До 16 јули жителите и гостите на Софија можат да ја разгледаат фотоизложбата на отворено „Калеидоскоп на меморијата“, посветена на 110-та годишнина од основањето на Националниот военоисториски музеј на Бугарија. Изложбата е поставена во просторот пред Народниот театар „Иван Вазов“ и ги претставува различните лица на музејот преку значајни и помалку познати експонати. Меѓу нив се ордени, лични оружја, архивски документи, фотографии, ретки ...

Единството и солидарноста во НАТО се нашиот најсилен инструмент во современата безбедносна средина. Трансформацијата на Алијансата кон НАТО 3.0, со значителни инвестиции во одбранбените способности, развиена одбранбена индустрија и интегрирање на нови технологии, е од првостепено значење. Ова го изјави бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов на работна вечера со министрите за одбрана во рамките на средбата на шефовите на држави и ...

Софија развива летни програми и иницијативи со цел да биде „град на децата“, изјави заменик-градоначалничката за образование, спорт и младински активности Десислава Желјазкова во интервју за дневниот весник „24 часа“. „Нашата цел е децата да имаат исполнето и интересно лето, а родителите да добијат поддршка за време на распустот“, истакна Желјазкова. Дел од оваа визија е иницијативата „Училиштето – срцето на квартот“, со која училиштата треба ...

Една од најпознатите фигури на светската метал сцена, Тарја Турунен, ќе одржи два концерта во Бугарија во март 2027 година. На 14 март ќе настапи во Дворецот на културата и спортот во Варна, а на 18 март во салата „Христо Ботев“ во Софија, соопштија организаторите од Sofia Music Enterprises, пренесува Актуално. Концертите се дел од турнејата за нејзиниот десетти студиски албум „Frisson Noir“, објавен на 12 јуни 2026 година преку earMUSIC. ...

Тринаесетгодишниот Крум Стојанов, ученик во варненското училиште „П. Р. Славејков“, создаде демо-верзија на апликација со вештачка интелигенција која им помага на седмоодделенците да се подготвуваат за завршните испити, пишува бугарскиот дневен весник 24 часа. Апликацијата, наречена Easy Learning AI, е направена за четири дена, односно околу 20 часа работа. Идејата произлегла од училишна задача за создавање производ и реклама. „Требаше да ...

Мистичната серија „Мамник“ го потврди својот успех од телевизискиот етер и освои три престижни признанија за најдобра серија на филмски фестивали во САД, Швајцарија и Велика Британија, јавува БНР. Копродукцијата на Бугарската национална телевизија стигна и до финалето на авторитетниот форум Cinema Royale. Серијата е создадена според истоимениот бестселер на писателот Васил Попов, а главните улоги ги толкуваат актерите Екатерина Лазаревска, ...

Норвешка ќе инвестира 268 милиони евра во зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина, објави денес владата во Осло, наведувајќи дека целта е да му се помогне на Киев да се одбрани од руските балистички ракети. Според најавата на норвешките власти, Норвешка заедно со Данска, Германија и Канада ќе ја финансираат набавката на нови ракети за системот „Патриот“, кои ќе бидат нарачани директно од американскиот производител. Станува збор за ...

Директорот на ЦУК, Мухамед Али најави дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи побрза и поефикасна комуникација со службата 112 во итни ситуации. Апликацијата според најавеното ќе овозможи, прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот; „Испраќање фотографии од местото на настанот; Испраќање видеа од местото на настанот; Директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во ...

Претседателката Илијана Јотова го посети вселенскиот центар на бугарската компанија „ЕндуроСат“. Основачот и извршен директор на „ЕндуроСат“, Рајчо Рајчев, ја запозна Јотова со развојната и производствената дејност на најголемиот вселенски центар во Источна Европа, јавува Пресцентарот на бугарската претседателска институција. Компанијата има и странски канцеларии, но главниот развоен центар, целосното производство и финалните квалификации за ...

Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија го покани вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја посети Бугарија, соопштија од Бугарската патријаршија, пренесува БТА. Одлуката била донесена на редовна седница на Светиот синод на 26 јуни 2026 година. Патријархот Вартоломеј е поканет да учествува во свеченостите што ќе се одржат од 16 до 20 октомври, по повод 1150 години од раѓањето и 1080 години од упокојувањето на свети ...

Младинскиот дувачки оркестар Marching Stars ја претстави Бугарија во Златната сала на Музикферајн во Виена, соопшти Домот на културата „Средец“, пренесува БТА. Настапот беше дел од меѓународен фестивал со оркестри од повеќе од 20 држави. Бугарскиот состав изведе програма што ја спојува бугарската музичка традиција со европското културно наследство. Премиерно беше претставена „Празнична раченица“ од Румен Бојаџиев, напишана специјално за ...

Спомен-плоча пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј и нивниот ученик Горазд беше откриена и осветена на 5 јули во градината на Братиславскиот замок, по повод националниот празник на Словачката Република, посветен на делото на словенските првоучители. На церемонијата присуствуваше и амбасадорката на Бугарија во Словачка, Снежана Јовева-Димитрова, соопштија од Амбасадата на Бугарија во Словачка, пренесува БТА. Од дипломатската мисија ...

Обидот на Европската комисија да ја придвижи напред кандидатурата на Србија за членство во Европската Унија најверојатно нема да ја добие потребната поддршка од земјите членки, објави „Политико“, повикувајќи се на дипломати и официјални лица, пренесува БГНЕС. Комисијата ќе побара од амбасадорите на ЕУ во Брисел да го одобрат отворањето на нов преговарачки кластер за Србија. Станува збор за Кластер 3, кој се однесува на усогласување со ...

Националниот литературен музеј во Софија организира свечено чествување по повод 176 години од раѓањето на патријархот на бугарската литература Иван Вазов. Настанот ќе се одржи на 9 јули 2026 година, четврток, со почеток во 10:30 часот, пред споменикот на Вазов, во градинката пред црквата „Света Софија“. Од 11:30 часот, во куќата-музеј „Иван Вазов“ во Софија, ќе биде претставен новиот двојазичен аудиоводич кон обновената експозиција на ...

Намерата на власта не била реформа и подобрување на Изборниот законик, туку изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората, обвини пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска. „Се потврди дека намерата на власта не беше ниту за реформи, ниту за подобрување на Изборниот законик, туку само за изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората“, изјави Тренчевска. Таа реагираше на повикот опозициските партии меѓусебно ...

Проф. д-р Елиза Стефанова е избрана за ректорка на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ на седница на Општото собрание, одржана на 7 јули 2026 година во 272-та аудиторија на Ректоратот. На вториот круг таа доби 185 гласа „за“, додека нејзиниот противкандидат проф. дфзн Георги Рајновски освои 135 гласа. Вршителот на должноста ректор, проф. Прван Прванов, ѝ го врачи клучот на Универзитетот на новоизбраната ректорка. Проф. д-р Стефанова ...

Ниту една земја кандидатка никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор во текот на процесот на пристапување кон ЕУ. Ова го изјави еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за МИА, пренесува БГНЕС. Кос рече дека напредок кон ЕУ остваруваат оние што ги исполнуваат веќе преземените обврски. „Северна Македонија покажа дека може да постигне резултати кога има политичка волја. Тоа јасно го гледаме во нејзиниот ...

Позитивната листа на лекови од први јули е прошиена со три антикоагуланти, Еноксапарин (Клексан), Надопарин и Ривароксабан кои треба да бидат достапни на рецепта во секоја аптека. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, вели дека иако веќе се на позитивната листа на лекови и за нив пациентите плаќаат само партиципација, системот со рефундирање ќе остане во функција до 15 јули. „Бидејќи преминуваме од еден систем во ...

