Наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски ќе се одржат вечерва во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во ...

„Скопско“ и „Амфора“ го ослободија Охридското Езеро од „мрежите духови“. Акцијата, која се одвиваше од 1 до 4 октомври во соработка со нуркачкиот клуб „Амфора“, се фокусираше на вадење на заостанати рибарски мрежи (познати како „мрежи духови“) од четири клучни локации на дното на езерото. Резултатите од втората нуркачка акција покажуваат дека од дното на езерото се отстранети вкупно 3856 метри мрежа, а истите беа презентирани во Хидробиолошкиот ...

Под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“, од 16 до 20 октомври во Скопје ќе се одржи 9. издание на Филмскиот фестивал „Киненова“. Фестивалот ќе биде отворен со долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски. – И да бидам актуелен, доследен на експозето, да го надоградам и проширам истото па да кажам: Што е прво? Уметникот или институцијата од каде ја добива поддршката? Фестивалот или неговите ...

Нова дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик, „Буки“ ќе биде промовирана утре во 14 часот во просториите на ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Со цел да се следат модерните текови за негување и употреба на македонскиот јазик, УКИМ креираше дигитален модел, базиран на вештачка интелигенција, за препознавање и транскрипција на говор на македонски јазик. Моделот е ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” во саботата ја имаше својата светска премиера на 57. „Ситџес фантастик филм фестивал”, еден од најголемите жанровски фестивали во светот. Филмот во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио” беше прикажан во фамилијарната секција. Капацитетите на салата беа исполнети, воглавно со најмладата публика која енергично ја дочека македонската ...

Сакал да биде филмски режисер, но се вљубил во театарот и таму во изминатите две децении покажува што знае. Филмот остана негова пасија и многу често е инспирација за нови претстави или провејува низ претставите. Синиша Евтимов ги создал можеби најгледаните претстави во македонскиот театар во изминатата деценија. Во моментов е преокупиран со работата врз претставата „12“ чија премиера треба да биде во ноември, а играат 12 реномирани актери од ...

Екипата на Народниот театар од Битола за време на своето гостување во Полска, вчера беше пречеканa од македонскиот амбасадор во Полска, Јасмин Ќахил. Во пријатна атмосфера се разговараше за соработката помеѓу двете држави на културно поле, како и за тоа дека овие гостувања придонесуваат кон истата. Претставата „Хамлет – денот на убиствата“ од Бернар Мари -Колтес во режија на Марјан Неќак, беше одиграна синоќа на Интернационалниот фестивал, ...

Постои добра основа за создавање системска поддршка за младите, која ќе ги поттикне да се грижат за себе и своето ментално здравје. Потребен е систематизиран и координиран пристап за справување со менталните здравствени проблеми, преку вмрежување на знаењата и ресурсите. Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје. Важна е континуираната обука на наставниот кадар и воведувањето на нови ...

Работилница за сценска костимографија во текот на октомври и ноември ќе се одржи во КСП „Центар Јадро“ во Скопје, под менторство на костимографката Марија Папучевска. Оваа работилница има за цел да овозможи сеопфатен вовед во светот на сценските костуми поврзувајќи го историското значење и искуството со практични вештини и креативно дизајнерско размислување. Костимографијата е уметничка дисциплина во применетата уметност која има за цел ...

Ретроспективна изложба на авторот Златко Трајковски-Хинки ќе биде отворена утревечер во „Мала станица“ во Скопје. Тој е еден од најзначајните уметници кој почна да работи во првата половина на 80-тите години од минатиот век. Тој период е пресвртница во размислувањата за уметноста и за тоа како таа во иднина би изгледала во Македонија, период кога се работи на постмодернизмот и новите медиуми. Тој е еден од предводниците во македонската современа ...

Ова е најпрестижниот математички натпревар за ученици до 15,5 години, а нашето чудо од дете, Дамјан Давков, е најуспешниот натпреварувач во тридецениското постоење на ЈБМО Околу 70.000 евра се потребни за Македонија да може да ја организира 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) која треба да се одржи во јуни, идната година. Сојузот на математичари на Македонија (СММ) до крајот на месецов треба да се изјасни дали ќе успее да го ...

