Премиерот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, го разгледа потенцијалот за проширување на билатералната соработка во областа на одбраната и енергетиката. Разговорот се одржа во Анкара, во рамките на Самитот на НАТО. Последиците од војната во Украина за европските земји, енергетската диверзификација во Централна и Источна Европа, како и теми од дневниот ред на билатералните односи меѓу Бугарија и Чешка, исто така беа ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потпиша Меморандум за разбирање со „Emirates Investment Group“, со цел воспоставување рамка за соработка во насока на меѓународно позиционирање на предложената иницијатива за Дигитален иновациски хаб. Меморандумот, од страна на „Emirates Investment Group“, го потпиша Хамад Ал Шамси, претседател на Бордот на групацијата. Целта на меморандумот, според соопштеното, е да се овозможи ...

РС Македонија во следните пет години нема да биде меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа, реагираат од СДСМ. Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај, потсетуваат од оваа партија, прогнозира дека македонската економија до 2031 година ќе има просечен раст од 3%. „Пред нас се Албанија со раст од 3,19%, Молдавија, Србија со 3,5% Украина, Косово со 3,95% раст, а прва е Малта со економски раст од 3,96%. Ова е вистината. Не му ...

Бугарија го презема командувањето со Црноморската група за противмински мерки од Турција, јави Анадолската агенција, пренесува БГНЕС. Командувањето со групата, во која членуваат Бугарија, Романија и Турција, се ротира на секои шест месеци. Од почетокот на функционирањето на 1 јули 2024 година, групата спровела 10 активации. Нејзината основна мисија е обезбедување слобода на пловидбата преку набљудување, противмински операции, отстранување ...

Владата на Мицкоски ги изигра и ги излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест, кажа денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Прво, Фондот за здравствено осигурување ја зголеми цената на лекот „Фостер“ од околу 300 на 1.080 денари. Во оваа сиромаштија во која ВМРО ги доведе граѓаните, многу пациенти едноставно немаат можност да издвојат уште 780 денари плус за терапија без која не можат нормално ...

Д-р Андреј Ковачев Изјавата на еврокомесарката Марта Кос потврди нешто што го повторувам со години – Република Северна Македонија нема да добие други гаранции освен оние што веќе се запишани во Преговарачката рамка. И да – Бугарија, како и секоја друга држава членка на Европската Унија, има полно право во секоја фаза од преговарачкиот процес на приговори и, доколку е потребно, да го запре Скопје ако преземените обврски не се исполнуваат. Тоа ...

Според ЛДП, денешното утро е клучен момент за иднината на РС Македонија. За само неколку часа во државава, потсетуваат од оваа партија, пристигнува еврокомесарката Марта Кос, во денови кога, као што велат, судбината на парите од Европската Унија наменети за македонските граѓани виси на конец поради политичка неодговорност и партиски пазарења. „Либерално-демократската партија излегува со јасен, конкретен и итен предлог до Собранието: бараме ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков реагира на изнесените тврдења во дискусијата на седницата на Комисијата за ребалансот на Буџетот, оценувајќи дека тие не кореспондираат со официјалните буџетски документи. „Во политиката постојат различни толкувања, но фактите не се прашање на толкување. Во официјалниот ребаланс не постојат тврдењата дека средствата за кадровско зајакнување и инспекцискиот надзор се пренаменуваат за канцелариска ...

Во емисијата „Доверливо со Насер Селмани“ Ирфан Бучи, поранешен заменик-директор на Царината, поранешен член на „Огнената група“ и еден од основачите на Демократското движење, зборува за создавањето на коалицијата ВЛЕН, очекувањата што ја следеле оваа политичка иницијатива и разочарувањата што дошле потоа. Зошто Бучи вели дека се чувствува предаден од Изет Меџити? Кои, според него, се вистинските основачи на ВЛЕН и кои биле првичните цели на ...

СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик, а ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати се што ќе побараат, само дијаспората да гласа по електронски пат или по пошта, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Македонксата јавност, вели тој, е сведок на целосна политичка конфузија од страна на СДС, Левица и ДУИ во однос на новиот Изборен законик. „Не може еден ден да се договараат, а ...

