Промоција на книгата „Со свои зборови: интервјуа (1985 ‒ 2023)“ од Сергеј Андреевски ќе се одржи во четврток (14 ноември) во 19.19 часот во „Салон 19:19“ во Културно-информативниот центар во Скопје. Книгата претставува прошетка низ времето, нè враќа на самите почетоци на сликарската кариера на Андреевски. Таа прошетка се личните ставови на еден македонски ликовен уметник со меѓународна кариера за уметноста, животот и секојдневното битисување ...
Осумдесетгодишнината од ослободувањето на Скопје, Културно-информативниот центар ќе ја одбележи и чествува со настанот „Поетот и градот“ со академик Влада Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика. Годинава се навршуваат и девет децении од раѓањето на Урошевиќ и шеесет и пет години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Еден друг град“ со којашто тој ја најави својата поетичка опсесија со градот. Со ...
Кратко документарно видео за константното загадување и уништување на реката Вардар изработи групата урбана герила/урбани уметнички акции која функционира во рамките на Центарот за современи уметности. На видеото се прикажани канализациите и отпадните води кои се влеваат во Вардар од нејзиното извориште во Вруток, па сè до излезот од Скопје. – Сакаме да ги информираме граѓаните за тивкото долгогодишно уништување на нашата најголема река и да се ...
Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп утревечер во 19 часот ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. На програмата ќе бидат изведени дела од духовен карактер, македонски народни песни, песни од македонска забавна музика и англиски хитови. Диригент ќе биде Катерина Попоска. Музички соработници на концертот ќе бидат Иле Иваноски пијано, Менде Ташкоски тамбура, Филип Бурнески, тарабука, тапан. Гости на вечерта ...
Македонскиот Национален џез оркестар и Рамбо Амадеус изведоа феноменален концерт на отворањето на Сараевскиот џез фестивал (Jazz Fest Sarajevo 2024). „Богати аранжмани, врвната музичка изведба и хуморот на Рамбо со долгите овации од публиката, го направија годинешното издание на Сараево џез фестивал врвно доживување“, пишуваат сараевските медиуми. Концертот беше распродаден еден месец однапред. Народниот театар во Сараево беше претесен за ...
Културно-уметничкото друштво „Стив Наумов“ од Битола синоќа го одбележа својот 80-годишен јубилеј. Настанот, кој собра љубители на македонската култура, уметници, почитувачи и поранешни членови на друштвото, го истакна значењето на „Стив Наумов“ како културен столб на Битола и Македонија. Јубилејната прослава започна со изложба во фоајето на Народниот театар Битола, на која беа изложени над 150 предмети и фотографии кои сведочат за богатата ...
Приказната за „Требенишките кнезови“ почнува во 1918 година кога бугарски војници случајно ги нашле гробниците во кои биле депонирани и првите две златни маски и многу други предмети Богатиот архајски гроб од 6 век пред новата ера што археолозите деновиве го истражуваат во струшкото село Корошишта уште еднаш го потврди фантастичниот културен контекст што постоел на овие простори пред 27 века. Во гробот се регистрирани 80 наоди – бронзен шлем, ...
Во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде претставено концептуалното дело „Хаос“ на мултимедијалниот уметник Методи Ангелов-Мето. Во ова дело тоа работи со идејата и искуството за хаосот. – Мултимедијалното разбирање на хаосот не цели кон наоѓање решенија за негово надминување. Напротив, постојаното движење, судирање, повторување и преклопување на звуци, симболи и знаци предизвикува сомнеж кај гледачите во вредноста на ...
Во Регионален центар за стручно образование и обука ќе се трансформира средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Центарот ќе биде под надлежност на државата, а трансформацијата треба да заврши за три години. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека ова е важна одлука за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем и негова синхронизација со пазарот на трудот. – Ќе бидат дефинирани струките што ќе се изучуваат ...
Во градската црква „Св. Великомаченик Димитриј“ во Крива Паланка вечерва во 19.30 часот концерт ќе одржи Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје. На програма се дела од Џовани Пјерлуиџи Палестрина, Стеван Мокрањац, Костанзо Феста, Тодор Скаловски, Драган Шуплевски, Боб Чилкот, Арон Харолд, Кирил Македонски и дела на анонимни автори. Диригент е маестро Сашко Татарчевски, кој веќе ја има освоено светската сцена со своето ...
