Филмот е сместен во регион со една од најгустите популации на штркови во Европа, и паралелно ја прикажува бајката и животната приказна на постарите земјоделци Никола и Јана. Соочен со економски притисоци што го разделуваат неговото семејство, Никола останува сам на фармата, несигурен дали да ја продаде. Но, кога спасува повреден штрк од блиската депонија, тој наоѓа нова смисла и надеж преку грижата за своето перјесто другарче. Со визуелно ...

Силните водени бранови ја блокираа сообраќајната инфраструктура и предизвикаа значителни материјални штети. Екипи на Службата за противпожарна безбедност и заштита на населението, заедно со полицијата и жандармеријата, се распоредени низ погодените области за да обезбедат сигурност и помош на населението. Поплавите предизвикаа прекини во сообраќајот, а локалните власти апелираат до жителите и туристите да ги следат инструкциите и да избегнуваат ...

Поради близината на нападите до својата граница, Полска активираше борбени авиони и противвоздушни системи за заштита на својот воздушен простор. Според гувернерот на Запорошката област, Иван Федоров, во најновиот комбиниран напад загинала една жена, а девет лица се повредени. Тој на Телеграм објави фотографии од местото на нападот, каде што се гледаат оштетени станбени згради. Жесток удар утрово претрпе и градот Лавов, на западот на Украина. ...

Поради безбедносни причини, неколку летови биле пренасочени кон Латвија и Полска. „Воздушниот сообраќај беше привремено прекинат поради, колку што знаеме, група балони кои се движеа кон Вилнус“, изјави портпаролот на операторот на аеродромот LTOU за BNS. По неколку часа прекин, аеродромот бил повторно отворен во неделата наутро, во 4:50 часот по локално време. Националниот центар за управување со кризи (NKVC) соопшти дека во близина на местото ...

На Волстрит, индексот Dow Jones порасна за 1,1% и достигна 46.758 поени, S&P 500 се зголеми за 1,1% на 6.715 поени, а Nasdaq за 1,3% на 22.780 поени. Овој раст, според аналитичарите, најмногу се должи на очекувањата дека Федералните резерви ќе продолжат со политиката на пониски камати. Последните економски податоци покажуваат дека американскиот пазар на труд слабее, што беше и главната причина за неодамнешното намалување на каматната стапка ...

Од ноќва и во текот на понеделник и вторник, преку Македонија повторно ќе помине влажен бран што ќе донесе претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, локално и обилни – предупредува метеоаналитичарот Славчо Поповски. Поради падот на температурите, на повисоките планини над 1300 метри надморска височина повторно се очекуваат врнежи од снег. Временската нестабилност ќе се задржи и во наредните денови, па граѓаните се советуваат ...

Потрагата по телата на уште 27 исчезнати ученици, главно тинејџери на возраст од 13 до 19 години, продолжува веќе седми ден. Тие се верува дека се заробени под урнатините на училиштето Al Khoziny во градот Сидоарџо, во покраината Источна Јава. Спасувачките тимови ангажирале тешка механизација за расчистување на теренот, а според Агенцијата, потрагата и евакуацијата се завршени околу 60 проценти. Се очекува операцијата целосно да заврши до ...

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шестте најзначајни светски валути, падна за 0,5 проценти – на 97,71 поен. Во однос на еврото, доларот се намали за 0,3 проценти, па курсот на еврото достигна 1,1740 долари. Американската валута ослабе и во однос на јенот, за 1,4 проценти, при што доларот падна на 147,45 јени. Привременото затворање на сојузните служби, поради тоа што демократите и републиканците не ...

Египет ја презема улогата на посредник во нов обид да се обноват преговорите меѓу Израел и Хамас, кои во понеделник треба да се одржат со цел постигнување договор за размена на заложници и затвореници. Претходно се очекуваше дека разговорите ќе започнат во недела, но според новото соопштение, тие се одложени за понеделник. Според египетските власти, станува збор за индиректни разговори кои се дел од „напорите за создавање регионален и ...

Лидерот на политичкото движење АНО, Андреј Бабиш, денес прогласи победа на парламентарните избори во Чешка. „Исклучително сум задоволен и сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа. За тоа се боревме, за слободни избори каде што луѓето можат да одлучуваат“, рече Андреј Бабиш, објави порталот 24. Тој рече дека неговото политичко движење АНО „има најдобри резултати во историјата на парламентарните избори во Чешка“ и оцени дека ова е резултат ...

