Пишува: Звонко Димоски Поставувањето на Шекспиров текст секогаш претставува уметнички предизвик, и тоа не само поради неговата драматуршка комплексност, туку и поради потребата истиот да се направи разбирлив и достапен за денешната публика. Ова особено се однесува на „Ричард Трети“, дело кое ги отвара најмрачните агли на човечката амбиција, желбата за моќ, и најсуштинското, етичкиот пад. Во „Ричард III“, во продукција на Албански театар – ...

Невообичаена галерија и уметност искусија гевгеличани неодамна на перонот на Железничката станица во градот. Наместо во стандарден изложбен простор, 17 фотографии инспирирани од црвките и манастирите во Гевгелиско беа изложени на штафелаи на Железничката станица. Фотографиите се дело на Иван Кал`чев, а се дел од проектот на Етнокорелошкиот оддел при Домот на културата „Македонија“ – Гевгелија и трудот на м-р етнокореолог Силвестер Проле и ...

На платото пред Македонскиот народен театар вечерва во 20.30 часот ќе се доржи „Вечер на шлагери“ во рамките на манифестацијата „Скопско лето“. Концертот го организира Српскиот културно-информативен центар „Спона“, кој одбележува 20 години постоење. Диригент е Иван Еминовиќ, а водителка – Вера Јанковиќ. Ќе настапат: Оркестарот на „Полифонија“, а изведувачи се Денис Димоски, Оливер Њего, Васко Здравков, Андријана Јаневска, Вера Јанковиќ, Теа ...

Околу седум часот попладне, по надреалистичен спој на жешките сончеви зраци и пороен дожд, Скопје вчера завчеравечер го пречека омилениот струшки писател и сликар – надреалистот Димитрие Дурацовски. Бурата не ги спречи многубројните книжевници, писатели, новинари, читатели и поклоници на делото на култниот автор да пристигнат во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, на промоцијата на неговата нова книга „Околу три по полноќ“. Книгата, ...

Во Меморијалната куќа на Браќата Миладиновци во Струга денеска во 13 часот ќе се одржи книжевно читање. Настанот е во рамките на 20. Регионална конференција што ја организира Македонскиот ПЕН во Охрид и во Струга. На собирот учествуваат 25 писатели од девет ПЕН центри. Синоќа се одржа книжевно читање во Меморијалната куќа на Григор Прличев во Охрид. Тема на годинашниот Симпозиум е „Постхуманизам и книжевност“. Писателите низ дијалог се обидуваат ...

Режисерот Леон Ристов е меѓу десетте режисери што Санденс институтот ги избра да учествуваат на програмата Sundance Institute Ignite x Adobe Fellowship. Леон Ристов е македонски режисер што живее и работи во Њујорк. Тој е дел од мастер-програма на Универзитетот Колумбија. Неговите филмови се прикажани на Сараевскиот филмски фестивал, и на повеќе од 30 меѓународни фестивали. Тој е алумни на Clermont-Ferrand Euro Connection. Програмата ќе се ...

Манифестацијата ќе биде отворена со гала-концертот вечерва во 20.30 часот во Македонската филхармонија. Претходно, во 19 часот во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“ на реномираниот уметник Томе Аџиевски „Мостови на музиката: Софија – Скопје“ е насловен гала-концертот што вечерва во 20.30 часот во Македонската филхармонија ќе го отвори 46. издание на фестивалот „Скопско лето“. Претходно, во 19 часот во Музејот на град ...

Во 2020 година, со сопствени средства го возобновува тонското студио на Филсмкиот центар „Вардар филм“, а од истата година е и член на Филмскиот совет на Агенцијата за филм. Сашко Мицевски, филмски и ТВ монтажер и дизајнер на звук е нов вршител на должноста директор на Агенцијата за филм, информира Владата. Познат по неговото авторско име Сашко Поттер Мицевски, студирал филмска и ТВ монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во 2015 ...

Со премиерата на „Госпоѓа Бовари“ на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Гистав Флобер, на 25 јуни (вторник) во 20 часот, примабалерината Марија Кичевска Шокаровска ќе одбележи јубилеј од 25 години кариера. Кичевска Шокаровска со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет. Ова балетско дело, поставено во два чина ја раскажува драмата на женската ...

