Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Надеж – светлина низ темнината“ од уметницата Ана Митевска. Куратор е Јасминка Намичева. Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две години. – Митевска низ својата естетика на светлина и рефлексија ја истражува човечката издржливост, тивката верба и моќта на внатрешниот мир – ...

Со овој „Макбет“, Битола не создаде авангардно чудо, но постави значаен чекор кон современ европски сценски јазик – претстава со силни визуелни идеи, перформативни решенија и јасно чувство за темнината што денес го обележува европскиот театарски пејзаж Пишува: Звонко Димоски Сабо К. Иштван, режисер на претставата „Макбет“ ја прими наградата Гран при „Јон Карамитру“ за 2025 година синоќа во Народниот театар во Битола со премиера на претставата ...

Денес библиотеката поседува фонд од над половина милион книги во сите објекти – 4 матични, 14 подружници и еден библиобус За библиотеките да имаат блескава иднина, потребни се визија, стратегија и план – каде чекориме и која е нашата цел. Библиотеките не се трошок, тие се инвестиција во образованието, културата и иднината на една држава – рече Снежана Стојчевска, директорка на скопската градска библиотека „Браќа Миладиновци“ која вчера одбележа ...

Големиот концерт посветен на еден од најзначајните музички автори на овие простори, Влада Дивљан ќе се одржи утревечер во 20 часот во Филхармонијата во Скопје. Специјални гости се Кирил Џајковски, пионер на електронската музика и уметник чиј препознатлив звук одамна ги надмина локалните рамки и Констракта, артистката што внесе свежа уметничка перспектива на регионална сцена со уникатен пристап, интелигентен хумор и современа естетика. – ...

Поетесата Славица Гаџова Свидерска почина денес на 41 година. Родена во Битола на 1984 година, Гаџова Свидерска беше доктор по филолошки науки и лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана. Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста. Преведувана е на десетина јазици и добитничка е на повеќе поетски награди во ...

Пано со 63 фотографии на млади, насмеани лица ја предводеше толпата од луѓе во црнина која вчера поминуваше низ улиците на Скопје. Луѓе со души завиени во црнина кои цврсто на градите ги стискаа сликите на своите најмили кои загинаа кобната вечер во пожарот во Кочани, а неколкумина подоцна им подлегнаа на повредите. Ова беше 30. „Марш за ангелите“. Родителите, семејствата и роднините на жртвите поддржани од многу граѓани во Скопје ја пренесоа ...

Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики на уметникот Боро Арсовски – Бабата. Со изложбата авторот одбележува 55 години уметничка дејност. Според историчарот на уметноста, Роберт Цветковски, при обидот за евалуација на авторскиот придонес кон македонската наива, специфично движење на неакадемските ликовни уметници во доцните 60-ти и раните 70-ти ...

„Изворни минијатури“ е насловен концертот на Ансамблот „Танец“ што ќе се одржи на 22 ноември (19.30 часот) во Националната опера и балет. Пред публиката ќе бидат изведени автентични ора и песни во нивната интегрална форма, како што егзистирале на теренот. – Публиката ќе види и раскош на дијалекти со што ќе се потсетиме на најстарите слоеви од македонскиот музички и сценски фолклор. Машките, женски и мешаните ора ќе бидат изведени од врвни ...

Здружението за развој на технологија, роботика и иновации (CTRI) во партнерство со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, реализираше уникатна инклузивна работилница под слоганот „Лего инклузија: Сетилен пат до иновација“. Работилницата отвора ново поглавје во современото инклузивно образование. За прв пат во Македонија се изработени специјално адаптирани тактилни лего-модели, создадени ...

Промоција на книгата „Разбудена вода“ од Дијана Петкова и отворање на нејзината изложба на слики „Будна вода“ ќе се одржи вечерва во 20 во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Промотори се Елена Пренџова и Цветанка Бурзевска. Петкова ќе се претстави со дваесеттина дела. Тематската изложба е инспирирана од природата, од водите, од нивното значење. Петкова е автор на повеќе стихозбирки, учествувала на повеќе групни изложби поврзани со ...

