Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, го прими бугарскиот национален тим кој освои 27 медали, од кои 11 златни, на светското првенство за спортисти со Даунов синдром, јавува БНР. Претседателот на Федерацијата за адаптирана физичка активност, Слав Петков, ѝ се заблагодари на Општина Софија за поддршката во организацијата на шампионатот, оценувајќи дека настанот покажал оти Бугарија може успешно да биде домаќин на големи спортски форуми што ...
Бугарија, Романија и Турција ја прошируваат мисијата на Противминската военноморска група во Црното Море со нова задача — одбрана на критичната подводна инфраструктура. Бугарската влада одобри измени во Меморандумот за разбирање меѓу трите држави за работата на групата MCM Black Sea. Со промените, групата ќе врши набљудување и разузнавање во зоната на операцијата, со цел спречување намерни напади врз инфраструктура чија штета може да ја ...
Од владината реконструкција граѓаните нема да добијат суштински промени, туку само нови имиња без резултати, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека по две години владеење, Владата не покажа ниту капацитет, ниту знаење, ниту волја да одговори на економските и социјалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Филипче на денешната прес-конференција, кажа дека досегашниот биланс на Владата е јасен и поразителен за ...
Министерството за здравство на Бугарија доделува 240 нови стипендии за специјализација во дефицитарни медицински области, соопштија од прес-центарот на Министерството за здравство на Бугарија. Поддршката е дел од проектот „Поттикнување на специјализацијата по специјалности и во области со недостиг на специјалисти“ и е наменета за млади лекари, медицински сестри и акушерки. Од вкупниот број стипендии, 165 се за лекари кои специјализираат и ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, на чија покана ја реализира посетата. Во Делегацијата, која беше пречекана со високи почести, се и пратеничките Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Мимоза Муса, кои се членови на Пратеничката Група за ...
СДСМ нема да дозволи носење на Изборниот законик во форма што отвора сериозни сомнежи за злоупотреби, нерегуларности и нарушување на легитимноста на изборниот процес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека партијата ќе го блокира законот. „Токму овој начин на гласање на дијаспората, кој што го предлага Христијан Мицкоски да се имплементира кај нас, не е ниту европски, не е ниту ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот Горан Ангеловски, денеска на граничниот премин Табановце, со министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ и вршителот на должност директор на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија Бранко Стаматовиќ, официјално ја означија првата заедничка превентивна акција „Вози одморен“. Кампањата ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев. Тој е обвинет дека во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. „Обвинетиот вршел притисок да не се одобри увоз на вештачко ѓубриво на правно лице кое ...
Сотир Лукровски соопшти дека повторно е градоначалник на Општина Карпош. По речиси два месеци отсуство, се врати на функцијата. Според сите информации што излегоа во јавноста, Лукровски сакаше да поднесе оставка. Сакаше да си замине, но Мицкоски не дозволи, тврдат од СДСМ. „Но, организираната криминална група ВМРО и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски не му дозволија. Партијата вложи огромни напори и пари за да го освои Карпош, па сега не може ...
Надлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овмзможиja на граѓаните да имаат услуги без шалтери, и да можат потребните документи да ги добијат на брз начин без чекање по институции, а развојот на порталот се гледа преку бројот на поднесени барања и бројот на услуги побарани од страна на граѓаните, кажа на денешната прес-конференција Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Владата, ...
Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје. За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во историјата. Нашиот придонес во спроведување на ...
Министерот за здравство на заминување, Азир Алиу, не открива каде ќе продолжи да работи, но уверува дека ќе продолжи да придонесува за општеството, а најави и дека ќе внимава дали одат во правилна насока проектите кои тој ги почна. Посебно значајни за него денес рече дека се измените на Законот за органодарителството и дигитализацијата во здравството. Верува дека неговиот наследник, актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување, ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа прес конференција заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, на која информираа за имплементацијата на модулот во системот Мојтермин за евидентирање на волјата на граѓаните да бидат органодарители. „Со денешната прес-конференција заокружуваме еден од најчовечките, најсмелите и најуспешно финализирани процеси што ги водевме во здравството. Со ...
Претседателот на Бугарскиот антарктички институт, проф. д-р Христо Пимпирев, покани романски научници да се приклучат во 35-та поларна експедиција и да работат заедно со нивните бугарски колеги. Поканата беше упатена за време на мешаниот поларен научен симпозиум на романски и бугарски научници, што се одржува во Констанца, Романија, јавува БТА. „Ние сме соседи од многу одамна. Живееме заедно со векови. Затоа сум многу среќен што почнуваме да ...
„Туланъ“ (TULAN) е првата бугарска фабрика за радиоапарати. Oснована e во 1927 година во Бургас од инж. Светозар Матеев Пренеров, пишува БНР. Името на фабриката е акроним што значи „Трудољубивоста и упорноста лансираат активност и напредок“. Произведуваните апарати се проектирани со оригинални патентни решенија, посебно приспособени на тогашните услови на радиоетерот во Бугарија. Еден од најпознатите и најценети модели меѓу колекционерите е ...
