Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со картичка и им барал кеш. Наместо да ги уплаќа парите на жиро сметка на МВР, тој си ги земал за себе. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против М.С. на работно место советник за управни работи ...

Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди. Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот. Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш. СВР Охрид поднесе ...

Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари. Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на ...

Дванаесет матуранти од Софија по вторпат освоија награда на меѓународниот натпревар Live in a Healthy Space Design Competition 2025, организиран од National Space Society во САД. Нивниот проект FlorAstra („Цвеќиња на ѕвездите“) беше награден со втора награда во конкуренција од над 2.500 проекти и повеќе од 14.500 ученици од дванаесет држави, јавува БНР. Тимот разработи концепт за самooдржлива вселенска колонија во орбита околу Ceres, способна ...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка. Според пратеникот Бојан Стојаноски, целта на предложените измени е граѓаните да не останат со нерешен статус на своите домови поради административни препреки или бавни процедури. Тој посочува дека голем број граѓани со години се соочуваат со судски спорови за ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција обвини дека 11 дена нема одговор од институциите за тоа како пет тони дрога вредни околу 40 милиони евра ја поминале македонската граница и завршиле во Србија. „Единаесет дена јавноста чека одговор. Единаесет дена власта молчи. Како 5 тони дрога, по некои проценки вредни околу 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија? Кој ќе одговара?“, праша Кузеска. ...

Претседателката на Меѓународен олимписки комитет Кирсти Ковентри го поздрави Бугарскиот олимписки комитет за бронзовиот медал на Тервел Замфиров – прв за земјата на Зимските олимписки игри по 20 години. Ковентри и претседателката на БОК, Весела Лечева, разговараа во Милано на средба на претставниците на националните олимписки комитети, јавува БНР. „Ковентри упати специјални честитки за нашиот медалист Тервел Замфиров. Ѝ реков дека за Бугарите ...

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од село Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Љ.Д. од село Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и ...

Бугарскиот поларен истражувачки брод „Св. Св. Кирил и Методиј“ се очекува на 8 март годинава да го посети пристаништето Сантос при враќањето од мисија на Антарктикот. За тоа информираа од Амбасадата на Бугарија во Бразил на својата страница на Фејсбук, пренесува БНР. „По повод пречекот на бугарскиот брод во пристаништето Сантос, Амбасадата на Република Бугарија во Бразил планира да организира со ваша помош и учество настан, со кој ќе го ...

Близу 200 примероци се пријавени за учество на Меѓународниот дегустациски конкурс за вина и алкохолни пијалаци „Винарија“ 2026, соопштија организаторите од Меѓународен саем – Пловдив, пренесува БНР. Настанот, се одржува на 11 и 12 февруари во Палата 7 на Меѓународниот саем во Пловдив, е меѓу најпрестижните професионални форуми во секторот, а меѓународно жири составено од водечки енолози, дегустатори, сомелиери и трговци ќе ги оцени најдобрите ...

Дваесет бугарски производители и преработувачи на органски производи ја претставуваат Бугарија на еден од најавторитетните меѓународни саеми за биохрана во светот – „БИОФАХ“ во Нирнберг, Германија, јавува БНР. На националниот штанд, организиран од Министерството за земјоделство, се претставуваат био вино, овошје, сокови, џемови, млечни производи, биобрашно, растителни и етерични масла, како и производи добиени од нив. На „Биофах“ учествуваат ...

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад секоја одлука која ја донел. Ваквата реакција доаѓа по изјавите на негова поранешна колешка. Бубевски вели дека побарал извинување од неа, а ако не го направи тоа ќе поднесе тужба за клевета. „Најостро ги демантирам клеветите и измислените наводи изнесени од адвокатката Лејла Кадриу во интервју во ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно ...

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк. Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – ...

Американскиот амбасадор при НАТО, Метју Витакер, изјави дека мирот во Украина е поблиску од кога било досега, иако сè уште не е утврдено кога украинскиот и американскиот претседател ќе го потпишат мировниот договор за ставање крај на руската агресија. Витакер рече дека договорот ќе биде потпишан „кога ќе дојде време“ и дека верува оти завојуваните страни се блиску до постигнување мир. „Постојано го повторувам тоа, не само затоа што верувам во ...

