Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
И додека често зборуваме за правилна исхрана, физичка активност и избегнување на стрес, кардиолозите нè потсетуваат дека постои еден едноставен пијалок кој може значително да придонесе за здравјето на срцето и долговечноста. Пијалок што треба да го вклучите во вашата дневна рутина: кардиолозите сега уште посилно ја нагласуваат важноста на хидратацијата. Според новите препораки, редовното внесување течности може значително да му помогне на ...
Тројца работници ги загубија животите, а неколку се повредени по многу сериозна експлозија што се случи денес во компанијата „Екопартенопе“ во Марцијанизе, наводно за време на работи за одржување. Експлозијата се случила во фабрика во покраината Казерта, северно од Неапол. Според информациите од пожарникарите, несреќата се случила за време на работи за одржување на објектот за управување со отпад. Две лица се полесно повредени. „Неприфатлива ...
Според извештаите, авионите немале планови за лет, а нивните транспондери биле исклучени. Во моментот на прекршувањето, авионите немале и двонасочна радио комуникација со естонските служби за воздушен сообраќај. Министерството за надворешни работи на Естонија го покани вршителот на должноста амбасадор на Руската Федерација во Талин за да изрази протест и да достави нота во врска со прекршувањето на воздушниот простор на земјата. -Русија ...
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постави нов рекорд во Лигата на шампионите на синоќешниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Наполи на „Итихад“. Синоќа, Халанд стана играчот на кој му беа потребни најмалку натпревари за да постигне 50 голови во Лигата на шампионите, соборувајќи го рекордот што Руд ван Нистелрој го држеше 18 години и кој се чинеше дека никој никогаш нема да го сруши. Халанд го постигна својот 50-ти гол во Лигата на шампионите ...
Папата Лав Четиринаесетти изјави дека е вознемирен од некои од настаните што се случуваат во Соединетите Држави, објавија италијанските медиуми. „Немам планови да се вклучувам во партиска политика. Тоа не е целта на Црквата“, рече папата роден во САД. „Но, не се плашам да поставам прашања за кои мислам дека се навистина евангелистички прашања за кои се надевам дека луѓето од двете страни на политичкиот спектар, како што велат, можат да ги ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изрази загриженост поради продолжувањето на војната во Појасот Газа, обвинувајќи го Израел дека одржува “траен конфликт” во регионот. Во изјавата дадена синоќа, Макрон најави дека Франција ќе започне дебата за можноста за економски санкции против Израел ако земјата не го прекине воениот конфликт во Газа. Макрон истакна дека Израел нанесува штета на својот имиџ во светот, иако го оправдува нападот на ...
Предупредувањето за цунами за Курилските острови исто така беше повлечено, пренесува Интерфакс. Земјотресот со магнитуда од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната обала на Камчатка на 19 септември во 6:58 часот по камчатско време (21:58 часот по московско време во четвртокот), соопшти агенцијата. По почетниот земјотрес, во следните 70 минути беа регистрирани уште седум потреси со интензитет од 5,8 до 4,7 степени според ...
Истражувањето, спроведено меѓу 1.920 лица од 30 европски земји кои се идентификуваат како интерсексуални – термин кој ги опфаќа и лицата кои се транс, небинарни или родово различни – покажува дека насилството и вознемирувањето значително се зголемиле од 2019 година. Според резултатите, 34% од анкетираните изјавиле дека биле физички или сексуално нападнати во последните пет години, во споредба со 22% во 2019 година. Степенот на вознемирување ...
Во Берлин е прогласена масовна евакуација откако се пронајдени две бомби од Втората светска војна, соопштија германските власти. Полицијата објави дека во центарот на Берлин, во близина на областа Фишеринзел (Fischerinsel), е откриена воздушна бомба, според првите проценки на криминалистичко-техничкиот институт. Од безбедносни причини е воспоставен заштитен појас со радиус од 500 метри околу местото на пронајдокот. Во тек се подготовки за ...
Тој истакна дека здравствените установи се „на работ од колапс“, додека ранетите и повредените лица не можат да стигнат до сигурна помош, што дополнително ги загрозува нивните животи. Гебрејесус објави на платформата X (поранешен Twitter) дека „пристапот до болниците е блокиран, а СЗО се соочува со сериозни проблеми во испораката на витални медицински резерви“. Според неговите зборови, болниците, кои веќе се преоптоварени, дополнително се ...