Најдобрата бугарска сноубордерка Малена Замфирова, која се опоравува од тешка повреда, направи впечатлив планински поход во Пирин, минувајќи рута со над 1000 метри позитивна денивелација, јавува Пиринско. Преодот бил по маршрутата од планинарскиот дом „Загаза“ до домот „Синаница“ и го водел националниот тренер и нејзин татко, Анатолиј Замфиров. Во групата биле и Билјана Замфирова од националниот сноуборд тим, скијачите Аспарух Соколов и ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објави дека самитот во Анкара ќе се фокусира на исполнување на претходно преземените обврски за поддршка на Украина и зајакнување на индустриското производство. Во разговор за агенцијата Анадолија, Руте рече дека се очекува сојузниците да се фокусираат на исполнување на обврските преземени на минатогодишниот самит на НАТО во Хаг, особено на зголемување на трошоците за одбрана. Руте рече дека трошоците ...
„Христијан Мицкоски денес во Кисела Вода ќе врши увид во проекти кои, според него, се финансирани од унгарскиот кредит. Класичен потег: кога парите од Орбановиот заем, т.н. унгарски кредит и кинеските средства исчезнаа во магла, а јавноста почна да прашува каде завршија една милијарда евра, тогаш одеднаш се појавуваат „проекти“ кои наводно се финансирани со тие пари“, велат од СДСМ. „Ова е постхумна легитимација на сомнителна зделка. ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој неколку месеци не одеше на работа, сега јавно откри дека имал здравствен проблем и вели дека изминатиот период за него бил големо искушение. „Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни. Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен предизвик ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната против Иран, палестинското движење Хамас и либанскиот Хезболах не е завршена, велејќи дека Израел мора да продолжи да дејствува против она што го нарече „иранска оска“. Во интервју за израелскиот „Канал 14“, Нетанјаху оцени дека Израел е посилен од кога било и дека заканите за безбедноста на земјата се значително намалени, но нагласи дека конфликтите не се завршени и дека Израел сè ...
Со проекција на документарниот филм „Голготата Кајмакчалан“ на 2 јули во бугарскиот град Сливен ќе започнат настаните посветени на 110-годишнината од епската битка на 11. пешадиски Сливенски полк кај Кајмакчалан, јавува БТА. Проекцијата ќе се одржи во 14:30 часот во Воениот клуб во Сливен, а филмот ќе биде претставен со учество на неговите автори – д-р Силвија Сиракова и полк. доц. Станчо Станчев од Информативниот центар на Министерството за ...
Вечерва, 1 јули, со почеток во 20:30 часот во Едукативниот културен центар – Лабараториум, ќе се одигра театарска претстава „Кокошка“ на Независниот театар Вортекс во копродукција со НУ Театар Комедија. Претставата „Кокошка“ е создадена според Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Костимограф е Maрија Пупучевска, соработник за сценски движења Дарко Велиќ, изборот на сценографија и музика е на Teoдора Силјаноска, додека дизајнер на ...
Под водство на маестро Сашо Татарчевски, Женскиот младински хор при МКЦ во месец јуни оствари учества на два реномирани меѓународни фестивали. На веќе традиционалниот „Vox Lychnidos“ фестивал во Охрид, во безвременската катедрална црква „Света Софија“ хорот настапи на 20 јуни со интересна програма составена од квалитетни хорски аранжмани на џез и популарна музика. Освен Женскиот младински хор при МКЦ, на фестивалот учествуваа уште два ...
Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време на кое една од главните теми ќе биде буџетот за следниот седумгодишен период. Ирска, членка на ЕУ од 1973 година, го презема претседателството со Советот по осми пат. Во својата програма, таа ги истакна економската конкурентност, безбедноста, проширувањето и континуираната поддршка за Украина како свои главни приоритети. Членовите на ...
Две лица загинаа, а петмина беа повредени во руски напад со беспилотно летало врз автобус за јавен превоз во Херсон. Нападот се случил околу 7 часот утрово во централниот округ на градот, објавија локалните власти, според Украинска правда. Началникот на регионалната воена администрација на Херсон, Олександр Прокудин, објави детали за нападот. „Руските сили нападнаа автобус со беспилотно летало во Централниот округ на Херсон околу 7 часот ...
Европската Унија денес го укина ослободувањето од царински давачки за пратки во вредност помала од 150 евра, што значи дека потрошувачите што купуваат евтина стока од надвор од ЕУ сега ќе плаќаат повеќе. Според новите правила, ќе се наплаќа фиксна царинска давачка од 3 евра за секоја категорија стока во пратката. На пример, пакет што содржи неколку маички ќе биде наплатен со еднократна давачка од 3 евра, додека додавањето играчка ќе резултира ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. ...
Петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“, кој годинава за првпат се одржува во три града: Дојран, Струмица и Гевгелија носи исклучително филмско доживување. Иранската кинематографија е во фокус на фестивалот, а публиката ќе има ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера. Овие пет филма заедно ја илустрираат огромноста, ширината и амбицијата на современото иранско кино, секој од нив нудејќи ...
„Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји. Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од СДСМ. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè ...
На Конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвениот крст, д-р Лилјана Ристевска е избрана за претседателка на организацијата за новиот четиригодишен мандат. Со оваа одлука, таа станува првата жена претседателка на Црвениот крст на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата. „Изборот на др. Ристевска претставува значаен историски момент за најголемата хуманитарна организација во земјата, но и признание за нејзината ...