Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“ која ја доделува „Литератур Лана“ во Јужен Тирол, на северот од Италија. Наградата се доделува на секои две години, а Маџиров е 19. добитник во речиси 40-годишната историја на оваа престижна меѓународна поетска награда. Меѓу досегашните добитници биле и лауреатот на Струшките вечери на поезијата — Генадиј Ајги, добитникот на наградите „Т.С. Елиот“ и „Форвард“ — ...
Завршниот, Мастерс-квиз за оваа сезона на Македонската квиз асоцијација (МКА) ќе се одржи на 25 мај (11 часот) на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Настанот полека прераснува во традиција и по трет пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена. – Најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења низ широк спектар на теми: култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. ...
Библиската драма „Евангелие според Матеј“ од Пјер Паоло Пазолини ќе го отвори 15. издание на Филозофскиот филмски фестивал задутре (22 мај) во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Култниот италијански режисер е во фокусот на фестивалот кој се одржува под мотото „Провокативен. Полемичен. Поетичен.“ До 28 мај ќе бидат прикажани триесетина филма од Европа и сите краишта на светот. Фестивалската програма е изградена од разновидни сегменти: ...
Македонскиот експериментален филм „Лима“ во режија на Батухан Ибрахим утре ќе биде прикажан на 78. издание на Канскиот филмски фестивал во рамките на селекцијата Short Film Corner. Филмот ќе има и својата затворена проекција на Кан наменета за филмски дистрибутери и селектори. „Лима“ е експериментален филм кој го следи патувањето на три силуети низ времето, низ просторот на поранешна Југославија, низ урнатини од заборавени спомени и скршена ...
Сложеното, комплексно, иновативно и креативното творештво на Анета Светиева, го поставува нејзиното дело на самиот врв не само на македонската ликовна сцена, туку и на една поширока платформа која ги преминува границите на регионот, велат кураторките Ретроспективната изложба на творештвото на Анета Светиева, една од највпечатливите македонски современи скулпторки, ќе биде отворена утревечер во 20 часот, во Даут-пашиниот амам во Старата скопска ...
Претставата „Калигула“, по текст на Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески, на Театар Куманово премиерно ќе биде изведена вечерва во 20 часот на камерната сцена во Центарот за култура во Куманово. Играат актерите од кумановскиот ансамбл: Марко Трајковиќ, Александра Михајловска, Владанка Крстевски, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Величковиќ, Владо Дојчиноски, Жарко Јовановиќ и гостите Илин Јовановски, Никола Милошевски, Луна ...
Стоби, крстосница на цивилизациите од дамнешни времиња. Овој антички град позициониран во централниот дел на Македонија постојано е предизвик за археолозите. Стоби е единствениот археолошки локалитет во земјава кој работи како самостојна институција. За значењето и потенцијалот на Стоби зборува д-р Силвана Блажевска, в.д. директорка на Националната установа „Стоби“. Таа зборува за историјата на локалитетот, за стобјаните, но и за проектите и ...
„Четирите мајстори на модернизмот“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена утревечер во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Свои дела ќе претстават студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности од Скопје, од студиската програма за сликарство. На изложбата учествуваат: Андреј Антевски, Ана Томовска, Благица Трајкоска, Горазд Николовски, Елена Стојкова, Ема Теовска, Марија Ќурчиева, Марија Нешкоска, Павел ...
Работата во Интернационална градинка „Вингс“ е истовремено предизвик и привилегија. Имаме можност да работиме во средина која поттикнува меѓусебна почит, прифаќање и учење. Еден од најголемите предизвици е постојано адаптирање на нашите методи и пристапи за да одговориме на индивидуалните потреби на секое дете. Но, токму тоа ја прави нашата работа креативна и инспиративна, вели воспитувачката Данијела Србиноска, во Интернационалната градинка ...
Предавањето „Џез: звук, слика, збор“ со Владимир Мартиновски ќе го отвори првото издание на фестивалот „Буквално. Џез.“ денеска во 17 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Следува отворањето на изложбата „Џез“ на Диме Темков и Лучка Кошчак, кое ќе биде придружено со ритмички илустрации на Михаил Парушев и вечерен џез концерт на „Зулу 3.4“. До недела во „Буква“ ќе се одржуваат џез-свирки проследени со различни настани. Сите настани во ...
