Собранието со 58 гласа „за“ и шест „против“, по скратена постапка, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Измените предвидуваат воведување лична изјава кај матичен лекар за дарување органи по смртта, со што се напушта досегашниот модел на претпоставена согласност. Граѓаните ќе имаат можност сами да се изјаснат дали сакаат или не сакаат по смртта да бидат ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес изјави дека воспоставувањето дополнителен штаб на НАТО за одбрана на Балтикот е доказ за решеност на Алијансата да го брани „секој сантиметар од сојузничката територија“. Зборувајќи во Естонија на церемонијата на НАТО, Писториус оцени дека тоа е „видлива и силна демонстрација на единството, подготвеноста и колективната одлучност на НАТО“ да ги брани своите членки, објави Ројтерс. На ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики насочени кон модернизација и дигитализација, со цел да обезбеди поефикасни институции и повисок степен на безбедност за граѓаните. Системот „Безбеден град“, е еден од најзначајните проекти во таа насока, кој е усогласен со европските стандарди и претставува важен чекор кон подобрување на безбедноста во сообраќајот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. За имплементацијата на системот, потсетуваат од ...

Пиротехничарите на ДЗС предупредуваат дека пронајдената неексплодирана граната, кај границата со Грција, може да има смртоносен радиус до 150 метри и дека е доволен само еден удар за да дојде до нејзино активирање и експлозија. Конкретно, ДЗС информира дека денеска е пронајдена артилериска граната од 75mm од Првата светска војна во местото наречено „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на државната граница со Грција. Станува збор за ...

За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс, вели Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат – системот е во дефект. Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни. Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ...

„СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот. СДС и Левица здружено, ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспората да може да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го ...

Министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова, се сретна со претставничката на УНИЦЕФ за Бугарија Кристина де Бројн по повод завршувањето на нејзиниот мандат и нејзиното претстојно заминување од земјата. „Ви благодарам за одличната соработка, како и за Вашата посветена ангажираност во поддршка на каузата за правата и благосостојбата на децата“, изјави министерката Петрова за време на средбата. Првиот дипломат на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар во своето вечерно обраќање, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој рече дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни возила, вклучувајќи минибус и градски автобус, што резултирало со смртни случаи и повреди. Според него, во Днепар бил погоден цивилен производствен погон, каде што имало и жртви. Напади се регистрирани и во регионите ...

Велика Британија ќе го претстави својот долгоодложуван план за инвестиции во одбраната (DIP) во вторник, обезбедувајќи 5 милијарди фунти за дронови и фокусирајќи се на автономни системи додека се обидува да ги модернизира своите вооружени сили во услови на растечки закани, објави Ројтерс. Планот наиде на пречка откако министерот за одбрана Џон Хили поднесе оставка претходно овој месец, критикувајќи ја неможноста на премиерот Кир Стармер да ги ...

Христијан Мицкоски вчера тврди дека опозицијата го блокира Изборниот законик затоа што е „уплашена од успесите на Владата“. Изгледа дека почна да верува на сопствените лаги, велат од СДСМ. „Ќе му одговориме со факти, а не со пропаганда. Прво, Европскиот парламент во јунскиот извештај за 2026 година не ја става Македонија меѓу најдобрите во регионот. Напротив – изразува жалост поради недостатокот на напредок од претходниот извештај, особено во ...

Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе, оценуваат од СДСМ. Според нив, замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт. По две години владеење, потсетуваат од партијата, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски резултати, ниту повисок животен стандард, ниту правда, ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извести дека во координација со ЈП „Водовод и канализација“, мапирале, сервисирале и ставиле во функција повеќе од 220 фонтани за пиење вода, засега. „Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните за пиење вода низ градот беа оставени надвор од функција. Она што требаше да биде секојдневна услуга за граѓаните, беше претворено во уште еден заборавен проблем. Тоа, го ...

Во Искарската клисура, кај селото Владо Тричков во Бугарија, почна снимањето на новиот бугарски игран филм „Пилоти“, посветен на бомбардирањата на Софија за време на Втората светска војна и херојството на бугарските воени пилоти. Филмот е инспириран од книгата на Стојан Стојанов „Ние те браневме тебе, Софија“, а режисер е Анри Кулев. Бугарската национална телевизија е копродуцент на лентата. Во една од главните улоги е актерот Иван Брнев, кој ...

