Вчера во 20:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот Х.Д. од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера ...

Денеска во 09:15 часот на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода 25-годишниот А.Ј. од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово. А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од КЗ. Тој ќе биде спроведен во Затворот Идризово за доиздржување на ...

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД, соопштија од таму. „Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, планира да патува во Австралија овој месец со цел да склучи договор за безбедност и трговија, изјави извор запознаен со преговорите. Нејзината посета ќе следи по состанокот меѓу европскиот комесар за трговија, Марош Шефчовиќ, и неговиот австралиски колега, Дон Фарел, кој ќе се одржи во Брисел следната недела, изјави друг извор, објави бриселскиот портал „Политико“ без да ги именува ...

„СДС веќе ја претера. Навикнати сме на лаги, манипулации, шпекулации и ширење на невистини од нивна страна, но ова веќе ја прели чашата. Ги повикуваме доколку имаат било какви докази за некаква вмешаност на поединци од власта во случајот со 5 тони дрога веднаш да ги достават до ЈО, во спротивно ќе добијат тужба“, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „На СДС најлесно им е да растураат пердуви во јавноста, и потоа да немаат никаква одговорност. Провери ли СДС ...

14 мигранти загинаа во Егејското Море откако нивниот брод се судри со брод на крајбрежната стража кај грчкиот остров Хиос, соопшти крајбрежната стража. Службеник на крајбрежната стража изјави дека го забележале бродот што превезувал мигранти кон грчкиот остров Хиос и им наредил да се вратат назад. „Шверцерите маневрирале кон бродот на крајбрежната стража, предизвикувајќи го судирот“, изјавил службеникот за Ројтерс. Ројтерс не можел независно ...

Шведска и Данска се обврзаа да испорачаат мобилни системи за противвоздушна одбрана Tridon Mk2 на Украина, во вредност од 2,6 милијарди круни (250 милиони евра). „Ова е платформа способна за соборување на крстосувачки ракети со долг дострел и дронови, способност што им е потребна на Украинците поради зголемените можности за удар со долг дострел на Русија“, рече шведскиот министер за одбрана Пол Џонсон. Тој нов систем, развиен „со рекордно ...

Шпанија и Португалија се во висока готовност бидејќи бурата „Леонардо“ се движи кон Иберискиот Полуостров, носејќи со себе серија закани од тешки временски услови. Властите во двете земји издадоа предупредувања за вонредни состојби бидејќи обилни врнежи од дожд, силни ветрови и ризик од крајбрежни поплави се надвиснуваат над одредени региони, објавува TTW. Се очекува бурата прво да ја погоди Португалија, а потоа и Шпанија, потенцијално ...

Преговарачи од Украина, Русија и САД се среќаваат денеска во Абу Даби за да го прекинат застојот во напнатите разговори за тоа како да се стави крај на речиси четиригодишната војна. Неколку рунди дипломатски разговори меѓу страните не успеаја да доведат до договор за ставање крај на најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, кој започна со руска инвазија во февруари 2022 година. Масовниот руски напад со беспилотни летала и ...

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако се постигна договор и се закажа средба меѓу Владата и гранковиот синдикат УПОЗ за зголемување на платите на административните службеници и до 40%, претседателот на ССМ се јави на социјалните мрежи. Во стил на инфлуенсер, Трендафилов објави статус со фотографија како седи сам во ...

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија. Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери, велат од СДСМ. Молкот, според нив, е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта. „Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека одговор од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ целата земја, кои предизвикаа нова штета на енергетската инфраструктура и убија две лица во Запорожје. „Очекуваме одговор од САД на руските напади. Американскиот предлог беше да се запрат нападите врз енергетската инфраструктура за време на дипломатските напори и студениот зимски период“, рече Зеленски во ...

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа: · поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. · ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

На 4 февруари 2026 година се навршуваат 154 години од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев. Георги (Гоце) Делчев е еден од најзначајните бугарски револуционери, водач и идеолог на Бугарските македоно-одрински револуционерни комитети, подоцна познати како Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Тој е роден во градот Кукуш, Егејска Македонија, на 4 февруари 1872 година, пишува БГНЕС. Гоце Делчев ја завршува ...

