Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати на Парламентарниот Самит на Парламентарното Собрание на НАТО (ПС на НАТО), што на 28 и 29 јуни 2026г. се одржува во Истанбул, Турција. Во делегацијата што ја предводи претседателот Гаши, се и пратеникот Драган Ковачки, шеф на Делегацијата на Собранието на РСМ во ПС на НАТО, како и Ибуш Јусуфи, заменик генерален секретар на Собранието. Парламентарниот Самит на ПС на НАТО, на кој учествуваат ...

СДСМ обвини дека Владата го довела во ризик пензискиот систем и ја загрозува исплатата на пензиите, како и функционирањето на вториот пензиски столб. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, изјави дека дупката во ПИОМ достигнала речиси 40 проценти, што, според неа, е показател дека Владата нема решение за долгорочна стабилност на пензискиот систем. „Изјавата на гувернерот Трајко Славески, дека до 80% од ...

Од ноќеска на полноќ, цената на дизелот ќе се намали, а цената на бензините ќе се зголеми, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 30.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар) Дизел гориво ...

Што ќе добие ЗНАМ, а што Вреди со реконструкцијата на Владата премиерот Христијан Мицкоски ќе соопшти утре, по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој денес официјално кажа само дека има договор околу ресорите. „Ние не сме разговарале за персонални решенија, за имиња. Принципиелно имаме договор околу ресорите. Јас во минатото кажав додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори, ниту ...

Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за европски прашања, Бујар Османи, го обвини ВЛЕН дека не направило ниту еден чекор кон Европската Унија и дека ги понижило Албанците во земјата. „Во рамките на серијалот ‘Две години понижување – ВЛЕН ништо’, денес ќе зборуваме за можеби најголемиот неуспех на ВЛЕН: неуспехот на европската идеја и начинот на кој тој неуспех им штети на Албанците. Ние Албанците во оваа држава отсекогаш сме биле ...

Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексис Г. Гринкевич, утре во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе оствари средба со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Генералот Алексис Г. Гринкевич како командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), ја има севкупната команда над операциите на НАТО на ...

Министерството за култура и туризам изразува длабоко жалење по повод смртта на Владо Јаневски, еден од највлијателните македонски музички автори и изведувачи, кој со своето богато творештво остави неизбришлива трага во современата македонска музика. „Владо Јаневски беше уметник кој со својата исклучителна музикалност, препознатлива интерпретација и безвременски песни обедини генерации љубители на македонската музика. Неговото творештво, ...

Девет независни граѓански иницијативи побараа итни измени на Изборниот законик со кои, како што наведуваат, ќе се изедначат условите за учество на изборите со оние што важат за политичките партии. Станува збор за иницијативите „Шанса за Центар“, „Независни заедно“, „Подобро за Тетово“, „Ред за Куманово“, „Поинаку – Битола“, „Зелените од Гази Баба“, „Стига е – Струмица, Ново Село и Босилово“, „Ја штитам Беласица – Ново Село“ и „Движење ...

Системот „Безбеден град“ дава резултати. Во првите пет месеци од примената на системот бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40%, од 55 загинати во истиот период минатата година, на 33 оваа година, изјави Александар Велјановски, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ. „До моментот кога започна целата примена на системот, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се стабилизираше на околу 500 до 600, што претставува ...

Цените на нафтата пораснаа во понеделникот по новата ескалација на тензиите меѓу САД и Иран, која повторно ја зголеми неизвесноста околу безбедноста на поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец. Цената на суровата нафта „брент“ достигна 73,21 долари за барел, што претставува раст од околу 0,9 проценти. Аналитичарите оценуваат дека пазарот можеби прерано реагирал со оптимизам по најавите за прекин на огнот, со оглед на тоа што тензиите ...

Поради сообраќајна незгода на главниот пристап кон терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, од правецот Скопје – аеродром, сообраќајот е пренасочен по алтернативна рута. Од Меѓународниот аеродром Скопје ги повикуваат возачите да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда. Воедно, од ЈП „Македонија пат“ информираат дека од 06:06 часот во прекин е сообраќајот на автопатот ...