Бугарската академија на науките (БАН) ќе ѝ го додели почесното звање „доктор хонорис кауза“ на претседателката на Бугарија Илијана Јотова. Церемонијата ќе се одржи на 30 јуни 2026 година, во вторник, со почеток во 11:00 часот, во салата „проф. Марин Дринов“ на ул. „15 ноември“ бр. 1 во Софија. „Јотова има значаен личен придонес во афирмацијата на бугарската наука, образование и култура во светот, како и во признавањето на бугарските училишта ...

Започнува новата дигитална рекламна кампања на Министерството за туризам „Come and Enjoy the Cool Weather in Bulgaria“ („Дојдете и уживајте во прекрасната клима во Бугарија“). Таа ќе ја промовира земјата како привлечна, достапна и разновидна дестинација за летен одмор. Кампањата ќе се реализира преку платформите Google и Meta и ќе достигне до милиони потенцијални туристи на клучни европски пазари – Франција, Шпанија, Италија, Португалија, ...

Бугарија и Турција ќе работат заедно со Европската комисија за развојот на Средниот коридор меѓу Азија и Европа. Ова го потврдија во телефонски разговор министерот за транспорт и врски Георги Пеев и министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Абдулкадир Уралоглу. „На средбата минатата недела со европската комесарка за проширување Марта Кос споделивме заедничко мислење дека двете држави се стратешки за реалното користење на Средниот ...

Над 1.100 бугарски предавачи и истражувачи од водечки светски универзитети и научни организации се обединуваат во поддршка на бугарското високо образование во т.н. дигитален академски алманах. На почетокот на иницијативата, кој беше означен на 29 јуни во аулата на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, присуствуваше и заменик-министерот за образование и наука, акад. Николај Витанов. Ова го соопштуваат од Министерството за образование и ...

Напнатоста меѓу Северна Македонија и Бугарија продолжува да се зголемува преку различни дипломатски ситуации. Темата ја коментираше копретседателот на Меѓуресорската комисија за историските прашања со Северна Македонија, доц. Наум Кајчев, јавува Фокус. „Средби има, разговори има. Но нема резултати, немаме решенија што би биле прифатени од владите на двете земји и би биле применети“, објасни доц. Кајчев за NOVA. Тој потсети дека кога била ...

Вистинската сила на НАТО се мери не само преку воените способности, туку и преку водечката улога во напорите за мир, безбедност и стабилност во светот, изјави претседателката на бугарското Народно собрание, Михаела Доцова, на Парламентарната средба на врвот на НАТО во Истанбул, јавува БГНЕС. Доцова ја предводи бугарската делегација на форумот, во која се и Иван Лалов, раководител на делегацијата на Народното собрание во Парламентарното ...

Боксерската легенда Владимир Кличко му се заблагодари на бугарскиот народ за помошта што Бугарија ѝ ја дава на Украина за нејзината одбрана од агресијата на Руската федерација, пренесува Актуално. „Сакам да му се заблагодарам на бугарскиот народ, бидејќи од почетокот на војната постојано ни доставувате муниција и ни давате можност да се браниме. Ни обезбедувате енергија за да можеме да издржиме и денес – ви благодарам многу“, рече боксерската ...

Елисавета Белобрадова Оваа сабота, во својство на заменик-претседателка на Комисијата за политики за Бугарите надвор од земјата, имав чест да бидам гостинка на еден од најпрекрасните настани на кои сум присуствувала – десеттото издание на натпреварот во читање на бугарски јазик „Аз Буки Веди“ во Париз. Имав неверојатно задоволство да видам како Камелија Конакчиева и нејзиниот феноменален тим се справуваат со организацијата на настан што собра ...

Студентскиот фолклорен ансамбл на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ Благоевград во јули со два концерта ќе го претстави бугарското танцово творештво во Јапонија, соопштија од високообразовната установа. Проф. Николај Цветков од Катедрата „Хореографија“ при Факултетот за уметности изјави за БТА дека гостувањето е по покана на јапонската Национална федерација за фолклорни танци, по повод одбележувањето на нејзината 70-годишнина, која се ...

