Сукобот на Блискиот Исток влезе во 11-тиот ден, додека Белата куќа тврди дека американската воена операција против Иран носи значителен напредок и дека растот на цените на енергенсите ќе биде само краткорочен. Портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Карилин Левит изјави дека американските сили досега погодиле повеќе од 5.000 непријателски цели. „Постигнуваме огромен напредок во исполнувањето на нашите воени цели“, изјави таа, ...

Додека нападите врз Иран продолжуваат и во втората недела од конфликтот, американскиот претседател Доналд Трамп испраќа различни и понекогаш контрадикторни пораки за тоа што всушност сака да постигне во војната. Повеќе од две децении по американската инвазија на Ирак во 2003 година, Соединетите Американски Држави заедно со Израел започнаа нова воена операција против Иран. Но како што се интензивираат ракетните напади, така растат и дилемите ...

Конфликтот меѓу САД и Иран влегува во нова, поинтензивна фаза. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави дека денес ќе се изведе најсилниот бран воздушни напади од почетокот на воените операции. Според него, во денешните напади ќе учествува најголемиот број борбени авиони и бомбардери, со што ќе се засили притисокот врз иранските воени капацитети. „Денес повторно ќе биде нашиот најинтензивен ден на напади во Иран – со најмногу ...

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денес е отпуштен од болница и е испратен на домашно лекување, соопшти директорот на Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦ), Михаило Стјепановиќ. „По речиси две недели хоспитализација, Дачиќ се опорави и денес беше отпуштен на понатамошно домашно лекување. Тој е стабилен, но сè уште му е потребен мониторинг и домашно лекување. Доби совет за ...

Како што објави Би-Би-Си, Израел, Катар и ОАЕ известуваат за нови ирански ракетни напади врз нивните земји. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека одбранбените системи работат на нивно пресретнување и дека е испратено предупредување до оние во погодените области. Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека нивната воздушна одбрана „моментално реагира на дојдовни закани од ракети и беспилотни летала од Иран“. Тие ги замолуваат оние ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изрази претпазливост во врска со можноста американско-израелската војна против Иран наскоро да заврши. Зборувајќи во Никозија заедно со својот кипарски колега Константинос Комбос, Вадефул рече дека САД остануваат фокусирани на намалување на воените капацитети на Иран, „кои претставуваат закана за неговите соседи, но и за Европа, до тој степен што таа закана повеќе не постои“. Тој додаде: ...

Песната „Води ме“, изведена од Слаткаристика и Калиопи, ја освои наградата песна на годината за 2025 на годинашното издание на „Златна Бубамара на популарноста“. Наградата беше доделена на 29. издание на оваа манифестација, која важи за еден од најголемите културно-забавни настани во Македонија и регионот. Публиката имаше можност да ја слушне песната и во живо на сцената на „Златна Бубамара 2026“. „Златна Бубамара на популарноста“ веќе 29 ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Иран. Тој рече дека целта е „да му се помогне на иранскиот народ да ги симне оковите на тиранијата“, но додаде дека „на крајот тоа зависи од нив“. „Но нема сомнеж дека со она што досега го направивме им ги скршивме коските“, рече Нетанјаху за време на состанок со раководителите на израелските болници и здравствениот систем. Утрово една од ракетите ...

Microsoft објави прв трејлер за новата конзола под кодното име Project Helix, но засега не е прикажан нејзиниот изглед. На краткото видео се гледа само логото на уредот, а детали за дизајнот сè уште не се објавени. Според најавите, на новиот Xbox ќе биде можно да се пуштаат и игри од PC, иако не е јасно точно што ова значи и на кои платформи или на кои игри ќе се однесува. Ова ја потврдува долгогодишната шпекулација за интеграција на PC и ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека преговорите со САД повеќе не се опција по американско-израелската воена операција против Иран. Во интервју за PBS NewsHour, Арагчи посочи дека не очекува разговорите со Вашингтон повторно да се најдат на дневен ред. Изјавата доаѓа кратко по именувањето на новиот врховен лидер на Иран. Мојтаба Хамнеи, син на покојниот ајатолах Али Хамнеи, беше назначен за негов наследник повеќе од ...