Градоначалникот на Ќустендил, инж. Огњан Атанасов, доби благодарственa плакетa од градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, како знак на благодарност за поддршката, личната ангажираност и учеството за време на гаснењето на пожарите што во јули минатата година зафатија подрачје во близина на градот Крива Паланка. Признанието му беше врачено на градоначалникот на Ќустендил за време на работна средба во Крива Паланка, на која ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата. ...

Аеродромот во Франкфурт привремено ги суспендираше летовите повеќе од еден час денес по обилните врнежи од снег. Операциите беа прекинати околу 15 часот по локално време, а во тој период немаше полетувања или слетувања поради насобран снег на пистите, објави операторот на аеродромот Фрапорт АГ. Според податоците на Фрапорт, најмалку 67 од вкупно 922 закажани летови за тој ден беа откажани, додека десетина авиони беа пренасочени кон аеродромот ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан. „На средбата беше реафирмирано високото ниво на партнерство меѓу двете држави, што се основа на пријателство, заемна доверба и почит. Претседателката изрази уверување за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво. Во таа насока, ...

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ, потенцираме дека Министерството за здравство нема директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност, истакнуваат од таму. „Од Медицинскиот факултет сме информирани дека научно-истражувачката работа која е поврзана со биолошки материјал кој во себе содржи генетски карактеристики е предмет на ригорозно ...

Владата ја усвои Програмата за работа на Владата за 2026 година која претставува стратешки, сеопфатен и реформски документ од над 400 страници, кој јасно ги дефинира приоритетите, динамиката и визијата за развојот на државата во наредниот период, исткна на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева. Програмата како што рече е структурирана по области коишто ги опфаќаат надлежностите на законодавната, но и на извршната власт и ...

Владата на Република Северна Македонија го усвои официјалниот извештај за реализацијата на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, кој сведочи за значителен напредок во отворањето на институциите кон граѓаните. Над 20 владини институции целосно ги објавиле информациите побарани од јавноста, додека 22 институции ги направиле транспарентни своите постапки за јавни набавки, конкретни чекори што ја зајакнуваат довербата на граѓаните во ...

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на минималната плата и сите останати плати, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денес кажа дека протестите за минимална плата 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за 100 евра, продолжува со блокади на институциите. Прва институција која што ќе ја блокираат работниците ќе биде Собранието. Во ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, кој е во посета на Општина Битола. На средбата двајцата градоначалници разменија информации за состојбите во општините, за проектите кои ги реализираат, како и за продолжување на соработката во повеќе области. Беше нагласена и иницијативата од двете страни, како општините да продолжат да ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска одржаа конференциски состанок со претставници на Европската Комисија како и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти. Исто така на состанокот беа вклучени и ресорните министри за транспорт, внатрешни работи и ...

Грција се рангира значително пониско од држави традиционално сметани за поволни и сигурни за развој на иновативни бизниси, како и од соседни земји како Бугарија и Романија, во однос на бизнис средината што им ја нуди на претприемачи со амбиции за меѓународен раст, пишува грчкиот весник „Катимерини“, пренесува БГНЕС. Грција го зазема 33-то место меѓу 125 држави во светот во индексот StartupBlink Innovators Business Environment Index 2026 со ...

Утрово околу 2 часот, во близина на Граничниот премин Богородица, полициски службеници привеле седум странски државјани кои се обиделе нелегално да ја напуштат Македонија. Според информациите од МВР, станува збор за пет државјани на Пакистан и двајца од Индија. При извршените проверки било утврдено дека сите седум лица претходно влегле легално во државата преку Меѓународниот аеродром Скопје. Тие се приведени и задржани во полициска станица. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на Владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции. Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на билатералната соработка со балтичката ...

Зајакнувањето на ефикасноста и независноста на судството е еден од највисоките државни приоритети и предуслов за враќање на довербата на граѓаните во институциите, порача министерот за правда на конференцијата „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија. „Ова е критичен и одлучувачки момент за правосудниот систем. Мораме јасно и објективно да ја согледаме состојбата, затоа што само преку прецизна процена можеме да ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
71%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
56%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.91
86%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
78%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
75%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
57%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Калај

43.91

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Платина

61858.04

Сребро

2179.44

Цинк

0.00

Родиум

358480.82

Алуминиум

3.19

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86