Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Библиотеката „Гоце Делчев“ – Гевгелија ќе одбележи 80 години од официјализирањето на македонскиот правопис со настан вечерва во 19 часот во хотелот „Аполонија“. Ќе се обратат проф. д-р Димитар Пандев и Мишо Китаноски. Комисијата за азбука и правопис во дефинитивна форма ги формулира своите ставови во Резолуција, донесена на 3 мај 1945 година, а усвоена на 5 мај 1945 година од Народната влада на федерална Македонија. По ова, Правописот на ...
Во Abstract Project Gallery во Париз денеска во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Реминисценции“ од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски. Тој ќе се претстави со серија дела работени во изминатата година – слики и дела на хартија работени во комбинирана техника и поставени како просторна инсталација. Според Сандра Деспотовиќ, кустос и историчар на уметност, изложбата „Реминисценции“ ја означува најновата ера во креативните дела на ...
„Дигитализација на културното наследство во Македонија: предизвици, искуства и перспективи“ е насловот на советувањето за дигитализација на културно наследство што ќе се одржи во среда (4 јуни) во 10 часот на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Презентациите ќе опфатат неколку теми: – Преглед на законската регулатива, стратегии и активности поврзани со дигитализацијата на културното наследство ...
На Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска од 10 часот се одржува советување на тема: „Дигитализација на културното наследство во Македонија: предизвици, искуства и перспективи“. Презентациите ќе опфатат неколку теми: Преглед на законската регулатива, стратегии и активности поврзани со дигитализацијата на културното наследство, логата на Управата за заштита на културното наследство во ...
Во Музејот на град Скопје денеска во 19 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Секојдневен живот“. Ќе бидат претставени вкупно 60 фотографии од тројца локални аматерски фотографи, Хусамедин Гина, Лејла А. Куртов и Ердем Ахмед. Секој автор ќе се претстави со по 20 дела. Преку објективот на авторите, публиката ќе може да ја доживее убавината на обичните моменти од секојдневието, пренесени со искреност и естетика. Целта на изложбата е да ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи гала концерт вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип. Публиката ќе проследи програма која ги слави македонската народна традиција, фолклор и музичко наследство. – Со карактеристичната енергија, прецизна изведба и богат сценски израз, „Танец“ ќе ја претстави разноликоста на македонските народни игри и песни кои се дел од нашето културно богатство – велат ...
„Калигула“ е жив доказ дека еден театар не е зградата каде што се креираат претставите. Театарот се луѓето внатре, уметничкиот и техничкиот сектор заедно. Со „Калигула“ секој еден од екипата порасна и професионално и приватно за неколку нивоа. Секоја потешкотија и немањето услови за работа само нè натера да ги преминеме границите на креативност кои реално луѓето сами на себе си ги наметнуваат – вели актерот од Кумановскиот театар. Малку се ...
Специјалната „Стериина награда“ за колективна актерска игра на 70. Стериино позорје ја доби ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Концептот во кој поединецот на сцената има смисла само во група која комуницира преку заедничка душа и каде сите се поврзани меѓусебно, кој е јасно видлив во оваа претстава, покажа и докажа каде е местото на МНТ во ...
„Просторност и темпоралност“ (Spatiality and Temporality) е насловот на изложбата на уметничките Татјана Миљовска, Валентина Поцеска и Виолета Чаповска што ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Изложбата ќе ја отвори д-р Сузана Милевска, кураторка и теоретичарка на визуелна култура. Ова е прва соработка меѓу трите еминентни уметнички. Во фокусот на нивната изложба се истражувањата на заемните реципрочни ...
Редици луѓе утрово чекаат за да купат влезници за претставите на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што од 6 до 13 јуни ќе се одржи во Прилеп. Утрово во 10 часот започна продажбата на влезниците за 13-те претстави од официјалната и од независната селекција. Влезници можат да се купат и со онлајн-продажба. Ретко кој град или манифестација може да се пофали со таков интерес за посета на каков било фестивал. Исто така, ...
Кога со вас имате шестмина средношколци, некои од нив малолетни, одговорноста е огромна. Притисокот дополнително расте кога сте на речиси 10.000 километри од дома, а снемува опции за излез од настанатата состојба. Купувањето нови авиобилети во еден момент изгледаше како единствена опција, а тоа ќе нè чинеше вртоглави 13.000 евра, раскажува проф. д-р Миха Буклески Што правите кога сте 10 илјади километри далеку од дома, одговорен за шест млади ...
