Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Заедничка седница на општинските совети на Ќустендил и Крива Паланка се одржа во Ќустендил, јавува бугарската агенција ФОКУС. На форумот учествуваа општинските советници од двете гранични општини, претседателите на локалните совети, како и градоначалниците на двата града. Во седницата учествуваа претседателот на Општинскиот совет – Ќустендил Димитар Велинов, претседателот на Општинскиот совет во Крива Паланка Миле Трајковски, градоначалникот ...
На 11 март 2026 година околу 21:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(41) од Скопје и патничко возило „шкода“, сопственост на МВР, управувано од И.М.(34) од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“ и двајца негови сопатници од Скопје, кои биле пренесени во ...
Германските вооружени сили (Бундесверот) се подготвуваат да склучат рамковен договор за набавка на околу 500 нови повеќецевни ракетни системи MARS 3, познати и како EuroPULS, објави специјализираното германско издание Hartpunkt, повикувајќи се на добро информирани извори, пренесува бугарскиот дневен весник 24 часа. Според информациите, половина од системите ќе бидат наменети за германската армија, а останатите може да ги купат сојузнички ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа изјави дека го почитува и поддржува секој мирен протест како демократско право на граѓаните и дека институцијата останува посветена на транспарентност и отвореност. Тој информира дека Министерството ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ, за што веќе е поднесено барање. На расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, меѓу кои и ...
Насилство избило во берберница во скопско Арачиново, помеѓу деца на возраст од 14 и 15 години. Инцидентот се случил на 11 март околу 13:30 часот, кога по расправија 15-годишник физички нападнал 14-годишно момче, при што употребил и остар предмет. Случајот бил пријавен истиот ден полицијата од страна на таткото на нападнатиот малолетник, велат од МВР. Двајцата малолетници работеле како чираци во берберницата. Од полицијата информираат дека се ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници. Од нив, 380 се македонски државјани, додека 78 се странски државјани. Вкупно по држави, меѓу евакуираните странски државјани има: 14 од Босна и Херцеговина, 13 од Косово, 13 од Албанија, 8 од Србија, 6 од Црна Гора, 3 од ...
Вчера во полицијата било пријавено дека на крстосницата од булеварите „Кузман Јосифовски Питу“, „Кочо Рацин“ и улицата „Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата учествувале автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од селото Волково, скопско, и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот на автомобилот го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се ...
Бугарската влада најави мерки за поддршка на граѓаните и бизнисот поради зголемените цени на горивата. Директна финансиска помош ќе добијат најранливите домаќинства, соопшти бугарскиот премиер Андреј Ѓуров. „Тие ќе зависат од приходите и од тоа какви се флуктуациите на цените на нафтата на светските пазари“, изјави Ѓуров. За оваа мерка владата засега издвојува 30 милиони евра, а исплатата ќе се врши директно на сметките на граѓаните. ...
Полицијата поднесе кривична пријава против Р.П.(38), Н.Н.(29), П.Т.(41) и К.Г.(20), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „предизвикување општа опасност“. Според полицијата, во јануари 2026 година на влезот од селото Владевци, второпријавениот предизвикал пожар на товарно возило „мерцедес“. На 21 февруари 2026 година, пак, пријавените опожариле патничко возило „ланд ровер“, при што пожарот се ...
Вчера околу 11:00 часот, полициски службеници од водите на реката Вардар извлекле тело на женско лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Подоцна било утврдено дека станува збор за 50-годишната А.Х.И. од Скопје, за која член од семејството во меѓувреме пријавил дека утрото, по 08 часот, излегла од дома и не се вратила. Извршен е увид и се работи на расчистување на ...
Соработката меѓу Бугарија и Грција во областа на одбранбените иновации може да придонесе и за безбедноста на Европа, изјави грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас по средбата со бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов во Софија, јавува БГНЕС. Дендијас истакна дека Грција веќе обезбедува поддршка за заштита на бугарскиот воздушен простор. „Многу сум горд и среќен што грчка батерија „Патриот“ покрива значителен дел од бугарскиот ...
По повод Светската недела на глауком (8–14 март 2026 година), која годинава се одбележува под мотото „Uniting for a Glaucoma-Free World“ – „Заедно за свет без глауком“, Клиниката за очни болести, заедно со повеќе здравствени установи низ земјата, организира активности за подигање на јавната свест и за рано откривање на оваа болест. Глаукомот, често нарекуван „тивок крадец на видот“, претставува една од водечките причини за неповратно губење ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска го прими генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), Асаф Хаџиев. На средбата, претседателот Гаши рече дека неговата посета претставува значајна можност за продлабочување на соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и организацијата. Притоа, беше посочено дека членството на ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ ги открива бизнис-шемите на Мицкоски и нивната поврзаност. Веќе објавивме дека сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите, Мицкоски ја назначи за директорка на Развојната банка, иако е сопственичка на компанија од енергетскиот сектор. Денеска објавуваме нов сегмент од бизнис-мрежата на Мицкоски – релациите и групациите во енергетиката и бизнисот со струја, истакна на прес-конференција Јон Фрчкоски – член на ...
