Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола одржа тркалезна маса посветена на меѓууниверзитетската соработка во високото образование, науката и иновациите. Во дискусијата на актуелни теми за унапредување на академските партнерства, научноистражувачката соработка и иновативните пристапи во високото образование во Јадранско – онскиот регион, учествуваа претставници на универзитети членки на УНИАДРИОН, регионални засегнати страни и ...
„А капела“ е насловена самостојната изложба на Стојан Павлески што синоќа беше отворена во Музејот на град Скопје. Мултимедијалната изложба може да се чита како визуелно поставен контекст во кој се активираат прашањата за идентитет, симболичко посредување и современи форми на колективна автоинструментализација/стигматизација, вели Вангел Ноневски, професор по естетика и филозофија во предговорот за изложбата. – Она што се нуди не е завршено дело ...
„Александар јава на Запад“, новиот роман од Венко Андоновски, ќе биде промовиран вечерва во 19 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар во Скопје. По големиот успех по три години од неговата последна книга „Папокот на светлината“ и искличително посетената промоција во киното „Милениум“, Андоновски се враќа со роман што ветува нов успех од широки размери. Промотори ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и Ерол Ризаов. Истакнатата ...
Изложбата „Кој кого жени?“ на замокот „Тракошчан“ од Хрватска денеска во 13 часот ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Тематски фокус на изложбата е придонесот и значењето што го имале благородничките во хрватското општество и во нивните семејства. Изложбата ќе биде отворена до 11 јануари. Гостувањето е резултат на соработката меѓу институциите и поттик за продлабочување на културните врски меѓу двете ...
На собирот ќе биде промовирана и новата Evidence федерација помеѓу Канада, Обединетите Арапски Емирати, Јапонија и Македонија Македонија е една од четирите земји во светот вклучена во новата Evidence федерација која денеска ќе биде претставена на Универзитетот „Њујорк“ во Абу Даби. Зад идејата стои д-р Никола Стиков, професор на Институтот за биомедицинско инженерство при Политехничкиот универзитет на Монтреал, Канада. Тој најавува ѕвездени ...
По повод 75-годишниот јубилеј и 50 години активно новинарско, научно и педагошко творештво, Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ и Кинотека на Македонија денеска на пладне организираат свечена манифестација посветена на истакнатиот македонски документарист, научен и педагошки творец проф. емеритус д-р Мишо Нетков. Ќе биде прикажан филмски омаж во продукција на студио „Мелем“ со времетраење од 40 минути, во кој проф. емеритус д-р Нетков ...
По повод 75-годишниот јубилеј и 50 години активно новинарско, научно и педагошко творештво, Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ и Кинотека на Македонија денеска на пладне организираат свечена манифестација посветена на истакнатиот македонски документарист, научен и педагошки творец проф. емеритус д-р Мишо Нетков. Ќе биде прикажан филмски омаж во продукција на студио „Мелем“ со времетраење од 40 минути, во кој проф. емеритус д-р Нетков ...
Под слоганот „Се гледаме од другата страна“ од вечерва до 10 декември се случува 24. „Синедејс“ – Фестивал на европски филм. Осумте селекции, повеќе од 60 филма, кои ја одбележаа тековната европската филмска година и врвна работилница „Маркетинг на филм“, се фактографски белег на годинешниот фестивал. На отворањето во 20 часот во киното „Фросина“ ќе биде прикажан „Тоа беше само несреќа“, во режија на Иранецот Џафар Панахи, што доби „Златна ...
Зборникот од меѓународната научна конференција „Мит и драма: современи толкувања“ ќе биде промовиран вечерва во 20 часот во Јуроп хаус во Скопје. На настанот ќе зборуваат уредниците на зборникот: Наташа Аврамовска, Деспина Ангеловска, Дарин Ангеловски, Бесфорт Идризи, Владимир Мартиновски и Кристина Н. Николовска. Зборникот, во издание на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Институтот за македонска литература – Скопје, Факултетот за ...
3Д Кино Битола ќе биде дел од големото издание на European Cinema Night 2025. Оваа година, во своето осмо издание и во партнерство со програмата EULAC на Европската комисија, Европската киновечер ја истакнува културната размена и длабоките врски меѓу Европа и регионот на Латинска Америка и Карибите. Истовремено со уште 88 кина ширум Европа, Битола ќе стане дел од заедничката прослава на филмската уметност што ги спојува континентите. ...