Тимот на Техничкиот универзитет – Софија освои бронзен медал за Бугарија на финалето на „Шел Еко-маратон 2026“ во Полска, соопштија од „Шел Бугарија“, пренесува БТА. Екипата „TUS Team“ од ТУ – Софија го доби признанието во категоријата „Градски тип“ со водородна горивна ќелија. На патеката Silesia Ring во Полска учествуваа повеќе од 130 тимови од цела Европа, кои претставија автомобили што самите ги проектирале, конструирале и усовршувале, со ...

Военовоздушните сили се подготвени за мисии за гаснење пожари од воздух, изјави пред новинарите министерот за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов по неговата посета на авиобазата Крумово, јавува БТА. Стојанов објасни дека бугарската војска располага со четири хеликоптери „Кугар“, два авиони МиГ-17, а оваа година во борбите со пожарите ќе учествува и еден авион „Спартан“. „Состојбата е поразлична во споредба со онаа од пред една година. Имаме ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не се ниту европски ниту демократски и кои отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес. „Ваков закон не смее ова Собрание да донесе. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат да имаат фер, демократски изборен процес, а не вака контролиран како што Христијан Мицкоски тргнал да ...

По повод 85-годишнината од раѓањето на бугарската народна пејачка Олга Борисова (28 јуни 1941 – 21 септември 2021), Радио Бугарија потсетува на нејзиниот голем придонес за зачувувањето и популаризацијата на бугарската изворна народна песна. Родена во селото Жиленци, во близина на Ќустендил, Борисова уште како дете сонувала за сцена. По завршувањето на гимназијата била поканета на конкурс во Ансамблот за народни песни на БНР, каде од почетокот ...

Започна живописувањето на православниот храм „Св. Јован Рилски“ во Лондон, што претставува значаен чекор во довршувањето на духовното средиште на бугарската заедница во британската престолнина, објави порталот bgben.co.uk, пренесува Радио Бугарија. Целокупната иконографска програма е изработена од иконом д-р Добромир Димитров, парохиски свештеник во храмот, во согласност со православните канони и традиции. Во подкуполниот простор се ...

Проф. д-р Звонимир Јанкулоски/Нетпрес Изгледа најлесно е да си купиш политичар во Македонија. Можеш и на рати како што видовме неодамна. Политичкиот живот во Македонија оддамна го изгуби достоинството што никогаш не го поседувал и е претворен во нешто многу попознато: светло осветлен супермаркет на изгубени надежи и низок морал, каде ветувањата доаѓаат со промотивни налепници од алчност. Секои четири години, некогаш и порано, ние граѓаните ...

Државниот архив објави јавен повик до граѓаните и приватните иматели да подаруваат архивски материјали од историско значење, со цел нивно трајно зачувување и ставање на располагање за научни истражувања. Од Архивот посочуваат дека се бараат документи и друга архивска документација што има значење за националната и локалната историја, како и за политичкиот, стопанскиот и културниот живот во минатото. Подарениот архивски материјал ќе биде ...

Премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека лично тој ја води операцијата за анализирање на цените на 600 прехранбени производи. Најави дека многу скоро резултатите ќе бидат видливи на терен. „Детално навлегуваме во оваа проблематика. Лично јас се занимавам со идентификување на тие 600 производи кои влегуваат во статистиката и јас лично го имам тоа како врвен приоритет“, рече премиерот Мицкоски денес по свеченото пуштање во употреба на нова ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.28
50%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.06
72%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.06
69%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.26
44%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.01
57%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.76
94%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
47%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.69
38%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.4
52%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
5.36
63%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
66%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.09
87%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Родиум

278103.96

Бакар

13.23

Алуминиум

3.28

Платина

56038.75

Злато

139576.04

Кобалт

56.29

Калај

56.36

Рутениум

53852.50

Паладиум

43628.56

Иридиум

252383.36

Сребро

2044.16

Цинк

0.00