Годинашното 34. издание на Меѓународниот фестивал „Диваделна Нитра“ во словачкиот град Нитра, остана верно на идејата и мисијата – да привлече внимание кон низа социо-политички прашања, одразувајќи го егзистенцијалното чувство на современиците Пишува: Марија Карилоска, актерка Денес повеќе од кога било, да се создаде култура значи да се спротивставуваш, да водиш битка за смисла против инертноста, недостатокот на хоризонт, демоните на стравот, ...

Двајца редовни, осум дописни, четири членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови избра Македонската академија на науките и уметностите на 21. изборно собрание што се одржа вчера. За редовни се избрани дописните членови проф. д-р Изет Зеќири и проф. д-р Блажо Боев. За дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за ...

Во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје денеска и утре ќе се одржи Саем на студии во странство, посветен на студирањето и образовните можности во странство. Саемот ќе биде поставен на вториот кат, ќе трае од 11 до 18 часот и е отворен и бесплатен за сите посетители. Настанот го организира „Сити мол“ во соработка со платформата „Студентарија“, а целта е да им помогне на младите да ја пронајдат својата идна академска насока. Посетителите ќе ...

„Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“ е темата на 3. панел-дискусија што ќе се одржи утре во 11 часот во Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово. Фокус на дискусијата ќе биде како се менувало значењето на оценувањето низ генерации, што денес значи вистински успех и како наставниците го препознаваат трудот и напредокот на учениците во современиот контекст. Своето видување ќе го споделат министерката ...

Концертна промоција на албумот Afro Gitano, заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџејот Гоце САФ ќе се одржи вечерва во 21 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Промоцијата е дел од програмата на Skopje design week. Необичниот спој на африкански ритми, балканска душа и урбан електронски грув претставува автентично музичко патување што ги урива границите меѓу жанровите и континентите. – Afro Gitano е музика што се ...

Под мотото „Уметност во звук и форма“ во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од Александар Ефтимовски, а концерт ќе одржи пијанистката Огненка Герасимовска-Димитровска. Таа ќе изведе дела од познати композитори. Герасимовска-Димитровска е професорка во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Дипломирала и магистрирала во Скопје, а ...

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи 7. издание на алтернативниот рок фестивал „Андерфест“. Публиката ќе може да ги чуе и види Lost in Reverie, Аудиоцигла, Димиш, Занаду, Деменси, Големата вода и Новиот почеток. – Сите бендови носат свеж звук, различни емоции и препознатлив сценски настап. Ветуваме динамична атмосфера и простор каде што ќе се слави вистинскиот дух на независната музичка сцена. За ...

Под наслов „Писма од Македонија“, во Македонскиот културен центар во Истанбул вечерва во 18.30 часот ќе се одржи поетски портрет на Бранко Цветкоски. Настанот е посветен на животот и творештвото на современиот македонски поет, книжевен критичар и преведувач, автор со богат меѓународен опус и со над четириесет издадени книги. Модератор на вечерта ќе биде Мите Стефоски, уметнички директор на Струшките вечери на поезијата. Публиката ќе се запознае ...

Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало. Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж. Режијата е на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, кореографијата е на Олга Панго, концерт – ...

Во Друштвото на писателите на Македонија вечерва во 18 часот ќе биде доделена наградата „Вавилон ЗПРМ“ што ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија. Наградата претставува највисоко признание што го доделува Здружението на млади книжевни преведувачи чија цел е афирмација на книжевниот превод и преведувачката професија во земјата. ЗПРМ е професионално здружение што го основале десетмина угледни слободни преведувачи и ...

Актерот и режисер Мартин Мирчевски ја доби наградата „4 Ноември“ што ја доделува Општина Битола. На Свечената академија по повод одбележувањето на 81-годишнина од ослободувањето на Битола, традиционално беа доделени наградите на поединци и институции за едногодишни достигнувања, како и највисоката општинска награда за животно дело. Мартин Мирчевски е добитник на наградата „4 Ноември“ – признание за неговиот уметничка работа, талент и ...