Со поддршка на Општина Центар, в среда, со почеток во 19 часот, во Националниот археолошки музеј ќе се одржи концерт на класична музика во изведба на Трио Аперто. Влезот е слободен. Публиката ќе има можност да ужива во внимателно одбрана програма со композиции од Шостакович, Форе, Цанев, Дворжак, Светиев, Шнитке и други автори, кои ќе ги изведат тројца истакнати македонски уметници: Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и ...

По двата силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени што го погодија истото подрачје минатата среда, Американскиот геолошки завод (USGS) прогнозира 48 проценти веројатност за еден или повеќе катастрофални последователни потреси со магнитуда од 5 степени во следната недела. Во истиот период, веројатно има до 210 помали земјотреси, со магнитуда од 3 и повеќе, кои се доволно силни за да се почувствуваат. Податоците се од ажурираната ...

КИЦ „Босилеград“, ВМРО од Ќустендил и локални граѓани на 28 јуни ја одбележаа годишнината од загинувањето на петмина бугарски офицери, положувајќи цвеќе на нивните спомен-плочи во босилеградските гробишта, јавува КИЦ Босилеград. Претседателот на КИЦ „Босилеград“, Иван Николов, потсети дека на 28 јуни 1913 година, за време на Меѓусојузничката војна, во центарот на Босилеград дошло до судир меѓу српскиот 10-ти пешадиски полк од Шумадиската ...

Oд СДСМ утрово тврдат дека премиерот Христијан Мицкоски работи на формирање на нов политички проект, кој го нарекуваат „ЗНАМ 2.0“, со цел, како што тврдат, да ги разбие опозициските гласови на следните избори. Од партијата наведуваат дека „ЗНАМ“ се распаѓа и дека, според нив, веќе нема значајна поддршка кај граѓаните. Во соопштението се тврди дека последните двајца функционери во партијата, Максим Димитриевски и Горан Минчев, се занимаваат со ...

Три децении по својот прв концерт, Фолтин ја најавува најобемната јубилејна програма во својата историја. Под насловот „Фолтин 30 – три децении музичка слобода и жива врска со публиката“, во текот на 2026 година ќе бидат реализирани повеќе концертни, издавачки и мултимедијални активности кои го одбележуваат патувањето на еден од најавтентичните музички состави на овие простори. Централниот настан ќе биде големиот јубилеен концерт во Хераклеа ...

Парламентарниот дијалог го поттикнува развојот на билатералните односи меѓу Бугарија и Турција, изјави претседателката на бугарското Народно собрание Михаела Доцова на средбата со претседателот на Големото народно собрание на Турција, Нуман Куртулмуш, јавува БГНЕС. Бугарска парламентарна делегација, предводена од Доцова, престојува во Истанбул за учество на Парламентарниот самит на НАТО. Во делегацијата се и Иван Лалов, раководител на ...

Ивон Величковски Мицкоски неделава потврди (сумирано) дека Преговарачката рамка се менува само со ЕУ консензус, по цена “новата” да не ни ги уважи сегашните придобивки. И така го призна познатото – дека Преговарачката рамка од самиот почеток е корисна за нас. За тоа време парламентарната “опозиција” театрално тера интерпелации/пратенички прашања, но ни да спомне уставни амандмани. Заедно ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица мора да ги одмолчуваат ...

Бугарскиот пилот на „Кампос рејсинг“ ја оствари четвртата победа сезонава, и покрај малиот проблем во боксот. Тој стартуваше од третата позиција на патеката „Ред Бул Ринг“, но уште на стартот го престигна Алекс Дан, а во третиот свиок го мина и својот тимски колега Ноел Леон и го презеде водството, јавува 24 часа. За време задолжителната промена на гумите, Цолов беше задржан од механичарите и за малку ќе ја загубеше позицијата. Во 13. круг, и ...

Со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи Вреди по владината реконструкција. Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет. Две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие. -Се уште нема ...

Во романскиот град Тулча на 30 јуни ќе биде откриена биста-споменик на големиот бугарски револуционер Стефан Караџа, јавува Актуално. Иницијативата е на Амбасадата на Бугарија во Букурешт и е поврзана со зачувувањето на бугарското културно-историско наследство во Романија. Споменикот ќе биде поставен во центарот на градот, во близина на црквата „Свети Георги“, позната и како „Бугарската црква“. Стефан Караџа живеел во Тулча од јуни 1854 ...

