Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Сакам да им порачам на младите и надежни илустратори и уметници да имаат трпение за академското образование во полето на уметноста и да не ја избегнуваат Академијата за ликовни уметности, бидејќи само така ќе можат да понудат квалитет и да станат квалитетни кадри – истакна Софија Семенпеева, основач на фестивалот „Литера“ Со синоќешното свечено отворање во Сули Ан, во срцето на старата скопска чаршија, започна седмото издание на Меѓународниот ...
Под мотото „Од ритам до алгоритам“, со претставување на поетите гости, вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во Скопје ќе биде отворено 5. издание на Скопскиот поетски фестивал. Ќе учествуваат: Аксинија Михајлова (Бугарија), Алеш Штегер (Словенија), Нихат Оздал (Турција), Весна Ацевска, Никола Маџиров, Шаип Емерлаху, Гордана Михаилова Бошнакоска. На официјалното отворање, половина час претходно во галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложба на ...
Сликовницата „Сакам силно да ме гушнеш“ од авторката Катерина Димова и илустраторката Анастасија Јованова ќе биде промовирана денеска во 18 часот во Сули ан во Скопје. Промоцијата на ова ново дело посветено на децата е во рамките на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“, што беше отворен синоќа со изложба на дела од доајенот Ордан Манески, но и на современа илустрација на македонски автори. Сликовницата ќе ја промовира ...
На Античкиот театар ќе приредиме исклучително музичко-визуелно доживување со импресивни видеопроекции и употреба на најсовремени визуелни технологии, најави Ѓорѓи Цуцковски Пијанистите Клер Хуангчи, Михаил Пљетњов, Лукаш Вондрачек, виолинистите Вадим Глузман и Џек Либек, виолончелистот Даниел Мулер Шот и легендарната кастањети-уметница Лучера Тено во дует со харфистот Хавиер де Маестре се дел од реномираните уметници што ќе ги види македонската ...
Фестивалот ќе биде отворен на Меѓународниот ден на танцот, 29 Април во Македонскиот народен театар На Меѓународниот ден на танцот, 29 Април ќе почне 21. издание на Танц фест – Скопје. Фестивалот ќе биде отворен во Македонскиот народен театар во 20 часот, со читање на пораката од Адријана Данчевска-Ровчанин, авторка на домашната порака по повод Меѓународниот ден на танцот. Традиционално ќе биде врачена наградата „Менада“ која годинава ја доби ...
Во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Визии – Глава полна со луѓе“ на доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов. Ќе бидат претставени 20-ина портрети од серијата цртежи изработени во техника молив. Куратор на изложбата ќе биде Јасминка Намичева, автор на неформалната мрежа на музеи „МузеумЛинк“. Серијата цртежи се пресврт во неговото уметничко творештво. Цртежите се работени ...
Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје и оваа година традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право прогласен од УНЕСКО во 1995 година. Денеска во 13 часот во НУБ ќе се одржи пригоден настан. Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април, секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како ...
Во Даут-пашиниот амам во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена јубилејната изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“. Маневски се смета за еден од најинвентивните македонски скулптори, еа неговото творештво е особено важно за еволуцијата на македонската скулптура. Изложбата е дел од мисијата на Националната галерија да ги чува и презентира најсеопфатно можно достигнувањата на најзначајните македонски уметници. ...
Ана Анастасова од Педагошкиот факултет – Битола освои прво место, Теодора Христовска, студентка од Економскиот факултет од Прилеп освои второ место, а Дарко Трпковски од Правниот факултет – Кичево освои трето место на традиционалниот натпревар во ораторство – УКЛО Тривиум 2025, што беше организиран денеска на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. За најдобрите говорници одлучи тричлената комисија, составена од: проф. д-р Билјана ...
Во автентичниот амбиент на Сули ан, во Старата скопска чаршија, денеска, на Светскиот ден на книгата, во 19.30 часот ќе биде отворен 7. Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Годинава фокусот ќе биде на домашните автори и илустратори, кои со своето творештво оставиле значајна трага во детската литература или носат нова естетика и наратив во оваа уметничка област. Ќе биде отворена ретроспективната изложба посветена на ...