Тие од вечерашниот протест организиран од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“, испорачаа нови барања до институциите. Посочуваат дека е потребен видео надзор во Вардариште и 24 часовно физичко обезбедување на депонијата. Нема да се откажеме од основното човеково право – „Чист воздух и покрај игнорантскиот однос од институциите – порачаа учесниците упатувајќи неколку пораки и барања до власта Жителите на Аеродром и околните населби ...
Во трка за наградата „Кристална Камера 300“ за најдобра кинематографска работа во студентски филм се 15 остварувања од повеќе земји, меѓу кои и македонскиот филм „Сенките на Месечината“ на Димитар Атанасоски. Публиката ќе има можност да ги види и: „Во топли води“ (Германија), „Ментор“ (Словенија), „Биково око“ (Србија), „Потомство“ (Бугарија), „Со среќа, Сара!“ (Босна и Херцеговина), „Дома ми се чини дека сакам да си одам“ (Германија), ...
„Јозеф Гебелс, нацистичкиот министер за пропаганда, рече дека колку е поголема лагата, толку побрзо ќе се шири. Па, некој измислил монструозна голема лага, дека Израел имал некаква врска со ужасното убиство на Чарли Кирк. Ова е лудо. Лажно е. Скандалозно е“, рече Нетанјаху во видео изјава објавена на Платформа X, како што објави „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху го пофали Кирк за неговиот произраелски активизам, додавајќи дека разговарале неколку ...
„Ќе потпишеме договор за соработка помеѓу министерствата (за одбрана), но и за стекнување вештини за управување со беспилотни летала“, наведе Косињак-Камиш. Дроновите, кои можат да се користат и за офанзивни и за одбранбени цели, се во центарот на вниманието на бојното поле откако Русија ја нападна Украина пред повеќе од три години. Тие го променија начинот на кој се води војната, а земјите ширум светот се обидуваат брзо да ја совладаат ...
Руски воен дописник на Телеграм напиша дека Русија зеде повеќе од 24 тела на своите мртви војници кои беа предадени од Украина. Украинските власти се претпазливи во врска со идентитетот на телата сè додека самите не ги идентификуваат. Размената на тела на војници и воени заробеници е единствениот резултат од преговорите меѓу Москва и Киев повеќе од три и пол години од почетокот на руската инвазија на Украина. Последната размена го зголемува ...
„Застануваме на улица, бидејќи насилството врз жените и фемицидите мора да престанат! Јавно ги обжалуваме сите жени кои изминативе години беа убиени од свои партнери, бидејќи институциите ги игнорираа нивните повици за помош,“ велат организаторите. Тие повикуваат на јавно изразување на револт, бидејќи насилниците се слободни, додека жените живеат во страв за своите животи. Протестот се одржува во знак на солидарност со жртвите на насилство и ...
Оваа година, по 34-ти пат, ќе се одржи овој спектакуларен настан кој повеќе од три децении ги соединува децата од различни вери и националности, негувајќи го меѓуетничкото пријателство преку раскошни костими и традиционални ора. Фестивалот претставува симбол на пријателство меѓу децата од државата и странство, а домаќини се Детскиот културен центар „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл. Еден од најсимболичните моменти на фестивалот е дефилето ...
Украина започна напади со дронови врз рафинерии во два руски региони кои се наоѓаат во близина на реката Волга, продолжувајќи ја својата офанзива против енергетската инфраструктура од витално значење за руската економија. Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, соопшти дека градот Волгоград, метропола со еден милион жители, бил цел на напад претходната ноќ, при што остатоците од беспилотните летала предизвикале помала штета на ...
Јово Бакиќ, професор на Филозофскиот факултет во Белград, рече дека, „колку што тој знае“, студентската листа за избори „всушност е формирана“ и верува дека „дојде време јавно да се објават имињата на најмалку десетина од оние кои ќе бидат на врвот на списокот“. „Овие луѓе би можеле да разговараат со претставници на различни земји, но исто така и да комуницираат со домашната јавност и граѓаните. Точно е дека тие ќе бидат цел на режимската ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер му гостуваат на ПСЖ во второто коло во Лигата на шампионите. Во таборот на битолчани свесни се за силата на парижаните, но ветуваат максимално залагање во обид да се изненади големиот фаворит. Натпреварот во Париз почнува во 20 часот и 45 минути. Еурофарм Пелистер во првото коло го победи Загреб, додека ПСЖ загуби од Магдебург. Во групата се осум екипи а шесте најдобро пласирани ќе обезбедат пласман во ...