Во Младинскиот културен центар во Скопје на 24 јуни (вторник) во 20 часот ќе се одигра претставата „Добри луѓе“ според текст на Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од The Relation Work Project (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај, во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Претставата е во рамките на фестивалот „Скопско лето.“ „Добри луѓе“ е интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат ...

Во галеријата „Остен“ во Скопје вчера се одржа културна програма со која Остен арт – институција од културата за музејска и галериска дејност и Дипломатскиот клуб Скопје ја официјализираа својата соработка за поорганизиран настап во полето на културната дипломатија на Македонија по повод големите јубилеи на двете организации – 80 години од постоењето на „Остен“ – Скопје – институција со непроценливо културно значење и наследство во македонски и ...

Самостојна изложба на Стојан Павлески во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк е отворена од завчеравечер. Проектот „Сенки“, конципиран како колажна инсталација, ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. Лоцирајќи го Демначот и неговото соочување со баналноста на очекувањата, концептот ...

Скопската премиера на перформансот „Одбрана и заштита“ на уметницата Маја Зеќо од Сараево ќе се одржи утревечер во 19.30 часот во КСП Центар Јадро. Овој моќен перформанс е дел од нејзината тековна изложба „Нарушени иднини“ во КСП Центар- Јадро. Овој перформанс претходно е изведен во Загреб и Лондон. Во „Одбрана и заштита“, уметницата носи засилен костим со вградени звучници кои емитуваат звуци од воени дронови и поврзани фреквенции. Делото се ...

Книжевна вечер посветена на Едуар Луј ќе се одржи вечерва во 19 часот во книжарницата „Илика“ во Скопје. Во знакот на месецот на гордоста во „Илика“ организираат книжевна вечер посветена на францускиот писател Едуар Луј, кој е познат по своите автофикциски романи што се занимаваат со темите на класната нееднаквост, насилството, хомофобијата и идентитетот. Настанот и разговорот ќе го води Душица Лазова, а нејзини соговорници ќе бидат Мања ...

Промоцијата на новата книга „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски ќе се одржи вечерва во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат Влада Урошевиќ , кој го напиша пoговорот на книгата, и уредничката – Оливера Ќорвезироска. „Околу три по полноќ“, која е прва публикација на Дурацовски по пауза од една деценија, е уникатно издание, ...

Ова е исклучително важен наод, зашто зборува за користење на писмо од страна на населението на Градиште во Младо Нагоричане, нешто што е реткост на териториите северно од македонското кралство, вели археологот Дејан Ѓорѓиевски Две големи откритија донесоа археолошките ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, Кумановско. Археолозите предводени од археологот Дејан Ѓорѓиевски од кумановскиот Музеј го открија најстариот автохтон ...

Со претставата „Торонто експрес“, Македонскиот народен театар ќе гостува вечерва во 20 часот на летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Ова сценско дело е работено по мотиви од збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов Ѕоф. Режијата е на Јордан Симонов, а адаптацијата на текстот е заедничко дело на Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов. Во монодрамата настапува Александар Микиќ, кој на свој ...

Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја освои наградата за најдобра драма на 4. Golden Harvest филмски фестивал во Токио. -Ова извонредно признание е доказ за непоколебливата посветеност и уметничката визија на нашиот тим кој ги вложи своите срца и душа за да ја оживее оваа приказна. Изразуваме искрена благодарност до филмскиот фестивал „Голден Харвест“ за оваа огромна чест што ја потврдува нашата креативна визија – вели екипата на ...

Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја освои наградата за најдобра драма на 4. Golden Harvest филмски фестивал во Токио. -Ова извонредно признание е доказ за непоколебливата посветеност и уметничката визија на нашиот тим кој ги вложи своите срца и душа за да ја оживее оваа приказна. Изразуваме искрена благодарност до филмскиот фестивал „Голден Харвест“ за оваа огромна чест што ја потврдува нашата креативна визија – вели екипата на ...

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечерва во 20 часот ќе биде промовирана стихозбирката „Скршен терериум“ од Филипа Сара Попова. За оваа книга авторката ја доби наградата „Млада Струга“ во 2024 година за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата, во соработка со Јуроп хаус, а со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во земјава. ‒ Филипа Сара Попова потпивнува од својот немир ...

