
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



„75 години македонски код“ беше насловот на завршниот јубилеен концерт на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, што се одржа завчеравечер во Националната опера и балет. Ова патување низ македонската фолклорна традиција е кулминација на серијата јубилејни концерти што Ансамблот ги одржа низ годината, славејќи ја македонската култура и традиција. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, честитајќи им го јубилејот на сите ...
„Фамилијата Адамс“ е новата премиера што ќе се изведе утревечер во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Режисерката Теа Беговска воедно е и автор на текстот и адаптацијата за претставата. Во уметничкиот тим што ја работеше „Фамилијата Адамс“ се сценографот Никола Пијанманов, костимографите Ратка Џамбазовска Коцев и Раде Василев, а музиката е на Енес Беговски. Кореографијата ја направи Бојан Лазаров. Ликовите во ...
Тоа ќе овозможи заштита, но и туристички посети на објектот 12 месеци во годината Современ објект кој ќе го штити велелепниот објект и мозаиците на археолошкиот локалитет Стакина Чешма кај Валандово и ќе биде достапен за јавноста низ целата година е крајната цел на археолозите и конзерваторите од Скопје и од Струмица. Археолозите и годинава работеа на локалитетот, а се правеше и конзервација на мозаиците. Во активностите за првпат беа вклучени и ...
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена првата Меѓународна изложба на уметничка фотографија МОТУС 2024. На конкурсот се пријавиле вкупно 150 автори од 44 држави со вкупно пријавени 1.726 фотографии во три категории. Од нов жирито избрало вкупно 508 фотографии од 130 автори од 41 држава. На изложбата ќе бидат изложени вкупно 54 фотографии. Жирито беше во состав: Дејан Ангеловски, Борислав ...
Музичкиот ансамбл од Тетово ќе одржи новогодишен концерт задутре (28 декември) во 19 часот во Центарот за култура во Тетово. На завршниот концерт ќе бидат изведени најголемите поп хитови, од познати бендови и солисти како Стинг, Мајкл Бубле, Тина Тарнер, Андеа Бочели и многу други. Ќе настапат солистите: Фјола Ибраими, Леотрим Зејнула, Елита Зибери, Шпетим Мустафа и Вулнет Незири. Диригент е Премтим Етеми. Утревечер, пак, во 20 часот, Државното ...
Деновиве е дома, во Македонија, активен на промоција на „Буки“, дигиталната платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик. Тој е пишувач, блогер, истражувач и иноватор, многу активен на социјалните мрежи што е невообичаено за еден научник. Тој е еден од македонските научници што успешно работат во светот, но постојано и постојано се враќа дома. Затоа што е уверен дека може да работи научни истражувања ...
„Вистински“ е насловот на новиот албум на групата Д.Н.О., позната на македонската музичка сцена со своите значајни музички остварувања. Албумот излезе на 22 декември и е достапен на сите значајни дигитални музички платформи. Д.Н.О. е составена од петмина членови: Владимир Поп Христов, Бодин Попов, Петар Лукиќ, Филип Попов и Гордан Попов. Нивната музика најчесто комбинира различни жанрови, проткаени со оригинални мелодии и текстови кои носат ...
„Слушни! Доаѓа Новата…“ е насловен традиционалниот новогодишен концерт на Македонската филхармонија што ќе се одржи утревечер во 20 часот. Оркестарот ќе го води Елена Митревска, македонска диригентка која во моментов работи во Операта во Малме, Шведска. На програмата се најпознатите валцери и полки од Јохан Штраус, како и дела од Бизе, Чајковски и Сен-Санс. Eлена Митревска завршила студии по хорско и оркестарско диригирање на Универзитетот за ...
„Тумбите и наколните населби на предисториски локалитети во Охридско-преспанскиот Регион и Пелагонија се подеднакво опкружени со ровови и имаат линеарен распоред на градбите. Тоа дополнително ја потврдува комплексната организација на предисториските локалитети и овозможува подобро разбирање на архитектурата, просторното планирање и општествените процеси во различни етапи на овој период“, соопшти Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП) ...
Во скопскиот клуб „Маракана“ во петок во 20.30 часот концерт ќе одржат „Епидемик“ со нивното уникатно шоу насловено како „Ѕвездите на гранџот“. – Нивните изведби не се само музички искуства за љубителите на овој звук, туку и еден вид временска машина, која ве враќа во периодот кога гитарските рифови и искрените текстови беа во срцето на рок сцената – велат организаторите, „Андерфест“ од Скопје. Публиката ќе има одлична можност да ужива во ...
