Два земјотреси го погодија Босна и Херцеговина во интервал од помалку од 30 минути утрово. Првиот земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер се случи во 8:59 часот, со епицентар 20 километри јгоисточно од Фоча, на длабочина од девет километри. Подржувањата се почувствуваа во поголем дел од централна БиХ. „Кратко, но силно тресење и вибрации“, напиша еден жител на Фоча на страницата на EMSC. Слични реакции имаше и од жителите на ...

Белгиската аеродромска власт утрово привремено го запре воздушниот сообраќај на аеродромот во Лијеж, откако во близина беше забележан дрон. Според националната служба за контрола на летање Skeyes, станува збор за втор ваков инцидент во Белгија во текот на оваа недела. Како што информираше портпаролот Курт Верwилиген, летовите биле прекинати околу 7:30 часот и обуставата траела приближно 30 минути. „Секоја пријава мора да ја сфатиме сериозно,“ ...

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денеска па сè до вторник, 11 ноември, во земјава се очекуваат нови локални врнежи од дожд, кои на поединечни места ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи. Според метеоролошките најави, во текот на следните денови времето ќе биде нестабилно, со повремени поројни врнежи и засилен јужен и југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 60 километри на час. ...

Ураганот Мелиса, еден од најмоќните што некогаш го погодиле Карибите, претставува „најголемата климатска катастрофа во историјата на Јамајка“, изјави претставникот на УНДП, Кишан Ходај. Според првичните проценки, штетата изнесува околу 30 проценти од Бруто домашниот производ на земјата, а се очекува таа бројка дополнително да порасне, посочи Ходај, нагласувајќи ги големите размери на разурнувањата по ураганот. „Овој разорен ураган предизвика ...

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, реагираше на изјавите на лидерот на албанската Демократска партија, Сали Бериша, за амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Силвио Гонзато, во врска со неговата сексуална ориентација, објави АТА. Во објава на Платформата Х еврокомесарката Кос наведува дека ваквите напади се неприфатливи. „Родовата еднаквост и недискриминацијата се составен дел од правото на ЕУ. Почитувањето кон ...

Чешкиот претседател Петр Павел во Прашкиот замок ја прифати оставката на владата, која претходно денеска ја поднесе кабинетот на премиерот Петр Фијала, и го замоли да продолжи со извршување на своите должности сè додека не се именува нова влада. Павел го задолжи лидерот на партијата АНО, Андреј Бабиш, да формира нова влада, која се очекува да биде во коалиција со партиите „Слобода и директна демократија“ (СПД) и „Мотористи“. Тој му се ...

Украински суд првпат осуди руски војник на доживотен затвор поради егзекуција на украински воен заробеник, соопшти денеска Службата за безбедност на Украина (СБУ). „Ова е прва пресуда во историјата на Украина во која окупаторската сила е осудена на таква казна, особено поради егзекуција на војник од одбранбените сили“, се наведува во соопштението на СБУ. Осомничениот, 27-годишен руски државјанин по име Дмитриј Курашов, е обвинет дека на 6 ...

Владата на коалицијата на десниот центар на премиерот Петр Фијала денеска ќе поднесе оставка, по поразот на парламентарните избори на 3 и 4 октомври. Претседателот на Чешка, Петр Павел ќе му додели на Фијала мандат да ја води земјата сè додека не се именува нова коалициска влада, најверојатно составена од популистичка партија Акција на незадоволни граѓани (АНО) на поранешниот премиер Андреј Бабиш, радикалните националисти Слобода и директна ...

Египќанецот Халед ел Енани денеска е формално избран за генерален директор на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО). Тој на оваа позиција ќе ја замени Французинката Одри Азулеј. Со формалното гласање потврдена е одлуката од 6 октомври на Извршниот одбор на УНЕСКО, кој ја препорача кандидатурата на Ел-Енани пред Конгоанец Фирмин Едуард Матоко со убедливо мнозинство од 55 гласа „за“ и два „против“. Ел ...

Истражниот судија на Сплитскиот окружен суд им одреди притвор на тројца мажи претходно осомничени за насилно однесување кон српски фолклорни играорци во Блатине, Сплит Од судот било заклучено дека тие би можеле да се обидат да влијаат врз сведоците, како и да го повторат кривичното дело за кое се товарат. Одбраната, како што за Индекс.хр изјавил адвокатот Тони Маринковиќ, кој застапува еден од уапсените, дека ќе поднесе жалба. Тие сметаат ...