Во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од Анета Симоновска-Стојчевска. Под наслов „Времеплов“ таа ќе се претстави со инсталација составена од три дела, изработени од разнородни материјали и во повеќе техники. Целта е да се акцентира улогата на постаментот низ историјата. Видео-инсталација е со аудиозапис на Мира Георгиевска, и неколку цитати појаснувања кон изложбата даваат авторката и Ѓорѓи ...

Фестивалот почнува утревечер во 20 часот со премиерата на „Магбет“ во режија на светски познатиот унгарски режисер и сценарист Сабо Иштван. Со оваа продукција, битолскиот Народен театар не само што го отвора Фестивалот, туку и го одбележува својот 81. роденден, како и Денот на основањето на првиот современ македонски театар Пишува: Звонко Димоски Од утре до 21 ноември, Битола и Народниот театар од градот Битола ќе бидат домаќини на 11. издание ...

Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Лимениот барабан“ на Гинтер Грас во режија и адаптација на Васил Христов, поставена на сцената на Југословенско драмско позориште во Белград Под мотото „Нашите во светот“, јубилејното 50. издание на фестивалот „Млад отворен театар“ (МОТ) ќе се одржи во Младинскиот културен центар од 19 до 25 ноември. Фокусот ќе биде на македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на Македонија и ...

Изложбата е избор на дела од колекцијата „Артист 2000+“ на Модерна галерија и националните колекции од Љубљана, во дијалог со колекцијата на солидарноста на Музејот на современата уметност во Скопје Дела од Казимир Малевич, Марина Абрамовиќ, но и од Петре Николоски, Симон Узуновски, Иван Кожариќ, Катаржина Козира ќе бидат изложени вечерва во 20 часот Музејот на современата уметност во Скопје во рамките на меѓународната изложба „Истокот e сè уште ...

Праизведба на претставата „Варвари“ од Максим Горки во режија на Владимир Милчин ќе се случи вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар. Следната изведба е закажана за утревечер во истиот термин. Импресивна актерска екипа ќе се појави вечерва на сцената: Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо Јовановски, Григор Јовановски, Ана Стојановска, Оливер Митковски, Тања ...

Човекот што не доживеал 60 години зад себе остави огромно творештво, голем дел непознато и необјавено. Во годината кога Македонија одбележува сто години од раѓањето на Кирил Македонски, неговото семејство подари голем дел од неговиот легат Либретото за операта „Цар Самуил“ композиторот Кирил Македонски ја напишал во битолската кафеана „Македонија“, а музиката во кафеаната „Солун“. Не користел никаков инструмент. Во такви услови работел и ...

Почина Фросина Митрушева, професорката по математика која се пензионираше во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, која ги смени животите на многу млади луѓе што поминаа низ клупите во нејзината училница. Секогаш логична и математички прецизна, зад себе остави стотици луѓе од различни генерации со кои беше многу повеќе од средношколски наставник. Многумина ù прераснаа во блиски пријатели. А таа сите ги сметаше за свои деца. – 38 години ...

Самостојната изложба „Простори помеѓу / Шепоти во вдлабнатините, светла на надежта“ од Ана Спасова ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан во Старата скопска чаршија. Куратор на изложбата е Гордана Велков. Изложбата претставува мултимедијална инсталација што се развива низ четири меѓусебно поврзани фази. Преку овој структуриран концепт, публиката постепено се воведува во комплексен визуелен и ...

Во Кинотеката на Македонија од вечерва до 18 ноември во Кинотеката во Скопје ќе се одржи Недела на јапонскиот филм. Ревијата почнува вечерва во 19 часот со проекција на филмот „Под отворено небо“. – Циклусот на јапонски филмови е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската кинематографија. Овој циклус нуди не ...

На Националната опера и балет на 18 номеври во 20 часот ќе биде изведен балетот „Госпоѓа Бовари“, дело во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Гистав Флобер. Диригент е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис ...