Ова е приказна за помирувањето и простувањето во балканскиот историски контекст. Приказна за научници од две балкански земји, која покажува дека помирувањето и простувањето е можно и на Балканот, ако не меѓу народите, барем меѓу потомците на жртвите и на прогонителите. Од печат излезе романот „Простување“ од реномираната македонска романсиерка Кица Колбе. Книгата е дел од едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-Или“ од Скопје. – Приказната ...
Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје утре напладне ќе се одржи промоција на публикацијата „Циклус цртежи Мариово 1936 од Борко Лазески“. Изданието содржи цртежи кои Лазески ги создал во 1936 година, инспириран од неповторливиот пејзаж, традиција и култура на Мариово. Публикацијата вклучува репродукции на цртежите, критички текстови и историски осврти што ја доловуваат вредноста на овие дела како и културно-историскиот ...
Не е важно колку имаш, туку колку даваш од себе. Кога ќе видиш насмевка на лицето на некого, знаеш дека твојот труд има смисла, вели Драган Сојуз на извидници на Македонија доби нова ѕвезда – Драган Дончески, кој неодамна ја освои престижната титула „Извидник на годината“. Ова признание ја потврдува неговата посветеност, истрајност и љубов кон извидништвото, кои оставаат траен белег не само на неговата заедница, туку и на национално и ...
Душица Брачиќ дипломиран студент со просек 10 на Институтот за етнологија и антропологија беше прогласена за најдобар студент на Природно-математичкиот факултет про Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. ПМФ деновиве одбележа 78 години од основањето. ДУШИЦА БРАЧИЌ, СТУДЕНТКА: КОЈ ВЕЛИ ДЕКА ЗА ЕТНОЛОЗИ И АНТРОПОЛОЗИ НЕМА РАБОТНИ МЕСТА?! На свеченоста беа доделени признанија на двајца вработени што се пензионираа во 2024 година (Ратка ...
„Чест е да се носи наградата со името на некогаш првото македонско новинарско перо Мито Хаџи Василев – Јасмин. Новинарството останува на својата задача – да трага по вистината“, рече спортскиот новинар Атанас Костовски на вчерашното вречување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за новинарство и за публицистика. Тој и новинарот Љупчо Јолевски ја добија наградата за новинарство, а Иван Антоновски и Делвина Крлуку за публицистика. ...
Новогодишна песна „Бушава Нова година“ со која се најавува враќањето на образовно-забавниот бренд „Бушава азбука“ ќе биде промовирана деновиве. Песната е копродукција на 2БА (Втора „Бушава азбука“) продукција, „Види вака раскажувачко студио“ и Георги М. Унковски. Песната е дел од новата серија „Буквождер“, анимирано продолжение и приказна за буквите и за македонскиот јазик од легендарната „Бушава азбука“. „Бушава Нова година“ ја пеат хероите од ...
Документарниот филм „Земја за нас“ на режисерката Карла Црнчевиќ ќе биде премиерно прикажан в понеделник (23 декември) во 18 часот во Кинотеката. Проекцијата е во рамките на 12. Фестивал за феминистичка култура и акција „Прво па женско“. Во рамки на премиерата е вклучена и интерцисциплинарна програма ќе вклучува панел дискусија на тема „Живот без капитализам: Како дотаму?“. Преку дискусијата на тема „Живот без капитализам: Како дотаму?“, ќе ...
Промоцијата на книгата „Ретки птици“ на нашиот публицист и музички новинар Ненад Георгиевски ќе се одржи на 25 декември, во 19.30 часот во „Лабораториум“. Книгата изобилува со длабоки размислувања и гледишта од истакнати уметници и мислители кои ја збогатуваат македонската и светската културна сцена. Настанот ќе биде збогатен со настап на џез гитаристот и професор Сашо Поповски. Промотори се Александра Јуруковска и Милан Дамјаноски. Ненад ...
Пишува: Катерина Димова, магистер по специјална едукација, семеен системски советник, основач на Неуроклиник-Центар за здрав раст и развој на деца млади и возрасни Во рамките на општествено-одговорниот проект на „Халкбанк“ АД Скопје насловен како „Емоцијата има своја боја“, месец декември го посветуваме на радоста, затоа што декември е за радост! Во рамките на проектот целта е да им помогнеме на родителите и воспитувачите да ги поддржат децата ...
„Во чест на поетот“ е насловот на настанот што ќе се одржи денеска во 11 часот во изложбениот салон Галерија 22 при Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип. Манифестацијата „Во чест на поетот“, со изменета содржина се организира од 1985 година, само три години по смртта на поетскиот великан Ацо Шопов. На настанот, исто така, ќе се одржи промоција на книгата „Тантели од зборови“ од авторот Гоце Ристовски, а за делата ќе зборува Трајче Кацаров. ...