Судскиот совет денеска ја избра судијката Даниела Димовска за претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Како клучни предности според членовите на Советот кои ја поддржаа кандидатката, беа посочени нејзиниот акциски план, визионерскиот пристап во раководењето, капацитетот за унапредување на независноста и транспарентноста на судот, како и резултатите постигнати во текот на изминатата година додека ја извршуваше функцијата в.д. претседател. ...

Google Street View се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за ...

Италијанската влада, со поддршка на премиерката Џорџа Мелони, даде конечно одобрение во август минатата година за изградба на мост од 3,7 километри преку каналот. Доколку проектот, и покрај некои правни предизвици, биде завршен, тој ќе биде најдолгиот висечки мост со еден распон во светот. Но, овој мост не е само инфраструктурен проект – премиерката Мелони го прогласи за неопходен за националната одбрана, необичен маневар што ѝ помага на ...

Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов денеска потпиша Меморандум меѓу Бугарија, Белгија и Холандија за набавка на седум противмински бродови. Документот го потпишаа и министрите за одбрана на Белгија и Холандија, Тео Франкен и Дилан Јешилѓоз-Зегериус, во рамки на самитот на НАТО во Анкара. „Безбедноста во Црното Море има огромно влијание врз евроатлантската безбедност, а Бугарија се стреми да биде сигурен сојузник и да придонесува ...

„Андреј Петров во емисијата „Во Центар“ покажа дека старите навики тешко се менуваат. Младите социјалдемократи кои не се согласуваат со неговата иницијатива ги нарече „носачи на плакати“, а обичните членови на СДСМ – луѓе со кои „не сака да седи на маса“ бидејќи не се на „иста бранова должина“ со интелектуалците“, реагираат од опозициската партија. Ова, како што шпосочуваат, доаѓа од човек кој како генерален секретар во 2013 година ја одведе ...

По генералниот директор на НАТО Марк Руте, и холандскиот премиер Роб Јетен ги поддржа американските воздушни напади врз Иран. Јетен беше прашан за нападите на самитот на НАТО во Анкара. „Важно е да покажете дека не прифаќате кршење на прекинот на огнот“, им рече Јетен на новинарите. „Во исто време, мора да се примени максимален дипломатски притисок за да се обезбеди продолжување на разговорите и наоѓање решение.“ Американскиот претседател ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи за прв пат по синоќешните воени напади на САД врз Иран, велејќи дека американската војска „нападнала многу силно“ врз ирански цели и дека, според него, примирјето меѓу САД и Иран повеќе не постои. Трамп за Иран: Ова се зли луѓе Зборувајќи за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Анкара, Трамп го обвини иранското раководство дека ги продолжува нападите и покрај ...

„На Мицкоски и на ВМРО не им е ниту до реформи, ниту до подобрување на Изборниот законик, ниту до консензус. Целта е една – изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови од дијаспората. Истата ВМРО што тврдеше дека веќе обезбедиле договор со Левица и ДУИ, сега сака да го префрли проблемот кај СДСМ“, велат од СДСМ. „Нели седнаа заедно со Левица и со ДУИ, нели се договорија? Постојано само лаги и спинови. Ја укина техничката Влада на сила и ...

„Македонија забрзано инфраструктурно се гради и се развива. Нема дел од државата каде не се инвестира и не се гради некој капитален инфраструктурен проект. Со засилено темпо се реализира поставената цел и визија, Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од следниот месец ќе почнат градежните активности за изградба на долгонајавуваната автопатска делница Скопје-Блаце, преку која Македонија ...

Близу 700 кадети, идни офицери, поминаа специјализирана обука за укажување прва долекарска помош на прва борбена линија во рамки на вежбата „Обединети напори 2026“, спроведена од Центарот за професионална обука на Военомедицинската академија-Софија. Споредено со минатата година, кога биле обучени околу 400 кадети, бројката бележи значителен раст, што покажува зголемен акцент врз подготовката за дејствување во кризни ситуации. „Во реална воена ...

