Изложбата „Од чета до армија“ од авторот м-р Бојан Трпевски, водич историчар, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност вечерва во 19 часот. Преку примероци на оружје, фотографии, документи и други материјали, изложбата ќе ги претстави клучните етапи од процесот на создавање на македонските вооружени сили – од ајдутството, преку востаничките чети и одредите во Народноослободителната борба, до создавањето на македонската ...

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе им додели целосни стипендии на членовите на македонскиот тим на Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2025), што забележа голем успех на Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2025) во Сукре, Боливија. Во конкуренција од 330 ученици од 86 земји, нашите млади информатички гении освоија два сребрени медали (Дамјан Давков и Леонид Цуклев) и олимписка ...

На 37. Поетска ноќ во Велестово што ќе започне од утревечер до 17 август, ќе настапат 16 поети, музичари и уметници од вкупно од шест држави (Ирска, Азербејџан, Хрватска, Романија, Бугарија и Македонија). Програмата ќе започне со поетскиот портрет на Андреј Ал-Асади, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува интернационалното поетско читање „Имаго“, на кое ќе настапат поетите од странство. Истата вечер, од ...

Годинава имавме две премиери од минатогодишната работилница на „Преку езерото“ во Дојран. Два одлични кратки филмови. Третиот е во завршна фаза на постпродукција. Успехот од овогодинашнатаработилница се надевам дека ќе се случи следната година, вели Александар Русјаков, кој им беше ментор на неколкумина студенти кои ги прават своите први обиди за да напишат сценарио, а и да реализираат филм.Фестивалот во Дојран заврши вчера. Токму во рамките на ...

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ ќе биде отворен на 21 август со проекција на два филма – краткометражниот „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот „Само на земјата“ на Робин Петре. Во музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ концерт ќе одржи гитаристот Мухамед Ибрахими. На прес-конференцијата што денеска се одржа во Младинскиот културен центар, се обратија Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула ...

Најдобар медитерански филм на фестивалот „Преку езерото“ е прогласен „Мали проблематични девојки“ на словенечката режисерка Уршка Ѓукиќ. Наградата се доделува за „автентичното прикажување на тинејџерското растење и созревање преку откривањето на сексуалноста. Станува збор за длабоко и сензуално деби кое отворено зборува за копнежот по оваа речиси неистражена територија меѓу детството и животот на возрасните.“ За својот креативен процес на ...

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” ќе ја доживее својата азиска премиера на крајот на август, на 11. Бакунава филм фестивал во Манила, Филипини. Фестивалот го носи името на „Бакунава” – митска морска змија од филипинскиот фолклор за која се верува дека предизвикува затемнувања на месечината, и е специјализиран за жанровски филмови: научна фантастика, хорор и анимација. Со проекции, работилници и семинари, Бакунава филм ...

Во последно време сè поголем број површини се зафаќаат со фотоволтаици од кои добар дел се подигнати врз квалитетни земјоделски површини, вели проф. д-р Душко Мукаетов од Земјоделскиот институт од Скопје Урбанизацијата е една од најтешките облици на деградација на почвите. Плодните површини се губат трајно затоа што тие се запечатуваат. Во последно време сè поголем број површини се зафаќаат со фотоволтаици од кои добар дел се подигнати врз ...

Сцената „Долни Сарај“ завчеравечер беше центар на музичките збиднувања во Охрид со концертот на „Охридско лето“ кој го одржаа Националниот џез оркестар и познатиот нигериски музичар, текстописец, вокал и саксофонист, Шеон Кути, под диригентската палка на маестро Џијан Емин. Кути, познат по своите атрактивни изведби и социјално свесна музика, е најмладиот син на пионерот на афробитот, Фела Кути, поголемиот дел од својот живот го помина ...

Најдобар филм на 9. „Дрим шорт“ во Струга е „О“ на Рунар Рунарсон. Тоа е филм кој се издвојува поради длабочината на приказната, мајсторската режија, беспрекорната актерска игра и впечатливата фотографија. Целосно заокружено филмско остварување во секој поглед – не само технички, туку и емотивно, филм кој не те остава рамнодушен – истакна четиричленото жири, во состав Никола Ристановски, Јелена Јованова, Гуидо Казале и Бранко Ристовски. Најдобар ...

Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп на 14 август ќе биде отворено инспиративно и уникатно литературно-уметничко „пловење“ облагородено со доза на филозофска длабочина со прилепската уметница Александра Ацеска. Изложбата и промоцијата на книга насловено Flow. Flow го истражува патот на животот преку водата. – Проектот е составен од уметнички дела, како и уметничка книга која се состои од неколку приказни ...

Единаесетмина визуелни уметници од земјава, регионот и од Европа од денеска до 18 август ќе престојуваат во Галичник, ќе се дружат, ќе создаваат уметност и културни мостови Како трауматичните историски искуства, иако не се директно доживеани, се врежуваат во свеста и идентитетот на наредните генерации? Ова се дел од истражувањата на Мериен Хирш, Алејда Асман, Ролан Барт и В.Г. Зебалд, кои се инспирација за темата на годинашното 36. издание на ...

Немам родна куќа во моментов, не се чувствувам дома повеќе ниту во Иран, ниту во Италија и барам трето место. Комплицирано е да си режисер со чудно име во Италија. Не живеам во Рим каде е центарот на филмската индустрија, туку во Торино. Таму завршив филмска школа и моето филмско раскажување е резултат токму на таа школа. Она што вечерва ќе го видите во филмот е она што јас го гледам во Торино, а за жителите тоа е невидливо, рече режисерот Милад ...

На летната сцена во комплексот „Словенска плажа“ во Будва, Црна Гора, синоќа беше изведена премиерата на претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ. Претставата е копродукција на Драмски театар Скопје, Белградското драмско позориште, Местното гледалишче Љубљана и продукцијата на „Град театар“ Будва. Предизвикот да се ...

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст, објавија хрватските медиуми. Оваа тажна вест доаѓа само два месеци откако нејзиниот син, музичарот Матија Дедиќ, исто така, почина на 53-годишна возраст. Таа беше позната хрватска поп и џез пејачка. Родена на 8 јули 1936 година во Берлин, детството го поминала во Берлин и на Хвар. Откако се преселила во Загреб, дипломирала на Факултетот за применети уметности, а потоа ...

Уметниците Филип Фидановски и Ана Митевска ќе учествуваат на меѓународната изложба Butterflies in the Soul што ќе се реализира на Западната тераса на Братиславскиот замок во Словачка од 14 до 30 август. Изложбата е во организација на SME ŽENY од Братислава, во соработка со Националниот совет на Словачка. Фидановски ќе се претстави со 7 скулптури во керамика од изложбата „Пикасо можеби јас 2“, а Ана Митевска со 4 слики акрил и масло на платно од ...

Претставата „Ноќта кога ја убив месечината“, својата 26-та изведба ја доживеа завчеравечер на полна месечина на Големо Езеро (2218мнв), Пелистер. Совршениот спој на вечноста отсликана низ отсјајот на полната месечина на површината на езерото и моќната енергија на актерите инспирирани од мирот и спокојот на природната сцена, надополнети со желбата на публиката да се доживее едно ново патување низ реалноста на секојдневието, ја направија оваа ...

Рекордни 396 автори од цел свет се пријавија на 22. Меѓународен салон за стрип „Велес 2025“. Од нив 164 се македонски автори. Сите пристигнати дела ќе бидат прегледани од жири-комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајната стрип манифестација кај нас што ќе биде отворена на 20 август. Според Томе Трајков, програм координатор на Стрип ...

Се конципира конкурс за серии кој би бил отворен во јануари. Веќе десет години немало ваков конкурс во Агенцијата за филм, рече в.д. директорот Сашко Мицевски Македонија мора да дефинира што е филм од национален интерес. Досега биле финансирани проекти кои сметам дека не треба да припаѓаат во таа категорија. Нив треба да ги финансира МРТ или некоја друга сродна институција, рече в.д. директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски на ...

Во Амфитеатарот во Дојран синоќа и свечено беше отворен Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. На актерот Лазар Ристовски му беше врачена наградата „Мето Јовановски“ за високо достигнување во уметноста на филмот, која фестивалот ја доделува по втор пат, а беше прикажан филмот „Кога летото ќе заврши“ на Данис Тановиќ, како и краткиот дебитантски филм „Боја на темнината“ на Кристијан Костадиновски – филм поддржан од ...

На тема „Постмеморија – одек на тишината“, од 12 до 18 август во Галичник ќе се реализира ликовната колонија 36 -та сесија на „Галичник 2025“ – една од најреномираните и најпрогресивни уметнички колонии во регионот. Со јасна ориентација кон современите текови во визуелната уметност, колонијата и понатаму гради платформа за иновативна, интер-/транс-дисциплинарна и концептуална продукција. Темата е инспирирана од истражувањата на Мериен Хирш, ...