Во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје, во големата сала-сутерен, вечерва во 19 часот, ќе биде отворена завршна изложба на дела изработени од членови на ликовното студио под менторство на академскиот сликар и ликовен педагог Тони Шулајковски. Исто така, ќе бидат доделени дипломи за учебната 2024/2025 година. Ликовното студио прославува дваесет години успешно работење, а студиото за креативно пишување, под менторство на Дијана Петкова ќе ...
На големата сцена на Македонскиот народен театар утревечер во 20 часот ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија”, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска. Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. Како костимограф се потпишува Роза ...
Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во Белград – „Допир на Македонија“, здружението ,,Македониум“, со поддршка на македонската Кинотека и Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, организира Ревија на филмови посветена на Љубиша Георгиевски. Дводневната ревија посветeна на истакнатиот театарски и филмски уметник, професор и културен деец кој остави длабок печат во македонската уметност, вечерва ...
На поткровјето на „Јавна соба“ утревечер во 19 часот ќе се одржи премиерата на новата детска театарска претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“. Претставата која е поддржана од Министерството за култура и туризам е базирана на втората сликовница од серијата „Приказни за облеките“ на македонската авторка Наташа Дукоска. Оваа премиера воедно претставува и промоција на истоимената сликовница во издание на „Чудна шума“. Со оваа ...
Изложбата има меморијален карактер и е посветена на прерано починатата позната македонска вајарка Гордана Хаџиниколова-Малашев, а посетителите на КИЦ во Белград изложбата ќе можат да ја погледат до 9 јуни. Пред бројни љубители на ликовната уметност и во исклучително емотивна атмосфера, синоќа во Македонскиот КИЦ во Белград, беше отворена изложбата на Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот, насловена како „Насликани зборови“. За уметничкиот опус на ...
Солидарноста во медиумскиот свет е многу важна. Неизмерно сме им благодарни на колегите од Трн.мк, кои отстапија простор и време за нашата приказна да стигне подалеку. Посебна благодарност упатуваме до новинарката Александра Тодоровиќ и главниот уредник Васко Лазаревски. Веруваме дека само заедно сме посилни. Прочитајте го текстот на Трн.мк, како и видеото што тие го снимија со нас, основачите на Умно.мк, Весна Ивановска Илиевска и Сребра ...
На 38 години во Гевгелија вчера почина ликовниот уметник Сотир Хаџи-Николов. Неговите колеги уметници од Друштвото на ликовните уметници на Гевгелија со едноминутен молк синоќа во Уметничката галерија Амам ја посветија годишната изложба нему. Изложено е и негово дело. Сотир Хаџи-Николов дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика. Беше член на ДЛУГ Гевгелија, како и на центарот „Мултимедија“. Учествувал на ...
Во културно-историскиот објект Сули ан вечерва во 19 часот ќе почне програмата за одбележување на годишната изложба на Факулететот за ликовна уметност во Скопје. Програмата започна синоќа со дел што се одржа во кампусот на Педагошкиот факултет. Во 19 часот во Сули ан студенти од ФЛУ и групата „Калико“ ќе имаат музички настап. Ќе им бидат врачени дипломите на најуспешните студенти од четврта година. Ќе бидат отворени изложби во сите ателјеа и ...
Ви го споделуваме обраќањето на Калина Малеска, добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2024 година. Наградата и беше врачена завчеравечер во Драмскиот театар од Скопје Пишува: Калина Малеска Во романот „Тешки времиња“ од Чарлс Дикенс, Томас Гредграјнд, кој води училиште што го моделира според своите визии за тоа како би требало да изгледа училиште за пример, ги предупредува учителите да избегнуваат употреба на имагинацијата. „Учете ги ...
Поддршка за 7. Балканска олимпијада по физика за средношколци што ќе се одржи во Македонија ќе даде и Министерството за образование и наука. Од МОН велат дека ќе се водат според измените и дополнувањата на Законот за средно образование, кој предвидува 10 отсто од вкупниот буџет потребен за реализација на меѓународен натпревар во земјава, но сумата не може да изнесува повеќе од 10.000 евра. – Ќе ја поддржиме 7. Балканска олимпијада по физика за ...
