Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Упадите на руските беспилотни летала имаа за цел да ги тестираат европските земји без всушност да предизвикаат војна, изјави денеска шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски. Зборувајќи на Варшавскиот безбедносен форум, Сикорски рече дека сите беспилотни летала што го нападнале воздушниот простор на европските земји во последните недели „доаѓале од истото место, различно од оние што оделе во Украина“, објави Гардијан. -Дизајните на ...
Холандски товарен брод стана цел на ракетен напад во Аденскиот Залив, околу 120 наутички милји југоисточно од јеменскиот град Аден, објави британската компанија за поморска безбедност Амбреј, пренесува „Ал Арабија“. Според извештајот на британската организација UK Maritime Trade Operations (UKMTO), бродот бил погоден од непозната ракета, што предизвикало пожар на бродот. Капетанот пријавил дека видел „прскање во далечината“ во времето на ...
Целиот град ќе стане огромна сцена за концерти, изложби, литературни читања, мултимедијални презентации и перформанси, отворени за сите граѓани и посетители. Програмата вклучува: Настани ќе има и во Културниот дом „Кочо Рацин“ и во Културно-информативниот центар. Организаторите истакнуваат дека „Бела ноќ“ е симбол на културната отвореност на Скопје и можност граѓаните и уметниците да се поврзат преку заедничко креативно искуство. Манифестацијата ...
Оваа недела во РеТрн ДУО ни гостуваат режисерот Георги Унковски и директорот на фотографија Наум Доксевски- креативниот тандем кој стои зад филмот DJ Ахмет . DJ Ахмет, веќе освои неколку меѓународни награди и ја стави македонската кинематографија на светската мапа. Во Македонија филмот премиерно беше прикажан на затворањето на Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, а од 1-ви октомври сите ќе може да го гледаат во Cineplex во ...
Првиот лет полета денеска во 06:25 часот од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Во летниот распоред до 24 октомври, летовите од Скопје до Штутгарт се во понеделник и петок во 06:25, а во среда во 06:30 часот, со пристигнување околу 11:10 по локално време. За време на зимскиот распоред, полетувањата ќе бидат секогаш во 06:30 часот, а слетувањето во 11:30. Со оваа линија, „Визер“ ќе нуди девет директни рути од Скопје до Германија: Штутгарт, Берлин, ...
Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, пред да си го одземе животот, соопшти денеска локалната полиција. Истражителите првично не дадоа повеќе детали за идентитетот на жртвите. Инцидентот се случил утрово во станбена зграда во населбата Остенбург. Откако биле алармирани од сведоци, полицајците пронашле четири тела и оружјето кое се сомневаат дека било користено, ...
Оваа јубилејна година, кога ОСТЕН одбележува 80 години од своето основање, учество земаа шест македонски уметници и еден уметник од Грција. Советот на ОСТЕН одлучи да додели едно Гран При и шест Посебно Гран При награди. Добитници на наградите: Создадените дела во рамките на Биеналето беа претставени на изложба на 27 септември во хотел „Бисер“. Организаторите најавија дека во наредниот период изложбата ќе биде презентирана и во Скопје. ОСТЕН ...
Украинските оператори на беспилотни летала соборија руски воен хеликоптер Ми-8, објави командантот на Силите за беспилотни системи на вооружените сили на Украина, објави „Киев пост“ . Командантот првично напиша на Телеграм дека станува збор за јуришен хеликоптер Ми-28, познат како „Ноќен борец“, но подоцна беше потврдено дека бил погоден транспортен хеликоптер Ми-8. Објавеното видео, долго околу триесет секунди, го прикажува моментот кога дронот ...
Фестивалот ќе трае до 6 октомври, а програмата ќе се одвива на платото пред Дом на АРМ и во Кафе и филм КОТУР. Влезот за сите проекции е бесплатен, но поради ограничениот број на седишта потребно е да се подигнат билети од КОТУР. Отворањето – со „Нова енергија“ Првата фестивалска вечер ќе биде одбележана со скопската премиера на краткиот филм „Нова енергија“ (14’) во режија на Сара Климоска и Радован Петровиќ. Филмот ја следи приказната за две ...
