
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



На сцената на Театарот за деца и младинци Скопје, вечерва во 19 часот премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Музиката на мојата птица“, во режија на Емилија Мрдаковиќ од Србија. Претставата е работена по мотивите од романот на Ана Анисимова. Драматург е Драгана Лукан Николоски. Играат: Матеа Јанковска, Ана Левајковиќ Бошков, Мартин Јорданоски и Владимир Лазовски. Претставата „Песната на мојата птица/мојот допир“ е специфично театарско ...
Романот „Леска Брезоска“ од Симона Јованоска ќе биде промовиран вечерва во 19 часот во галеријата при Младинскиот културен центар во Скопје. Романот е во издание на „Или-Или“ и е книга бр. 232 во едицијата ПРОаЗА. Промоцијата ќе се одвива низ разговор на уредникот Ненад Стевовиќ со авторката. „Леска Брезоска“ е втор роман на Симона Јованоска по дебитантскиот „Денот на црвот“ со кој ја освои престижната награда „Роман на годината “ за 2021 ...
„Замисли нов свет“ е претстава што може да донесе и поширока публика во театар. Јасна, чиста, гласна, убава. „Замисли нов свет“ ќе ве натера да размислувате за себе, за животот, за нас и колективното. Посакувам да поттикне и други компании и поединци да ја поддржуваат културата и заедно да создаваме нов поубав свет! Да замислиме нов свет, а да не избегаме од нашата суштина, да избегаме од стегите, да размислуваме за слободата, таа личната, онаа ...
Изложбата „Кога ѕидовите би зборувале“ на уметникот Миша Кубал ќе биде отворена денеска на пладне во Музејот на современата уметност во Скопје. Изложбата ќе биде отворена во присуство на уметникот, а куратор е Зоран Ериќ. Транснационалниот проект If walls could tell („Кога ѕидовите би зборувале“) на Кубал, ги доведува во прашање уметничките институции во однос на нивната инклузивност на пошироките општествени групи во една заедница. Три ...
Театар Комедија ја најавува премиерата на „Арсеник и стара тантела“ од Џозеф Кеселринг во режија на Лидија Дедовиќ на утревечер во 20 часот на матичната сцена. Оваа претстава зборува за изопаченоста и современото безумие, за прикривањето злосторства, за емпатијата како изговор за криминал, за љубовта… „Арсеник и стара тантела“ од Џозеф Кеселринг првично била предвидена како сериозна пиеса, инспирирана од вистински настани, но потоа била ...
Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија вечерва во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Урбани трансформации“ од Благојче Наумоски-Бане и Јехона Ајрадини. Проектот се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде што преку акрилната техника на платно се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми и волумените што го дефинираат брутализмот. Благојче Наумоски (1985, Кичево), дипломира во 2007 година на ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера го потпиша договорот за учество во пилот-програмата за копродукција на сериска телевизиска програма на „Еуримаж“ преку проектот „Поддршка на програмата за телевизиски серии“. Договорот е во вредност од 9 милиони денари годишен депозит за 2024 и за 2025 година. -Овие средства доаѓаат од буџетот на Министерството за култура и туризам и ќе бидат наменети за учество во програмата за финансирање ...
Режисерот Иван Поповски ја доби наградата „Sвезда на публиката“ од публиката во Русија. Публиката гласаше онлајн на интернет-порталот teatral-online.ru. Победниците за 2024 година ги одбраа повеќе од 178 илјади гласачи. Поповски ја доби наградата во категоријата „Најдобар режисер” за изминатата сезона, за претставата „Обично чудо“ во реномираниот Театар Вахтангов. Наградата „Ѕвезда на публиката“ е основана во 2008 година. Оттогаш таа стана ...
Друштвото на писателите на Македонија во изминатиов период го прошири своето членство со пет современи автор(к)и, кои на различни начини се одликуваат со своето творештво и со своите активности во областа на книжевноста: Митко Гогов, Искра Донева, Симона Јованоска, Хана Корнети и Милчо Мисоски. Митко Гогов (1983, Скопје) пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Неговото творештво е застапено во неколку антологии, стихозбирки и ...
