Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
На 15 јули 2026 година, со почеток во 20:30 часот, во Античкиот театар во Пловдив ќе се одржи гала-спектаклот „Светлина низ вековите“, посветен на 170-годишнината од обновувањето на Митрополитскиот храм „Св. великомаченичка Марина“, јавува Актуално. Настанот се организира со благослов на Пловдивскиот митрополит Николај и по иницијатива на црковното настојателство на храмот. Во програмата ќе учествуваат познати бугарски музичари, актери, ...
Вицепремиерот и министер за економија, инвестиции и индустрија Александар Пулев на 13 јули се сретна со извршниот директор на „Роберт Бош“ во Бугарија, Дан Лазареску, по одлуката за постепено затворање на „Бош Инженеринг Центар Софија“. Лазареску изјави дека одлуката е резултат на повеќемесечна анализа, промените во автомобилската индустрија и преструктурирањето на инженерските центри на групацијата во Европа. Тој нагласи дека „Бош“, која е ...
Извор: БТА Над 260 творби на ученици от 14 български училища в чужбина, които разкриват таланта, въображението и любовта на младите творци към България, са включени в международната изложба „Таланти без граница“, която ще бъде открита на 28 юли от 11:30 часа в сградата на Софийската професионална гимназия по туризъм, намираща се на бул „Сливница“ 182 в София. Експозицията е кулминация на едноименното и единствено по рода си Международно ...
Учесниците и раководителите на фолклорниот ансамбл „Огнените“ од с. Бусманци, како и претставници на Општина Искар и на читалиштето во Бусманци, го посетија Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, каде што се сретнаа со амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Желјазко Радуков, и со директорката на културната институција, Антонија Велева, јавува БТА. Ансамблот работи во рамките на Народното читалиште „Елин Пелин – 1926“, кое ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествува на официјалните активности организирани од Француската Република по повод 14 јули – Националниот празник на Франција. Во рамки на посетата, министерот Сали ќе учествува на состанокот на Коалицијата на волонтерите, каде што лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина, координацијата на напорите за зајакнување на европската безбедност и ...
Реконструкцијата на Владата не носи нова визија, туку отвора сериозни дилеми за стратешката определба на државата и за кадрите што ВМРО ги предлага на највисоки државни функции, кажа пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска расправа. Тој оцени дека кадровските решенија предложени од Владата испраќаат загрижувачки политички пораки, особено во делот на евроатлантската ориентација на државата. „Очекувано е назначувањето на ...
Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо, нагласи во денешната изјава за медиуми, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Toj посочи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена и дека Владата на Мицкоски нема напредок во ниту еден сектор, а граѓаните од реконструкцијата не можат ...
Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара извунување од претседателот на Собранието, Африм Гаши. „Оваа прес-конференција ја свикавме во вонредни околности, затоа што она што се случи на седницата на Собранието е вон сите демократски критериуми, особено што доаѓа од страна на претседател на Владата и на кандидат за министер. Целата македонска јавност беше ...
Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кој попладнево беше Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот од петокот, кој, според него, сериозно ја нарушил довербата во полициската служба. „Бегството од полициската ...
Апелациониот суд во Битола ја отфрлил жалбата на пресудата на Основниот суд, со која на претседателот на избришаното здружение Културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Љупчо Ѓоргиевски, му беше изречена условна казна затвор од една година со рок на проверка од две години, соопшти за БТА адвокатот на Ѓоргиевски, Насер Рауфи. Со ова, Апелациониот суд практично ја потврдува пресудата по обвинението за ксенофобија, расизам и ширење расна омраза ...
Св. Климент и Св. Наум Охридски се потесно поврзани со Бугарите отколку со кој било друг народ. Со создавањето и ширењето на кирилицата, Бугарија има голем придонес кон заедничкото европско културно наследство. Ова во интервју за БГНЕС го изјави унгарскиот докторанд по историја Стефан Немет. Неговите зборови беа кажани за време на свеченото отворање на 63. Меѓународен летен семинар по бугарски јазик и култура. Таткото на Немет е Унгарец, а ...
Бугарскиот премиер Румен Радев ќе го посети Париз, каде на покана на францускиот претседател Емануел Макрон ќе присуствува на традиционалната воена парада по повод националниот празник на Франција, јавува БНТ. Парадата ќе се одржи на 14 јули на плоштадот „Конкорд“, а во неа ќе учествуваат и бугарски гардисти. Еден ден претходно, Радев ќе присуствува на официјалниот прием за државни и владини лидери во Елисејската палата. Во бугарската ...
Во сабота започнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор. Тетово ќе биде местото каде што илјадници граѓани ќе се соберат на мирен и достоинствен протест за да го одбранат уставниот поредок, правната сигурност и вредностите што веќе 25 години обезбедуваат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи во Република Северна Македонија, истакна денеска на прес-конференција потпретседателката и пратеничката на ДУИ, Арбана ...
Повеќе од 80 учесници од 28 држави и четири континенти ќе учествуваат на 49. Меѓународен летен семинар по бугарски јазик и култура, кој денеска започнува на Универзитетот во Велико Трново, јавува 24 часа. Семинарот ќе трае од 13 јули до 2 август 2026 година, а програмата опфаќа практична настава по бугарски јазик и специјализирани предавања за бугарската култура, уметност, кино, фолклор, историја и литература. Предвидени се и работилници, ...
Бугарија втора година во низа беше претставена на меѓународниот фестивал „Беверли Хилс“, кој обединува култури и традиции од целиот свет преку музика, танц, уметност и кулинарски презентации, јавува БНТ. Бугарија беше претставена од танцовиот ансамбл „Хоротропци“, предводен од Веселка Василева. Ансамблот настапи со автентични бугарски народни танци и традиционални носии од Шопската, Пиринската, Добруџанската и Тракиската фолклорна област. ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и за целосниот застој во културата во изминатите две години, откако ВМРО на власт. „Две години имавме министер актер кој навистина треба да признаеме дека многу добро ги одглуми овие две години. Две години ...