„Во чест на поетот“ е насловот на настанот што ќе се одржи денеска во 11 часот во изложбениот салон Галерија 22 при Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип. Манифестацијата „Во чест на поетот“, со изменета содржина се организира од 1985 година, само три години по смртта на поетскиот великан Ацо Шопов. На настанот, исто така, ќе се одржи промоција на книгата „Тантели од зборови“ од авторот Гоце Ристовски, а за делата ќе зборува Трајче Кацаров. ...
Во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Битола денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на инклузивната едукативна алатка „Крилестата дружина во музеј“. Еден час подоцна ќе бидат презентирани тактилни слики, тактилни копии од експонати од музејската поставка на Заводот и музеј и две копии/ фрагменти од мозаици. „Крилестата дружина во музеј“ ја сочинуваат: голем формат сликовница со лесно читлив текст и илустрации, текст на ...
Третата Универзитетска студентска конференција при Универзитетот „Климент Охридски“ од Битола обедини неколку нови моменти и ги заслужи епитетите: поразлична, посодржајна и поколоритна од претходните. Конференцијата се организира со интернационален предзнак, благодарение на Алијансата КОЛОРС, а се одржа хибридно на 17 декември во просториите на УКЛО. Студентите од УКЛО ги претставија своите истражувачки трудови заедно со нивни колеги од уште ...
Во кафе-книжарницата „Буква“ вечерва во 20.30 часот ќе биде организиран 5. мултимедијален настан „Клинци“ во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ со поддршката од Europe House Скопје. Во рамки на настанот ќе се одржи книжевно читање на кое ќе настапат младите автор(к)и Дамјана Видическа, Милена Сиљаноска, Теодор Тасевски и Андреј Медиќ Лазаревски. Настанот ќе го модерира поетесата Марија Велинова. На ...
„Темната страна на римската историја“ е насловот на изложбата на археолошки предмети од Музејот на град Скопје отворена во Археолошкиот музеј во Франкфурт. Изложбата овозможува да ги истражиме термините, но и фасцинантните аспекти од животот во римската провинција, преку археолошките откритија од античкиот град Скупи, кој денес е значаен дел од културното наследство на Македонија. Изложбата е резултат на соработката меѓу Музејот на град Скопје и ...
Уште два дена трае кампањата за собирање гласови на „Буки“ – дигиталната платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик. Отворени се и парични донации што ќе бидат наменети за одржување на платформата. Донациите се отворени неколку недели, а во меѓувреме се обезбедени лого и сервер. Автор на логото е Владимир Трајановски, а серверот го донираше проф. д-р Ордан Чукалиев. „Буки“ е алатка што ќе им ја ...
„Современи театарски осврти“ е насловот на книгата со рецензии што неодамна ја објави авторот Звонко Димоски. Уредничка на изданието е Оливера Андоноска, а рецензенти – Габриела Стојаноска-Станоеска и Сребра Ѓорѓијевска. За дизајнот на корицата се погрижи Емилија Малезан. Освртите претходно се објавувани на Умно.мк, портал за уметност, наука и образование, како и во театарски билтени. – Сѐ почестиот премин на театарската анализа на интернет ...
Самостојната изложба на младата мултидисциплинарна уметница Мила Добревска „Ескапизам: Меморијата и идентитетот” ќе биде отворена вечерва во 20 часот во „Мала станица“ во Скопје. Во програмската белешка за изложбата кураторот Стефан Александар Јовановски вели: „Обредите, традициите и начинот на славење отсекогаш биле дел од нашата културна и лична приказна. Тие не само што ги поврзуваат генерациите, туку претставуваат и форма на ескапизам – ...
Во Друштвото на писателите на Македонија вечерва во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на романот „Вeтрилиште“ од Игор Анѓелков, издание на „Или-Или“. Книгата ќе ја промовира Оливера Ќоревзироска. Таа во поговорот пишува дека „Ветрилиште“ е деликатен кус роман, несекојдневен и мошне храбар во домашниот книжевен контекст. – Контролирано гротескен, напати и брутално искрен, соголен и соголувачки до коска. Бруталната искреност природно води кон ...
За првпат се случува конференција на олку високо ниво за перспективите за културна соработка на полето на македонскиот јазик. Не смееме да запреме тука – рече Весна Мојсова-Чепишевска „Секоја граница е тешко да се помине. Ама мора да ги дадеме сите сили, и професионални и лични, за да почнат работите да течат кон вистинска соработка меѓу двата универзитета“, порача универзитетската професорка, Весна Мојсова-Чепишевска на конференцијата за ...