Јубилејна 50. изложба на Друштвото на ликовните уметници на Битола ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Офицерскиот дом во Битола. На изложбата ќе бидат претставени над шеесетина дела од околу четириесет автори, активни членови како и дела на основоположнците на самото друштво, некои од нив доајени на македонската уметност. Борислав Траиковски, Тоде Ивановски, Ранко Стурмениковски, Перо Спироски, Стојан Апчевски, Коста Хаџи-Антоновски, како и ...
Богат архајски гроб од 6 век пред новата ера со златни, сребрени и бронзени предмети, слични на гробивите со златни маски од Требенишкатата некропола открија археолозите во селото Корошишта, близу Струга. Засега во гробот се регистрирани 80 наоди. – Во рамки на гробната целина откриени се бронзен шлем; златни прстени, килибарни и стаклени перли; златни фолии со различни форми и декорација; сребрени игли; бронзен сад за вино; сребрен кантарос; ...
Изложбата „Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан” на Музејот на македонската борба за самостојност од денеска ќе гостува во Културно-информативниот центар во Истанбул. Ќе бидат изложени 15 паноа, со текстови и фотографии од донирани предмети на семејството Шабан во временски интервал од 200 години, кои со својата посебност доловуваат моменти и пренесуваат емоции при презентирање на традицијата и културата, ...
Македонскиот долгометражен филм „Не се согласувам“, во режија на Кристијан Ристески и продукција на „Фокус покус“ доби поддршка од SEE Cinema Network – Мрежа на филмски институции од Југоисточна Европа. Овој проект е македонско-кипарско-француска копродукција. На 37. Генерално собрание, присуствуваше в.д. директорот на Агенцијата за филм, м-р Даниела Станковска Плачковска. Земјите членки донесоа одлука да доделат вкупна поддршка од 72.000 евра, ...
Во Градската црква „Свети Великомаченик Димитриј“ во Крива Паланка утревечер во 19.30 часот ќе се одржи концерт на Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје. На програмата се дела од Џовани Пјерлуиџи Палестрина, Стеван Мокрањац , Костанзо Феста, Тодор Скаловски, Драган Шуплевски, Боб Чилкот , Арон Харолд, Кирил Македонски и дела на анонимни автори. Концертот ќе се одржи под диригентство на маестро Сашко Татарчевски, кој ...
Легендарниот бенд „Зијан“ ќе одржи концерт вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Гевгелискиот бенд ќе настапи во МКЦ по 30 години. Ова е ексклузивен настан кој ја слави нивната 42-годишна кариера и неверојатната енергија на оригиналниот состав кој и денес со иста страст ги изведува своите хитови. Симболично, концертот се одржува на Денот на ослободувањето на Гевгелија. Од победата на „Гитаријада“ во Зајечар до настапите ...
Филмот „Супстанција“ во режија на Корали Фарго, со Деми Мур во главната улога игра на репертоарот во Кинотека и во киното „Милениум“. Во Кинотека филмот ќе биде прикажан на 11 ноември во 20 часот. Елизабет Спаркл, ѕвездата на шоуто за аеробик, добива отказ на својот 50-ти роденден, по што следувала неочекувана понуда. Мистериозна лабораторија и нуди супстанција која преку репликација на клетките ја прави Елизабета да стане „помлада и подобра“ ...
Со претставата „Бели ноќи“, Македонскиот народен театар од Скопје, вечерва во 20 часот, ќе гостува на сцената на Народниот театар од Битола што годинава одбележува 80-годишнината од неговото формирање. Претставата е според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза ...
Пишува: Ана Арсеновска Зафирова Пустелијата е далеку повеќе од гаража кајшто човек може да ја „фати“, да побегне, да се сокрие, да се осами. Најдобро би било никој да нема потреба од тоа „да фати пустелија“. Но ако веќе мора, тогаш нека ја побара сопствената онаму каде што мисли дека го чека – вели Лидија Димковска. Сé повеќе луѓе се засегнати со судбината на бегалството, миграциите, номадизмот, доброволно или не, со релативизирањето на ...