Осврт кон изложбата „Забранетото јаболко“ од академскиот сликар м-р Милош Милосављевиќ, галерија „Метаноја“, Скопје (29.04.2025 − 21.05.2025) Пишува: д-р Иван К. Заров, историчар на уметност По релативно кратко време од неговата последна изложба, авторот Милош Милосављевиќ повторно се претставува пред македонската ликовна јавност со нова изложба која го носи загадочниот и семантички двосмислениот наслов „Забранетото јаболко“. Во градењето на ...
Романот „Неколку тишини подоцна“ на Ана Стојаноска ќе биде промовиран вечерва во 19 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Промотори ќе бидат: професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и писателот Владимир Јанковски, а извадоци ќе читаат Верица Ацеска, Ангела Стојановска и Филип Трајковиќ. Станува збор за дистописки роман, структуриран/компониран како симфонија, што е за прв пат во македонската литература да се искористи ваквиот ...
Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексoв доби две награди на фестивалот WorldFest-Houston во Тексас, САД. Долгометражниот првенец на Алексов освои две награди за најдобар странски игран филм и за специјални ефекти во шминка (за Горан Игњатовски и Валентин Валов). -Неверојатно сме почестени, понизни и благодарни на овие две „Златни Реми“ награди. Моето време во Тексас беше едноставно длабоко и инспиративно, најмалку што можам да кажам, ...
Водич низ три меѓународни изложби со кустосот Бојана Јанева ќе се одржи денеска во 12 часот во Музејот на современата уметност во Скопје. Еден час подоцна почнува матине со музички избор на диџејот Дарко Јорданов. Јанева ќе ги запознае посетителите со: – „45 години ФЛУ“ – јубилејна изложба, резултат на соработката помеѓу Факултетот за ликовни уметности од Скопје и МСУ. – „Форми што летаат: меѓународни уметници во француските колекции“ – избор на ...
На ул. Македонска 30 во Белград вечерва во 20 часот ќе биде и официјално отворен македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Под насловот „Ајде, слушај, слушај“, ќе настапи Зарина Првасевда, а специјален гостин ќе биде музичарот Васил Хаџиманов. Во ликовниот дел од програмата ќе може да се види ретроспективна изложба на 25 уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС). На свеченото отворање ќе присуствуваат ...
Французинката Софи Џебел Роз утревечер во 21 часот ќе одржи концерт во „Ла кања“ во Скопје. Во рамките на нејзината европска турнеја, таа ќе ја донесе својата волшебна, интимна и бунтовна музика во Скопје најавуваат од „Канал 103“ кои го организираат концертот како дел од серијалот „Нова пролет“ со кој одбележуваат 34 години постоење. – Нејзиниот звук ги сублимира традициите на француската шансона и мрачната фолк атмосферичност преку авангардна ...
Универзитетско студентско собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го подготви документот за да ја разјасни законската рамка и практичните аспекти за студентите кои се вработуваат додека студираат, вклучувајќи ги нивните права на студентски оброк, превоз, домување и стипендија Дали студентите можат да бидат вработени без да загубат статус и студентски поволности, дали ги губи студентските права, дали ги губи правата за студентски ...
Научните здруженија што ги организираат учествата на талентираните средношколци на светските олимпијади за првпат ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка во Министерството за образование и наука. До 31 октомври е отворен повикот за намирување на трошоците за котизација и пат за учество на една од 15 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad) во текот на оваа година. Условите за аплицирање се објаснети во правилникот што ...
„Јон Вардар против галаксијата“, анимираниот филм во режија на Гоце Цветановски е во официјалната селекција на 5. издание на Striped Tale Animation Festival 2025 што ќе се одржи од денеска до 18 мај во Тбилиси, Грузија. Во филмот Јон Вардар нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска опера за сите возрасти. Филмот досега имаше селекции на повеќе од десет фестивали, од ...
Претставата „Деца на светот“ од познатиот бугарски писател Стефан Цанев, во режија на Васил Михаил, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Станува збор за тажна комедија, чиј текст на македонски го преведе Коста Ангов. Улогите ги толкуваат: Оливера Аризанова-Мансбарт, Коста Ангов и Анкица Бенинова. Сценографијата и плакатот се на Никола Пијанманов, костимите на Ванчо Василев, музички ...