Младите во Европската Унија наскоро ќе можат преку посебна апликација да пријавуваат сајбер-насилство, најави еврокомесарката за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, во Стразбур. Апликацијата е дел од Акцискиот план за борба против кибернетичкото злоставување, претставен на Меѓународниот ден за побезбеден интернет. Виркунен изјави дека „сите жртви и сведоци на злоставување мора да знаат каде можат да се обратат за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека размислува да испрати втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, доколку пропаднат преговорите со Иран. Тој рече дека САД веќе имаат „армада“ во регионот и дека опциите се јасни: „Или ќе постигнеме договор или ќе мора да направиме нешто многу остро, како и минатиот пат.“ Во моментов во регионот е распоредена ударната група околу носачот „USS Abraham ...

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во рамките на алијансата, објави „Телеграф“. Велика Британија ја презема Атлантската команда во Норфолк, Вирџинија, Италија доби одговорност за јужното крило во базата во Неапол, а Германија и Полска ќе ја надгледуваат наизменично Командата на здружените сили во Брунсум, Холандија. Со овој потег, европските команданти ...

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите во Запорожје предизвикаа пожари и прекини во електричната енергија, соопштија украинските власти. Руски дрон погоди станбена зграда рано наутро во среда, 11 февруари, објави Киев пост. Државната служба за итни ситуации на Украина соопшти на Телеграм дека нападот со беспилотно летало целосно уништил приватна куќа и ...

СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија. Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“. Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО ...

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра да биде ставен на дневен ред“, велат од СДСМ. „Иако СДСМ го поднесе предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што согласно Деливникот целосно беше исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот месец да бидат ставени на вчерашаната ...

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СЈО работело под директна насока на Зоран Заев и СДС. Советник на министерот за ...

Проф. д-р Пламен Павлов на 10 февруари во Регионалниот историски музеј на Стара Загора, ја претстави својата книга „Васил Левски: Нашиот најдобар Бугарин“, јавува СТЗ24. Во изданието се собрани 15 истории за Апостолот на слободата, посветени на неговиот живот и дејност, на неговите соработници и на неговите погледи, кои оставиле траен белег во националната меморија. Централно место во истражувањето на авторот зазема значењето на идеите и ...

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени по Втората светска војна од режимот на Јосип Броз Тито, како и на оние кои биле принудени да ги напуштат своите родни места во Истра и Далмација. Повод за изјавата е одбележувањето на Денот на сеќавањето – официјален датум во Италија, посветен на жртвите на фојбите (масакрите) и на иселувањето на италијанското население од териториите што преминале под ...

Македонскиот научен институт во Софија објави напис по повод смртта на Георги Лебамов, истакнат деец на македонско-бугарската емиграција и поранешен претседател на Македонската патриотска организација (МПО). По тој повод, раководството на Институтот изрази искрено сочувство до семејството на Лебамов, како и до раководството на МПО во САД и Канада. На 9 февруари 2026 година, на 98-годишна возраст, во својот дом во Форт Вејн, САД, почина Георги ...

Солун сè појасно се профилира како стратешка точка во растечкото унгарско-српско партнерство, кое ја надминува рамката на класичната дипломатија и се оформува како инструмент за регионално влијание по оската Централна Европа – Балкани – Егејско Море, се вели во репортажа на Велислав Илиев од меѓународната редакција на БГНЕС. Отворањето на унгарско конзулство во Солун формално е претставено како административна мерка за поддршка на туризмот, ...

Двe момчиња на возраст од 12 и 13 години се пренесени во болница откако денес биле избодени со нож во средното училиште „Кингсбери“ во Брент, северен Лондон, објави Би-Би-Си. Полицијата добила пријава за нападот околу 12:40 часот по локално време. Првичните информации укажувале дека е повреден еден 13-годишник, но подоцна било утврдено дека на истото место бил нападнат и 12-годишен ученик. Двајцата се згрижени од службите за итна помош и ...

Пратениците на СДСМ ја напуштија седницата во Собранието откако владејачкото мнозинство одби предлог-законот за минимална плата да биде ставен на дневен ред. Во меѓувреме пред Собранието се одвиваше блокадата организирана од Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата на 600 евра и на другите плати за 100 евра. „Не може моето право како координатор или пратеник од опозицијата да е послабо од правото на кој било пратеник на ...

Во рамките на престижниот глобален авијациски самит „Changi Aviation Summit 2026“, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски и генералниот директор на Управата за цивилно воздухопловство на Сингапур, Хан Кок Јуан, официјализираа нов, сеопфатен Меморандум за разбирање. Овој чин, реализиран за време на посетата на Стојаноски како висок делегат на специјална покана од сингапурските власти, означува суштинско ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
65%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
2.57
54%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.3
90%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
77%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
75%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
45%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

358480.82

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Платина

61858.04

Алуминиум

3.19

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Цинк

0.00

Сребро

2179.44

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84