Изложбата „Жанр сцени“, избор на богата и вредна колекција на Националната галерија на Република Македонија, ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија. Изложбата е во рамките на програмата „Гевгелија – Град на културата за 2025 година“, а ја организираат Општина Гевгелија во соработка со Дом на култура „Македонија“ и Музеј – Гевгелија. Настанот претставува ретка можност гевгелиската јавност да види дела од ...
Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска, од денеска официјално почнува со дистрибуција во Франција. Премиерата во Париз помина со исклучителен интерес. UGC Bercy беше целосно распродаден, а проекцијата во Pathé Convention се одржа со висока посетеност, што го потврдува зрелиот интерес на француската публика. Во рамките на промотивната турнеја, филмот беше претставен пред водечките француски медиуми меѓу кои Télérama, Europe 1, INA, Elle и Le ...
Престижната награда „Нерешки мајстори“, Друштвото на ликовните уметници на Македонија му ја додели на професорот Родољуб Анастасов, на Годишната изложба што беше отворена во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Уметничкиот Совет исто така ги додели наградите за сликарство на Елена Гелева и на Зоран Бошковски за графика. ДЛУМ додели благодарници на сите соработници и пријатели кои биле дел од реализацијата на програмата: на ...
Друштвото на писателите на Македонија го отвори конкурсот за традиционалните годишни награди за дела објавени во 2025 година. Писателите ќе може да конкурираат за наградите: „Стале Попов“ – за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“ – за најдобра збирка песни, „Ванчо Николески“ – за најдобра книга за деца, „Димитар Митрев“ – за најдобра книга критика или есеистика и „Мост“ – за најдобра книга објавена на некој од јазиците на заедниците во земјава. ...
Изложбата „Живот за уметноста“ од академскиот сликар Александар В. Настески и неговата ќерка, Ивана Настески ќе биде отворена утревечер во 19 часот во галеријата „Метаноја“ во Скопје. Изложбата претставува своевиден омаж на сликарството на Александар В. Настески, а произлезе од промоцијата на книгата „Дијалози за слободата“ во која авторот Љупчо Јолевски има интервју со Александар и со Ивана. (Метаноја, 2025) Галеријата „Метаноја“ ја иницираше ...
Ви го споделуваме освртот на авторот Митко Гогов кон изложбата „Страв од непознатото“ на Христина Марковска, што беше отворена завчеравечер во Центарот за култура во Струмица Да се говори за стравот од непознатото значи да се говори за почетокот на секое создавање. И тоа не како утеха, туку како факт што ја обликува човековата креативна историја. Овој страв – кој философиите го нарекуваат прапочеток, а антропологијата го бележи како корен на ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје утревечер во 19 часот, ќе се одржи разговор со поетот Ѓоко Здравески. Неговата најнова стихозбирка „Небо трето“ е книга на месецот во библиотеката и е дел од 4.циклус на големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Разговорот со Здравески ќе го води Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. „Небо трето“ во издание на „Бегемот“ е интересен спој на ...
280 деца и младинци, од најмали до цутот во младоста, предводени од вредните кореографи на Едукативниот центар „Еурека“ од Скопје, синоќа создадоа уште една магија, уште една, шеста по ред инклузивна танцова претстава под насловот „Сонот на едно дете“. Предводени од неуморлива Катерина Јолакоска и кореографите со кои таа повеќе години соработува, танчерите со и без попреченост грмеа на сцена. Сите во една мисија – да го слават заедништвото, ...
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата и на двата факултета, како ...
Средношколците Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски од Битола за идејата ВИ решенија за хотели и ресторани низ светот ја освоија главната награда од еден милион денари и титулата „Средношколец милионер“ на амбициозниот натпревар за средношколски бизнис-идеи во Македонија што го организираше „Бреинстер“. Обединети во тимот Stay BE, нивната бизнис-идеја „Систем 4“ користи напредни алатки со вештачка интелигенција за автоматска ...
Балетот „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, базиран на мотивите од „Илјада и една ноќ“ ќе боде изведен в петок (5 декември) во 20 часот во Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, костимите – на Маја Бурсаќ од Србија, а концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Ќе настапат: Наташа ...