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, денеска изјави дека рускиот напад во кој беше погоден патнички воз во Сумскиот регион бара сериозен одговор и побара воведување „нови разорни санкции“ против Русија, објави украинската агенција Укринформ. Сибиха напиша на социјалната мрежа Х дека рускиот напад со дронови врз железничката станица во градот Шостка, во Сумскиот регион, бил намерен. „Ова е една од најварварските руски тактики“, ...

Утре со почеток од 12:00 часот, пред платото на Дом на АРМ ќе се одржи бесплатен концерт на најперспективниот алтернативен македонски бенд – Луфтанза. Бендот е формиран во текот на карантинот во 2020 година како плод на долго пријателство и заедничко музичко создавање. Нивниот стил се карактеризира како свеж, енергичен рокенрол со искрен, бунтовен дух и допадлив ентузијазам. Членови на бендот се Лука Јованоски, Мартин Џорлев, Иво Николовски, ...

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува во Полска каде вечер во градот Бјалисток ќе ја изведе претставата „На отворено море“ од Славомир Мрожек во режија на Благој Мицевски. Во претставата настапуваат актерите Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски. Текстот на Мрожек „На отворено море“ датира од 1961 година, но претставата „зборува“ и денес и отворено го поставува прашањето за тоа каде е ...

Со претставата „Половина – Животот на Марија Кири“ од авторот Лаурен Гундерсон во изведба на театар Метропол од Тирана вечерва во Скопје завршува МТФ „Скупифестивал 2025“. Режисер на претставата е Армела Демај, а улогите ги толкуваат Уљка Мујо и Армела Демај. Како што најавуваат организаторите, по нејзиното завршување се очекува жирито на 19-тата едиција на МТФ „Скупифестивал“ во состав Замира Кита, Сребра Ѓорѓијевска и актерот Адриан Азири, да ...

Две лица се убиени, а пет се повредени во престрелка што се случила ноќеска во францускиот град Ница, јави ДПА. Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, изјави дека инцидентот е поврзан со криминал со дрога и дека било употребено автоматско оружје. По инцидентот се мобилизирани полициски засилувања за да се обезбеди безбедноста во тој дел од Ница, познат како проблематична област со насилен криминал. Според француските медиуми, осомничените ...

Иранските власти објавија дека се погубени шест лица осудени за терористички напади во Хузестан, главниот регион за производство на нафта во земјата, јави ДПА. Идентитетите на егзекутираните не се откриени. Тие биле обвинети за терористички напади и соработка со Израел. Мизан Онлајн објави дека погубените биле вмешани во убиството на четворица припадници на безбедносните сили во 2018 и 2019 година. Активистите за човекови права со години се ...

Њујорк е град со најмногу милионери во светот, а по него се Сан Франциско, Токио, Сингапур и Лос Анџелес. Според анализата на британската консултантска фирма „Хенли и партнерс“, во Њујорк моментално живеат 384.500 милионери, во споредба со 349.500 претходната година. Од нив, има 818 се со имот од најмалку 100 милиони долари, а 66 се милијардери, објавува „Пословни.хр“. Областа на Сан Франциско е на второ место со 342.400 милионери (претходната ...

Хамас вели дека се согласил да ги ослободи сите преостанати израелски заложници, но бара понатамошни преговори за голем број прашања наведени во мировниот план на САД за Газа Последните информации говорат дека Бенџамин Нетанјаху изјавил дека Израел „се подготвува веднаш да ја спроведе“ првата фаза од планот на Доналд Трамп Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател Трамп вели дека верува оти Хамас е „подготвен за траен мир“, ...

Градското собрание на Лос Анџелес беше евакуирано откако автомобил удри во скалите на зградата, соопштија официјални лица. Возачот е приведен, а нема повредени, објави ABC News денес. Полицијата одговори на повикот околу 16 часот по локално време. Снимките од хеликоптер го покажуваат возачот како излегува од автомобилот со кренати раце, додека на прозорецот од возилото е прикажан картонски знак на кој пишува: „Ми треба твојата помош“ и алузија ...

Розовиот пикник појадок е настан кој традиционално се организира за да се подигне свеста за карцином на дојка. На настанот кој е организиран во партнерство помеѓу ХЕМАОНКО – HEMAONKO и Medicus Help ќе имате можност да слушнете и видите вистински приказни од жени кои поминале низ оваа борба. Тие ќе ги споделат своите искуства, предизвици и победи – за да инспирираат, охрабрат и потсетат дека никој не треба да се бори сам. Организаторите ...