Тензиите на Блискиот Исток дополнително се зголемуваат откако Иран постави услов за земјите што сакаат непречено да пловат низ Хормушкиот теснец, една од најважните енергетски рути во светот. Според иранските власти, арапските и европските држави кои ќе ги прекинат дипломатските врски со САД и Израел ќе имаат „слободен и безбеден премин“ низ теснецот. Оваа порака доаѓа во момент кога реториката меѓу Вашингтон и Техеран нагло се заострува. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати остра закана до Иран, предупредувајќи дека САД ќе одговорат со огромна воена сила доколку Техеран се обиде да го блокира протокот на нафта низ стратешки важниот Ормутскиот теснец. Пораката Трамп ја објави на својата социјална мрежа Truth Social. „Ако Иран направи било што за да го запре протокот на нафта низ Ормутскиот теснец, САД ќе ги погодат дваесет пати посилно отколку што некогаш биле ...

Иранската Револуционерна гарда (IRGC) остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтот со Иран е „во голема мера завршен“, порачувајќи дека Техеран ќе одлучи кога ќе заврши војната. „Ние сме тие што ќе го одредат крајот на војната. Условите на бојното поле и завршницата на конфликтот се во рацете на Исламската Република“, се наведува во соопштението на Револуционерната гарда, пренесено од иранската ...

Цените на нафтата денес паднаа под 90 долари по барел откако на почетокот на денот забележаа скок од 20%. Главниот фактор за падот е најавата од G7, каде министрите за финансии изјавија дека земјите се подготвени да ослободат нафта од стратешките резерви доколку е потребно. Brent: околу 89,5 долари по барел. WTI (West Texas Intermediate): околу 86 долари по барел Овој потег има за цел да го ублажи притисокот врз глобалните пазари и да ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска истакна дека крајот на војната во Иран зависи исклучиво од иранското раководство. „Што побрзо режимот на мулите застане, побрзо ќе заврши овој конфликт. Исклучиво на режимот и на таканаречената Револуционерна гарда е да го прекинат непријателството“, рече Мерц во Берлин. САД и Израел продолжуваат со одбрана Дотогаш, Мерц очекува дека Израел и САД ќе продолжат со своите одбранбени операции против Иран, ...

Иран денеска ги обвини европските земји, меѓу кои и Франција, дека помогнале да се создадат услови за американско-израелските напади кои доведоа до војната со Исламската Република. „За жал, европските земји помогнаа во создавањето на тие услови“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багеи на редовната неделна прес-конференција. Според него, наместо да инсистираат на почитување на меѓународното право и да се ...

Иранската државна телевизија, известувајќи за назначувањето на Мојтаба Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, објави дека тој бил „ранет во војна“. Сепак, не е јасно на кој конфликт точно се однесува ова тврдење. Во телевизискиот прилог Хамнеи бил опишан како „џанбаз“ – термин што во Иран се користи за лице рането од непријател. Притоа се споменува „рамазанска војна“, израз што некои ирански медиуми го користат за актуелниот конфликт во ...

Иран ги одбележа првите часови по назначувањето на Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер со серија ракетни и дронски напади кон Израел и повеќе земји од Персискиот Залив, што дополнително ја засили ескалацијата на Блискиот Исток. Иранската државна телевизија објави дека е лансиран „првиот бран ракети под водство на Моџтаба Хамнеи“, насочени кон израелска територија. Според израелските власти, во нападите е полесно повредена една жена. Во текот ...

Војната на Блискиот Исток влезе во десеттиот ден, а Иран го изведе првиот бран напади откако за нов врховен лидер беше именуван Мојтаба Хамнеи. Во меѓувреме, конфликтот продолжува да се шири низ регионот, додека цените на нафтата бележат драматичен раст каков што не е забележан во последните шест години. Според последните информации, најтешкиот напад се случил во Бахреин, каде што ирански дрон погодил населена област во квартот Ситра. ...

Катарскиот премиер шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани остро ги критикуваше иранските напади врз земјите од Персискиот Залив, нарекувајќи ги „опасна грешка“ што може да ја дестабилизира целата регија и да предизвика сериозни последици за светската економија. Во интервју за Sky News, прво откако Катар беше цел на нови ракетни и дрон напади, Ал Тани изјави дека земјата се наоѓа во многу тежок период. Воедно ги пофали катарските одбранбени и ...