Во „Ткаење светови: Две колекции во разговор“ се вклучени дела од 87 автори, од кои најмногу дела од Македонија и од речиси сите поранешни југословенски републики, дополнети со дела од уметници од Бразил, Полска, Боливија, Судан, Уругвај, Албанија, Јапонија, Јужноафриканска Република, Иран, Куба, Шпанија и од Романија Во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана утревечер во 20 часот ќе биде отвиорена големата изложба ...
Почитување на колективните договори и законите, достоинствени услови за работа за работниците во културата побара вчера Синдикатот на културата кој одржа протест пред Министерството за култура и туризам во Скопје. Тие побараа да се исплатат неисплатените плати. Пред Велигден 3.000 работници во културата останаа без плата за март. На протестот претседателката на СКРМ, Вера Атанасовска побара транспарентност и професионално управување со ...
Во кафе-книжарницата „Буква“ вечерва во 19 часот ќе биде организирана промоцијата на актуелниот роман „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Авторката и психологот/психотерапевт Марија Стефанова ќе ја претстават содржината на овој кус, но силен роман објавен кон крајот на минатата, 2024 година за издавачката куќа „Или-Или“. Романот што започнува како потрага по личните приказни на сезонските работници во Сплит, Хрватска, неочекувано го менува ...
Денот на планетата Земја, кој секоја година се одбележува на 22 април, е глобален повик за заштита на животната средина и потсетник дека грижата за планетата е заедничка, неотповиклива одговорност. Токму на ова поле, Халкбанк АД Скопје се истакнува како лидер во еколошката трансформација преку својата зелена платформа – ХалкЕко. ХалкЕко не е само мобилна апликација, туку симбол на одговорно, одржливо живеење. Со едноставна, но моќна порака – ...
Уникатниот амбиент на Сули ан во Старата скопска чаршија повторно се претвора во сцена на уметност, инспирација и детска имагинација. Утревечер во 19.30 часот ќе започне 7. Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кој оваа година го става фокусот на домашната уметност – автори и илустратори што оставаат силен белег во современата детска литература. На отворањето ќе можеме да видиме две изложби – ретроспективна поставка ...
Ќе направиме, т.н, Музеј во движење на тројца автори од Прилеп: Благоја Ристески-Платнар, Благоја Спиркоски-Џумерко и Кирил Ристески. Сметам дека тоа е одговорот на Фестивалот што може да се прави во, условно речено, креативни времиња и предизвици кои ќе нѐ следат. Имаме можност и моќ да покажеме дека Прилеп отсекогаш бил театарски град, дека има и ќе има театарски уметници кои го водат македонскиот театар, вели Стојаноска. Македонскиот ...
Наметнувањето на партиските интереси во сферата на културата создава опасен преседан: културните институции, кои во својата основа треба да се автономни, независни и ориентирани кон развој на културниот капитал, се претвораат во огледало на владејачките структури Пишува: Даниел Ѓорѓевски, археолог/историчар Во контекст на едно длабоко политизирано општество, какво што е македонското, културата – наместо да биде критичко огледало на стварноста и ...
Врвни артисти од осум земји од светот ќе учествуваат на 24. „ОФФест“ што ќе се одржи од 5 до 8 јуни во Скопје. Ѕвезда на фестивалот е Марија Жоао која ќе го изведе нејзиниот волшебен нов проект – Аbundância. Тоа ќе биде и прва европска изведба, по премиерата во Лисабон. Покрај Жоао, ќе настапат и неколку големи ѕвезди на таканаречената музика на светот, како Canzoniere Grecanico Salentino, Kimmo Pohjonen, Vieux Farka Touré и Драган Даутовски. ...
Изложба на фотографии од македонските села ќе биде отворена в сабота (26 април) во 18 часот Музејот на современата уметност во Скопје. Фотографиите во изминатите десет години ги снимил тимот од проектот „Викиекспедиции“. – Во текот на десетгодишните шетања низ Македонија имаме документирано 1.122 цркви и 172 џамии низ скоро цела Македонија. Во Македонија има 363 централни основни училишта, но уште најмалку исто толку има подрачни училишта во ...
Македонскиот Културно-информативен центар во Белград беше организатор на креативна работилница за декорирање велигденски јајца и велигденски честитки посветени на младите кои се’ уште се наоѓаат на лекување во белградските болници, по трагедијата во Кочани. Работилницата ја водеше ликовната уметница, м-р Ирена Ѓукиќ, велигденски црвени јајца подготви Верка Михајлова, а настанот се организира во соработка со Националниот совет на Македонците во ...