Времето денеска според најновите податоци на УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 5°C, а максимумот од 8 до 15°C. Во недела, утрата ќе бидат студени, а преку денот сончево со мала до умерена ...

Дрон е забележан над објект на германските вооружени сили (Бундесвер) во близина на аеродромот во Минхен, објави Шпигел, повикувајќи се на портпарол на Оперативната команда на Бундесверот во Берлин. Иако деталите за овој инцидент од безбедносни причини не се објавени, Шпигел наведува дека Бундесверот многу сериозно ги сфаќа летовите со беспилотни летала над воените објекти и дека постојат соодветни безбедносни концепти за нашите објекти на ...

Два автобуса со 88 ученици и 12 придружници денес заглавија на патот Дивчибаре – Каона поради обилни снежни врнежи, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Во објавата на официјалниот Инстаграм профил на МВР, се наведува дека веднаш на теренот излегле пожарникари-спасувачи од Ваљево и Дивчибаре, со поддршка од јавното претпријатие „Србијашуми“ Изјава од МВР: „Шест спасувачи со три возила организираа пренос на децата до блискиот ...

Во Норвешка се приведени тројца германски државјани кои се сомничат дека во вторникот лансирале дрон во забранета зона од пет километри околу аеродромот Росвол. Како што пренесува „Билд“, повикувајќи се на норвешки медиуми, тројцата мажи во раните дваесетти години, биле ослободени кусо време по апсењето. Полицијата не објави дополнителни детали за Германците, ниту каков вид дрон користеле. Норвешката полиција претходно депортираше кинески ...

Со својот уникатен спој на носталгичен дух, гласно обожавање на гитарата и заразни мелодии, албумот ги освојуваше срцата на милиони и ја пренесе магијата на Britpop културата подалеку од било кој друг проект. Овој албум се смета за „народен шампион“ во музичката историја на Britpop, оставајќи длабок печат врз музичката сцена на 90-тите. За да видите каде „(What’s the Story) Morning Glory?“ се најде на нашата листа на 50-те најдобри Britpop ...

Во 2024 година во Грција биле родени 68.467 деца што претставува пад од 4,2 отсто во однос на една година претходно, а воедно е и најниска бројка од 1932 година, според демографските податоци од грчката служба за статистика. Во објавените податоци за периодот од 1932 до 2024 година, во последните неколку години се забележува континуиран пад на наталитетот, а негативна е разликата меѓу бројот на раѓања и смртни случаи. Бројот на починати во ...

Седум мажи и шест жени, сите турски државјани, кај кои биле пронајдени 147 пиштоли и голем број шаржери биле уапсени кај Еврос во североисточна Грција откако преку реката нелегално влегле во земјата, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на полициски извори пишува дека полицајците од Секторот за борба против организиран криминал на северна Грција, имале информации за ...

На 5 октомври (недела), од 08:00 часот, во главниот град ќе се одржи „Скопскиот маратон 2025“, поради што ќе важи посебен режим на сообраќај. Трките се распоредени на неколку делници низ Скопје: петкилометарската стартува од улица „11 Октомври“ кај Зелен пазар и завршува на плоштад „Македонија“, додека маратонот, полумаратонот и штафетната трка ќе се одвиваат по поширока траса што ги опфаќа улиците „Димитрие Чуповски“, „Митрополит Теодосиј ...

Филмот „Сите го викаат Реџо“, во режија на Ибер Деари, ја освои наградата за најдобра режија на престижниот Меѓународен фестивал во Тирана (TIFF). Во образложението на жирито стои дека во уметноста на филмот, режисерот мајсторски ги обединува креаторите и гледачите, водејќи ансамбл актери за да создадат живописни ликови, надополнети со префинета визуелна композиција. „Во комплексниот жанр на комедијата, неговата острина открива длабочини зад ...

Министерот за безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир, денес изјави дека Израел треба да ги задржи активистите од флотата „Сумуд“ во затвор неколку месеци, наместо да ги депортира во нивните земји. Бен Гвир, лидер на ултранационалистичката партија, рече во видео-порака дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, прави „грешка“ со тоа што ги депортира, пренесе Times of Israel. „Мислам дека треба да се задржат овде неколку месеци во израелски ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.38
89%
1016
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.48
87%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
85%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
72%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
84%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
88%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
100%
1006
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Иридиум

145787.60

Паладиум

46361.38

Сребро

1876.20

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Злато

134976.58

Цинк

3.22

Никел

473258.99

Калај

40.49

Родиум

255598.44

Бакар

10.96