Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
„Христијан Мицкоски денес во Кисела Вода ќе врши увид во проекти кои, според него, се финансирани од унгарскиот кредит. Класичен потег: кога парите од Орбановиот заем, т.н. унгарски кредит и кинеските средства исчезнаа во магла, а јавноста почна да прашува каде завршија една милијарда евра, тогаш одеднаш се појавуваат „проекти“ кои наводно се финансирани со тие пари“, велат од СДСМ. „Ова е постхумна легитимација на сомнителна зделка. ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој неколку месеци не одеше на работа, сега јавно откри дека имал здравствен проблем и вели дека изминатиот период за него бил големо искушение. „Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни. Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен предизвик ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната против Иран, палестинското движење Хамас и либанскиот Хезболах не е завршена, велејќи дека Израел мора да продолжи да дејствува против она што го нарече „иранска оска“. Во интервју за израелскиот „Канал 14“, Нетанјаху оцени дека Израел е посилен од кога било и дека заканите за безбедноста на земјата се значително намалени, но нагласи дека конфликтите не се завршени и дека Израел сè ...
Со проекција на документарниот филм „Голготата Кајмакчалан“ на 2 јули во бугарскиот град Сливен ќе започнат настаните посветени на 110-годишнината од епската битка на 11. пешадиски Сливенски полк кај Кајмакчалан, јавува БТА. Проекцијата ќе се одржи во 14:30 часот во Воениот клуб во Сливен, а филмот ќе биде претставен со учество на неговите автори – д-р Силвија Сиракова и полк. доц. Станчо Станчев од Информативниот центар на Министерството за ...
Вечерва, 1 јули, со почеток во 20:30 часот во Едукативниот културен центар – Лабараториум, ќе се одигра театарска претстава „Кокошка“ на Независниот театар Вортекс во копродукција со НУ Театар Комедија. Претставата „Кокошка“ е создадена според Николај Кољада, во режија на Теодора Силјаноска. Костимограф е Maрија Пупучевска, соработник за сценски движења Дарко Велиќ, изборот на сценографија и музика е на Teoдора Силјаноска, додека дизајнер на ...
Под водство на маестро Сашо Татарчевски, Женскиот младински хор при МКЦ во месец јуни оствари учества на два реномирани меѓународни фестивали. На веќе традиционалниот „Vox Lychnidos“ фестивал во Охрид, во безвременската катедрална црква „Света Софија“ хорот настапи на 20 јуни со интересна програма составена од квалитетни хорски аранжмани на џез и популарна музика. Освен Женскиот младински хор при МКЦ, на фестивалот учествуваа уште два ...
Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време на кое една од главните теми ќе биде буџетот за следниот седумгодишен период. Ирска, членка на ЕУ од 1973 година, го презема претседателството со Советот по осми пат. Во својата програма, таа ги истакна економската конкурентност, безбедноста, проширувањето и континуираната поддршка за Украина како свои главни приоритети. Членовите на ...
Две лица загинаа, а петмина беа повредени во руски напад со беспилотно летало врз автобус за јавен превоз во Херсон. Нападот се случил околу 7 часот утрово во централниот округ на градот, објавија локалните власти, според Украинска правда. Началникот на регионалната воена администрација на Херсон, Олександр Прокудин, објави детали за нападот. „Руските сили нападнаа автобус со беспилотно летало во Централниот округ на Херсон околу 7 часот ...
Европската Унија денес го укина ослободувањето од царински давачки за пратки во вредност помала од 150 евра, што значи дека потрошувачите што купуваат евтина стока од надвор од ЕУ сега ќе плаќаат повеќе. Според новите правила, ќе се наплаќа фиксна царинска давачка од 3 евра за секоја категорија стока во пратката. На пример, пакет што содржи неколку маички ќе биде наплатен со еднократна давачка од 3 евра, додека додавањето играчка ќе резултира ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. ...
Петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“, кој годинава за првпат се одржува во три града: Дојран, Струмица и Гевгелија носи исклучително филмско доживување. Иранската кинематографија е во фокус на фестивалот, а публиката ќе има ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера. Овие пет филма заедно ја илустрираат огромноста, ширината и амбицијата на современото иранско кино, секој од нив нудејќи ...
„Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји. Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од СДСМ. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè ...
На Конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвениот крст, д-р Лилјана Ристевска е избрана за претседателка на организацијата за новиот четиригодишен мандат. Со оваа одлука, таа станува првата жена претседателка на Црвениот крст на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата. „Изборот на др. Ристевска претставува значаен историски момент за најголемата хуманитарна организација во земјата, но и признание за нејзината ...
Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните и се потврдува определбата за одговорно, ефикасно и отчетно управување со државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа реконструкција е резултат на внимателна анализа на досегашните резултати, но и на јасно искажаните очекувања на граѓаните за побрзи реформи, поголема ефикасност и повисоки стандарди во работењето на институциите“, соопштија од партијата. Сашо Клековски ќе биде нов министер ...
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова беше удостоена со почесната титула „Доктор хонорис кауза“ на Бугарската академија на науките. Признанието ѝ беше врачено на свечена церемонија на 30 јуни во салата „Проф. Марин Дринов“ од претседателката на БАН, Евелина Славчева. Почесното звање ѝ се доделува на Јотова за придонес во бугаристиката, поддршката за ширење на бугарското културно наследство и зачувувањето на духовниот идентитет. Од БАН го ...
