Нашите позиции се принципиелни, СДСМ ќе остане конструктивен за Изборниот законик, но нема да прифати решенија што отвораат простор за изборни манипулации и изборен грабеж, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Ние нашите позиции, односно за Изборниот законик, јасно ги кажавме и ги образложивме. Од што стравуваме, зошто сметаме дека тоа не е добро да биде така формулирано во законот. Зошто да има различно гласање за дијаспората и за ...

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска, како и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и Претседателот на Советот на Битола, Бојан Бојкоски денес ги посетија регионални канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола. За време на посетата со раководителите на регионалните канцеларии и вработените во центрите ...

Контролите на Државниот пазарен инспекторат покажале дека некои маркети ја зголемиле маржата од 10 на 12 – 15 % овој јуни во споредба со јуни минатата година. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе ги повика на состанок за да ги преупреди дека тоа нема да се толерира. „Во одредени маркети нотирано е зголемување на бруто маржата споредена со минатата година од 2 до 5%. Тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е ...

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, беше реализирана методско показна вежба и беше извршен приказ на тактичко-техничките средства и опрема, набавени преку Европскиот мировен фонд. На настанот премиерот Мицкоски порача дека ...

Со 81 глас за, 9 против и ниту еден воздржан, Собранието го донесе новиот Закон за парнична постапка, кој претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди. Mинистерството за правда соопшти дека со новите законски решенија се создаваат услови за побрзи, поефикасни и поквалитетни судски постапки, како и за поголема правна сигурност и подобра ...

Над 200 научници од 30 држави ќе учествуваат на меѓународната конференција „Денови на математиката во Софија“ (MDS2026), соопшти Институтот за математика и информатика при Бугарската академија на науките, јавува БТА. Форумот ќе се одржи од 6 до 10 јули, во организација на институтот, Факултетот за математика и информатика при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и Сојузот на математичарите во Бугарија. На конференцијата ќе бидат ...

По големиот број пораки, прашања, искрени желби и понуди за помош од читателите, издавачката куќа „Антолог“ објави информации за начините на кои граѓаните можат да помогнат по невремето што предизвика огромна материјална штета и уништи околу 70 проценти од книжевното богатство на издавачката куќа. Од „Антолог“ им се заблагодаруваат на сите граѓани за искрените желби, прашања, сугестии и досегашната поддршка, нагласувајќи дека болката и ...

Светски познатите фотографи Изет Керибар и Мехмет Озчај со својата изложба на фотографии со наслов „Аја Софија (Истанбул) Светлината на тишината“ се среќаваат со љубителите на уметноста. Аја Софија, како уметничко дело, не само што фасцинира со својата архитектура и историска вредност, туку и со својот внатрешен мир и безвременска естетика. „Ги покануваме сите љубители на уметноста на отворањето на оваа изложба, на која ќе бидат претставени ...

Бугарски ученици постигнаа нов академски успех, освојувајќи 9 медали на Европската олимпијада по географија EGEO 2026, што се одржа во Варна од 28 јуни до 3 јули, јавува Актуално. На 12-то издание на олимпијадата учествуваа над 100 ученици од 13 држави. Бугарија, која првпат беше домаќин на меѓународна ученичка олимпијада по географија, освои 2 златни, 5 сребрени и 2 бронзени медали. Во категоријата до 16 години Тeја Спирова од Математичката ...

Премиерот на Молдавија, Александру Мунтеану, денес ненадејно поднесе оставка од својата позиција. Овој потег подразбира оставка на целата влада. Тој ја извршува функцијата премиер на Молдавија од ноември минатата година, а не изјави зошто сега се повлекува. „Во моментот кога сфатив дека повеќе не можам да го извршувам својот мандат во согласност со моите принципи и верувања, решив да поднесам оставка“, напиша тој на Икс. Тој додаде дека ќе ...

Според СДСМ, она што се претставува како платформа за „обединување на опозицијата“ во реалноста има сосема спротивна цел: систематско разбивање на опозицијата. „Ниту една сериозна критика кон власта. Ниту еден збор за корупцијата, за економскиот колапс, за празниот буџет или за авторитарното владеење. Целата енергија е насочена кон единствената опозиција – СДСМ која со сите сили се бори против огромната организирана криминална група што преку ...