Претставата „Не ме чекај“ на театарот „Гледај го снегот на трепките“ од Нант, Франција, го освои Гран прито на 3. Интернационален фестивал на детски театар „Игор Маџиров“, што заврши синоќа. Жирито беше во состав Рената Карола Гатика од Хрватска, претседател, Ана Левајковиќ Бошков, актерка и Биљана Крајчевска, драматург, членови. -Претставата е неверојатно патување што нѐ води низ исклучително иновативни и богати визуелни решенија преку ...

Училиштата треба да прераснат во средини кои поттикнуваат позитивен пристап кон менталното здравје. Важна е континуираната обука на наставниот кадар и воведувањето на нови методологии за работа со младите. Може да се создаде системска поддршка за младите, која ќе ги поттикне да се грижат за себе и своето ментално здравје, но потребен е систематизиран и координиран пристап за справување со менталните здравствени проблеми, преку вмрежување на ...

Математичкото списание „Нумерус“ и оваа година ја продолжува долгогодишната традиција на објавување содржини наменети за самостојно користење на учениците од основното образование, но и за заедничка работа во математичките секции во училиштата, како и за во додатната настава по математика. Излегува четири пати во текот на една учебна година – во октомври, декември, февруари и во април. Од Уредувачкиот одбор на „Нумерус“ при Сојузот на ...

Националниот џез оркестар задутре (8 октомври) во 20 часот, во Македонскиот народен театар во Скопје ќе одржи концерт. Тие ќе настапат со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип. Овој несекојдневен концертен концепт ќе понуди иновантни аранжмани со разнородни џез композиции, во кој младите џез-таленти ќе имаат можност да го покажат најдоброто, рамо до рамо со професионалните џез музичари. – Водејќи се од ...

„Розов пикник“ ќе се одржи денеска во 11 часот на Школка во Градскиот парк во Скопје за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка. Говор ќе одржат министерот за здравство, Арбен Таравари и Весна Бејби Петрушевска. Планирани се бројни активности – пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма. Целта на настанот не е само да обедини, туку и да даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и ...

Премиерата на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија ќе се одржи на 9 октомври во 19 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Претставата, која ја носи „ЈEС Продукција“ од Скопје, ги обединува на сцената неповторливите актерки Олга Одановиќ, Дубравка Мијатовиќ, Анастасија Мандиќ и Сена Ѓоровиќ, под режија на Бојана Лазовиќ. Нивната изведба ветува вечер полна со смеа и забава. Претставата зборува за четири жени што се наоѓаат ...

Скопје по 20. пат вечерва ќе живее со културата и уметноста во рамките на манифестацијата „Бела ноќ 2024“. На повеќе ликации во градот ќе можете да уживате во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси. „Бела ноќ“ ќе почне со волшебен уличен спектакл, насловен „Сонот на Ербер“ на француската трупа „Кидам“ во 20 часот пред Музејот на град Скопје. Финалето на претставата е ...

Во „Лабораториум“ во Скопје денеска во 20 часот ќе гостува Зденко Башиќ, еден од најуспешните и најпознатите современи хрватски илустратори. Тој ќе ја претстави својата книга „Северозападниот ветер“. Разговорот со авторот ќе го водат Мерсиха Исмајлоска и Владимир Јанковски, кој ја преведе книгата на македонски. Настанот го организира „Артконект“ како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ и од Министерството за култура и туризам. Разговорот ...

Повеќе од 400 млади од осум земји ја наполнија салата на киното „Милениум“ синоќа, со што го започнаа 12. патешествие наречено „Џифони Македонија“. Проекцијата на филмот „Последниот пат кога бевме деца“ на Клаудио ја остави без зборови публиката на фестивалот, со својата топла, но и трогателна приказна, многумина ги разнежни, а неколку сцени од филмот добија и аплаузи. Директорот Дарко Башески им посака на учесниците да бидат редовни, да ...

Научната работа бара многу трпение, време и знаење, но сите тие напори се наградуваат со значајни резултати. Мојата посветеност ми донесе позиција како млад истражувач во меѓународен Институт за природни катастрофи во Белград, нови проекти и започнување докторски студии. Важно е да ги следат новите технологии, да се отворат кон мултидисциплинарен пристап и да останат љубопитни – вели Алексова. Последниве месеци работам на истражување на ...

