Белград
12ᴼ /
12ᴼ
Намалување на културното, општественото и архитектонското исклучување на 20 отсто од населението – лица со попреченост од Македонија, Полска, Словачка и Унгарија беше една од целите на првата студиска посета во Варшава, Полска на Здружението „Икуалити“. Посетата е во рамките на проектот ID:Citizens спроведуван во партнерство со Фондацијата „Интеграција“ (Полска), Здружението „Тененет“ (Словачка) и Организацијата „Рака под Рака“ (Унгарија), со ...
„Уметноста на јавното говорење“ е насловот на тридневната обука што ја организира „М6 Едукативен центар“. Обуката ќе се одржи од 24 до 26 септември од 9 до 15 часот во просториите на М6. Програмата опфаќа три сегменти: Мисловни модели, самодоверба и актерски техники, Управување со емоции, градење врска со публиката, практичен настап и Односи со медиуми, ТВ-настап, справување со тешки прашања, работа пред камера. Тренингот ќе биде предводен од ...
„Линиски одрази“ е насловена изложбата на цртежи од Филип Перески што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во продажниот ликовен салон на Културно-информативен центар во Скопје. Според Викторија Димеска, историчарка на уметност, Перески ликовно ги истражува бескрајните можности и начини со коишто инвентивно ги реконтекстуализира – линијата врз дводимензионалната површина и формата во тродимензионалниот простор. – Неговиот цртеж и сликарство се ...
„Живко Поповски – живот посветен на архитектурата“ е насловот на изложбата посветена на влијателниот скопски архитект што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје. Изложбата се темели на повеќегодишно истражување на професорките, д-р Анета Христова-Поповска и д-р Мери Батакоја. Поставката го осветлува проектантскиот опус на Поповски, претставен со ексклузивни материјали од приватната архива. Публиката ќе ...
Филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во Кинотеката на Македонија. Филмот е дел од ревијата во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници. Во филмот од 2012 година, играат: Катарина Иванова, Сашко Коцев, Раде Шербеџија, Митко Апостоловски и др. Во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои ...
Постоеше една екстатична ерупција на цитат од Јонас Мекас што отсекогаш сум го паметел. Потекнува од документарец за авангардно кино, чие име одамна го имам заборавено. „Не ме интересира документарец. Ме интересира поезија!“, извика тој. Па, Мекас сигурно би ја обожавал „Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска, ко-режисерката на „Медена земја“, затоа што тоа е извонреден документарец кој истовремено е и зачудувачки поетско дело, пишува ...
Во галеријата „Метаноја“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде прикажана ликовната изложба „Физиогномски белешки/потиснати соништа”. Изложбата се состои од 30-ина ликовни дела изработени во Психијатриската болница во Демир Хисар и на истата ќе учествуваат 11 лица: уметникот Тони Попов, историчарката на уметност Јасмина Котевска и девет лица штитеници на Психијатриската болница од Демир Хисар. „Физиогномски белешки /потиснати соништа” се ликовни ...
Сојузот на математичари на Македонија по 7. пат ја организира Есенска математичка школа наменета за основци од 4 до 9 одделение и за средношколците од цела држава. Годинава предавањата на школата ќе бидат во три дела – тематска настава, олимписка математика за јуниори и олимписка математика за сениори. Предавањата ќе се одржуваат во саботите во текот на октомври, ноември и декември во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. ...
Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури „Паралелни светови – талог“ од Соња Поповска-Трајковска. Таа ќе се претстави со дваесетина скулптури од најновото творештво. Поповска-Трајковска за првпат излага пред кумановската публика. Скромниот дух е рефлексија на творечкиот хабитус на Соња Поповска-Трајковска, пишува историчарот на уметност Роберт Цветковски. – Сепак, да се ...
„Кривата Дијана“ отскокна од конкурентски ракописи зашто е проза на актуелниот момент, на вчерашноста и на сегашноста, со антиципација на иднината заглавена во тркалото на колективната несреќа во општества какво што е македонското, пишува во образложението на жирито „Кривата Дијана (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска ја доби книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2025 година. Во најтесниот избор беа романите: ...
Претставата „Разбуди се Тина“ според авторот Милан Гргиќ, а во режија на Драгана Таневска, на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе биде премиерно изведена на 9 октомври, на затворањето на фестивалот „Денови на комедијата“. Улогите ги толкуваат: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Никица Јанковски, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Сања Русеска, Владо Дојчиновски и Анастасија Трајковиќ. ...
Сликовницата „Нела Смела и Бушавата Бура“ на писателката Билјана С. Црвенковска и илустраторката Катерина Николовска (издание на „Чудна шума“) е објавена на хрватски и на словенечки јазик, во рамките на партнерскиот проект „Планета НАДЕЖ: Нова европска проза“. Хрватскиот превод “Nela Smjela i čupava bura”, дело на младата преведувачка Магдалена Кукиќ, која е и една од семинаристките на летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, ...
Кампањата, која започна во 2022 година, значително го зголеми интересот за современата македонската книжевност низ сите библиотеки од мрежата на ГБСК, па и пошироко. „Читаме современи македонски автори“ во 2024 година беше прогласена за Промотор на читачката култура од страна на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ). Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје го започнува четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски ...
Во Музејот на современата уметност во Скопје задутре (3 септември) во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба за еден од највлијателните македонски архитекти, Живко Поповски. Ова е прва сеопфатна презентација на неговото дело. Куратори се Анета Христова-Поповска и Мери Батакоја. Изложбата го осветлува неговиот проектантски опус, претставен со ексклузивни материјали од приватната архива. Публиката ќе има можност да види десетици ...
„Откривање на нашата природа“ е насловена изложбата од Ивона Велковска, Катерина Филиповска-Стефановска и Розета Картова, отворена во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Тие се претставуваат со дела изработени во акрил, масло и комбинирани техники на платно и со фотографски записи, Куратор на изложбата е Виолета Калиќ. Според неа, современото живеење и технолошкиот напредок сè повеќе го оддалечуваат човекот од природата, од себеси, а со ...
Учебната 2025/2026 година почнува денеска за 245 илјади ученици – 177.800 основци и 67.200 средношколци, соопшти Министерството за образование и наука. Наставата ќе трае до 10 јуни, освен за матурантите кои ќе ја завршат годината на 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, за прв пат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. – Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во ...
Филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски освои Гран при на фестивалот „Голема Златна мимоза“ што се одржа во Херцег Нови, Црна Гора. Наградата ја доби за „способноста да внесе нова виталност и емоции во наративот за созревање“. Како што беше најавено на затворањето на Филмскиот фестивал во Херцег Нови, жирито составено од Предраг Перишиќ – претседател, и членовите Есра Демиркиран, Маја Богоевиќ, Наташа Нинковиќ и Горчин Стојановиќ, ...
Претставата „Ангели во Америка: Среќна фантазија на национални теми“, ремек дело на Тони Кушнер, во режија на Филип Петковски ќе биде премиерно изведена утревечер во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје. За оваа драма, Кушнер е добитник на „Пулицеровата награда“, наградата „Тони“, а текстот го напишал инспириран од својот приватен живот. Ова дело засекогаш ќе ја промени светската театарска историја, а Кушнер ќе го ...
„Матица македонска“ неодамна го објави романот „Турчинот шахист“ од истакнатиот српски писател, Александар Шурбатовиќ, во превод на македонски јазик. Станува збор за еден од романите што има привлечено најголемо внимание во целиот регион во последните две-три децении, со голем интерес и на широката читателска публика, и на книжевната критика. Според српската книжевна критика, ова е роман на епохата што покрива широк временски распон од речиси ...
Одлучив да го споделам моето лично искуство за начини кои се покажаа дека навистина функционираат. За мене најголемата гордост е што успевам да изградам пријателство и авторитет со моите ученици, вели наставникот Дунимаглоски Пишува: Игорче Дунимаглоски, наставник Бидејќи училиштето е место за учење со ред и дисциплина каде се воспоставени јасни граници, предизвикот на денешните наставници е да најдат баланс помеѓу пријателството и авторитетот ...
