Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Филмот „Мајка вештерка“ во режија на Минос Папас, копродукција меѓу Кипар, Македонија, Канада и САД утре ќе биде прикажан во официјалната селекција на годинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. Црпејќи инспирација од фолклорот на неговиот роден Кипар, песочните куќи и пејзажи обоени од Сонцето, Минос Папас раскажува слоевита приказна за тага и искупување што се провлекува низ митовите и историјата, христијанството и ...
Во Македонскиот народен театар започнаа пробите за претставата „Син понеделник“ од Калија Киселички и во режија на младиот Борјан Стојков. Претставата е копродукција помеѓу „Перипетија продукција“ и МНТ, во соработка со студиото за актерска игра „Прва проба“. Проектот е резултат на повеќегодишниот истражувачки процес во рамките на проектот „TRY – Театарот ги обединува младите“, кој се фокусира на прашањето: „Што се парите и какво влијание ...
Вкупниот буџет на Министерството за култура и туризам годинава изнесува 5.194.975.000 денари, на Годишниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2026 година пристигнале 2.618 пријави По 4 милиони денари добија Скопскиот џез фестивал и театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ кој годинава одбележува 60 години од основањето. По 3 милиони денари добија Меѓународен театарски фестивал „Скупи фестивал“ и ...
Копродукцискиот долгометражен филм „Срам и пари“ (Shame and Money) на режисерот Висар Морина, освои Гран-при од жирито во категоријата Светски филм – Драма на престижниот фестивал „Санденс“ во Парк Сити и Солт Лејк Сити (САД). Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, а од Македонија како копродуцент е List Production. Светската премиера на филмот се одржа на 25 јануари. Филмот е копродукција на компании од Германија, Косово, Словенија, ...
Сонувам како со Иван Шопов се бориме за кратка проза. Ровот во кој сме напикани изгледа ко секој ров – грозно. Ние сме наоружани до заби. Му велам: чоек, шо прајме море овде? Што да правиме Ненаде, ми враќа, се бориме, и го репетира пиштолот. Против кого се бориме море луд еден, му велам. Не знам како воопшто успеа ме довлечкаш овде… Ако не ти одговара оди си, ми вели, само внимавај каде газиш. Нормално дека че си одам, му враќам, не сум луд ...
„Овој албум за мене е прва вистинска средба со сопствениот уметнички глас. Тоа не е само документ од еден период, туку обид да ја преточам тишината, работата и сите сомнежи во музика, рече младиот виолончелист Антонио Илиоски на промоцијата на неговиот албум Beyond the Silence што се одржа во „Аудиокултура“ во Скопје. Станува збор за дебитантски проект што содржи Соната за виолончело и пијано од Клод Дебиси и Соната за виолончело и пијано бр. ...
Да се стигне до проект во театар и да се почувствуваш како млад режисер/ка во земјава е исто како да си морнар во оваа земја. Учиш и се надградуваш, а нема каде да ги артикулираш преокупациите кои акутно бараат да ги раскажеш на сцена – вели Александар Ивановски, корежисер на претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“ Претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“ е претстава што во Театар Комедија во ноември минатата година ја поставија заедно ...
Концертната сезона на Националниот џез оркестар ќе почне вечерва во 20 часот во Македонската филхармонија, а ќе настапат заедно со гудачкиот ансамбл на Националната опера и балет. Диригент е Џијан Емин. Ќе бидат изведени авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески. Како солисти ќе настапат Кирил Кузманов на саксофон и флејта и Бојан Цветковиќ, на ...
„Чекори што не згаснуваат“ е насловен концертот на Ансамблот „Танец“ што ќе биде изведен на 27 февруари (19.30 часот) во Македонскиот народен театар чест на Симеон Чулев. – Велат дека игроорците не заминуваат засекогаш, тие само го менуваат ритамот. Симеон не беше само дел од овој ансамбл, тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено „Аирлија!“ зад сцената. Со својата посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон ...
Во преполната киносала во „Докукино КИЦ“ во Загреб, хрватската публика ја проследи премиерата на „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. Премиерата ја организираа хрватскиот дистрибутер „Рестарт“, „Волим документарце“ и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Пред публиката се обратија раководителката „Докукино КИЦ“, Дина Покрајац и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска. Сподели Во ...