Видеопроекција и уметничка инсталација од нашата реномирана мултимедијална уметница Тања Балаќ ќе се одржат задутре (20 декември) во 19 часот во Cité internationale des arts во Париз. Поставката е дел од наградата Гран при што Балаќ ја доби на Зимскиот салон што го организира Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Во Париз Балаќ ќе се претстави со проектот „Тие не ги отвораат очите“ кој се состои од видеопроекција на експерименталниот ...
Во полн амфитеар со ученици и љубители на науката, хемичарите од Природно-математичкиот факултет од Скопје вчера одржаа уште еден хемиски спектакл. Смеење и опуштена атмосфера се редовен амбиент на овие собири. Вработените на Институтот за хемија на присутните им покажуваат колку науката може да биде фасцинантна и, пред сè, видлива. А дека учениците имаат интерес за наука покажува и редовно преполниот амфитеатар на Институтот при ПМФ. Хемиските ...
Иднината на Европа се младите и нивните таленти, а тие можат да бидат унапредени и зајакнати ако универзитетите имаат соодветна визија и капацитет, рече евроамбасадорот Михалис Рокас при посетата на Тетово. Тој се сретна со локалните власти, претставници на граѓански инцијативи, претприемачи и други членови на локалната заедница и со кои дискутира за важните прашања што ја засегаат конкретната заедница. Рокас се запозна со успешните стартап ...
Учениците главно се информираат за она што нив ги интересира и чувствувам како да се оттргнати од секојдневието на нашето општество – вели Тони Аврамов, професор по македонски јазик и раководител на Медиумскиот клуб „Јоска“ при УЦ „Јосиф Јосифовски-Свештарот“. Младите се изложени на голема количина информации, особено преку социјалните мрежи, а тоа ги прави подложни на дезинформации. Многу од нив не се секогаш свесни за тоа кои информации се ...
Од печат излезе публикација со стрипови кои беа дел од изложбата „Од уметност кон родова еднаквост“. Во книгата се претставени 19 инспиративни дела од 19 автори кои преку својата уметност испраќаат пораки за поубав и поеднаков свет. Изданието е дел од кампањата „Биди чудо од девојка“, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и младите жени во Северна Македонија“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и ...
Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на објекти и фотографии од Љупчо Бојаров и Каја Тасевска. Бојаров ќе се претстави со 25 објекти, изработени годинава во теракота и фузирано стакло. Според авторот, големиот предизвик во комбинирање на овие две техники е да се добие дело реализирано во глина и стакло. Стекнатите искуства од реализираните дела претставува поттик за нови истражувања во ...
„Уметничко (по)стоење“ е насловот на изложбата од ликовната уметничка Јулијана Гешоска што вечерва во 20 часот ќе бие отворена во Младинскиот културен центар во Скопје. Во најавата за изложбата проф. д-р Владимир Мартиновски вели дека кога стоиме меѓу делата од најновата импресивна серија слики на Гешоска, обединети околу клучниот збор „Постојам“, спонтано ни се наметнува мислата дека за оваа уметница несомнено важи геслото „Сликам значи сум!“. ...
Вработени во галеријата пред група ученици држеа предавање за животот и творештвото на некој од големите претставници на македонската модерна уметност чии дела се дел од колекцијата на Националната галерија „Музеј во училиште, училиште во музеј“ е насловен едукативниот проект на Националната галерија предвиден како дел од годишната програма за оваа година. Со отворена покана до предметните професори за ликовна култура во повеќе средни училишта ...
Во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, во 20:30 часот, ќе се одржи читачката промоција на третата стихозбирка на Јулијана Величковска, „Рајсфершлус“. Изданието е на ПНВ Публикации и поддржано е од Министерството за култура и туризам. Стиховите ќе ги интерпретираат актерката Наташа Петровиќ и авторката. ‒ Уште од самото појавување во современата македонска поезија Јулијана Величковска видливо се издвои со нагласеното ...
Дебитантскиот долгометражен филм „Диџеј Ахмет“ ќе ја има својата премиера на фестивалот на независниот филм „Санденс“ кон крајот на јануари в година. Филмот ќе биде прикажан како дел од главната меѓународна натпреварувачка категорија – World Dramatic Cinema, каде и ќе го започне својот живот. -Сакам длабоко да им се заблагодарам на стотината луѓе што веруваа во овој филм, кои издржаа во најтешките моменти и дадоа сѐ за успееме да стигнеме до ...