Со закрепнувањето на нашиот сопствен одбранбен капацитет, нашата земја се зацврстува во важен фактор на стабилност во критичниот и стратешки важен за Алијансата, црноморски регион. Во врска со тоа нашата земја се фокусира на изградбата на сопствени одбранбени капацитети и за развој на нашата одбранбена индустрија. Ова го изјави бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на Самитот на НАТО во Анкара. Радев подвлече дека целта на НАТО за ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во ...

Во Дојран на 8 јули се отвора петтото издание на Средоземноморскиот и Балкански филмски фестивал „Преку езерото“, во чија селекција оваа година има и бугарско учество, јавува БТА. За натпреварувачкиот дел од програмата се селектирани 6 долгометражни, 15 краткометражни и 12 студентски филмови, а специјалниот фокус на изданието е врз современото иранско кино. Освен бугарскиот филм „Плот“, дебитантско остварување на режисерот Димитар Стојанович, ...

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, на пленарната дебата за годинешниот извештај за Србија изјави дека напредокот на земјата во реформите важни за членството во ЕУ значително се забавил, а во неколку клучни области, особено во владеењето на правото, е забележано назадување, јавува БГНЕС. „Се забележува континуиран неуспех во целосното спроведување на изборните реформи, бидејќи сè уште постои проблем со изборната ...

Бугарскиот премиер Румен Радев ќе учествува на Самитот на НАТО, кој ќе се одржи на 8 јули во градот Анкара, Република Турција. Во составот на бугарската делегација се вклучени министерката за надворешни работи Велислава Петрова, министерот за одбрана Димитар Стојанов и началникот на одбраната Емил Ефтимов. Радев ќе биде гостин на приемот за државните и владините раководители, чиј домаќин ќе биде претседателот на Република Турција, Реџеп Таип ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина потпишала уште три „договори за дронови“ со Данска, Естонија и Холандија, ставајќи ја на располагање својата експертиза стекната за време на повеќе од четиригодишната војна со Русија. Зеленски ги објави договорите на социјалните медиуми на маргините на самитот на НАТО во турската престолнина Анкара, велејќи дека Киев сега склучил девет такви договори. Украина развила високо ...

Американската војска започна серија напади врз Иран, само неколку часа откако три трговски брода беа погодени во Ормускиот теснец покрај брегот на Оман. Новата размена на напади дополнително го поткопува привремениот договор постигнат меѓу САД и Иран минатиот месец. Двете страни велат дека потезите на противникот го прекршиле тој договор. https://t.co/7YDsfu5x84 — U.S. Central Command (@CENTCOM) July 8, 2026 Американски функционер: Ова е ...

Над 12.000 студенти во Бугарија ги направиле своите први чекори кон професионална реализација преку платени студентски практики во рамките на проектот „Од високо образование кон вработување“ на бугарското Министерство за образование и наука, финансиран од Европската Унија. Проектот има цел да ја зајакне врската меѓу високото образование и пазарот на трудот, овозможувајќи им на студентите да стекнат практично искуство во реална работна средина ...

Од 20 јуни до 1 јули 2026 година, фондацијата „За Утре“ од Благоевград беше домаќин на меѓународен курс по програмата „Еразам+“ – „ECO ART Inclusion“, посветен на еколошки и артистички алатки за социјализација и трудова реализација на младинци со специјални образовни потреби, јавува Пиринско. Во селото Долни Раковец во близина на градот Радомир, младински работници од Бугарија, Албанија, Молдавија, Шпанија, Турција, Хрватска, Полска и Северна ...

Заменик-министерката за надворешни работи Иванка Ташева на 6 јули прими делегација на Управниот одбор на Ефоријата „Зограф“ во Министерството за надворешни работи на Бугарија. На средбата беа разгледани прашања поврзани со активностите на Ефоријата, нејзиниот иден развој и можностите за потесна соработка со МНР и другите надлежни институции. Беше истакната и улогата на Ефоријата во одржувањето на врската меѓу бугарската држава и Зографскиот ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.52
57%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.42
73%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
66%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.93
57%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.68
67%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.67
94%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
0.45
50%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.76
43%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.58
53%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.36
66%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
73%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.14
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Паладиум

43435.66

Алуминиум

3.27

Платина

55652.94

Иридиум

252383.36

Злато

137126.15

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Кобалт

56.29

Бакар

13.54

Рутениум

53852.50