Повеќе од 40 лингвисти од земјава и од светот ќе учествуваат на 12. Меѓународна македонско-полска научна конференција која денеска и утре ја организира Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, а ќе се одржи во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Свеченото отворање е во 10 часот во Ректоратот каде ќе се одржат поздравните говори. Пленарните сесии ќе бидат на Филолошкиот факултет во салата за седници. Целата програма на ...

Во халата на „Лабораториум“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи перформанс на петмина актери од регионот под режисерската палка на Филип Петковски. Како да убиеш пет ликови во претстава? Перформансот е завршен дел од резиденцијата за пост-драмски театар, предводена од режисерот Филип Петковски. Проектен координатор е Стефан Момиќ, а играат: Фатлуме Буњаку (Косово), Виктор Лукиќ и Мира Јањетовиќ (Србија), Емилија Тончева (Бугарија), Пиа ...

Во Центарот за култура во Тетово, вечерва Музичкиот ансамбл од Тетово ќе ја изведе симфониска бајка за деца „Петар и волкот“. Концерт наменет за најмладата публика. Од 16 часот ќе биде изведена на албански јазик, а од 17 часот на македонски јазик. Камерниот оркестар ќе настапи под палката на диригентите Агона Чупи и Ангел Спироски. Заедно со нараторот Рахим Рамадани тие ќе ги поведат најмладите во прекрасниот свет на класичната музика на Сергеј ...

Отворен е повикот за новата генерација млади европски амбасадори. Платформата „Млади европски амбасадори“ е енергична мрежа која ја сочинуваат млади активисти од нашата земја, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и од Србија. Младите европски амбасадори доаѓаат од различни средини, но ги обединува заедничката визија за Западен Балкан обединет со разноликост, меѓусебно разбирање и соработка со Европската Унија. – Мрежата на МЕА е ...

До 11 октомври е отворен уписот на втор циклус на студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сите заинтересирани кандидати за магистерските програми може да се запишат на академската 2024/2025 година. Пријавувањето се врши електронски на: www.upisi.ukim.mk. Потребни се: пријавен лист за запишување, електронска пријава од iKnow системот, диплома или уверение за завршен прв циклус студии, куса биографија ...

„Инструментите на моите предци“ е насловен натпреварот по класични и народни традиционални македонски инструменти кој ќе се одржи утре во 9 часот во Детскиот културен центар „Карпош“ во Скопје. Ќе учествуваат деца и млади од 10 до 18 години кои преку звукот на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан ќе ги одведат учесниците во различни предели и региони и ќе раскажат приказни кои зборуваат за минатото во сегашноста и ја градат иднината ...

Со настанот „Книжевната метафизика на Алесандро Барико: Метаморфоза на имагинацијата“, кој вклучува онлајн-разговор со авторот Алесандро Барико од Италија, вечерва во 18 часот, се затвора годинешното, јубилејно издание на фестивалот на европска литература „Букстар“. Ова воедно е прв каков било директен контакт на големиот италијански и светски автор со својата македонска публика, oткако се случи преводот на романот „Свила“ на македонски јазик во ...

Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашната интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Романот на германски јазик го објави издавачката куќа „Гуголц“ од Берлин Анастасија Ѓурчинова ја доби наградата за најдобар книжевен превод „Драги“, за преводот оа италијански на македонски јазик на „Интимен живот“ од Николо Аманити, издание на „Антолог“. Германскиот професор и ...

Третата конференција „Наука за деца“ ќе се одржи на 18 и 19 октомври во просториите на училиштето НОВА во Скопје. Конференцијата ја организира Фондацијата „Кантарот“ под мотото „Надгради ја твојата реалност“. Присутните ќе ги поздрави Драгана Стикова, директорка на „Кантарот“, Иван Новаковски, директор на НОВС и Иго Бештел, директор на Француски институт во Скопје. Конференцијата ќе почне со свечено отворање и пет кратки предавања од финалистите ...

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
5.14
53%
1011

Белград

8ᴼ/6ᴼ
3.6
61%
1010

Софија

3ᴼ/2ᴼ
7.2
63%
1013

Сараево

8ᴼ/8ᴼ
8.2
44%
1011

Љубљана

7ᴼ/5ᴼ
3.8
63%
1004

Атина

22ᴼ/20ᴼ
5.14
59%
1006

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
3.09
51%
1010

Подгорица

13ᴼ/11ᴼ
1.03
32%
1010
Currency

61.525

Currency

58.4886

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $