
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Седум ВИ бизнис идеи кои можете да ги започнете веднаш и како да дојдете до првиот клиент се фокус на онлајн мастер-класот што ќе се одржи утревечер во 20 часот. Учесниците ќе научат каков е бизнис моделот, како да ја валидираат идејата, колкава инвестиција е потребна за почеток, како да се стигне до првиот клиент? Мастерот ќе го држат Петар Ниновски, основач на „Бреинстер“, Вилијам Додевски и Александар Чамински. Настанот е бесплатен, но со ...
На стихови, анегдоти, лични средби се потсетија синоќа пријателите и почитувачите на делото и на личноста на Игор Исаковски, во чест на 10 години од неговото заминување. Поетот со чии гласни стихови се поистоветуваа генерации почина на 15 декември 2014 година, на 44 годишна возраст. Настанот во „Лабораториум“ во Скопје го организираа Елизабета Баковска и Долорес Атанасова Лори, со поддршка на семејството на Исаковски. За „Буковски на нашето ...
До 15 јануари трае конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, а го распиша Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2024 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) секој работен ден ...
Редакцијата „Трн“ ги додели признанија за најдобри иницијативи во 2024 година, за промени во општеството поврзани со теми кои се од интерес на заедницата. Тоа се луѓе и иницијативи што оставиле силен впечаток, инспирирале, мотивирале и ја мобилизирале заедницата и нејзините поединци. Ова се признанијата: „Зелен трн“ – признание за најдобра иницијатива за заштита на животната средина, признанија добија два проекта: „Наша гордост – наша ...
Рационализација на меѓуинституционалните административни постапки, олеснета административна комуникација меѓу надлежните установи и имателите на објекти што се во приватна сопственост, а имаат статус на заштитено добро се дел од измените што се предвидуваат со новиот закон за заштита на културното наследство. Работната група што ги подготвува измените ја формираше министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. – Членовите на работната група, ...
Археолошки истражувања на бедемот на римскиот каструм на локалитетот Исар кај валандовското село Марвинци, спроведоа археолозите од Археолошкиот музеј во Скопје под раководство на Гоце Коцевски, виш кустос – археолог. Истражувањата беа споредени пред околу еден месец. – Целта на проектот беше добивање првична слика и релевантни податоци за фортификациониот систем во досега неистражуван сегмент од каструмот. Во рамки на истражуваниот простор од ...
Во чест на 10 години од смртта на поетот Игор Исаковски, утре во 17 часот во едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи средба во негова чест, наречена „Ти пишувам од сржта на тишината“. Настанот е посветен на човекот што ја означи генерацијата современи македонски писатели и го креираше ритамот и духот на времето во кое твореше. – На десетгодишнината од неговото физичко заминување, се собираме за да го славиме поетот и неговите ...
Во Младинскиот културен центар во Битола вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија од Емилија Трајковска. Позната по своите црно-бели фотографии, Трајковска е фотограф кој не само што го овековечува моментот, туку и го трансформира во една визуелна нарација. – Специјализирана во црно-белата фотографија, нејзиниот објектив најчесто ги „заробува“ емоциите на музичката сцена. Нејзина специјалност се фотографиите од ...
Скулпторот Сашо Саздовски учествува на 14. скулпторски симпозиум во алабастер кој трае од 4 до 15 декември 2024 година во Албалате дел Арзибиспо во Шпанија. Саздовски замина во Шпанија по покана од кураторот Сантијаго Мартинез кој селектирал само петмина скулптори од Ирска, Чешка, двајца од Шпанија и Саздовски од Македонија. – На симпозиумот беше организирано предавање со геолог за тоа како е настанат алабастерот во природата, колку е стар, ...
Еден од најинспиративните ликовни уметници во Македонија, Синиша Кашавелски, ќе го претстави својот мистичен свет на самостојната изложба што ќе биде отворена во понеделник (16 декември) во 19.30 часот во Уметничката галерија во Куманово. Под наслов Intriguing Impressions: The Enigma Collection, тој ја кани публиката да влезе во светот на симболите, загатките и емоциите преку уникатна колекција на уметнички дела што ќе го разбудат вашето ...
Пишува: Габриел Гуалано де Годој, Претставник на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци 10 декември беше Меѓународниот ден на човековите права, важна прилика да се потсетиме и да повториме дека човековите права се за сите, секаде и секогаш. Говорејќи за човековите права, не можеме, а да не помислиме на војните кои беснеат по светот и на новите и стари конфликти кои му се закануваат на човечкото постоење и на сè останато што на човека му е драго – ...
Авторот вели дека со ова свое искуство сака да го сврти вниманието кон македонските автори, особено на оние што не се афирмирани Кога за книгите нема место во книжарница, за нив ќе се најде место во продавница за алкохол. Искуство за промоцијата на својата дебитантска книга „Дневникот на еден морепловец“ го раскажува авторот Златко Симовски од Битола. Одбиен од локалната книжарница во родниот град со образложение дека веќе не продаваат дела од ...
Книгите „Вода“ и „Слободен пад“ на авторката Весна Јанкулоска ќе бидат промовирани вечерва во 19 часот во „Концепт 37“ во Скопје. За делата ќе зборуваат психотерапевтот Дора Попова Узуновски и Билјана Велковска. „Вода“ е поезија во проза, додека „Слободен пад“ е книга со куси раскази. Собраните средства од продажбата на книгите ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Книгичките се записи од секојдневието, од надворешните, но и од внатрешните ...
Предавање на тема „Објектот како парадигма: Објектологијата во кинематографијата и екслесиологијата“ вечерва во 18.30 часот во галеријата „Метаноја“ во Скопје, ќе одржи авторот Васил Михаил. Предавањето е инспирирано од книгата „Филмската објектологија“ на Михаил. За делото ќе зборуваат авторот и Коста Милков, основач на галеријата. Целта на ова предавање е да се прикаже како објектите во различни контексти можат да пренесат значајни емотивни и ...
Пишува: проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Умно.мк во соработка со Europe Housе ја почнува рубриката „Надреден знак“ во која секоја последна среда во месецот, интелектуалци од одредена област ќе пишуваат колумна на теми што нè засегаат Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, воден од визијата за создавање генерации кои со своето знаење ќе ја унапредат социо-економската состојба во државата, ...
Големото археолошко откритие на архајската некропола од 6 век пред новата ера во струшкото село Корошишта поттикна многу страсти кај пошироката јавност. Поттикна возбуда за наука и истражувања, за соработка на многу нивоа, помеѓу ресори, институции, колеги, со жителите на Корошишта и на Волино. За жал, поттикна и многу ниски страсти. Архајскиот гроб исполнет со златни, сребрени и бронзени предмети, слични на гробовите со златни маски од ...
Заткулисна сторија за една научна книга од областа на аудиотехнологијата, прогласена за проект од национален интерес и прва од таков вид кај нас, која беше саботирана и потценувана, но и пиратувана и буквално газена, наместо да биде поздравена Пишува: Вангел Башевски-Барми, инженер на звукот, блогер, новинар, радиоводител, факт-чекер Пред извесно време ја објавив мојата научно-популарна книга за историјата на аудиотехниката и музичката ...
Основното училиште „Димката Ангелов – Габерот“ во Демир Капија освои Гран при на манифестацијата „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“ што имаше завршница во Кинотека на Македонија. Награди добија четири уникатни дела комплетно создадени од отпадни материјали. Главниот поддржувач на оваа активност е компанијата за управување со отпад од пакување „Еуро-Екопак“, а голем дел од уметничките творби сега се изложени и може да се погледнат ...
Уметничката порака на Гинчанка е „херојската радост“ од самото постоење, дури и кога е обележана со егзистенцијална вознемиреност или необичност Пишува: Звонко Димоски Зузана Гинчанка (род. Сара Полина Гинцбург) била полско-еврејска поетеса и сатиричарка во периодот помеѓу двете светски војни. Родена е 1917 година во Киев, израсната со својата баба во Ровно, а убиена 1944 година во Краков. Нејзините родители (Симон и Сесилија), бегајќи од ...
Драмскиот театар од Скопје вечерва ќе гостува во Белградско драмско позориште со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“. Изведбата е во рамките на фестивалот РУТА, што ќе трае до 7 декември. Претставата е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Асистент на режија е Димче Николовски – Димсата, драматург е ...