Во Книжевниот клуб „Утопија“ во Битола се одржа средба со еден од најзначајните македонски писатели Божин Павловски, еден од најплодните и највлијателни автори на македонската книжевна сцена. Настанот, кој привлече бројна публика, беше збогатен со присуството на истакнати гости: академик Васко Ташковски, писателот Блаже Миневски, како и долгогодишниот пријател на Павловски од детството – проф. д-р Борис Ангелков. Книжевната вечер ја водеше ...

Проф. д-р Мојсов ќе ја посети родната Македонија идната година, како специјален гостин на Конгресот на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ) Професорката д-р Светлана Мојсов, една од најеминентните хемичарки во светот, е избрана за почесен професор (Professor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката ја донесе Сенатот на УКИМ, по номинацијата од Природно-научниот факултет во Скопје, чиј интегриран ...

Во Скопје започна снимањето на дебитантскиот долгометражен игран филм на Марко Ѓоковиќ со работен наслов „Потстанар“, во продукција на „Сектор филм“. Сценаристи на филмот се Марко Ѓоковиќ и Симеон Венциславов од Бугарија. Филмот ќе се снима на повеќе локации во Скопје во текот на наредниот месец. Главните улоги ги толкуваат актерите Ана Јовановска, Илија Волчески и Хакан Даци, како и Албан Укај од Босна и Херцеговина кој се прослави со ...

На Европската олимпијада по физика што се одржа во Софија, Бугарија, македонската репрезентација освои бронзен медал. Медалот го освои Дамјан Стојанов, ученик во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Пофалници освоија Искра Нечаковска, ученичка во трета година во СОУ „Јосип Броз-Тито“, Битола и Андреј Стојановски, ученик во четврта година во „Јахја Кемал“, Скопје. Членови на тимот беа и: Матеа Митревска и Михаил Шапчески. Од ...

Циклусот на современ перуански филм, во организација на Амбасадата на Република Перу во Букурешт, Кинотеката и почесниот Конзулат на Перу во Македонија организираат Недела на перуански филм од 19 јуни (четврток), со проекција на играниот филм „Кралици“ (Reinas, 2024) во режија на Клаудија Рејнике. По сценарио на Рејнике и Диего Вега Видал, приказна фокусирана на односот помеѓу еден татко и неговите ќерки, и нивните општествени предизвици во ...

Ако сакаат да учат нешто што е креативно, применливо, модерно, и што има реална перспектива, тогаш нашиот факултет е вистинскиот избор. Тука ќе добијат знаење, но и поддршка, практично искуство и можност да се развиваат во повеќе насоки – како дизајнери, инженери, менаџери или истражувачи. Инженерство на мебел и дрво и Дизајн на мебел и ентериер биле двете насоки што ги студирала паралелно на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ...

1570 стипендии ќе бидат одобрени на учениците што ќе се запишат во следната учебна 2025/26 година во дуални паралелки во средните стручни училишта, соопшти Владата. Учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата, објаснуваат од Владата. -За тоа дека ...

Пишува: Звонко Димоски Претставата „Слепци“ на Турскиот театар – Скопје, во режија на Ќендрим Ријани, претставува современо, иновативно и исклучително емоционално сценско дело кое вешто ги обединува класичните и модерните театарски изрази. Истовремено, нѐ предизвикува да се соочиме со значајни теми како што се идентитетот, различноста, неизвесноста, заедничкиот живот и егзистенцијалната несигурност. „Слепци“ беше мојот апослутен фаворит на 59. ...

Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата „Уметност во простор“ на уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска. Изложбата ја отвори Бранче Трајкоски, потенцирајќи дека двете авторки во галеријата ја презентираат последната креација од нивната повеќезначна уметност со содржинско тематска смисла, интимности, осмислена со цел да едицира, инспирира и развива одреден уметнички опус. – Изложбата ...

Со врачувањето на наградите во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, синоќа заврши 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Аплаузи, воздишки, силни пораки за изградба на нов театар и реновирање на зградата на постоечкиот што е затворен, но и за одличната организација на фестивалот чиј квалитет кој од година в година расте. Прилеп е град театар, Прилеп е местото на фестивалот, Прилеп е фестивалот. Прилеп треба да има ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
6.17
69%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
88%
1013
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.55
83%
1012
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
1013
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
88%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1004
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
78%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
94%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
77%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Кобалт

55.67

Злато

135322.28

Платина

53106.37

Никел

471972.96

Рутениум

29192.88

Цинк

3.24

Паладиум

45879.12

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.89

Бакар

10.76

Сребро

1837.41