Здружението за промоција на документаристика „Македокс“ ќе ја заврши серијата проекции во рамки на програмскиот сегмент „Зимски македокс“ со прикажување на холандскиот документарен филм „Герлах, последниот земјоделец“ и тематска дебата, што ќе се одржат вечерва во 20 часот, во Едукативно-културниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Документарниот филм „Герлах, последниот земјоделец“ на Лук Бауман и Алиона ван дер Хорст е минатогодишен победник на ...
Во Кочани беше промовиран веќе завршениот проект – обновениот „Споменик на слободата“, ремек-дело на Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ, а во Скопје беше најавена обновата на Аквадуктот која допрва ќе почне „Амбасадорскиот фонд на Соединетите Американски Држави се всушност пари на американските граѓани кои плаќаат данок. За нас ова е многу важно. Вложуваме во заштитата на културното наследство зашто сме свесни дека во тешки економски времиња, ...
Во Сули ан во Старата скопска чаршија, вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат“ на студентите на Факултетот за ликовни уметности. Оваа изложба се организира од 1990-те години, во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, дел од вонвременскиот објект и споменик на културата – Сули ан. – На изложбата ќе бидат претставени дела на студентите од прв и втор циклус на ФЛУ, изработени во мал формат во традиционални и експериментални ...
Седум ВИ бизнис идеи кои можете да ги започнете веднаш и како да дојдете до првиот клиент се фокус на онлајн мастер-класот што ќе се одржи утревечер во 20 часот. Учесниците ќе научат каков е бизнис моделот, како да ја валидираат идејата, колкава инвестиција е потребна за почеток, како да се стигне до првиот клиент? Мастерот ќе го држат Петар Ниновски, основач на „Бреинстер“, Вилијам Додевски и Александар Чамински. Настанот е бесплатен, но со ...
На стихови, анегдоти, лични средби се потсетија синоќа пријателите и почитувачите на делото и на личноста на Игор Исаковски, во чест на 10 години од неговото заминување. Поетот со чии гласни стихови се поистоветуваа генерации почина на 15 декември 2014 година, на 44 годишна возраст. Настанот во „Лабораториум“ во Скопје го организираа Елизабета Баковска и Долорес Атанасова Лори, со поддршка на семејството на Исаковски. За „Буковски на нашето ...
До 15 јануари трае конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, а го распиша Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2024 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) секој работен ден ...
Редакцијата „Трн“ ги додели признанија за најдобри иницијативи во 2024 година, за промени во општеството поврзани со теми кои се од интерес на заедницата. Тоа се луѓе и иницијативи што оставиле силен впечаток, инспирирале, мотивирале и ја мобилизирале заедницата и нејзините поединци. Ова се признанијата: „Зелен трн“ – признание за најдобра иницијатива за заштита на животната средина, признанија добија два проекта: „Наша гордост – наша ...
Рационализација на меѓуинституционалните административни постапки, олеснета административна комуникација меѓу надлежните установи и имателите на објекти што се во приватна сопственост, а имаат статус на заштитено добро се дел од измените што се предвидуваат со новиот закон за заштита на културното наследство. Работната група што ги подготвува измените ја формираше министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. – Членовите на работната група, ...
Археолошки истражувања на бедемот на римскиот каструм на локалитетот Исар кај валандовското село Марвинци, спроведоа археолозите од Археолошкиот музеј во Скопје под раководство на Гоце Коцевски, виш кустос – археолог. Истражувањата беа споредени пред околу еден месец. – Целта на проектот беше добивање првична слика и релевантни податоци за фортификациониот систем во досега неистражуван сегмент од каструмот. Во рамки на истражуваниот простор од ...
Во чест на 10 години од смртта на поетот Игор Исаковски, утре во 17 часот во едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи средба во негова чест, наречена „Ти пишувам од сржта на тишината“. Настанот е посветен на човекот што ја означи генерацијата современи македонски писатели и го креираше ритамот и духот на времето во кое твореше. – На десетгодишнината од неговото физичко заминување, се собираме за да го славиме поетот и неговите ...
Во Младинскиот културен центар во Битола вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија од Емилија Трајковска. Позната по своите црно-бели фотографии, Трајковска е фотограф кој не само што го овековечува моментот, туку и го трансформира во една визуелна нарација. – Специјализирана во црно-белата фотографија, нејзиниот објектив најчесто ги „заробува“ емоциите на музичката сцена. Нејзина специјалност се фотографиите од ...