„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата со афоризми на бугарскиот писател и афористичар Дилјан Бенев. Во својата книга „Неповратно“ бугарскиот писател и афористичар Дилјан Бенев, на читателот му нуди афоризми кои според својата структура, симболика и метафорика го потврдуваат необратливото, необратното, непревртливото, непревртеното, непресвртното во секојдневната реалност – што е контрапункт на логиката, разумот и човечноста. Книгата ...

Изложба на акварели на Билјана Санџакоска, со наслов „Прелевања“ од синоќа е отворена во галеријата „Вангел Коџоман“ во Струга. За изложбата зборуваше проф. д-р Иван Додовски, а настапи и вокалистката Ева Милошевска во придружба на гитаристот Методи Поповски. Изложбата содржи седумдесет акварели во мал формат во кои доминираат топосите на езеро, планина, поток, шума и селски куќи зад чии необични издигнати покриви често се наѕира купола на храм ...

Книгата „Калиграфи на филмското писмо“ на Влатко Галевски ќе биде промовирана денеска во 19 часот во Кинотеката на Македонија. Промоцијата е во рамките на 6. „Флипбук филм фестивал“ што ќе трае до утревечер. Книгата во разговор со авторот ќе ја претстават Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков. Филмофилското издание на Галевски понудува иновативен филмолошки концепт во толкувањето на делата на дванаесет мајстори на филмскиот занает како: Вим ...

Филмот „Дневникот на машиновозачот“ во режија на Милош Радовиќ беше прикажан синоќа во Амфитеатарот во Дојран, во чест на лауреатот на наградата „Мето Јовановски“, Лазар Ристовски. Публиката беше одушевена од драмата со примеси на комедија што ја третира темата на машиновозачите и траумата што ја имаат поради неизбежната појава на прегазување на луѓе на железничките пруги. По проекцијата на филмот публиката беше дел од сесија на прашања, а ...

Награда за најдобар научен труд освоија студенти и истражувачи од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје на меѓународна конференција за обработка јазик – ACL (Association for Computational Linguistics) во Виена, Австрија. “Towards Open Foundation Language Model and Corpus for Macedonian: A Low-Resource Language” е насловен трудот на Стефан Крстески, Борјан Саздов и Матеа ...

Во рамките на програмата на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ кој се одржува во Дојран, годинешниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“, српскиот актер, Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на тема „Aктерството во уметноста на филмот и местото на актерот во филмската индустрија денес“. Во Музејот на Град Дојран, Ристовски го сподели неговото прво искуство со актерството кога снимале филм со негов колега. – ...

Гран-при за најдобра претстава во целина на фестивалот „Битолино“ ја доби претставата „Вошката и мравката“ на Театарот за деца и млади „Нодар Думбадзе“ од Тбилиси, Грузија. За наградите одлучи жирито во состав: бугарската актерка и режисерка Ефимија Павлова и македонските актери со интернационална кариера Тони Наумовски и Мартина Тапарчевска. Во чест на наградените премиерно беше изведена претставата „Аудиција“ на Театарската школа „Бабец“. – ...

Оваа претстава е големо достигнување и за македонскиот театар, воопшто, затоа што на неа работеше вредна театарска екипа – режисерот Ријани, асистент на режија – Иван Јерчиќ, сценографот Валентин Светозарев, костимографката Марија Пупучевска. Култната политичка драма од Вилијам Шекспир, „Јулије Цезар“ во режија на Ќендрим Ријани, вечерва во 21 часот ќе ја има својата премиера во Диоклецијановата палата во Сплит. Премиерата е во рамките на ...

Дипломираните студенти стекнуваат и некои општи квалитети, како што се анализирање, оценување и презентирање информации, идеи и концепти коишто се изведени од релевантни податоци Математиката е основа за многу научни, образовни, технолошки и финансиски дисциплини. Секој од студентите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ до крајот од своето студирање стекнува знаења од одредени ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
70%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
80%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
9.5
88%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.02
89%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
82%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
92%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Калај

40.11

Никел

471972.96

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Кобалт

55.67

Алуминиум

2.89

Злато

135322.28

Платина

53106.37

Цинк

3.24

Родиум

255598.44

Бакар

10.76

Паладиум

45879.12