Анализа на БГНЕС Последните меѓународни и регионални социолошки истражувања покажуваат дека општествените ставови во Северна Македонија се доминирани од економски и социјални проблеми. Високите цени, ниските приходи, квалитетот на здравствената заштита, корупцијата, емиграцијата на младите луѓе и недовербата во институциите се меѓу најсериозните предизвици со кои се соочува земјата. Високите цени и инфлацијата остануваат најголема грижа ...

Измаилскиот лицеј е едно од најстарите образовни средишта во Јужна Бесарабија, јавува БГНЕС. Зградата во која денес е сместен лицејот има долга историја, поврзана со развојот на бугарската просвета во регионот. Во XIX век таа била дом на Бугарското централно училиште во Измаил – едно од најавторитетните образовни установи за бесарабските Бугари. Во него образование стекнувале деца од бугарските колонии во Бесарабија, кои подоцна станале ...

Христијан Пендиков, поранешен секретар на забранетиот бугарски клуб „Борис III“ во Охрид, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека го остварил својот детски сон, да стане дел од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC). Во статусот, Пендиков пишува дека во изминатите неколку дена неговата долгогодишна желба станала реалност, истакнувајќи дека е горд што е дел од глобалното семејство на Црвениот крст и ...

Во Универзитетската итна болница „Пирогов“ првпат во Бугарија беше оперирано дете со булозна епидермолиза, познато како „дете пеперутка“, соопштија од болницата. Операцијата на двете раце на момчето ја изведе тим од Клиниката за изгореници и пластично-реконструктивна хирургија во „Пирогов“ и доц. д-р Пејџ Фокс од Stanford Medicine, САД, во партнерство со ЕБ ДЕБРА Бугарија – пациентска организација за булозна епидермолиза. Целта на ...

Со двочасовен концерт во Фестивалниот и конгресен центар во Варна синоќа беше отворен Меѓународниот музички фестивал „Варненско лето“, кој годинава одбележува 100 години од своето основање, јавува БТА. Отворањето го диригираше Дељана Лазарова, која за настанот допатува од странство. За првпат во историјата на фестивалот, свечениот концерт беше диригиран од жена. По традиција, фестивалот започна со Рапсодијата „Вардар“ од Панчо Владигеров. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави денеска дека Украина изминатата ноќ ги нападнала руските рафинерии за нафта во Краснодарскиот и Јарославскиот регион. „Нашите војници го започнаа Денот на Уставот на Украина со голема прецизност. Синоќа нашите напади со долг дострел достигнаа две рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата за нафта во Славјанск во Краснодарскиот крај беше погодена – околу 300 километри од фронтовската линија. ...

Од СДСМ обвинија дека партијата ЗНАМ се соочува со внатрешен распад и дека караванот што го организира низ државата под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ претставува, како што велат, обид да се прикрие реалната состојба во партијата. Според СДСМ, станува збор за „очајнички потег“ во момент кога, како што тврдат, премиерот Христијан Мицкоски веќе работи на формирање нов политички проект, наречен „ЗНАМ 2.0“, кој би ...

Парламентарна делегација предводена од претседателката на бугарското Народно собрание, Михаела Доцова, на 29 јуни ќе учествува на парламентарниот самит на НАТО во Истанбул, Турција, јавува пресцентарот на бугарскиот парламент. Во делегацијата се вклучени Иван Лалов, раководител на делегацијата на Народното собрание во Парламентарното собрание на НАТО, и неговиот заменик Даниел Митов. На форумот ќе присуствуваат претседатели на парламенти и ...

Родитeлите и блиски на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, вчера во Кочани го одржаа 46. по ред марш кој почна во Паркот на револуцијата. Носеа транспренти на кои пишуваше „Корумпираната држава ни ги украде децата“, како и „Ние родителите, скапо го плативме данокот на корупцијата“. Најавија дека маршевите ќе продолжат додека не ја дочекаат правдата. Родителите укажуваат дека во судскиот процес се отргнува вниманието од суштината. Тие ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.28
50%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.06
72%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.06
69%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.26
44%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.01
57%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.76
94%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
47%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.69
38%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.4
52%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
5.36
63%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
66%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.09
87%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Алуминиум

3.28

Бакар

13.23

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Калај

56.36

Злато

139576.04

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Сребро

2044.16

Кобалт

56.29

Платина

56038.75

Паладиум

43628.56