Ви ја споделуваме честитката што првата приватна издавачка куќа во самостојна Македонија, „Матица македонска” ја упатува до јавноста во чест на 2 Август – Денот на Републиката. Почитувани граѓани на Македонија, драги читатели и автори, посветеници на македонскиот збор и на македонската книга, нека ни е честит 2. Август – Денот на Републиката! Во „Крушевскиот манифест” од драмата „Илинден” објавена на македонски народен јазик, во 1923 година, ...

На сцената на Долни Сарај во Охрид вечерва во 20 часот ќе биде изведена детска театарска претстава „5+ Бенд концерт“ во рамките на фестивалот Охридско лето. Претставата е на Охо продукција. За најмладата публика ќе бидат изведени најголемите хитови на ликовите од детската серија „5+ Фамилија“ кои заедно го сочинуваат најпопуларниот бенд во изминативе 10 години, „5+ Бенд“. Настапуваат: Игор Ангелов, Сања Арсовска, Антонио Ташковски, Дамјан ...

Проф. д-р Анка Трајковска Петкоска од Технолошко-техничкиот факултет од Велес при УКЛО учествуваше на Првата глобална конференција по повод 120-годишниот јубилеј од основањето на Универзитетот на Кореја во Сеул, Јужна Кореја. Академскиот собир е организиран за надворешни професори и академскиот кадар на Универзитетот, со цел размена на знаења, идеи и искуства, под мотото “We are the next“. Во рамки на конференцијата, проф. Трајковска Петкоска ...

Поетско-музички перформанс со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски ќе се одржи вечерва во 20 часот во Сити паб во Берово. Публиката ќе може да слушне антологиски стихови од современата македонска поезија (Б. Конески, Г. Тодоровски, П. М. Андреевски, Р. Павловски) и ќе бидат испеани најубавите љубовни песни од македонските фестивали. Во првиот дел од настапот, публиката ќе биде запознаена и со најновите книги на Јанчовски и Николов: „Јазик за ...

Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари. Меѓу одобрените проекти се Етимолошкиот речник на македонскиот јазик, истражувањата на Охридското езеро, Лексиконот на македонскиот фолклор, како и истражувањето на културното наследство на Албанците од Кумановскиот регион. „Науката и истражувањата го ...

35 филма од цел свет ќе бидат прикажани на 6. Галичник филм фестивал 2025 што ќе биде отворен вечерва во 20 часот на амфитеатарот кај Упија во Галичник. Осум кратки филма од Кина, Србија, Хрватска и други земји ќе бидат прикажани на првиот фестивалски ден. Фестивалот годинава се одржува под мотото „Галичник е филм што не престанува“ и ќе трае до 3 август. Во срцето на планината Бистра, фестивалот ќе биде место на среќавање за автори и публика, ...

Во изминатите 15 години државата доделила десетина милиони евра за оваа намена, а многу мал број од овие студенти се вратиле и работат во државата. Излегува дека со државни пари директно го поттикнуваме одливот на мозоци и тоа токму од најчувствителниот сегмент за развој на државата: млад, образован и талентиран кадар, вели проф. д-р Виктор Стефов Рангирањето на македонските универзитети на светските ранг-листи, финансирањето на ...

Проектот на Музејот на современата уметност, „Пиетa во прекривките на ургентноста“ на авторот Велимир Жерновски ќе биде официјален претставник на Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција во 2026 година, информира Министерството за култура и туризам. Проектот го избра стручната комисија во состав: Соња Абаџиева, Ивана Урошевиќ и проф. Симон Шемов. Комисијата ги разгледа сите четири пристигнати проекти на Конкурсот и оцени ...

Ова се дел од темите што вчера беа начнати на брифингот на министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој се осврна на општата состојба во институциите во културата, не само во изминатите 7-8 години туку и во една поширока рамка Згаснување на Агенцијата за туризам и целосно вклучување на кадарот во Министерството за култура и туризам сосе буџетот од 605 милиони денари, надминување на проблемите со Универзалната сала чија санација треба до ...

Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Ангела Несторовска, филмски продуцент, „Сектор филм продукција“ Понекогаш знаците не се светлечки билборди. Не се ниту гласни аплаузи. Понекогаш, тие се тивки, едноставни и ненаметливи, но клучни. За мене, „надредниот знак“ се појави кога бев дете. Еден исклучително жежок летен ...