Економскиот и социјален совет на Бугарија и Филозофскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе бидат домаќини на годишниот комуникациски форум на Европскиот економски и социјален комитет „Connecting EU“. Настанот ќе се одржи на 6 и 7 јули во Аулата на Ректоратот на универзитетот. Форумот ќе собере претставници на европските институции, граѓански организации, комуникациски експерти, новинари и истражувачи од земјите ...
Бугарскиот град Пловдив ја поднесе својата кандидатура за Европска престолнина на спортот. Одлуката дали градот ќе ја добие титулата ќе биде позната во ноември, јавува БНР. Според Ласка Ненова, генерален менаџер на „БГ Биди активен“, Пловдив треба да исполни 12 критериуми. Организацијата ја подготвила апликациската форма за кандидатурата. „Очекуваме меѓународна комисија во октомври да дојде во посета во период од три дена. Ќе има официјална ...
Виктор Суворов* Редовите на комунистичките партии во сите земји се пополнувале само со глупаци и криминалци. Уште пред идеологот на националсоцијализмот Алфред Розенберг да го грабне перото за да ги напише своите книги за инфериорноста на Словените, советските комунисти веќе ги истребувале споменатите Словени со милиони. И веќе во безбројните концентрациони логори по сечиштата во тајгата, бригадирите на „Експортлес“ ги броеле кубиците. И ...
Името на Стефан Караџа било духовна потпора на Бугарите во нивната борба против туѓата власт. Малкумина се оние што сфаќаат колку значајна е Северна Добруџа за бугарската историја. Токму тука, во селото Ениќој, предавал Апостолот на слободата, Васил Левски. Сè уште можеме да ја видиме црквата во која некогаш пеел Ѓаконот. Северна Добруџа е местото каде што своите младински години ги поминал уште еден истакнат Бугарин — Стефан Тодоров Димов, ...
Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски се сретна со новиот генерален конзул на Бугарија во градот Петар Петров. На средбата, Коњановски и Петров размениле мислења за продлабочување на соработката меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, со посебен акцент на економијата и можностите за нови инвестиции, развојот на туризмот, како и зајакнувањето на културната размена и други области од заеднички интерес. Градоначалникот на ...
Герасимовски да не манипулира, дефектолозите што ги зборува не му се во програмата, туку станува збор за вработување партиски војници, порача ВМРО-ДПМНЕ откако градоначалникот на Центар објави дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал и дефектолози во основните училишта. Од владејачката партија велат дека Герасимовски и СДСМ си поигруваат и манипулираат со чувствата на родителите и ...
Припадници на Силите за специјални операции на Бугарија и на САД беа дел од заедничка воена вежба што се одржа во текот на месецот јуни, соопшти бугарското Министерство за одбрана. Формации од специјалните сили на двете земји учествуваа во подготовката Joint Combined Exchange Training (JCET), чиј домаќин беше Заедничката команда на специјалните операции на Бугарија. Во фокусот на воените вежби беа усовршување на техники, тактики и процедури, ...
Легендарниот украински боксер Владимир Кличко изрази подготвеност да ја поддржи Софија во организацијата на Европското првенство во бокс за мажи и жени, кое ќе се одржи од 15 до 26 септември 2026 година, соопшти прес-центарот на Општина Софија, пренесува БТА. „Сметајте на мене. Ако ви треба помош, јас сум на ваша страна“, изјави Кличко на средбата со градоначалникот на Софија, Васил Терзиев. На средбата присуствуваа и ...
Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат нови правила за користење на електричните тротинети. Со измените, донесени по скратена постапка, максималната дозволена брзина за електричните тротинети се ограничува на 20 километри на час. Законот предвидува и зголемување на минималната возраст за управување со електричен тротинет на 18 години. Воедно, се заострува казнената политика, при ...
Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото, реализираните законски реформи и следните чекори во исполнувањето на европските обврски на државата. Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна ...
Со новиот Закон за игрите на среќа, казината и објектите за игри на среќа ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, соопшти ВЛЕН. Портпаролот Мухамед Муртези изјави дека ова било едно од клучните предизборни ветувања на коалицијата, додавајќи дека новите законски измени имаат цел да ги заштитат децата, младите и семејствата. Според проценките на ВЛЕН, новите правила ќе доведат до намалување на бројот на ...
Сложената и детална операција за анализа на цените на 600-700 прехранбени продукти министерот за економија, Бесар Дурмиши, денес давајќи отчет за сработеното изминативе две години, претпостави дека ќе трае еден месец. И тој, исто како премиерот Христијан Мицкоски, кажа дека ќе се проверуваат фактурите ена по една за да се утврди каде може државата да интервенира за да се намалат цените на основните прехранбени производи. „Ќе се анализира ...
Министерството за здравство информира дека во моментов сите хируршки сали во клиничкиот центар се во целосна функција. Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ информираат дека непречено ги третираат сите пациенти, вклучително и пациентите предвидени за елективни оперативни зафати. Во овие клиники нема одложување на оперативната програма. На Клиниката за ...
Заменикот министер за одбрана Адмир Шабани денеска (30 јуни) се обрати на свеченоста пред Командата на Балканските медицински наменски сили (БМНС), организирана по повод примопредавање на претседавањето со Управниот одбор на БМНС, примопредавање на должноста Командант на БМНС, како и примопредавање на позицијата „рамковна земја“ на БМНС. Со оваа свеченост, земјава го превзема командувањето со БМНС и позицијата „рамковна земја“, додека ...
„Како Универзитет имаме нулта толеранција за корупција. Во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена“, реагираат од Универзитетот „Гоце Делчев“ во врска со информациите за приведена професорка од овој универзитет. За жал, додаваат од таму, ниту еден систем не е целосно имун на поединци кои се подготвени да го прекршат ...