Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. „Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец. Ако се одлучиш да го следиш својот повик, да го прифатиш предизвикот, те очекува едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука“, велат од МВР. Обуката се одвива во Центарот за обука на министерството за внатрешни ...

Ракетите за системот за воздушна одбрана „Патриот“ наменети за Украина веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Киев Индепендент“. „Тие веќе се испраќаат“, им рече Трамп на новинарите кога беше прашан за испораката на ракетите „Патриот“ и друга опрема. „Тие се увезуваат од Германија, а потоа Германија ги надополнува залихите. И во сите случаи, на Соединетите Држави ќе им биде целосно платено.“ Портпаролот на ...

Земјите-членки на ЕУ се блиску до договор за нов пакет санкции против Русија, изјави денес високата комесарка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас. „Се надеваме дека ќе постигнеме политички договор за 18-тиот пакет санкции. Блиску сме, многу блиску. Се надевам дека денес ќе се договориме за тоа“, рече Калас пред состанокот на министрите за надворешни работи на 27-те земји од блокот. Според неа, „предлозите се тука и сега прашањето ...

Огласот за ангажирање 400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Единствен документ што им треба да пријавување е потврда од матичен лекар дека се здрави, а пријавувањето е во локалните центри за вработување. „Ги повикувам сите заинтересирани лица за оваа владина мерка најдоцна до четврток да поднесат апликација во ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со делегација од Министерството утре ќе престојува во официјална посета на Обединетото Кралство, сојузник со кој имаме силна одбранбена соработка. За време на посетата, во Министерството за одбрана Мисајловски ќе оствари официјална средба со државниот министер, лорд Вернон Коукер, а ќе оствари средба и со специјална претставничка на Обединетото Кралство за Западниот Балкан, дама Карен Пирс. Во ...

„Во новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има не само основните, туку и во средните училишта, за што, актуелната Влада предложи, а пратениците усвоија ново законско решение кое значи унапредување на инклузивноста на националниот образовен систем“, велат од МОН „Веројатно ова е болката во редовите на политичката партија СДСМ, каде откако им пропаднаа обидите да ја манипулираат јавноста со обвинувања дека од септември ќе нема ...

Кога станува збор за партизација на институциите, СДС прво нека се погледне себеси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Партиските функционери на СДС организираа партиски настани во основни училишта. СДС ги претвори училишните клупи во место за партиска пропаганда. Наследството во образованието што го оставија СДС и ДУИ беше катастрофално, образованието беше во длабок минус, учениците беа оставени без учебници, наставниот и стручниот персонал беа без ...

Уставните измени се клучен услов за започнување на реалните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија. Ова го изјави европратеникот Томас Вајц, кој е автор на извештајот на Европскиот парламент за земјата, пренесува БГНЕС. „Извештајот ја покажува поддршката на мнозинството во Европскиот парламент за европската интеграција на Северна Македонија. Во него нема никаква основа да не се спроведат уставните измени. Тоа е ...

Градоначалникот Александар Стојкоски и општина Ѓорче Петров и во 2025 година продолжуваат со традицијата на обезбедување бесплатни училишни ранци и училишен прибор за сите 430 првачиња на територијата на општината. Оваа иницијатива има за цел да им овозможи на децата еднаков почеток и сигурна училишна иднина, велат од Општината Денеска, во кабинетот на градоначалникот, дечињата кои ја завршија градинката „Росица“ заедно со градоначалникот ги ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Н.Е. Михалис Рокас. Средбата беше фокусирана на значењето на неодамна усвоените четири клучни реформски закони – Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за стручно усовршување и обука на јавните службеници и Законот за инспекциски надзор, како основа за изградба на ...

На 1 јули Данска го презеде шестмесечното претседателство со Советот на ЕУ. Придржувањето до Преговарачката рамка, вклучително и уставните измени, е услов за Република Северна Македонија за продолжување на преговорите со Европската Унија. Ова го изјави данската министерка за европски прашања Мари Бјоре пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET), пренесува БГНЕС. Бјоре нагласи дека по уставните измени, ...

За помалку од една недела, 1360 пензионери од Центар се пријавиле за еднократна парична помош од 2.500 денари. „Пријавувањето е во тек. Интересот е навистина голем. Пензионерите најчесто ги користат утринските часови за да се пријават, а бројот на поднесени барања секојдневно расте. Ова е јасен показател дека ваквата мерка навистина им значи на нашите повозрасни граѓани”, посочи градоначалникот Горан Герасимовски. Право на оваа помош имаат ...

Сведоци сме на зачестени пожари низ државата, за кои според сите индиции, не се последица на природни фактори туку на намерно дејствување и подметнување од страна на човечки фактор, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Најновиот пример, според нив, е снимка од Делчево, каде се гледа како лице намерни пали пожар и веднаш потоа бега од местото на настанот. Овие случаи, како што оценуваат, не се изолирани, напротив, додаваат, на повеќе локации се пронајдени ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле да разговараат почесто во иднина за да ги координираат своите чекори. „Беше многу добар разговор. Му се заблагодарив на Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и за понатамошна соработка за да се запре убивањето и да се ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денес во Киев разговараше со специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, за зајакнување на украинската воздушна одбрана и купување оружје со европска помош. Средбата се одржа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе испрати противракетни системи „Патриот“ во Украина и пред очекуваното објавување на нов план за вооружување на САД за Киев. „Разговаравме за ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска оствари работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од Река Менон, менаџер за здравство, исхрана и популација за регионот на Европа и Централна Азија, како и со Свен Нелсен, кораководител на здравствен сектор на Светска банка за земјава, Али Хаманди, виш економист и Мрика Алиу, виш специјалист за човечки развој. Алиу ги презентираше стратешките приоритети на Министерството за ...