„Традиционална изработка и свирење на гајда“ е шестото добро од Македонија впишано на Репрезентативната листа за нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО. Мултинационалната номинација е поднесена од Македонија и Турција и вчера беше усвоена на 19. седница на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство што се одржува во Асунсион, Парагвај. Македонската делегација на сесијата ја сочинуваше ...
Во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Белград синоќа беше отворена изложбата Just now на ликовниот уметник проф. д-р Ангел Миов. Ова прво самостојно претставување на познатиот македонски ликовен уметник наиде на голем интерес кај белградската публика. Ангел Миов е професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и раководител на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики, а заедно со деканот на Факултетот за ликовни ...
Камени артефакти, орудија и оружје, животински коски, горилишта открија археолозите на 14. истражувачка сезона на палеолитскиот локалитет Голема Пешт, кај селото Здуње, Општина Македонски Брод, во Поречкиот Регион. Археолозите работеле во нови квадрати од сонда 5 и откриле исклучително богат движен археолошки материјал. – Целта на овие ископувања се базираше на издвојување и откривање на граница помеѓу слоевите 2 и 3. Досега немаме точни ...
На Одделот за славистика при Филозофскиот факултет во Љубљана се промовираше двојазичната илустрирана антологија „Ново раѓање на зборот = Novo rojevanje besede“ со поезија од млади македонски автори родени од 1991 година. Изданието, неодамна го објави Македонско културно друштво Македонија од Љубљана со финансиска поддршка на Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија. Словенечкото издание претставува дел од истоимената ...
Долгометражниот филм „Дражен“ во режија на Данило Шербеџија од 12 декември ќе се прикажува во домашните кина. Светската премиера на филмот за светскиот кошаркарски великан, Дражен Петровиќ, се одржа во Шибеник, родниот град на Дражен, на роденденот на кошаркарот. Филмот, снимен во чест на 60-годишнината од раѓањето на Дражен Петровиќ, ја раскажува фасцинантната приказна за кошаркарот Моцарт кој со својата игра го освои целиот свет. Низ призмата ...
Пишува: Тоше Огњанов Со познати рок рефрени, енергични гитарски звуци за новите генерации, но и исклучително „возење“ со визуелни ефекти и битови од електронската музика беше исполнета главната бина од последната вечер од 26. издание на музичкиот фестивал „Таксират“ што завчеравечер се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. На главната сцена први се појавија членовите од бендот „Елементал“ од Хрватска кои воспоставија близок ...
Пред вечерашната златна гала премиера на нашиот светски класик „Пред дождот“, денеска на средба со медиумите се обратија учесниците во филмот. Странските гости од екипата дојдоа од Лондон, Париз и Хрватска – актерот Раде Шербеџија, дизајнерот на продукција и оскаровец Дејвид Манс, директорот на фотографија Мануел Теран, монтажерот Николас Гастер – и дел од македонската екипа Петар Мирчевски, Силвија Стојановска, Сузана Киранџиска, Катерина ...
Три кинопремиери се закажани на репертоарот на „Синеплекс“ за 12 декември. Станува збор за: „Дражен“, „Крејвен ловецот“ и „Господарот на прстените: Војната на Рохирим“. „Дражен“ е инспиративна приказна за легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ. Прославениот хрватски Моцарт на кошаркаата – Дражен Петровиќ, го истакнува неговиот личен живот и уникатен карактер нагласувајќи ја неговата длабока, сложена врска со кошарката – и неговата најголема ...
Пет бронзени медали освоија македонските ученици на 21. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки што се одржува во Букурешт, Романија. Медали за Македонија освоија: Никола Стојковски, од Математичко-информатичка гимназија (МИГ), Мила Порјазоска од гимназијата „Орце Николов“, Андреј Тасиќ и Јаков Геговски од „Јахја Кемал“ и Валентино Атанасоски од основното училиште „Кочо Рацин“, сите во Скопје. На олимпијадата успешно го претстави ...
Излезе јубилејниот двоброј на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ кое оваа 2024 година одбележува значаен јубилеј – 70 години постоење. Првиот дел од јубилејниот двоброј под насловот: „70 песни – стремежплов низ 70 години „Стремеж“ носи реобјави на 70 песни избрани од различните броеви кои излегле во текот на седумдесетте години постоење. Некои од тие песни се книжевните првини на денес етаблирани македонски книжевници, некои ...