Црквата е датирана во 6 век, но има елементи и на постари слоеви. Засега не е познато до кога била користена. По овие информации археолозите ќе трагаат во наредните истражувања Тврдината во Бислимска Клисура била развиена населба со подолг временски период на живеење. Своевиден регионален центар во кумановската област во периодот на доцната антика, велат археолозите од Музејот од Куманово. Тие во минатите два месеца вршеа археолошки ...
Претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ во режија на Борис Василески, а продукција на театар „Штрих“ ќе биде изведена на 1 февруари во 20 часот во салата „25 Мај“ во Младинскиот културен центар. Претставата се враќа пред публиката по две години од последната изведба и од учеството на фестивалот БИТЕФ. Улогите ги толкуваат: Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли, Јанка ...
Крива Паланка и Кратово претставуваат две комплементарни културно-историски целини во североисточниот дел на Македонија, со исклучително значајно материјално и нематеријално културно наследство од преродбенскиот период. Овие потенцијали со својата уникатна комбинација на локални традиции и европски влијанија, имаат огромни можности да се трансформираат во атрактивен културно-туристички производи. Ова е еден од клучните заклучоци од ...
Филмот „Татко, мајка, сестра, брат“ на режисерот Џим Џармуш, добитник на „Злaтен лав“ во Венеција, од утревечер ќе се прикажува во киносалите. Во Скопје ќе може да се гледа во „Синеплекс“, а во февруари и во Кинотеката. Станува збор за хумористична драма на еден од најзначајните американски независни филмски режисери, Џим Џармуш, кој се враќа со стил во форма на совршено конструиран филмски триптих. Филмот раскажува три различни, но тематски ...
Поради технички проблеми, ве известуваме дека е променета локацијата на одржување на донаторската вечер „Threads of Light“, која ќе се одржи утревечер во 19 часот во ресторанот „Везилка“ во Скопје (наместо во „Станица 26“). Со овој настан официјално ќе биде одбележан почетокот на работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“. Вечерта ќе ги обедини уметноста, музиката и општествената одговорност во една заедничка порака за грижа, правда и ...
Долгометражниот игран филм „Срам и пари“ во режија на Висар Морина, копродукција со Македонија, ја имаше светската премиера на најголемиот фестивал на независен филм во САД, „Санденс“ во Јута. На премиерата присуствуваше и продуцентката Марија Димитрова. Филмот беше селектиран во програмата Светски филмови – драма. Shame and Money е копродукција помеѓу Германија, Косово, Словенија, Албанија и Белгија. Висар Морина е режисер, продуцент и ...
Членовите на анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија ги дадоа своите први гласови за пристигнатите дела на конкурсот. Од вкупно 17 дела во трка за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 гoдина, во полуфиналниот круг влегуваат следните 8 наслови: – „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева („ТРИ“) – „Каде леташ, ...
Филмот „Фантази“ во режија на Кукла Кешеровиќ, ја освои главната награда за долгометражен игран филм на 37. Филмски фестивал во Трст, Италија. Во словенечкиот филм, Македонија е земја-копродуцент („Круг филм“). Филмот исто така ја доби наградата на порталот посветен на филмската уметност – Cineuropa.org. Филмот ја имаше македонската премиера на последното издание на „Синедејс“ во Скопје. Михрије, Сина и Јасна се најдобри пријателки во раните ...
Во Изложбениот салон при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово в четврток (28 јануари) во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Везилка“ на авторката Јана Јакимовска. Изложбата содржи седум слики и 20-ина цртежи од најновата продукција на Јакимовска. Јана Јакимовска е родена во Скопје, каде дипломира и магистрира на сликарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности на УКИМ. Се занимава со сликарство, фотографија, интервенции во ...
Програмата на Кинотека на Македонија за февруари ќе претставува внимателно изграден мозаик од современи авторски визии и значајни европски остварувања, кој уште еднаш ја потврдува Кинотеката како простор на мисла, чувствителност и отпор кон заборавот. Ова не е програма што нуди лесна забава, туку покана за длабинско гледање и активно учество во филмот како уметнички и етички чин. Во центарот на вниманието е актуелниот филм на Тамара Котевска, ...