Во време кога паметните телефони се незаменлив дел од секојдневието – од навигација, фотографирање, до пристап до информации – слабата батерија може да биде голем проблем, особено кога сте надвор и немате полнач при рака. Неочекувано празнење на батеријата во клучен момент може сериозно да ги наруши плановите и да создаде дополнителен стрес. Среќа е што постојат едноставни трикови и поставки кои можат значително да ја продолжат автономијата ...
Ова е прва ваква забрана на интернетот откако Талибанците ја преземаа власта во 2021 година. Забраната се однесува на пет провинции – Кундус, Бадахшан, Баглан, Тахар и Балх – кои опфаќаат главни населени места на северот на земјата. Ограничувањето важи за сите интернет-врски преку оптички кабли, додека мобилниот интернет ќе остане достапен, соопштија локалните власти. „Оваа мерка е преземена за да се спречат неморални активности“, се наведува ...
„Драг Викторе, разбирам дека во вашата земја е изборна кампања и дека овој пат сте навистина загрозени. Но ние не се мешаме во вашата кампања и не сакаме да учествуваме во неа. Шведска и шведскиот народ секогаш биле пријатели на Унгарија и на унгарскиот народ – пред вашата влада, за време на вашата влада и ќе останеме пријатели и по неа“, напиша Кристерсон. Тој потсети и на историските моменти на солидарност: Шведска помогнала на илјадници ...
Иако процесот на стерилизација може да доведе до значителен губиток на одредени нутриенти, конзервираната храна може да се чува со години без опасност од микроорганизми. Според нутриционистката д-р Џес Кординг, најздравата конзервирана храна се сардините во конзерва, како и другата конзервирана риба. Тие се достапен извор на протеини, одржливи се и не бараат долга подготовка или термичка обработка. „Конзервираните сардни обично содржат ...
Нивните приказни, шарм и духовитост го исполнуваат просторот, а разговорот со нив остава впечаток долго време. Такви се Близнаците. Близнаците поседуваат исклучителен дар за комуникација. Нивниот ум постојано работи, брзо ги поврзува информациите и секогаш наоѓа вистински зборови за секоја ситуација. Во друштво се забавни, брзи, снаодливи и секогаш подготвени за нова тема. Нивната љубопитност постојано ги турка напред. Тие сакаат да учат, да ...
На 19 септември (петок), со почеток во 13:00 часот, во киносалата на НУ Кинотека на Македонија ќе се одржи Комеморација во чест на Илинденка Петрушева (1944–2025) – филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката, основач и уредник на списанието „Кинопис”, и една од најзначајните личности во развојот на македонската филмска култура и историографија општо. Илинденка Петрушева (4. Август, 1944 – 5. ...
Земјите на ЕУ ја одложија одлуката за целите за 2040 од средбата на министри оваа недела и ја префрлија на самитот на лидери во октомври, но сѐ уште се наоѓаат во конфликт околу клучните цели за 2035 кои треба да бидат утврдени пред COP30 што ќе се одржи во Бразил во ноември. Министрите за животна средина, кои треба да се состанат в четврток (18 септември) во Брисел, разговараат за националните таргети за емисија на стакленички гасови за 2035 ...
Експертите велат дека само неколку степени дополнителна топлина може да направат разлика помеѓу живот и смрт за илјадници луѓе. Климатските промени ги зголемија температурите ширум Европа ова лето, што резултираше со дополнителни 16.500 смртни случаи, според водечки климатски научници и епидемиолози. Во нова студија, истражувачи анализираа 854 европски градови и открија дека климатските промени беа одговорни за 68 проценти од проценетите ...
На Школка во Градски парк се појави моќна уметничка интервенција: пресликан лик на Мајка Тереза, но со марама преку носот. Овој графит доаѓа во момент кога Скопје повторно се гуши во чад и отрови – поради активни пожари на диви депонии, палење отпад и хроничното загадување на воздухот. Градот е без ветер, без дожд, но со дим што се чувствува на секој агол. Необичниот избор на симбол – Мајка Тереза, синоним за сочувство и грижа – носи силна ...
Европските берзански индекси денес главно се во пораст, додека цените на нафтата, златото и пченицата се во пад, во пресрет на одлуката на американските Федерални резерви за каматните стапки, која ќе биде објавена во 20:00 часот. Пазарите прогнозираат дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки за 25 базични поени, пренесува CNBC. Индексот на Франкфуртската берза DAX денес во 09:15 пораснал за 0,47% на 23.426,08 поени, ...