На сцената на Националната опера и балет вечерва во 20 часот Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на кој ќе гостуваат пионерите на џез-фјужн жанрот „Јелоуџекетс“ (Yellowjackets). Диригент на концертот ќе биде единствениот Боб Минцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари. Угледното списание „Џез тајм“ ќе ги опише како „совршено запалив електро-акустичен состав, чии интелигентни, често предизвикувачки ...

Изложбата „Автопортрети и неколку палети“ на Мирослав Масин ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата „Остен“ во Скопје. Станува збор за самостојна изложба на слики и објекти на познатиот уметник. Мирослав Масин (р. 1963 г.) дипломирал на Факултет за ликовни уметности, отсек сликарство во Скопје, во 1988 година. Член е на ДЛУМ и во периодот од 2000 до 2001 година бил претседател на ДЛУМ. Бил на студиски престој во Велика Британија, ...

Претставата „Ифигенија за ништо“ во режија на Филип Петковски, а продукција на Драмскиот театар од Скопје е прогласена за најдобра на Фестивалот на антички театар „Стоби“, што заврши синоќа. Претставата е наградена и за најдобра режија за Филип Петковски, како и за најдобра женска улога за Јелена Жугиќ за улогата на Клитемнестра. Наградата за најдобра машка улога ја освои Марко Трајковиќ за насловната улога во претставата „Калигула“ на ...

Kнижевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година ќе биде врачена вечерва во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. Ќе биде и промовиран победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На доделувањето на првиот добитник на оваа награда за најдобар необјавен роман за деца и млади, востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе се обрати жирито во ...

Издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје деновиве го објави романот „Страв од чекорење“ на Ѕвездан Георгиевски. Оваа книга по многу нешта е несекојдневна појава во македонската литература. Во неа Георгиевски си поигрува со односот на човекот и времето. Не со времето во кое живееме, туку токму со времето како физичка категорија што тече покрај нас и во нас. На некој начин, токму тоа време е главниот херој на романот и игра активна улога во неговото ...

Есента во книжарницата и издавачката куќа „Или-Или“, како никогаш досега, дефинитивно и’ припаѓа на поезијата! По објавените книги од Игор Исаковски, Георги Господинов, Ана Пејчинова… оваа „поетска есен“ ја заокружуваат и со дебитантската стихозбирка на Игор Анѓелков симболично насловена „Ноември“. Книгата која е дел од едицијата „Поеза“ од печат излезе денес и таа е 12. објавено издание на авторот, по седумте прозни и четирите ...

Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска ја освои наградата за најдобро уметничко остварување на Меѓународниот филмски фестивал во Токио, Јапонија. Наградите беа соопштени денес, а ја прими режисерката Стругар-Митевска. Оваа награда доаѓа по последната од пред неколку недели од Филмскиот фестивал во Хаифа, Израел, каде што „Мајка“ доби специјално признание во интернационална конкуренција. Гран-при на ова издание на фестивалот во ...

Македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Хрватска од вечерва до 7 ноември ќе го организира првото издание на Фестивалот на современата македонска книжевност. Фестивалот го организира во соработка со издавачката куќа ,,Македоника литера“ од Скопје. Идејата на фестивалот е да придонесе за афирмација и за продлабочувањето на македонско-хрватските културни врски, а посебно на соработката на полето на книжевноста. Фестивалот ќе отвора ...

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со писателка Хана Корнети. Нејзината збирка раскази „Каде леташ, Јулија?“ е книга на месецот во Библиотеката и дел од четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Разговорот со Корнети ќе го води Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Според Наташа Атанасова, расказите во „Каде леташ, Јулија?“ се ...

И јас како урбаните рудерални растенија преживувам. И тоа не во меланхолична, туку во буквална смисла. Повеќето уметници што ги знам живеат во постојана несигурност. Системот е таков што бара видливост, а ретко обезбедува услови. Моето присуство, и дома и надвор, е повеќе последица на упорност отколку на стратегија, вели Мусовиќ Одамна одбив да припаѓам на некоја „сцена“. Не се усогласувам со очекувањата на институциите, ниту со трендовите. Тоа ...

