калај

56.77

Платина

55652.94

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96