Мицкоски се фали со „инвестиции во дигитализација и иновации“. Прашуваме: Кои инвестиции во дигитализација? Дали мисли на дата центри кои ќе го уништат електроснабдувањето во Македонија?, прашуваат од СДСМ. „Дата центрите трошат огромни количини на електрична енергија – колку цели градови, во момент кога Македонија веќе има сериозни проблеми со производство на струја и секојдневно увезува. Додека граѓаните плаќаат високи сметки и се соочуваат ...

Унгарската влада на 1 јули расправала за целосно разоткривање на активностите на тајните служби од комунистичкиот режим и архивите на Историскиот архив на службите за државна безбедност, изјави владината портпаролка Ванда Сонди, цитирана од The Budapest Times, пренесува БГНЕС. Според неа, кабинетот одлучил да поднесе нов законопроект со кој ќе се исполнат ветувањата што останале нереализирани по политичките промени во 1990 година. Документите ...

Владимир Перев Почина албанскиот новинар, публицист и интелектуалец од Тетово, Нијази Мухамеди. Беше мој пријател во едно непоматено пријателство кое траеше речи си четириесетина години. Заедно ги поминавме годините на престројувањето на македонското општество, сцилите и харибдите на управувачките “елити“ на МРТВ, делејќи ја тешката судбина со сите вработени. Бевме сиромашни и незадоволни, за потоа да живееме нормално и да бидеме огорчени. ...

Украинската војска синоќа изврши напад врз рускиот град Белгород, целејќи фабрика за енергетска опрема, објавија руските медиуми на Telegram. Снимките објавени на социјалните медиуми наводно покажуваат пламен што се издига од фабриката „Енергомаш“, клучен производител во енергетскиот сектор на Русија, објави The Kyiv Independent. Фабриката „Енергомаш“ наводно произведува опрема за руски електрани и нафтениот и гасниот сектор. Обемот на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија трпи сериозни загуби на бојното поле и се соочува со економски проблеми поради војната против Украина, тврдејќи дека рускиот претседател Владимир Путин „ја губи војната“. Зборувајќи за безбедносната состојба, украинскиот претседател нагласил дека на земјата ѝ се потребни повеќе ракети за воздушна одбрана и го најавил одговорот на Киев на моќниот руски воздушен напад извршен во ...

Во последните денови на социјалните мрежи се појавија бројни видеа од различни руски региони, на кои се гледаат редици на бензински пумпи, ограничувања во продажбата на гориво и конфликти меѓу возачи. Според новинарот Чавдар Стефанов, официјалната позиција на руските власти останува непроменета — дека не станува збор за сериозна криза. „За рускиот режим ова не е сериозна криза. Пораката е дека вакви проблеми биле надминувани и порано и ...

Националниот военоисториски музеј е институција на бугарскиот воен дух и на силата што нѐ направи народ и нација и нѐ пренесе од минатото кон иднината, изјави Илијана Јотова на отворањето на изложбата „Калеидоскоп на меморијата“, посветена на 110-годишнината од основањето на музејот. По повод јубилејот, музејот беше одликуван со Почесниот знак на претседателот за значајниот придонес во зачувувањето на националната меморија, историјата на ...

Началникот на одбраната на Република Бугарија, адмирал Емил Ефтимов, се сретна со генерал-мајор Ворнер Рос, генерал-аѓутант на Националната гарда на сојузната држава Тенеси, јавува МО на Бугарија. На средбата беа разгледани регионалната безбедносна средина, заканите во Источна Европа и Црноморскиот регион, модернизацијата на вооружените сили и развојот на инфраструктурата во поддршка на сојузничките операции. Посебен акцент беше ставен на ...

Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“. Прашуваме: За кои реформи?, велат од СДСМ. „За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува? За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија? Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда? Македонија е во опасност да остане надвор од ...

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд над 15 литри на квадратен метар, ветер со брзина над 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а максималната од 22 до 34 степени, јавува УХМР. Во Скопје ќе биде ...