Членови на Друштвото на писателите на Македонија денеска во 16 часот во германскиот конзулат во Истанбул ќе бидат претставени во рамките на Меѓународниот книжевен фестивал ITEF 2025. Станува збор за добитниците на годишните награди на ДПМ за 2024 година: Жарко Кујунџиски („Стале Попов“), Иван Антоновски („Ванчо Николески“), Наташа Аврамовска („Димитар Митрев“) и Гордана Јовиќ-Стојковска („Мост“), како и претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски. ...
Деновиве во издание на „Прозарт медиа“ од печат излезе поетската книга „30 современи грчки автори“. Се работи за превод на 30 песни од автори од Грција, во избор на издавачката куќа „Вакхикон“. Според зборовите на уредникот на „Вакхикон“, Несторас Пулакос, ова е збирка што ќе ја долови богатата поетска продукција, но и ќе ги прикаже трендовите на поетската сцена во Грција Препевот на книгата е на Петар Андоновски. За книгата, уредникот на ...
91. Критична маса во Скопје вчера се организираше низ скопските улици. Неколку стотици ентузиајсти, од најмали до возрасни вртеа на педалите заедно за подобра велосипедска инфраструктура. Организатори се „На точак“ . Турата започна од плоштадот „Македонија“, а се реализира токму на Меѓународниот ден на велосипедот. – Од мај 2012-та досега 90 пати сме ја возеле „официјалната“ критична маса групно по улиците праќајќи осмислена порака важна за ...
Книгата „Актерот и просторот“ на легендарниот режисер Деклан Донелан, во негово лично присуство, ќе биде промовирана денеска во 12 часот во Театарот Комедија. Станува збор за капитално театролошко издание, што на македонски јазик го подготви и издава Театарот Комедија. Ова е уште едно од нивните театролошки изданија, со што ја збогатуваат македонската театролошка ризница, воопшто. Преводот е на Бисера Бендевска, а промотор ќе биде Иван Додовски, ...
Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Ана Ќупева, студентка по медицина, волонтерка во Европскиот волонтерски корпус на солидарноста Секој млад човек пишува своја приказна. Независно колку сме успешни во тоа што го правиме, колку многу вложуваме на нашиот пат – вредноста на создавањето некакво дело е бесценета. Тоа е ...
Фестивалот на краток филм „Филмај“ ќе се одржи вечерва и утревечер во 20 часот во Занаетчисткиот дом во Куманово. Ќе бидат прикажани наградените филмови: турскиот „Скоро целосна измислица“ од Чансу Бајдар, рускиот „Достоинствено“ со Никита Белај како директор на фотографија, „Дрвја намачкани со катран“ (Данска) по сценарио на Михаел Кунов, заедно со најдобриот домашен филм „Прошетка“ во режија на Елеонора Венинова. Ќе биде прикажан и ...
Македонскиот КИЦ во Белград утревечер во 19 часот ќе биде домаќин на изложбата „Насликани зборови“, со познатите македонски уметници Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот. И двете долги години градат успешни уметнички кариери, во две, не толку блиски уметнички области, а индивидуално имаат изложувано како во регионот, така и низ Европа и САД. Што е тоа што ги спојува во заедничката концепција со која ќе се претстават пред љубителите на ликовната ...
Краткиот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски освои 5 награди и се прикажуваше на 18 фестивали во земјава и странство, меѓу кои во Данска, САД, Италија, Финска, Кореја, Нигерија, Бразил и Узбекистан. Филмот ја имаше својата светска премиера на престижниот Интернационален филмски фестивал во Оденсе, Данска, каде билетите за првата проекција беа распродадени, а фестивалот го посетија над 250 гости од целиот свет. Филмот освои пет ...
„Реминисценции“ е насловот на изложбата од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски што ќе биде отворена од 4 до 14 јуни во Abstract Project Gallery во Париз. Тој ќе се претстави со серија дела работени во изминатата година (слики и дела на хартија работени во комбинирана техника и поставени како просторна инсталација. Ова е само една од меѓународните активности на Петровски во наредниот месец. Од 21 до 26 јуни ќе учествува на AIRowad ...