Пишува: М-р Маја Георгиева Павловски, лиценциран семеен и системски советник, основач на Mental Growth Секоја есен, илјадници мали чекори преминуваат прагови на училници, носејќи во себе возбуда, радост, но и страв од непознатото. Кога првачињата го прават чекорот во училницата, тие не влегуваат сами. Со нив влегуваат и сите грижи, радости и стравови на родителите. Првиот училиштен ден за првачето е врата кон нова авантура, а за родителите ...
Новиот документарен филм „Силјан“ на Тамара Котевска, вчера ја имаше својата светска премиера на 82. Венециски филмски фестивал, во програмата Out of competition. Дел од екипата на филмот присуствуваа на црвениот тепих и на прес-конференцијата во чест на филмот. Меѓу нив беа, Котевска, монтажерот Мартин Иванов, актерката Верица Недеска, продуцентот Јорданчо Петковски, директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски и др. Филмот, кој по ...
Фестивалот „Бит фест 2025“ ќе биде затворен утревечер во 21 часот на платото пред Офицерскиот дом. Настанот ќе донесе едно поинакво аудиовизуелно искуство, поврзувајќи го културното наследство, дигиталната уметност, музиката и актерството во едно. По два месеци исполнети со култура, уметност и инспирација, „Бит фест“ ќе го заокружи своето 17-. издание. Во рамки на затворањето ќе биде претставена завршната видеопрезентација на “Bitola Art ...
17. фестивал БОШ, во организација на Здружението на граѓани „Арт еквилибриум“ од Гевгелија, ќе се одржи вечерва и утревечер како дел од програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Изложби, инсталации, филмови, промоција на роман, работилница за деца, видеопроекции, концерти и други содржини ќе бидат дел од програмата на овогодинешниот БОШ фестивал. Дводневната програма ќе се одвива во и пред Народниот театар, ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што се одржа од 21 до 28 август во Куршумли ан, плато пред Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје со мото „Кому му е гајле за реалноста?“, синоќа го заокружи своето 16. издание. Беа врачени наградите за најдобрите филмови. Комисијата за наградата „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм во состав Марк Едвардс, Џејмс Берклаз-Луис и Маргарита Арсова едногласно ...
Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје утревечер ќе гостува во Народниот театар во Тузла на фестивалот „Позориште без граница“ во организација на „Драфт театар“, со дуодрамата „Добри луѓе“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Со оваа изведба ќе заврши и летната турнеја со оваа претстава, која претходно гостуваше во Крушево, Радовиш, Демир Капија, Велес, Скопје и во планинарскиот дом „Вртешка“ на ВИА 2025. „Добри луѓе“ е продукција од ...
Дали назначувањето на директори е политички договор помеѓу коалициските партии на власт, се почитува ли соодветната правична застапеност на заедниците според бројот на вработени во двете институции кои се резултат на Рамковниот договор донесен на 13 август 2001 година со кој заврши воениот конфликт во Македонија на почетокот на овој век Истражувајќи ги актуелните состојби во Националната галерија на Македонија и отворањето на прашањето дали ...
Последната летна игранка ќе се одржи вечерва во 20 часот во „Лабораториум“ во Скопје. Музика ќе пуштаат: Пејчи, Томи, Бела, Коко и Тута. – Летото го испраќаме со танц. Старата добра екипа ќе пушта евергрини и незаборавни хитови кои ќе нè движат до доцна во ноќта. Оваа игранка носи вечер полна со носталгија, енергија и музика што нема да дозволи да седите. Соберете го друштвото или повикајте партнер на рандеву – повикуваат од „Лабораториум“. ...
Со долг аплауз и стоечки овации, долгоочекуваниот филм „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска беше премиерно прикажан на 81. Венециски филмски фестивал во преполната Sala Darsena, отворајќи ја престижната селекција „Хоризонти“. Филмот раскажува интимната и драматична приказна за младата Тереза во Калкута, 1948 година – во мигот кога таа чека одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да основа нов ред. Во главната улога блеска ...
Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија. Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука. Обезбедени се и учебници по странските јазици, за прв пат после седум години во ...