Од печат излезе книгата „Стилски синтези“ од Димитар Пандев, издание на „Матица македонска“. Книгата претставува обемен труд од областа на македонската стилистика во кој Пандев ја обработува теоријата за стилски синтези што ја има поставено Блаже Конески. Авторот ја разгледува од најмалку четири аспекти во одделни реферати и статии, објавени помеѓу 1958 и 1992 година, задржувајќи се врз придонесот на македонските преродбеници во оформувањето на ...

„Заедно“ е насловот на изложбата на дела од Ивона Петрова што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Петрова е добитничка на наградата „Борко Лазески“ за 2024 година која се доделува веќе 30 години. Наградата се доделува за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности и подразбира организирање на самостојна изложба во КИЦ. – Мотивите за создавање на уметничко дело се ...

Шестмина професори се прогласени за најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2024 година. Признанијата им беа врачени вчера, на 10 Ноември, Светскиот ден на науката за мир и развој. Наградата ја добија: – проф. д-р Јасмина Петреска-Станоева, од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, најдобар научник за природно-математички науки; – проф. д-р Христијан Ѓорески, од Факултетот за ...

Со долг аплауз и стоечки овации публиката го награди македонското трио „Анимато“ на концертот што се одржа во концертната сала „Фердинанд Деда“ при Националната телевизија на Албанија. Триото го сочинуваат флејтистките Даниела Неделковска и Симона Марочковска-Манојловска и пијанистката Светлана Димитриевска. Во вториот дел од концертот следуваше изведба на оркестарот на РТШ со кларинетистот Роланд Бербиу, под диригентство на Фатос Керимај. На ...

Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно – Театар без молк – свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата рамнодушност да му го заземе местото на театарот без желба да менува или да провоцира. „Храбриот нов театар“ е мотото под кое ќе се одржи 60. јубилејно ...

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, неделава ќе биде домаќин на врвни македонски музички изведувачи, кои со светски позната музичка програма, но и со програма од македонски композитори, ќе се претстават пред белградската публика. Вечерва во 20 часот во соработка со една од најпознатите културни институции во главниот град на Србија, ќе организира концерт на две наши познати пијанистки, Ана Гацева и Татјана Џорлева. Концертот за ...

Во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, Тетово беше домаќин на панел- дискусија „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“ Како образовниот систем се менува низ годините, какво е значењето на оценките беа дел од прашањата отворена на трета панел-дискусија од националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука што се одржа вчера во Тетово под наслов „Каква магија се крие зад ...

Во бифето на Младинскиот културен центар вечерва во 20 часот ќе се одржи промоција на романот „Фобос“ од Соња Станковска. Книгата е издание на „Или-Или“. Настанот ќе го води уредникот Ненад Стевовиќ, а делото ќе го претстави писателката Фросина Пармаковска. За романот „Фобос“ таа вели: – Романот е уникатен пример на колажиран, нелинеарен и мошне комплексен хибриден текст кој умешно ги поставува едни од најзначајните прашања за човекот и за ...

Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име, а е востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“. Со многу емоции, сеќавања, но и со доза на оптимизам и хумор, на 5 ноември во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, само неколку дена по одбележувањето на една година од заминувањето на „мајката на сите македонски писателки“, се ...

Македонската Радио Телевизија ја претставува песната „Miracle“, во изведба на Нела Манческа, со која ќе настапи на Јуниорскиот Евросонг 2025. Создадена од Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), „Miracle“ не е само песна — тоа е чувство. Таа раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе – за моментот кога ја пронаоѓаме сопствената светлина дури и во најтемните мигови. Со својот емотивен вокал и искрена интерпретација, ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
82%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
90%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
97%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
92%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
7.72
85%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Алуминиум

2.89

Злато

135322.28

Калај

40.11

Платина

53106.37

Рутениум

29192.88

Бакар

10.76

Паладиум

45879.12

Кобалт

55.67

Иридиум

145787.60

Никел

471972.96

Родиум

255598.44

Сребро

1837.41