Советот на ЕУ денеска донесе одлука одново да ги воведе рестриктивните мерки кон Иран поради неговите нуклеарни активности, кои беа укинати во 2015 година по стапувањето во сила на Заедничкиот акциски план, попознат како договор за иранската нуклеарна програма. Одлуката на ЕУ е донесена по решението на Советот за безбедност на ОН да не го продолжи прекинот на санкциите кон Иран, откако Велика Британија, Германија и Франција го активираа ...
Десеттото издание на КРИК фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, продолжува со критичкото промислување на овогодишната тема „Преобразба”. Есенското издание почнува со предавањето на секогаш провокативниот и поттикнувачки германско/хрватски филозоф и теоретичар на социо-културните деликатни и актуелни случувања и теми, Борис Буден. На 30 септември (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Националната Галерија, Чифте Амам, ...
Цената на златото првпат достигна рекордни 3.800 долари за унца, откако цените на благородните метали пораснаа, а трговците го разгледуваат потенцијалното „затворање“ на американската влада, што може да ја одложи објавата на клучни податоци за вработеноста оваа недела – фактор што може да ја засени монетарната политика на Федералните резерви. Цената на златото порасна дури 1,4 проценти, достигнувајќи нов рекорден максимум од 3.812,05 долари за ...
Украина би сакала да изгради заеднички противвоздушен одбранбен штит со своите европски партнери за заштита од руските закани, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претходно, лидерите на НАТО посочија дека Русија со своите нарушувања на воздушниот простор на Полска и балтичките земји ја тестира подготвеноста и решителноста на Алијансата. Од Киев додаваат дека искуството на Украина во одбивање на вакви воздушни закани може да ...
Минималните температури ќе се движат меѓу 7 и 13 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 14 до 22 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви интервали. Температурите ќе се движат од 13 степени во утринските часови, до 22 степени во текот на денот, со слаб северен ветер. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до ...
Во соопштението, данската армија наведува дека распоредила „неколку капацитети“ како одговор на ноќните прелети, но не даде дополнителни детали за природата на одговорот. Прелетите се наречени „хибриден напад“, а премиерката Мете Фредериксен сугерира дека зад нив може да биде Русија, која, како што рече, претставува „главна закана за европската безбедност“. Според одлуката на армијата, цивилните дронови ќе бидат забранети од понеделник до петок ...
Десетици Палестинци ги загубија животите во најновите израелски воздушни напади врз Појасот Газа, објави палестинската новинска агенција WAFA. Според извештаите, од утрово до попладневните часови, телата на 41 загинат биле донесени во различни болници низ енклавата. Израелската армија соопшти дека продолжува со операции против, како што ги нарече, терористички организации во Газа, при што офанзивата во градот Газа е дополнително проширена. ...
Во Белград вечерва е уапсени двајца студенти по протестите што се одржаа пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС), пренесе телевизијата N1. Како што јави нивната репортерка, уапсените се Лука Пешиќ, студент на Машинскиот факултет, и уште еден студент од Факултетот Унион. Поддршка од колеги и граѓани Десетици студенти и граѓани се собраа пред полициската станица „Стари град“, на улицата Мајке Јевросиме, барајќи веднаш да бидат ослободени ...
Србија денеска е поле на паралелни протести: едните носат глас на студентите и граѓаните кои бараат правда и промени, другите – организирани од власта – служат како контра-одговор. Во Белград, студенти блокираа улици и повикаа на масовен протест пред зградата на РТС во 16:00 часот. Тие тврдат дека јавниот сервис е гласноговорник на власта, а не на граѓаните. „Ова е борба за вистина и демократија,“ изјави еден од организаторите. Истовремено, ...
Повеќе од половина членови на Лабуристичката партија не сакаат актуелниот британски премиер Кир Стармер да се кандидира како лидер на партијата на следните општи избори, покажуваат резултатите од анкета објавена од Sky News. Според анкетата спроведена меѓу членови на Лабуристичката партија, 53% од испитаниците изјавиле дека сакаат нов лидер пред изборите, додека само 31% сакаат Стармер да остане на функцијата до тогаш. Анкетата на порталот ...
Аш Пурнури, поранешниот менаџер на светски познатиот диџеј и продуцент Авичи (Тим Берглинг), конечно го крши молкот. Во ново соопштение, Аш вели дека приказната за последните години од животот на Авичи е „извитоперена“ и дека е подготвен да ја сподели својата перспектива – нешто што си го ветил уште во 2018 година. Неговите изјави доаѓаат во време кога тој се бори во тужба за клевета поврзана со документарецот „Avicii: True Stories“. Аш беше ...