Со 4 бронзени медали од 22. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки ќе се врати од Сочи, Русија, тимот од Македонија. Медалите ги освоија: Валентино Атанасоски, ученик во прва година ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, Дора Милева, ученичка во прва година во СОУ „Јане Сандански“ Штип, Јордан Соколовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, Дамјан Чамушев, ученик во деветто одделение ООУ „Ванчо Прке“ Штип. На олимпијадата ...
Со здружени сили на Министерството за култура и туризам и Амбасадата на Полска во земјава, преку програмата „Полска помош“ на Владата на Република Полска, Театар Комедија доби ново гледалиште. Набавени и монтирани се 305 нови, модерни столчиња, како и современ ПВЦ-под. Во петокот, на 28 ноември публиката веќе можеше да гледа претстава во поудобен амбиент. Премиерно беше изведена претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“, по текст на Витолд ...
Со здружени сили на Министерството за култура и туризам и Амбасадата на Полска во земјава и Институтот „Адам Мицкиевич“, Театар Комедија доби ново гледалиште. Набавени и монтирани се 305 нови, модерни столчиња, како и современ ПВЦ-под. Во петокот, на 28 ноември публиката веќе можеше да гледа претстава во поудобен амбиент. Премиерно беше изведена претставата „Ивона, принцезата од Бургундија“, по текст на Витолд Гомбрович, а во режија на Билјана ...
Романите „Шиндлеровиот лифт“ и „Зошто наземи спиеш“ од босанско-херцеговскиот писател Дарко Цвијетиќ, во издание на „Или-Или“ од Скопје, од денес може да се најдат во книжарницата на овој издавач во Скопје. Преводот на „Шиндлеровиот лифт“ е на Елизабета Баковска и е поддржан од „Традуики“, додека „Зошто наземи спиеш“ е во превод на Калина Буневска Исаковска. Дизајнот на кориците е на Соња Станковска. Двата романа се дел од едицијата ПРОаЗА. За ...
Наставниците се вистински магионичари – не само во однос на знаењето што го пренесуваат, туку и во обликувањето на карактерот и развојот на децата во целина. Тие ги поттикнуваат да размислуваат храбро, да се водат од вредности и да се подготвуваат за свет полн со предизвици. Но, за да успеат неопходна е поддршка и соработка со семејствата и заедницата. Ова беше истакнато на панел – дискусијата „Магијата на создавање храбри, мислечки и ...
Уметницата Бурџу Мусли ќе ја претстави својата нова изложба Abla’s Hands, поставена од вечерва во 20 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. Изложбата опфаќа фотографии, објекти и сценски поставки, создадени со цел да се истражи женската присутност, телесност и лични приказни. Овие елементи се поставени во внимателно создадени визуелни ситуации кои ја комбинираат реалноста со симболичка претстава. Појдовна точка на проектот е невидливата психолошка ...
Ви го споделуваме освртот на авторот Митко Гогов кон изложбата „Страв од непознатото“ на Христина Марковска, што беше отворена завчеравечер во Центарот за култура во Струмица Да се говори за стравот од непознатото значи да се говори за почетокот на секое создавање. И тоа не како утеха, туку како факт што ја обликува човековата креативна историја. Овој страв – кој философиите го нарекуваат прапочеток, а антропологијата го бележи како корен на ...
Францускиот институт во Скопје организира гала филмска вечер со премиерата на филмот „Луда љубов” (2024), од Жил Лелуш, на 3 декември во 20 часот, во киното „Синеплекс“ во Скопје. Настанот свечено ќе го отворат Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за соработка и култура при Амбасадата на Франција, и режисерката Марија Апчевска. Од наредниот ден филмот ќе биде прикажан на редовниот репертоар. „Луда љубов” со Адел ...
Во преполната сала во Интернационалниот филмски центар (International Film Centre) во Њујорк синоќа беше прикажан документарниот филм „Приказната за Силјан” на Тамара Котевска. По проекцијата, режисерката Тамара Котевска и кинематограферот Жан Дакар имаа свои обраќања за тоа како може да се претопи филмската екипа со човекот, но и со птицата и одговараа на прашања на публиката која како да сакаше повеќе да се заблагодари за ова филмско патување, ...