Во скопската галерија „Матаноја“ вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција и изложба на „Синхроницитети – Чувари на приказната“, новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески. Станува збор за друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот во еден интуитивен процес на создавање и размислување. На ...

Во свет каде технологијата постојано ја редефинира иднината, Avenga Academy (Авенга Академи) веќе 15 години го гради мостот меѓу знаењето и реалните вработувања. Како дел од глобалната групација Avenga, академијата претставува еден од највлијателните центри за едукација во областа на ИТ, дизајн и бизнис, создавајќи заедница од над 20.000 алумни и 200 искусни ментори. Под мотото „When I complete Avenga Academy, I won’t tell, but there will be ...

Во чешкиот град Табор денеска во 17 часот ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштво на ликовните уметници на Македонија. Ќе бидат претставени дела од македонски современи ликовни уметници, кои учествуваа на истоимената изложба на ДЛУМ во 2023 и 2025 година. На изложбата се селектирани дела од седумдесеттина автори меѓи кои: Синиша Новески, Јасмина Главинче, Иво Пецов, Татјана Ристовска-Керамика, Ирена Паскали, Дијана ...

Филмот „Мајка“ ја имаше својата азиска премиера на престижниот фестивал од А-категорија во Токио, на 1 ноември. Режисерката Теона Стругар Митевска беше гостинка на фестивалот и го промовираше филмот, а по проекцијата, одговараше и на прашања од публиката и новинарите. Митевска беше пречекана и од Андријана Цветковиќ, поранешна амбасадорка на Македонија во Јапонија и актуелен програмски директор на една од програмите на фестивалот – за женско ...

Дејан Дуковски, еден од највлијателните и најизведувани македонски драмски автори, ќе биде Автор во фокус на претстојното 60. Јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската театарска меморија и култура, воопшто. Фестивалот годинава ќе се одржи од 12 до 19 јуни 2026 година. Името на ...

Стихозбирката „Таму каде што не сме“ од Георги Господинов, како 12 книга во едицијата „Поеза“ на „Или-Или“ ќе излезе од печат денеска. По шесте прозни изданија и една детска книга, ова е првата стихозбирка на скопската издавачка куќа од популарниот писател во препев на Никола Маџиров, а нејзиното објавување е поддржано од „Традуки“ и Министерството за култура. Георги Господинов е еден од највлијателните современи бугарски писатели, роден во 1968 ...

„Идентитетски паралели“ е насловот на изложбата од Лудовико Елиа Персич од Италија и Ана Трајковска од Македонија што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Изложбата е дел од европскиот проект „Креарт“, платформа за запознавање и вмрежување на уметници, уметнички форми, истражувања и реализации од различни европски градови кои оствариле соработка во период од еден месец. Според историчарката на ...

Студентските средби „Скомрахи“ на Факултетот за драмски уметности и годинава ги обединуваат во Скопје студентите од повеќе европски драмски академии. Под мотото „Друг свет“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја претстават од 5 до 8 ноември на Академската сцена на ФДУ, во Драмскиот и во Албанскиот театар. Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави на студенти од Белгија, Словачка, Турција, Србија заедно со оние на ...

Осум претстави ќе бидат дел од програмата на 11. Битола Шекспир фестивал што годинава ќе се одржи од 14 до 21 ноември. Публиката ќе може да види претстави од: Полска, САД, Хрватска, Англија, Бугарија и од Македонија, под мотото „Стореното не може да се поништи“. На програмата ќе бидат „Дванаесеттата ноќ” на Драмскиот театар „Александар Венгерко“ од Бјалисток, Полска (15 ноември), „Крал Лир” на “Lit Moon Theatre” од САД (17 ноември), „Еволуцијата ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
82%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
90%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
97%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
92%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
7.72
85%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Калај

40.11

Цинк

3.24

Паладиум

45879.12

Платина

53106.37

Никел

471972.96

Кобалт

55.67

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89

Бакар

10.76

Злато

135322.28

Сребро

1837.41