Никица Корубин Времето е најдобар тест, велат, особено временската дистанца за да се види намерата и матрицата на однесување. И токму “црвената линија” во тој модел на однесување ја открива природата на односот кон некое прашање или носител на тоа прашање. Кај нас, несомнено “црвената линија” била и останала европската и евро-атлантската интеграција – ЕУ како систем на вредности и систем на одржливост. Политичка, економска, безбедносна, ...

ДУИ реагира на составот на македонската делегација на Самитот на НАТО во Турција, наведувајќи дека во неа нема ниту еден претставник Албанец. Од партијата оценуваат дека ваквиот состав на делегацијата е „одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор“. „Северна Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичката архитектура ...

Бугарија е една од најпосакуваните летни туристички дестинации во Европската унија, со 43% од сите ноќевања во 2025 година реализирани само во јули и август, покажуваат податоците на Евростат. Според овој показател, Бугарија е на второ место во ЕУ, веднаш по Хрватска, каде уделот достигнува 55%. По неа следи Грција со 42%, додека просекот во Европската унија изнесува 31%, јавува БГНЕС. Податоците покажуваат дека туристичкиот поток во Бугарија ...

Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Тој вели дека се предвидува воведување на сензорски системи кои во реално време ќе ја покажуваат пополнетоста и расположливоста на паркинг-местата во Општината. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ...

Судењето на Ива Михаилова од Кочани, што започна вчера (6 јули 2026 г.) ќе продолжи на 29 и 30 јули. Причина за одложувањето се две нови експертизи што, според одбраната, ја оспоруваат тезата на обвинителството за нејзината вина, јавуваат бугарските медиуми. Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство, живее, студира и работи во Софија. Таа веќе 10 месеци има забрана да го напушти родниот град и, според БНТ, не може да се лекува од ...

Здружението „ГЛАС“ – Босилеград, во соработка со Студентското читалиште „Св. Климент Охридски“ 1997 – Софија, го подготвува шестото издание на Меѓународниот пленер „Босилеград во боја 2026“, кој ќе се одржи од 12 до 19 јули 2026 година во Босилеград, јавува Радио Бугарија. Официјалното отворање е закажано за понеделник, 13 јули, во 18:30 часот по локално време, на отворената сцена во дворот пред канцеларијата на здружението „ГЛАС“, каде што ...

„Во изминатите две години покажавме дека со професионална, одлучна и неселективна работа можат да се постигнат конкретни резултати. Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69%“, се наведува во објавата на Министерството за внатрешни работи. „Во борбата против ...

Вечерва со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се отвори фотографска изложба насловена „Света Софија – Светлината на тишината“ на светско познатите Изет Керибар и Мехмед Озџај. Овој настан се реализира во соработка со Турскиот културен центар во Скопје „Јунус Емре“. Фотографската изложба „Света Софија – Светлината на тишината“ од светски познатите фотографи Изет Керибар и Мехмет Озџај се среќава со ...

Учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, не треба претходно да се отпишуваат од училиштата, соопшти Министерството за внатрешни работи. Сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар. „Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата, не треба да се отпишуваат од ...

„Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од обидите за изборен инженеринг и манипулација со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без било каква контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните“, велат од СДСМ. „На Мицкоски не му е важна реформската агенда, тоа му е само параван за изборен грабеж. ...

Студентите добиваат можност стекнатото знаење за време на студиите да го применат во пракса уште пред нивното дипломирање, работејќи директно во општините, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа се овозможува преку програмата „Месеци на практикантство“ која ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Со имплементацијата на оваа програма Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите и спроведува една од мерките ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска че учествува на самитот на НАТО во Анкара. Таа утре ќе учествува на Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“. Сиљановска – Давкова ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана Владо Мисајловски, и за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.52
57%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.42
73%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
66%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.93
57%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.68
67%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.67
94%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
0.45
50%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.76
43%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.58
53%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.36
66%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
73%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.14
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Иридиум

252383.36

Злато

137126.15

Паладиум

43435.66

Платина

55652.94

Бакар

13.54

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37