Учениците во повеќето средни училишта во Белград ја бојкотираат наставата денес и утре во знак на поддршка на Дијана Хрка. Според Сојузот на средношколци на Србија (УНСС), вкупно 23 училишта се во блокада. Според листата на Сојузот на средношколци бојкот на наставата има во повеќе белградски гимназии и стручни средни училиште, како и во гимназиите во Младеновац, Обреновац, Чачак, Лазаревац и Панчево. Голем дел од учениците од овие училишта ...

Полска и Романија ќе постават нов систем за заштита од руските беспилотни летала, објавија тамошните власти. Станува збор за американскиот систем Меропс, а ваквиот потег доаѓа по серијата инциденти што се случија во воздушните простори на двете земји. Меропс може да идентификува беспилотни летала и да им се приближи, користејќи вештачка интелигенција за навигација, кога сателитските и електронските комуникации ќе откажат. – Овој систем ни ...

„Пријавено е дека пиратите ѝ се приближиле на бродот со брз глисер и отвориле оган кон танкерот,“ се наведува во соопштението на компанијата, додавајќи дека пиратите дејствувале од киднапиран ирански брод. Танкерот пловел од индиското пристаниште Сика кон Дурбан, во Јужноафриканската Република. Во одвоено соопштение, Агенцијата на Обединетото Кралство за поморски трговски операции (UKMTO) објави дека неовластени лица се качиле на пловило ...

Украинското Генералштаб соопшти дека Украинската армија погодила голема рафинерија за нафта во Волгоградската област во Русија. Нападот се случил вчера, а ова е вториот пат во последните три месеци Украина да ја гаѓа оваа рафинерија. Иако руските власти официјално не го потврдиле нападот, локалниот гувернер изјавил дека дронови предизвикале пожар во индустрискиот дел на регионот. Нападнатата рафинерија е најголемиот производител на гориво во ...

Во Белград, пред Собранието на Србија, петти ден по ред штрајкува Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, млад човек кој трагично го загуби животот при пад на надстрешница. Хрка, која со месеци бара одговорност и правда за смртта на својот син, е премалена, настината и со ослабен имунитет, но одбива да го прекине протестот. Нејзиниот штрајк со глад го поддржуваат студенти, граѓани и ветерани, кои дежураат околу неа и ја чуваат од евентуални ...

Авиокомпанијата Ryanair најави значајни измени во својот модел на работење, вклучувајќи укинување на една категорија билети и воведување појачани санкции за check-in процедури. Според извештајот, Ryanair планира да ја елиминира доплатата за пријава на шалтер во аеродром (која моментално може да изнесе до 55 евра) и да го примени целосно дигиталното пријавување за сите летови. Во исто време, компанијата најави дека патници кои нема да го ...

Денеска е прогласен ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина и во Црна Гора, по пожарот што во текот на ноќта од вторник кон среда ја погоди зградата на домот за стари лица во Тузла. Во трагичниот настан загинаа 11 лица, а повеќе од 40 се повредени, јавија локалните медиуми. Во Федерацијата БиХ, Владата нареди знамињата на јавните институции да бидат спуштени на половина копје, а сите културни и забавни настани на јавни места да ...

Еден авганистански државјанин е уапсен во Данска под сомнение дека подготвувал напад врз еврејски објекти во Германија, соопшти денеска германското сојузно обвинителство. Осомничениот бил во контакт со дански државјанин Али С., кој се сомничи дека работел за иранските разузнавачки служби, собирајќи информации за еврејски локации и поединци во Берлин, најверојатно со цел подготовка на напад. „Лицето е во притвор под сомнение дека се согласило ...

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хановер беше привремено прекинат во вторник навечер, откако пилот пријавил забележан дрон во близина на пистата, потврди германската полиција. Аеродромот бил затворен од 22:00 до 22:45 часот, а три авиони биле пренасочени, соопшти полициски портпарол за агенцијата dpa. Според првичните информации, дронот летал над индустриска зона во близина на аеродромот. Еден од пренасочените авиони пристигнувал од ...

Во Република Македонија се очекува преодно стабилизирање на времето, но од петок, 7 ноември, па до понеделник, 10 ноември, нашата земја ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот. Овој систем ќе донесе повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен јужен ветер. И во Скопје и околината ќе се забележат слични појави. Врнежите ќе бидат поројни и повремено обилни, со услови за ...