Кај селото Голеш на 12 јули се одржа традиционалниот собир „Краиште“, кој собра стотици гости од Ќустендил, Крива Паланка и Босилеград. Домаќин на годинашното издание беше Општина Крива Паланка, јавува БНР. Програмата започна со интонирање на химните и подигнување на знамињата на Бугарија, Северна Македонија и Србија. Градоначалникот на Ќустендил, Огњан Атанасов, истакна дека трите општини се пример за заедничка соработка и најави заеднички ...
На наркодилерот Цуната, којшто се поврзува и со Пулс, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозор во полициска станица а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега, реагираат од СДСМ. „Исто сценарио на ВМРО, веќе видено неколкупати. Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар. Затоа Панче Тошковски не се менува, за да ги штити криминалците на власта“. Ова, според опозициската партија, не е ...
Бугарија работи на продлабочување на соработката со Германија во образованието, науката и иновациите, како основа за економија со повисока додадена вредност и поголема конкурентност, изјави премиерот Румен Радев, јавува БТА. На средбата со претставници на германски истражувачки институти и издавачки куќи биле разгледани можностите за партнерство меѓу универзитети и научни организации, размена на технологии, обука на кадри и примена на ...
Претседателката Илијана Јотова, воени претставници, дипломати и блиски му оддадоа последна почит на вториот бугарски космонаут, генерал-мајор во пензија Александар Александров, кој почина на 10 јули, јавува БТА. На комеморацијата во Централниот воен клуб во Софија присуствуваа министерот за одбрана Димитар Стојанов, началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, командантот на Военото воздухопловство Николај Русев и руската амбасадорка ...
Бугарија е подготвена да го поддржи предложениот санкциски пакет, откако рускиот патријарх Кирил и Вагит Алекперов беа отстранети од списокот, изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова во Брисел, јавува БГНЕС. „Нашата позиција беше земена предвид, па можеме да го поддржиме пакетот. Заштитата на националната позиција не води до изолација“, рече Петрова. Таа посочи дека Грција сè уште има резерви во енергетскиот сектор, а ...
Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри, вели Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа. Уште поскандалозно е ...
Иако денеска требаше да се одржи средба на опозицијата за да се договори и да искристализира заеднички текст на изборниот закон, има спротивни реакции. Доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов изборен законик, туку сакаат блокада, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Со месеци се преговараше, над 4 месеци, потоа кога требаше да се поднесе законот, се повлекуваа, со што директно одиме на тоа дека едноставно ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (13 јули) во армиската касарна во Ќојлија изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна. Проектот тежи 10,7 милиони денари, обезбедени со буџетот на одбраната. Овој објект минатата година доби целосно нова кровна конструкција. Мисајловски при увидот порача дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура и дека посветеноста кон ...
Бугарски ученици освоија четири сребрени и еден бронзен медал на 56. Меѓународна олимпијада по физика (IPhO), одржана во Колумбија, соопшти бугарското Министерство за образование и наука, пренесува Актуално. На натпреварот учествувале 370 ученици од 87 држави. Сребрени медали освоиле Светослав Арабов (10. клас, МГ „Д-р Петар Берон“ – Варна), Јордан Петков (10. клас, Американски колеџ во Софија), Александар Николов (12. клас, ПЧМГ) и Мирослав ...
Бугарската виолинистка Јоана Каменарска веќе 18 години живее во Хамбург, а од 2008 година е концерт-мајстор на Државниот филхармониски оркестар во германскиот град. Таа е една од повеќе од 40 бугарски виолинисти кои работат на водечки позиции во престижни европски оркестри, јавува БНР. Љубовта кон музиката ја наследила од мајка ѝ, која е пијанистка, а значајна улога во нејзиниот развој имале професорите Јосиф Радионов и Јоаким Атанасов. ...
Во Плевен вечерва почнува 32-то издание на Националниот туристички поход „По стапките на Апостолот“. Свеченото отворање е во 19 часот пред споменикот на Васил Левски, од каде учесниците ќе тргнат по традиционалната маршрута кон Карлово, јавува БНР. Годинава походот бележи рекорд со повеќе од 280 учесници. Најмлада е четиригодишната Александра, која учествува по третпат, а највозрасен е 80-годишниот Васил Чардаклиев, потомок на Левски. Ќе ...
Бугарската гимнастичарка Стилијана Николова освои златен и сребрен медал во финалите по справи на Светскиот куп во ритмичка гимнастика во Милано, јавуваат бугарските медиуми. Николова триумфираше во натпреварот со лента со 28,650 поени, пред Арина Ковшова со 28,300 и Тахмина Икромова со 28,250 поени. На чуневи го освои сребрениот медал со резултат од 30,300 поени. Победи олимписката, светска и европска шампионка Дарја Варфоломеев од Германија ...
„Мицкоски нема никаков резултат зад себе па денеска ќе прави нов политички театар. Стариот кабинет со нов распоред односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, доаѓаат неколку нови имиња, но клучните ресори и клучниот центар на моќ останува во истите раце – на Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ. „Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога ...
Бугарија ја задржува позицијата на најдостапна туристичка дестинација во Европската Унија, покажуваат најновите податоци на Евростат за споредбените ценовни нивоа, пренесува БГНЕС. Според индексот на трошоците за крајна потрошувачка на домаќинствата, каде просекот на ЕУ изнесува 100, Бугарија има индекс 63. Тоа значи дека потрошувачката кошничка во земјата е во просек за 37 отсто поевтина од европскиот просек. Најголемата предност е кај ...