Пет книги влегоа во најтесниот круг за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2025 година. Станува збор за: „Рубедо“ од Андреј Ал-Асади (Скопје: ПНВ Публикации, 2025), „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска (Скопје: ПНВ Публикации, 2024), „Маслина и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (Скопје: Макавеј, 2025) „На ти со Ерос и Танатос“ од Виолета Танчева-Златева (Скопје: Три, 2025), „Вообразби: лирски етиди за некој ...

Краткиот анимиран филм „Неми филмови“ во режија на Крсте Господиновски, освои две награди на два значајни фестивали за анимирани филмови. Станува збор за фестивалот „Инсомнија“ во руските градови Калуга и Москва, каде доби „Посебно одликување од жирито“, а „Специјална Грандтун награда“ доби на фестивалот „Супертун“, што се одржа во Шибеник, Хрватска. „Неми филмови“ е во продукција на „Фокус покус филмс“ и „Флип бук продакшнс“. Филмот учествуваше ...

Наградата за најдобар долгометражен филм на 8. Beach Film Festival го доби грчко-македонскиот „Киука – пред летото да заврши“ во режија на Костис Харамуданис. Наградата ја подигна копродуцентката на филмот, Марија Димитрова, на затворањето на фестивалот. Наградата за најдобар краткометражен филм ја поделија „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски, и „Зајак“ во режија на Ханис Багашов. За наградите решаваше жири-комисијата во состав: Хуан ...

Претставата „Војна и мир: Приказната на Електра“ по текст на Сашо Димоски, а во режија на Дејан Пројковски беше премиерно изведена во Инчеон, Јужна Кореја на 26 јули. Двете премиерни изведби привлекоа големо внимание и стоечки овации. Претставата беше дел од програмата на 43. Националниот театарски фестивал. Станува збор за современа интерпретација на античкиот мит за Електра, во која јазикот на телото, минималните дијалози и прецизната ...

Самостојната изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ ќе биде отворена во Куќата на Робевци на 1 август во 20 часот. По самостојните излагања во Париз и во Венеција минатата година, како и во Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос при ...

Отсекогаш ме интересирале приказни за врската меѓу луѓето и животните и како тие можат да изразат моќни метафори за самите нас и за светот. На некој начин, ова не е навистина приказна за мечка, туку е приказна за бегалците, за надежта и за љубовта – вели режисерот на филмот, Ијан Гарднер Тој бил можеби најпознатиот мечок во Полска, а исто така многу сакан и во Шкотска, иако дошол од Сирија. Војтек беше мечок посвоен од полски полк за време на ...

Веројатно сум имал среќа да ме фати мајата или е до воздухот од Куманово, град што дал многу актери низ историјата, вели актерот Жарко Јовановиќ. Тој е член на ансамблот на Театарот од Куманово во последните пет години, а неговиот лик престорен во познати политичари и јавни фаци неретко се случува и да го замешате со „оригиналот“. Неговата последна премиера е „Калигула“ на режисерот Ѓорѓи Ризески, a во тек е подготовката на нова премиера во ...

Биеналето ќе започне на 29 октомври годинава преку серија изложби и настани на повеќе локации во Скопје и пошироко и ќе трае цела година Многу новини најавуваат организаторите на 15. Биенале на млади уметници што ќе почне на 29 октомври и ќе трае цела година. Биеналето ќе се одржува на повеќе локации низ Скопје и Македонија, може да учествуваат автори и над 35 години и нема да биде отворено само за професионални уметници. Пријавувањето е веќе ...

Националниот џез оркестар утревечер ќе настапи на еден од најзначајните културни настани во регионот, фестивалот „Сплитско лето. Концертот ќе се одржи на величествениот Перистил во Сплит, во организација на Хрватскиот народен театар. Публиката во Сплит ќе има ретка можност да ужива во уникатна програма што го поврзува современиот џез со традиционалното португалско фадо. НЏО ќе настапи со извонредната вокалистка Мариа Мендеш, под диригентство на ...

Два бронзени медала освои македонскиот тим Меѓународната олимпијада по економија што се одржа во Баку, Азербејџан. Бронзени медали освоија Христијан Захарчев и Миша Веселински. Во тимот беа и Сара Тошевска и Теа Ангелова кои успешно ја претставија Македонија на престижниот натпревар. Водичи на тимот беа проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска и Стево Ѓоргиев, докторанд на Институтот по математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Тие ...

Српскиот филм „Отецот наш“ во режија на Горан Станковиќ, во кој Македонија е малцински копродуцент, ќе ја има светската премиера на 50. Меѓународен филмски фестивал во Торонто. Станува збор за фестивал од А-категорија, а ќе биде прикажан во Discovery. Македонски продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“ од Скопје. Улогите ги толкуваат: Борис Исаковиќ, Вучиќ Перовиќ, Тони Михајловски. – Ова е дело што нè предизвика сите нас – приказна за верата, ...

Македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ е селектиран на два фестивали во Италија. Филмот на Гоце Цветановски ќе биде прикажан во главната програма на Меѓународниот фестивал Аријанао, каде што ќе има проекција утревечер, како и на International Tour Film Festival во Рим, во текот на октомври. Двата фестивала имаат за цел да ја промовираат кинематографската уметност преку поттикнување на иновативни стилски пристапи ...

Да, го живеам својот сон, да имам влијание преку науката, да работам со талентирани колеги од целиот свет и да придонесам за решенија што ги надминуваат границите. Кина ми даде можност да ги спроведам своите идеи во практика, особено во областа на атмосферската хемија и климатските промени, вели проф. д-р Сашо Глигоровски, кој неодамна одржа предавања на Институтот за физика при ПМФ во Скопје, чиј дипломец е По 30 години откако дипломирал на ...

Со традиционалното дефиле по Широк Сокак, пред стотици граѓани и гости, вчера свечено беа отворени 55-те „Илинденски денови“ – најзначајниот фестивал на народни песни и игри во Македонија. Битола уште еднаш се претвори во сцена под отворено небо, каде културите се сретнуваат преку игра, носија, ритам и боја. Во дефилето учествуваа над 1.300 учесници од Македонија и од шест земји – Грузија, Полска, Хрватска, Швајцарија, Мексико и Индонезија. ...

Бронзен медал и пофалница освои македонскиот тим на 36. Меѓународна олимпијада по биологија што се одржа во Кезон Сити, на Филипините. Медалот го освои Теона Ана Георгиевска од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Скопје, а пофалница Георги Николоски од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп. На натпреварот успешно се претставија и Емилиа Аврамоска од средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и Ања Спасевска од „Јахја Кемал“. Нашите ...

Под мотото „Театарот го менува светот“ од 3 до 7 август во Центарот за култура во Битола ќе се одржи 14. Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“. На две сцени во Центарот ќе се одиграат десет претстави. А покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот оваа година подготви богата придружна програма. Шест претстави од Грузија, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Албанија и Македонија ќе се натпреваруваат за фестивалското Гран-при ...

Сите мои студентски филмови се инспирирани од вистински животни приказни и луѓе. Мојата страст е да ги документирам и анимирам нивните приказни – вели младата режисерка Ема Зафировска, која дипломираше во Велика Британија. „Мајчински инстинкти“, дипломската работа на Ема Зафировска, е краток анимиран документарен филм во кој се истражуваат искуството на Амрит Даливал, слепа мајка, и нејзините лични предизвици во улогата на родител. Ема неодамна ...

Со 8 милиони денари ќе бидат уредени музеите на Скопското Кале што беа изградени пред повеќе од десетина години. Тврдината е веќе искосена и хортикултурно уредена. Парите се веќе обезбедени со ребалансот на буџетот. Калето денеска го посети министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалници на неколку скопски општини. – Скопското Кале со години беше запуштено, заборавено, небезбедно. Не смееме да дозволиме местото што секојдневно го ...

Овој извонреден интерес за „Мајка“ е доказ дека филмот има потенцијал да стане еден од најистакнатите европски филмови оваа година – велат од француската агенција Kinology, задолжена за светска продажба и дистрибуција Филмот „Мајка“ не е биографија, туку длабока човечка и духовна драма, инспирирана од внатрешната борба на младата Тереза пред да зачекори во својата мисија. Филмот се фокусира на клучните седум дена во кои се кршат убедувањата, ...

Студентскиот дипломски филм „Сенките на месечината“ на Тина Величковиќ и Димитар Атанасоски ја освои наградата за најдобар регионален студентски краток филм на Silver Frame Film Festival што се одржа во Сребреница, Босна и Херцговина. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности од Скопје. Silver Frame Film Festival е значаен настан кој се фокусира на обезбедувањето простор за креативен дијалог, соработка и рефлексија обележан преку ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
92%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.0
65%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
88%
1029
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
70%
1026
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
86%
1026
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
86%
1028
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
76%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65772

Currency

0.33645

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Платина

56365.91

Паладиум

4758.31

Рутениум

29192.88

Сребро

1991.62

Калај

42.10

Иридиум

145787.60

Бакар

10.77

Родиум

256402.20

Алуминиум

2.89

Злато

138244.13

Цинк

3.24

Кобалт

58.42