Балетската претстава во два чина „Доктор Офболи“ ќе биде изведена на 31 јануари во два термина – 17 часот и 19 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. Претставата е во кореографија на Михаил Крапивин од Русија, а музиката – на Игор Морозов, а според сказната на Корнелиј Чуковски. Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на НОБ. Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, а костимографијата – на Марија Пупучевска. „Кавалерија ...
Најголемата слабост на актуелниот Закон за високо образование е што создава формална автономија и нефункционалност. Законот на хартија е европски и модерен, но во практична примена произведува системски блокади кои секојдневно ја отежнуваат работата на факултетите, вели Дуев Новиот закон за високо образование мора да ја отстрани фикцијата на автономија. Финансиската и кадровската автономија мора да бидат реални, а не условени со трезори, ...
Издавачкиот центар ТРИ објави повик за млади автори, кои со своите оригинални ракописи ќе донесат свежина во книжевниот свет. – Ако имаш од 18 до 35 години, ако обожаваш да се нурнуваш во романси, драми или крими-романи, а веќе имаш напишано нешто и го криеш во фиока, прати ни го на [email protected] – велат од ТРИ. Повикот е отворен до 6 февруари. Тие што ќе пратат апликација ќе добијат повратен одговор до крајот на месецот. Сподели ...
Пишува: Пиле Шарено Беше тоа една сосема едноставна златна венчална бурма, каква што вообичаено разменуваа младоженците, во некогашните скромни времиња и околности на седумдесеттите години од минатиот век. Духот на егалитаризмот, на кој сите во нејзината генерација беа горди, налагаше да не се придава особено значење на тој симболичен момент на ветување вечна љубов. Свадбите пак беа реликвија на минатото и најголем престиж во генерацијата ...
Пишува: Никола Пијанманов Во моето детство, ниеден сликар не остави такви маркантни траги како делата на Спасе Куновски. Пред да дознаам дека постои надреализмот, Ман Реј, Бретон и Рене Магрит, јас го проучував, сонував и здомив, ликовниот свет на Куновски. Тоа преклопување на сликите со моите визии и погледи на светот е една од оние синхронизации со кои човек останува до крајот на животот, иако можеби тематски и естетски се разминале некаде ...
По десет години од премиерата, претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на продукцијата „Артопија“ повторно ќе се игра пред театарската публика. На 27 јануари во „Јавна соба“ во Скопје ќе биде изведена во 20 часот. Претставата е во режија на Билјана Радиноска, а играат: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска. Станува збор за трансформирачка приказна за растењето, соништата и борбата за индивидуална ...
Издавачката куќа „Матица македонска“ неодамна го објави и последниот роман „Повисока правда“ од еден од најпознатите и најбараните новелистички серијали на современата шведска книжевност за Себастијан Бергман. „Матица македонска“ во превод на македонски јазик го објави и романот „Повисока правда“ од Микаел Јорт и Ханс Розенфелт – најновото, шесто продолжение на серијалот што се издвојува како единствен од ваков формат и со ваков интерес во ...
Фактор кој можеби би ни го дал одговорот по кој трагаме е истражувањето. Љубопитноста е многу добра карактеристика кога станува збор за избор на високото образование Пишува: Ива Трпески Интелектуалноста е особина карактеристична само за нас луѓето. Секојдневно се соочуваме со ситуации каде разумни постапки и образование се неопходни за тие да се надминат. Сепак, предност или маана ќе биде кој и како ќе ја разглоби истата ситуација, за да ...
Изложбите „Мал формат“ и „МиниАРТура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија се отворени од синоќа во Музеј галеријата – Кавадарци. Претставени се дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничкото здружение. Изложбите ќе бидат отворени за посета до 12 февруари. Сподели Изложбите „Мал формат“ и „МиниАРТура“ на Друштвото на ...
Филмот „Грешници“ (Sinners) во режија на Рајан Куглер освои рекордни 16 номинации за 98. церемонија на „Оскар“, објави вчера Американската академија за филмски науки и уметности. Овој филм успеа да го собори досегашниот рекорд од 14 номинации, што го држеа „Сè за Ева“, „Титаник“ и „La La Land“.„Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон доби 13 номинации, додека „Марти Суприм“, „Франкенштајн“ и „Сентиментална вредност“ – по девет. Сцена од ...