На сцената на Националната опера и балет на 13 мај (среда) во 20 часот ќе биде изведена една од најзначајните музички драми во оперската литература – „Риголето“ од Џузепе Верди, во рамките на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Диригент е Џанлука Мартиненги (Италија), режијата е на Пјер Франческо Маестрини (Италија), сценографијата ја потпишува Гилермо Нова (Шпанија), костимограф е Кристина Ачети (Италија), а ...
Со блескаво отворање, во саботата започнаа 54. Мајски оперски вечери, претворајќи ја сцената на Националната опера и балет во место каде што музиката, емоцијата и уметноста зборуваат со најсилен глас. Традиционалното палење на фестивалскиот оган годинава го направи нашата светски реномирана оперска дива Ана Дурловски, со многу емоции на сцената, со бурни аплаузи и со воодушевување од публиката. Годинашното отворање ќе остане запаметено ...