На најмалку три авиони полни со туристи им беше одбиена дозвола да слетаат на аеродромот Фуертевентура поради појава на дронови кои летаа во близина на аеродромот. Овие дронови го спречија слетувањето на авионите, јавува The Sun. Еден од дроновите бил забележан во областа Плаја Бланка на Канарските Острови, јужно од Ел Маторрал. Пренасочените летови требаше да слетаат на шпанскиот остров во недела наутро – летови од Севиља, Сантијаго де ...
Министерството за здравство на Газа денеска соопшти дека во војната меѓу Израел и Хамас досега се убиени повеќе од 66.000 Палестинци. Во последните 24 часа, според извештајот, животот го загубиле 79 лица. Во своето дневно соопштение, Министерството наведе дека бројот на загинати се искачил на 66.005, а 168.162 луѓе се ранети од 7 октомври 2023 година наваму. Израелската армија ја продолжува офанзивата во Појасот Газа. Израелскиот премиер, ...
Полскиот скијач и авантурист Анджеј Баргиел влезе во историјата како првата личност што се искачи на Мон Еверест и се спушти со скии без дополнителен кислород. Ова беше неговиот трет обид да го освои највисокиот врв на светот, висок 8.849 метри, откако опасните услови го принудија да се откаже од претходните обиди во 2019 и 2022 година. „Самиот врв беше напорен и тежок. Никогаш претходно не сум поминал толку време на таква висина, што само по ...
Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во недела, на 28 септември 2025 година, во 11:59 часот, во западниот дел на Турција. Според достапните информации, епицентарот на потресот бил лоциран на географски координати со ширина 39.2338 и должина 28.9883. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на приближно 8 километри длабочина под површината на ...
Американскиот долар продолжува да расте и втора недела по ред, благодарение на силните економски резултати и претпазливиот пристап на Федералните резерви (ФЕД) кон идните каматни стапки. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на шест главни светски валути, се зголеми за 0,55% и достигна 98,18 поени. Во однос на еврото, доларот зајакна за 0,35%, а курсот на еврото падна на 1,1705 долари. Во однос на јапонскиот јен, доларот ...
Виетнам се подготвува за силен тајфун по име Буалој, кој се очекува да го погоди централниот дел на земјата – регион познат по производството на челик. Властите најавија евакуација на повеќе од 250.000 луѓе, бидејќи тајфунот се движи со ветрови посилни од 130 км/ч. Според метеоролошкиот завод, тајфунот ќе го погоди копното денеска околу 19:00 часот по локално време, додека моментално сè уште се наоѓа над морето. Најголемиот град во централниот ...
Норвешки товарен брод со руски екипаж бил лоциран на неколку километри од аеродромот во Копенхаген за време на неодамнешен инцидент со дронови. Истражувањето на данскиот портал Danwatch открива дека сопствениците на бродот соработувале со руската паравоена организација RSB Group, која е под санкции од САД, ЕУ и Велика Британија. Бродот „Oslo Carrier 3“ бил во близина на три сомнителни хибридни настани во Европа: можно саботирање на бродот Ursa ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска го повика генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш да спречи повторно активирање на механизмите за санкции кон Иран, кои беа повторно воведени од страна на ОН. Во писмо објавено на платформата Х (поранешен Твитер), Аракчи порача: „Го повикуваме генералниот секретар да спречи каков било обид за оживување на механизмите за санкции, вклучувајќи го и Комитетот за санкции и ...
Во текот на ноќта, Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев и други украински градови, користејќи тешки бомбардери Tu-95 и дронови Shahed. Воздушната тревога беше активирана низ цела Украина. Според извештаи, повеќе од 300 проектили и дронови биле користени. Во Киев, погодена беше станбена зграда, има повредени граѓани, и предизвикани се пожари во околните згради и домови. Исто така, сериозни оштетувања имало и во Запорижја, каде што биле ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе испрати војници во градот Портланд, во американската сојузна држава Орегон, за да се справат со „домашните терористи“, проширувајќи го контроверзното распоредување на војници во американските градови, јавија светските агенции. Трамп напиша на социјалните мрежи дека му наредил на Министерството за одбрана да „обезбеди сите потребни војници за да го заштити Портланд, кој е разорен од ...