Националниот военоисториски музеј одбележа 110 години од своето основање со отворање на јубилејната изложба „Калеидоскоп на меморијата“. По повод годишнината, шефот на државата Илијана Јотова му го додели на музејот Почесниот знак на претседателот. Јотова истакна дека музејот има долгогодишен придонес во зачувувањето на националната меморија и историјата на Бугарската армија, нагласувајќи дека тој „не е само место за чување на бугарската ...

Ризиците по безбедноста што произлегуваат од воените кризи во соседството на Европа, како и адаптирањето на процесите на модернизација на вооружените сили кон современите предизвици, ги разгледа премиерот Румен Радев со врховниот командант на Обединетите сили на НАТО во Европа, генерал Алексус Гринкевич, кој престојува во посета на Бугарија. На средбата учествуваа и министерот за одбрана Димитар Стојанов и началникот на одбраната, адмирал ...

Во последните петнаесет години бугарските медицински универзитети постепено се утврдија како едни од најпосакуваните образовни центри за студенти од Западен Балкан. Покрај Србија и Косово, Северна Македонија е меѓу земјите чии граѓани покажуваат стабилен интерес за студирање медицина, дентална медицина и фармација во Бугарија, пишува во опширна анализа на БГНЕС посветена на здравството во Република Северна Македонија. Најпосакувани се ...

Бугарските ученици освоија еден златен, еден сребрен и два бронзени медали на Осмата Балканска олимпијада по физика, што се одржа во Истанбул, Турција, јавува Актуално. Златен медал освои Мирослав Драганов од Природно-математичката гимназија „Акад. Никола Обрешков“ во Бургас. Со сребрен медал беше награден Никола Костов од Софиската математичка гимназија, додека бронзени медали освоија Борис Пулев од Националната природно-математичка ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија“. На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, шефот на ...

Кочоска зборува за јавниот долг и ги убедува граѓаните дека повеќе е помалку? Нема како да им објасни дека за само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра па сега дека било тоа под планираното ниво, истакнуваат од СДСМ. Ова, како што оценуваат, е најава дека власта на Мицкоски нема да застане туку уште побезобразно ќе го задолжува народот и државата. „Зошто Кочовска не кажува колку изнесуваат скриениените ...

Триесет и пет матуранти од Бугарското неделно училиште „Васил Априлов“ во Одеса сакаат да студираат на бугарските универзитети. Тие ги добија уверенијата за завршен единаесетти клас на свеченост во Бугарскиот културен центар, каде што се одвива наставата, јавува Радио Бугарија. Учениците изјавија дека се радосни и благодарни за можноста да го продолжат своето високо образование во Бугарија. „Избрав да студирам медицина во Бугарија, бидејќи ...

Почина големиот бугарски актер и режисер Јосиф Срчаџиев, пренесе БНТ. Тој починал на 1 јули, а опелото било одржано денеска во тесен круг, по негова изрична желба, јавува БГНЕС. Срчаџиев сакал да биде запаметен не по смртта, туку по своето присуство во бугарскиот културен живот. Роден е на 2 мај 1945 година во Софија, во семејството на режисерот Стефан Срчаџиев и Ана Фаденхехт. Првите театарски настапи ги имал во домашниот театар „101 дупки“, ...

Бугарија во мај 2026 година забележа најниска стапка на невработеност во Европската унија – 2,9%, покажуваат податоците на Евростат, пренесе БГНЕС. Во еврозоната невработеноста остана непроменета на 6,2%, а во целата ЕУ се задржа на 5,9%. Во мај без работа биле 13,163 милиони лица во ЕУ, од кои 10,986 милиони во земјите од еврозоната. Во споредба со април, бројот на невработени се намалил за 40 илјади во ЕУ и за 55 илјади во еврозоната. На ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.56
56%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.42
73%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.02
76%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.88
63%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.53
66%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.63
94%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.94
42%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
53%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.81
65%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
71%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.04
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Цинк

0.00

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Рутениум

53852.50

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Иридиум

252383.36