Изложба на слики од Енеса Мемети насловена „Црниот лебед симбол на величественост“ ќе биде отворена в четврток (24 април) во 19.30 часот во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. Енеса Мемети дипломирала на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово под менторство на проф. Илиријан Бекири, завршила постдипломски студии на ФЛУ – Скопје под менторство на проф. Јован Шумковски. Учествувала на 30 групни изложби во ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски синоќа беше премиерно прикажан во Москва, во рамки на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Москва (Moscow International Film Festival). Московскиот фестивал важи за еден од најголемите во светот и е класифициран во А-листата на филсмки фестивали, заедно со Кан, Берлин, Венеција. Основан е во 1935 година, a редовно почна да се одржува од 1959 ...
Во Кинотеката на Македонија задутре (22 април) во 20 часот ќе се одржи проекција на „TerraForma“, документарен филм за еден вулкански остров, еден грандиозен експеримент и за тоа како амбицијата го менува лицето на природата. „TerraForma“ е режисерско дело на Кевин Бренан и Лоренс Дуркин, уметници што ги истражуваат темите на идентитетот, пејзажот и човечките односи со природниот свет. По филмот ќе се одржи панел-дискусија со експертот за ...
Во киното „Фросина“ во Младонскиот културен центар во Скопје вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржи скопскиот колектив „Светлост“, заедно со Ken Vandermark од САД и Paal Nilssen-Love од Норвешка. Од соработката на домашното трио и двете големи меѓународни имиња на современиот џез ќе произлезе и албум, а снимањето ќе се случи во Скопје, непосредно по концертот во МКЦ. – Ова е веројатно прв случај една македонска џез група да работи со гиганти од ...
Под слоганот „Под исто небо“ 7. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ повторно ќе ги обедини авторите, илустраторите, издавачите, децата и сите вљубеници во литературата и уметноста за деца. Фестивалот ќе се одржи во автентичниот амбиент на Сули ан во Старата скопска чаршија, каде е сместен и дел од Факултетот за ликовни уметности. – Веќе седма година „Литера“ е дел од културната мапа на Скопје и на ...
Неодамна од печат излегоа списанијата ,,Стрип креатор” бр.37 и 38 и ,,Стрип алманах” бр.8 во издание на Стрип центарот на Македонија – Велес. „Стрип креатор“ е единствена постојана стрип публикација кај нас која излегува од 2003 каде што доста македонски автори континуирано ги објавуваат своите стрип дела(доста од нив и дебитантски). Овде на македонски јазик се објавуваат подобрите странски но и домашни автори од традиционалниот мегународен ...
Со поддршка на Europe House мрежата во земјава објавени се аудиобајките „Сјајни ѕвезди – бајки раскажани од Ромите од Европа“, остапни сега за слушање на ромски, македонски и албански јазик. Ромите, со околу 12 милиони луѓе, се најголемото малцинство во Европа, а нивната култура – од музика и танц, до јазик и раскажувачка магија – е нешто што навистина го збогатува нашето заедничко европско ткаење. -Веруваме во почитување на различноста, во ...
Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (MEXT) на Јапонија нуди студентски стипендии за македонски граѓани кои сакаат да комплетираат додипломски студии или истражување во Јапонија. Кандидатите треба да ги поднесат своите документи не подоцна од 16 мај. Одбраните кандидати ќе бидат поканети на тестирање во јуни. За повеќе информации, прочитајте повеќе на интернет-страницата на амбасадата. За дополнителни информации ...
Ова не е повик да се откажеме од амбиции. Туку потсетник дека среќата не доаѓа само од постигнувањата, туку и од способноста да се забележи убавината меѓу нив. Микро-задоволствата се нашето интимно засолниште од светот што нè брза без да нè праша каде одиме Пишува: Ива Трпески Во свет каде што сè се мери со продуктивност, успех и брзина, малите радости стануваат тивок, но моќен чин на отпор. Да седиш со шолја топло кафе без да гледаш во телефон. ...
Како магистрал во сонетен венец што ги обединува стиховите од сонетите, завчеравечер (16 април) во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со промоцијата на сонетниот венец „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски, беше крунисано и заокружено второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“. Сонетниот венец, во издание на „Арс Ламина“, го промовираа Оливера Ќорвезироска и Анастасија Ѓурчинова, а потоа публиката ...