Денес, времето во Македонија ќе биде променливо со локални послаби врнежи од дожд, особено во западните предели на земјата. На планините над 1500–1600 метри надморска височина се очекува и провејување на снег, а постојат услови и за ретка појава на грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, кој најмногу ќе се чувствува во Повардарието. Утринските температури утре ќе се движат од 0 до 6 степени, додека дневните ќе ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека конфликтот на Блискиот Исток може да се одолговлекува, што би можело да доведе до тоа партнерите на Киев да обрнат помалку внимание на Украина и да ги намалат испораките на системи за воздушна одбрана. Тој ја даде изјавата денес на прес-конференција со холандскиот премиер Роб Јетен во Киев, објави „Украинска правда“ . Помала поддршка „Се надевам дека војната на Блискиот Исток нема да ...

Извори од Вашингтон за Ал Џазеира соопштиле дека дека испраќањето трупи во Иран е нешто што САД го разгледуваат. Отсуството на војниците е забрането, некои обуки се одложени, а луѓето сега се преобучуваат на други начини – а тоа би сугерирало дека, како што би се очекувало во ваква ситуација, веројатно постојат планови во тек доколку врховниот командант нареди каков било вид копнена инвазија. Тоа би можело да се случи на еден од два начина: ...

Ирански ракети го погодија израелскиот град Тел Авив, додека конфликтот меѓу Иран и Израел продолжува да се интензивира, објави News.Az. Експлозии и пожари беа пријавени во неколку делови од градот. Локалните медиуми и очевидци изјавија дека повеќе области на Тел Авив биле погодени од нападите, а штети биле регистрирани на неколку локации. Службите за итни случаи и спасувачките екипи беа испратени на погодените места додека властите почнаа да ...

Иранската револуционерна гарда соопшти дека силите на земјата би можеле да водат интензивна војна против САД и Израел во траење од шест месеци. Конфликтот влезе во втората недела, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ја продолжи војната против Иран „со сета своја моќ“, со план за отстранување на раководството на земјата. Врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи беше убиен минатата недела во заеднички американско-израелски ...

Непозната направа експлодирала ноќеска на влезот во американската амбасада во Осло. Предизвикана е материјална штета, но никој не е повреден. Силна експлозија во близина на амбасадата во западен Осло се слушнала околу 1 часот по полноќ, а очевидци за локалните медиуми изјавиле дека бил видлив и чад. Полицијата е во контакт со амбасадата Портпаролот на полицијата, Микаел Делемир, за јавниот радиодифузен сервис НРК изјави дека експлозијата се ...

Генералниот секретар на Иранскиот совет за национална безбедност, Али Лариџани, изјави дека САД сметале дека можат да спроведат кратка војна во Иран и дека сметале дека можат да посеат хаос со атентат врз врховниот лидер Али Хамнеи и друго раководство, но дека обете претпоставки се покажале како неточни. Тој рече дека иранските лидери ги предупредиле сепаратистичките групи да не се движат против владата и дека иранскиот народ е обединет во ...

Војната на Блискиот Исток влезе во деветтиот ден, додека нападите меѓу Израел и Иран продолжуваат да се интензивираат и да го зафаќаат целиот регион. Според последните информации, најмалку четири лица загинале откако бил погоден хотел во Бејрут. Израелската војска соопшти дека нападот бил насочен кон команданти на Иранската револуционерна гарда кои наводно се наоѓале во либанската престолнина. Во меѓувреме, од Техеран пристигнуваат снимки ...

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати порака до британскиот премиер Кир Стармер на својата социјална мрежа Truth Social, коментирајќи ги можните планови на Велика Британија за воено ангажирање на Блискиот Исток. Трамп напиша дека Обединетото Кралство, кое го нарече „некогаш голем и можеби најголем сојузник“, дури сега сериозно размислува да испрати два носачи на авиони во регионот, но додаде дека таква помош повеќе не е потребна. ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи испрати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека Иран е подготвен за ескалација доколку САД продолжат со притисоците и нападите во регионот. Според извештај на Би-Би-Си, Арагчи изјавил дека Трамп погрешно ја протолкувал неодамнешната изјава на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, во која тој се извини на соседните земји по нападите во регионот. По таа ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
76%
1025
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.57
94%
1029
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.54
92%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.24
73%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
86%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
88%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
1.382
79%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
3.09
96%
1031
Currency

61.589

Currency

54.966

Currency

73.794

Currency

38.043

Currency

39.188

Currency

67.251

Currency

8.2483

Currency

0.67209

Currency

0.34741

Currency

0.52331

Currency

1.0969

Currency

0.58422

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Калај

46.54

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53

Сребро

1666.05

Платина

49319.25