Политиките на Мицкоски може да се опишат само со еден збор: Лага, вели Богданка Кузеска од СДСМ. „Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека никогаш нема да изговори Северна. Излажа. Јавно кажа дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“, ќе си даде оставка. И затоа излажа. Велеше дека како советник на Никола Груевски работел „про боно“. Уште една лага. ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска се обрати на конференцијата со социјалните партнери и граѓанските организации од Северна Македонија, организирана од Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК) и неговиот Комитет за следење на Западен Балкан, што се одржа во Европската куќа во Скопје. Во своето обраќање, Сали истакна дека европската интеграција не е само владин процес, туку општествен ...
ССМ е координирано и управувано од СДС, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, целата логистика за како што вели, таканаречените протести на ССМ е обезбедена од СДС. „До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат кои се лицата одговорни за организирање на логистиката за протестите. Ова е тој документ. Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Ова е Бранко ...
Лекарската комора, заедно со европските докторски асоцијации и Министерството за здравство, денеска го одбележува 12 Март, Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, кој претставува аларм за „тивката пандемија“ што го нагризува здравството и општеството. Претседателот на Комората, Калина Гривчева Старделова, истакнува дека кога еден лекар е нападнат вербално, физички или преку социјалните мрежи, не ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши на комеморативната седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани порача дека настанот оставил длабока рана во целото општество и дека споменот на жртвите мора да биде потсетник за одговорност, правда и солидарност. Во обраќањето тој истакна дека трагичната ноќ засекогаш го променила Кочани и Македонија. „Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат оставајќи спомени, но има и такви што ...
Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Од Град Скопје информираат дека зголемувањето на буџетот е резултат на домаќинско и одговорно работење, без нови задолжувања. Со ребалансот е предвидена изградба на нов кружен тек во близина на Народната банка на Република Северна Македонија, со цел ...
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова, денеска се обратија на прес конференција по повод одбележување на Европскиот ден за подигнување на свесноста против насилството врз здравствените работници. -За здравствениот систем клучно е вработените да се чувствуваат безбедно на своето работно место за да може да ја овозможат потребната здравствена заштита и нега на пациентите. ...
„Денес се простуваме од нашиот долгогодишен член на ансамблот – Кирил Поп Христов (1967 – 2026), театарски, филмски и телевизиски актер. Нашиот Кили. Дипломирал на на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 до 2014 година, работи во МНТ, а во 2018 г повторно се враќа на истата сцена, оставајќи значаен белег во ...
Владата продолжува да биде глува на предупредувањата и да ги игнорира ризиците што го загрозуваат животниот стандард на граѓаните, без да преземе мерки за нивна заштита од нови ценовни удари, реагираат од ДУИ. Според оваа партија, сите професионални прогнози и движењата на меѓународните енергетски берзи покажуваат дека од наредниот понеделник се очекува ново и значително зголемување на цените на нафтените деривати. Ова зголемување, како што ...
Демократската унија за интеграција оценува дека последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент, туку директна последица на политичката клима што е создадена во државата. Кога во Владата имате слабо, заробено и потчинето претставување како ВЛЕН, тогаш антиалбанските сили, велат од ДУИ, се чувствуваат охрабрени и зајакнати. „Денес сме сведоци на изјави и постапки кои порано никој не се осмелуваше јавно да ги ...
Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар, извести Царинската управа. Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид за нелегална ...
Бугарската сноубордерка Малена Замфирова е подложена на нова операција, соопшти за БГНЕС потпретседателот на Бугарската федерација за скијање Георги Бобев. „Вчера беше извршена интервенција во пределот на рамото, се надеваме дека ќе биде последната“, изјави Бобев. Замфирова беше тешко повредена откако скијач ја удри одзади во чешкото одморалиште Шпиндлерув Млин, каде што требаше да настапи на трка од Светскиот куп. На 9 март таа беше ...
На 12 март 1917 година започнува една од најжестоките борби на Македонскиот фронт во Првата светска војна – борбите кај Црвени стени и Кота 1248 во Баба Планина (позната и како Пелистер), над Битола, пишува Инфоцентарот на бугарското Министерство за одбрана. Француските сили прво започнале силен артилериски напад врз бугарските позиции, кој траел цело деноноќие. Благодарение на добро утврдените ровови и бетонски бункери, бранителите претрпеле ...
Лидерите на групата земји од Г7 – САД, Канада, Јапонија, Италија, Велика Британија, Германија и Франција – се согласија да ја истражат можноста за обезбедување придружба на бродовите за да им се овозможи слободно да се движат во Персискиот Залив, се вели во соопштението на Г7. Соопштението дојде откако францускиот претседател Емануел Макрон свика телефонски состанок со лидерите на Г7 за да разговараат за војната меѓу САД и Израел против Иран ...
Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која се осудуваат нападите на Иран врз земјите од Персискиот Залив и Јордан и се бара Техеран веднаш да ги прекине непријателствата. Резолуцијата, спонзорирана од Советот за соработка во Персискиот Залив (GCC) и поддржана од 135 други земји-членки, беше усвоена со 13 од 15 членки кои гласаа „за“, а две беа воздржани, објави Ал Џезира. Ниту една земја не гласаше против. „Поддршката ...
Заеднички тренинг-летови на Воздухопловните сили на Бугарија и Грција ќе се одржат во воздушниот простор на Република Бугарија. Со наредба на министерот за одбрана Атанас Запрјанов од 12 март 2026 година е дозволено преминување и престој на територијата на Република Бугарија на два авиони F-16 од грчките воздухопловни сили, заедно со нивните екипажи и стандардно вооружување, како и, доколку е потребно, до 50 воени лица за одржување на ...