Португалските органи го пресретнаа полупотопниот брод („нарко-подморница“) кој пренесуваше околу 1,7 тони кокаин на пат кон Европската Унија, соопштија дел од официјалните извори. Операцијата, наречена „Ел Дорадо“, била координирана од португалската судска полиција и морнарицата, со поддршка од Британската агенција за борба против криминал и Американската агенција за борба против дроги (DEA). Покрај уапсените четворица членови на екипажот, ...

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, поранешна пратеничка на ОН за бегалци, денеска беше во ненадејна посета на градот Херсон, на југот на Украина, пренесоа украинските медиуми. Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук фотографија од Џоли во ...

Светската здравствена организација планира в недела да почне обемна кампања за вакцинација во Појасот Газа. Околу 44.000 деца, кои не можеле да бидат опфатени со процесот на имунизација за време на двегодишната израелска војна против милитантната палестинска организација Хамас, ќе бидат вакцинирани во рок од 10 дена против, меѓу другото, морбили (мали сипаници), заушки, рубеола и полио (детска парализа). Следните дози треба да бидат ...

Драмскиот театар Скопје со претставата „Ифигенија за ништо“ е добитник на три награди на 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025. „Ифигенија за ништо“ во режија на Филип Петковски ги доби наградите за најдобра претстава, најдобра режија и најдобра женска улога. Во образложението за најдобра претстава на фестивалот, жири комисијата истакнува дека претставата се издвојува со силна концептуална визија, која ...

Францускиот институт во Скопје соопшти дека овогодинешната Гонкурова награда му е доделена на Лоран Мовиње за неговиот роман „Празната куќа“ (La Maison Vide). Романот, кој има 750 страници, ја оживува приказната на семејството на авторот, преку избришаното лице на неговата баба од старите семејни фотографии. Во ова дело, сеќавањата, имагинацијата и скриените семејни тајни се преплетуваат во наратив што истовремено ја истражува интимата и ...

Потпретседателката на Странката на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, реагираше на собирот организиран во близина на кампот „Чациленд“, опишувајќи го како „вашар покрај мајка што штрајкува со глад“. Тепиќ на социјалната мрежа X (поранешен Twitter) сподели видео со коментар: „Вашар покрај мајка што штрајкува со глад. Превртуваат ќебапи и поставуваат бина. Не знаат дали за Вучиќ. А тој, како, ништо не знае — бара снајперисти.“ ...

Во Белград денеска ќе се одржат два паралелни собири на истата локација пред Собранието на Србија. Едниот е организиран како поддршка за Дијана Хрка, мајката која солидарно штрајкува со глад пред Собранието; другиот е „спонтан“ собир на приврзаниците на Српската напредна странка (СНС). Според извештаите, граѓани од различни делови на Србија пристигнуваат во Белград со автобуси, организирано или самостојно, со цел да ѝ ја дадат поддршка на ...

Сообраќајна несреќа се случила денес во близина на Полумир во Ибарската клисура (близу Краљево), кога, според Н1, автобус од Рашка со поддржувачи на СНС удрил во ограда покрај патот. Засега не е познато дали има повредени и што ја предизвикало несреќата, пишува Н1. За потсетување поддржувачите на СНС денес тргнаа од неколку места во Србија на организиран митинг што се одржува во 17 часот пред српскиот Парламент во таканаречениот „чациланд“. ...

Нов бран пристигнувања во Белград — денеска нови автобуси со присталици на Српската напредна партија (СНС) тргнаа од Нови Сад кон престолнината, на организиран собир во оградениот простор пред Собранието на Србија, познат како „Чациленд“, јавува телевизијата N1. Според извештајот на нивната новинарка, пред Саемот во Нови Сад биле паркирани неколку автобуси подготвени за превоз на партиските симпатизери. Втората тура тргнала околу 14 часот, а ...

По години на релативна фискална воздржаност, фискалната политика во еврозоната повторно се враќа во прв план. Според анализата на Euronews, плановите за трошење во Европа веќе ја повлекуваат задолженоста нагоре, под влијание на стимулансите во Германија и растечките одбранбени буџети. Европските влади прават големи вложувања — инфраструктура, одбрана, зелена транзиција — но аналитичарите предупредуваат дека пазарите сè повеќе стануваат ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
100%
1000
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
9.77
72%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
89%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
93%
1003
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
99%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
6.26
78%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.69
97%
1006
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
4.63
95%
999
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.12

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Паладиум

55781.55

Калај

48.78

Злато

157561.16

Рутениум

45750.51

Родиум

339994.14

Цинк

3.29

Сребро

2733.78

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.09