Подигнување на девастираниот високообразовен систем, одржливост на квалитетот и подобро вложувањата во науката и условите за научно истражувачка работа во Македонија се во фокус на работата на новото национално координативно тело за прв пат формирано во мандатот на една Влада, соопшти Министерството на образование и наука. Координативното тело вчера ја одржа конститутивната седница. Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се ...
Книгата „Анимистичките концепти во сказните“ од Розе Нешковска Славковска ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во Едукативниот и културен центар „Лабораториум“ во Скопје (на бул. „Св. Климент Охридски“). Делото е во издание на „Македоника литера“. Промотор ќе биде проф. д-р Трајче Стамески, кој е и автор на поговорот во книгата. Во книгата е објавен предговор од проф. д-р Нина Анастасова Шкрињариќ. Предмет на истражување во овој труд е ...
„Саботна ноќна треска“ е насловот на изложбата од Игор Сековски, Иван Блажев и Марија Ветероска што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Сули Ан, во Старата скопска чаршија. Тројцата автори изложуваат дела на една заедничка тема, но низ три различни изразни форми. Куратор на изложбата е д-р Ана Франговска. „Саботна ноќна треска“ е евокативен наслов кој веднаш создава слики од општествениот ...
Деновиве во просториите во Филмскиот центар „Вардар филм“ започна дигитализација на аудиоленти (од период 1940 – 2000 година) кои беа зачувани во депото на „Вардар филм“. Станува збор за околу 400 ленти кои содржат радиодрами, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на „Вардар филм“. Процесот на дигитализација се одвива во колор грејдинг студиото кое е функционално и како ...
На Факултетот за ликовни уметности во Скопје (Педагошки факултет) вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „ФЛУ Апертура 2024“ на Факултетот за ликовни уметности во Белград Во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (Педагошки факултет) вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „ФЛУ Апертура 2024“ на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Ќе бидат изложени дела од шестмина одбрани уметници кои во моментов се на ...
Почнаа уписите на првиот колеџ за средношколци во Македонија (NU College). Првата генерација почнува со работа наскоро, а предвидени се само 150 места. Колеџот ќе нуди успешна академска и професионална кариера и заработка за успешно завршен проект уште во средношколските денови. NU e единствениот колеџ на кој средношколците имаат шанса да станат претприемачи, дизајнери, програмери и инфлуенсери, велат од едукативно-технолошкиот центар ...
„Црно и црно“ е насловот на изложбата на Мице Јанкуловски отворена во галеријата „Фебо и Дафне“ во Торино, Италија. Куратор на изложбата е д-р Мелани Зеферино, директор на Музејот за текстил во Кјери и вонреден професор на Академијата за ликовна уметност Албертина во Торино. Излбата е отворена како придружен настан на саемот за современа уметност „Артисима“. За творештвото на Јанкуловски, Зеферина вели: – Креативното дело на Јанкуловски опфаќа ...
Изложба на слики од Владимир Темков ќе бие отворена вечерва во 20 часот во продажниот ликовен салон на Културно-информативниот центар во Скопје. Тој ќе се претстави со 30 досега неизложувани слики од неговиот последен циклус Владимир Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршил во Скопје во класата на професор Ванчо Георгиевски, а Факултет за ликовни уметности – отсек графика дипломирал во ...
Во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на новата публикација „Доколку постои приказната: Обид за децентрализација на знаењето“. Изданието е производ на соработката помеѓу уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска и уредничката Дијана Маринчу. На промоцијата ќе присуствуваат авторите и гостинката Ана Кун, визуелен уметник од Темишвар. Публикацијата нуди свеж пристап кон современата уметност, перципирајќи ја ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со поетесата и писателка Виолета Танчева-Златева. Нејзиниот роман „Бела Сама“ е книга на месецот во Библиотеката во рамките на големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што се организира трета година по ред. Разговорот со Танчева-Златева ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј ...
„Платоновата теодикеја и проблемот на материјата“ е темата на која д-р Виктор Илиевски денеска во 13 часот ќе одржи предавање на Филозофскиот факултет (Слушална 8) во Скопје. Ова е четврто предавање од серијалот „Алумни“. Виктор Илиевски е постдокторски истражувач по античка филозофија на Универзитетот во Виена. Претходно работел на Автономниот универзитет во Барселона и Универзитетот во Букурешт. Објавува главно во областа на платоничарската ...