Најновиот роман на нашата авторка Ана Стојаноска „Неколку тишини подоцна“ ќе биде промовиран на 17 мај (сабота) во 19 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Промотори на романот ќе бидат: професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и писателот Владимир Јанковски, а извадоци ќе читаат Верица Ацеска, Ангела Стојановска и Филип Трајковиќ. Станува збор за дистописки роман, структуриран/компониран како симфонија, што е за прв пат во ...
Македонскиот оркестар, дел од проектот Fame’s, настапи на гламурозната свеченост по повод официјалната најава за изградба на првиот „Дизни“ тематски парк на Блискиот Исток, кој ќе се наоѓа на островот Јас, Абу Даби. Настанот што го организираше „Волт дизни компани“ и „Мирал“, привлече големо внимание и бројни ѕвезди од светскиот шоу-бизнис. Меѓу присутните беа Тајрис Гибсон, Наоми Кембел, Ед Вествик и други познати личности. Публиката беше ...
Организирањето на „Еурогео конференцијата 2025“ е од исклучително значење за рејтингот на географијата како наука и образование, која овозможува широка културолошка и општествена вредност, вели проф. д-р Благоја Маркоски, раководител на Институтот за географија Еминентни географи од триесеттина држави од светот ќе учествуваат на меѓународната конференција „Хуманизирајќи ја географијата: Луѓе, места и простор во глобален свет“ која утре и задутре ...
Во галеријата „Арт проџект спејс“ во Атина синоќа беше отворена изложбата „Скриеното трето“ на македонски, грчки, српски и кипарски уметнички. Изложбата ја подготвијата атинската и Националната галерија на Македонија. Кураторки се Ана Франговска и Ники Папаспиру. – Изложбата создава феминистички простор на соживот, отпор и прекомпонирање, истакнувајќи ја важноста на уметничкиот израз во постојано променливиот свет – велат од Националната ...
Иновативната и интерактивна танцова претстава Мyselves на француската група K. Danse вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар ќе гостува на „Танц фест“ во Скопје. Со тоа ќе биде спуштена завесата на 21. издание на овој фестивал. Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата креација ги вкрстува современиот танц и дигиталната ...
Со какво искуство се вратија кураторите од Музејот на современата уметност во Скопје кои ја подготвуваа изложбата „Ткаење светови: Колекции во разговор“ што неодамна беше отворена во Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана Професија куратор. Клучна за секоја изложба, за нејзиниот концепт, за идејата која раскажува силна приказна преку уметничките дела, без оглед дали се од еден или од група автори. Публиката најчесто ...
Поетско-музички перформанс на стихови од Тихомир Јанчовски со музика компонирана од Зоран Тортевски ќе биде изведен утревечер во 20 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Стиховите се од последните две поетски книги на Јанчовски – „Пристоен предлог“ и „Пеколот е мало место“, а композициите на Тортевски се правени како музички илустрации за песни од овие две збирки. Вовед ќе даде Тања Аждаја, а стихови ќе читаат авторите на музиката и стиховите. Пет ...
Четири нови драмски текстови на македонски автори ќе бидат поддржани да учествуваат на програмата „Драмолетање“, што ќе биде организирана за време на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Станува збор за: „Голи души“ од Иван Додовски, „Ложа“ од Марио Стојаноски, „Хитлер е жив“ од Ева Камчевска и „Чудесен лек“ од Коста Бојчески. За наградените текстови одлучи комисијата составена од: м-р Петар Антевски (продуцент), ...
Две бронзени медали освои македонскиот тим на најпрестижната и најтешката олимпијада по хемија – „Менделеев“ што се одржува во Бело Хоризонте, Бразил. Марио Ванчоски од штипската гимназија „Славчо Стојменски“ и Петар Мирчевски од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп освоија бронзени медали. Тимот го сочинуваат и Иван Костевски и Даниел Христов од „Славчо Стојменски“ од Штип и Теона Ана Георгиевска и Елена Живаљевиќ од „Јахја Кемал“ од Скопје. ...
Во Народен театар – Битола започнаа пробите за петтата премиера во овој театар за оваа година. Се работи за „Едмонд“ по текст на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски. Во претставата играат: Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска Јанкуловска и Маја Андоновска Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, ...