Власта нема слух за основните проблеми на граѓаните, ниту демократски капацитет да ги сослуша забелешките, да ги разгледа внимателно предлозите и врз основа на тоа да донесе одлуки во интерес на граѓаните, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прeс-конференција, откако пратениците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, не ги поддржаа двата амандмани што ги поднесе пратеничката група на СДСМ и коалицијата за ...

Пратеничката група на СДСМ и коалцијата поднесе комисиски амандман за ребалансот на Буџетот, со кој се предлага обезбедување на средства во висина од една милијарда и дваесет милиони денари за финансиска поддршка на повредените и семејствата на починатите лица во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, во Кочани, како и за реновирање и набавка на неопходна медицинска опрема за Општата болница во Кочани. „Во март се случи најголемата ...

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата на денешната седница на комисијата за финансирање и буџет, посветена на ребаланост на Буџетот поднесе амандман за зголемување на буџетските средства за противпожарна заштита во износ од 500 милиони денари. „Со предложениот амандман бараме зголемување на буџетските средства наменети за функционирањето и развој на територијалните противпожарни единици во износот 500 милиони денари, со цел зголемување на ...

Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на Бугарите кои живеат во Северна Македонија. Ова го изјави претседателот Румен Радев во Загреб на заедничка прес-конференција со неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ, пренесува BgOnAir. Шефот на бугарската држава беше дециден дека РСМ сама се сопира на патот кон ЕУ, затоа што не сака да ги исполни критериумите за членство. „Сè уште чекаме РСМ да исполни еден јасно запишан услов кој ќе ја ...

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и со делот кој викендов беше пуштен во употреба, Мицкоски вели дека ќе има 34-35 километри автопатско решение, а останатите до 57 километри колку што има вкупно делницата Кичево-Охрид, ќе бидат пуштени во употреба најдоцна во првиот квартал од 2027 година оти треба да се санираат свлечиштата. „Се ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со меморандумот, со „Казанџи груп“, за изградба на гасните централи, како и тоа дали се знае локацијата и колку ќе чини инвестицијата, рече дека очекува да ги прецизираат локациите и дека процесот на преговори ќе продолжи. „Дополнително, ќе продолжиме со преговорите, и очекувам да ги прецизираме локациите. Во игра се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати ракети за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, велејќи дека тие се потребни за одбрана на земјата бидејќи рускиот претседател Владимир Путин „зборува убаво, но потоа бомбардира сè ноќе“. Трамп не го прецизираше бројот на ракети што планира да ги испрати во Украина, но рече дека САД ќе бидат надоместени за нивните трошоци од Европската Унија. Американскиот претседател е сè повеќе ...

„Еден по еден, проблемите можат да се решат, треба да се решат и ќе се решат! Тоа е ангажманот на ВЛЕН, а овој ангажман доби конкретна форма со пуштањето во употреба на дел од автопатот Кичево–Охрид, како дел од Коридорот 8, еден од најстратешките проекти за развој на државата“, велат од „Влен“. „Овој капитален проект, кој со години стагнираше и стана симбол на институционална неспособност и сомнежи за злоупотреби, денес конечно се движи ...

„Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС освен што е некрофилска е и пироманска. За среќа, оваа слика исчезна со брзата реакција на Владата и институциите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Прашањето е дали оваа група на луѓе, која палеше низ државата, имаше за цел да создаде хаос низ Скопје и Македонија? Прашањето е сосема легитимно, бидејќи на местата на пожарите беа најдени ...

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, пристигна во Киев денеска за да разговара за безбедноста и санкциите против Русија, изјави шефот на претседателската администрација на Украина, пренесува Ројтерс. „Одбрана, зајакнување на безбедноста, оружје, санкции, заштита на нашите луѓе, зајакнување на соработката меѓу Украина и САД – има многу теми за дискусија“, напиша Андриј Јермак на апликацијата ...

Германија нема да може да ги пренесе своите системи за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина бидејќи нема доволно од нив во германската армија, изјави денес германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, тој изјави дека Берлин веќе префрлил три од своите 12 системи „Патриот“ на Киев. „Во Германија сега имаме само шест од нив. Останатите два се во Полска, а барем еден не е секогаш достапен поради одржување ...

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е вториот јавен повик за практикантска работа во Општина Центар. На овој повик, можат да се пријават студенти и апсолвенти од Градежниот и Архитектонскиот факултет, кадешто во текот на следните шест месеци практикантите ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари. „Ги повикувам сите студенти од овие факултети кои се заинтересирани да се пријават, ајде заеднички да работиме на наш ...

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера најави дополнителни 6,5 милијарди евра воени трошоци во текот на следните две години, објави „Еуроњуз“. Францускиот лидер ги изложи плановите во говор во кој повика на зголемени напори за заштита на Европа и поддршка на Украина во услови на континуирана, тотална руска инвазија. Според Макрон, Франција планира да троши 64 милијарди евра годишно за одбрана до 2027 година. Таа сума е двојно поголема ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
51%
997
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
66%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.32
100%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
87%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
999
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
91%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
88%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
79%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55781.55

Иридиум

221848.72

Родиум

339994.14

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Сребро

2733.78

Калај

48.78

Платина

83354.78

Злато

157561.16

Бакар

12.12

Алуминиум

3.09

Кобалт

64.04