Издавачкиот центар ТРИ објави повик за млади автори, кои со своите оригинални ракописи ќе донесат свежина во книжевниот свет. – Ако имаш од 18 до 35 години, ако обожаваш да се нурнуваш во романси, драми или крими-романи, а веќе имаш напишано нешто и го криеш во фиока, прати ни го на [email protected] – велат од ТРИ. Повикот е отворен до 6 февруари. Тие што ќе пратат апликација ќе добијат повратен одговор до крајот на месецот. Сподели ...

Пишува: Пиле Шарено Беше тоа една сосема едноставна златна венчална бурма, каква што вообичаено разменуваа младоженците, во некогашните скромни времиња и околности на седумдесеттите години од минатиот век. Духот на егалитаризмот, на кој сите во нејзината генерација беа горди, налагаше да не се придава особено значење на тој симболичен момент на ветување вечна љубов. Свадбите пак беа реликвија на минатото и најголем престиж во генерацијата ...

Пишува: Никола Пијанманов Во моето детство, ниеден сликар не остави такви маркантни траги како делата на Спасе Куновски. Пред да дознаам дека постои надреализмот, Ман Реј, Бретон и Рене Магрит, јас го проучував, сонував и здомив, ликовниот свет на Куновски. Тоа преклопување на сликите со моите визии и погледи на светот е една од оние синхронизации со кои човек останува до крајот на животот, иако можеби тематски и естетски се разминале некаде ...

По десет години од премиерата, претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на продукцијата „Артопија“ повторно ќе се игра пред театарската публика. На 27 јануари во „Јавна соба“ во Скопје ќе биде изведена во 20 часот. Претставата е во режија на Билјана Радиноска, а играат: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска. Станува збор за трансформирачка приказна за растењето, соништата и борбата за индивидуална ...

Издавачката куќа „Матица македонска“ неодамна го објави и последниот роман „Повисока правда“ од еден од најпознатите и најбараните новелистички серијали на современата шведска книжевност за Себастијан Бергман. „Матица македонска“ во превод на македонски јазик го објави и романот „Повисока правда“ од Микаел Јорт и Ханс Розенфелт – најновото, шесто продолжение на серијалот што се издвојува како единствен од ваков формат и со ваков интерес во ...

Фактор кој можеби би ни го дал одговорот по кој трагаме е истражувањето. Љубопитноста е многу добра карактеристика кога станува збор за избор на високото образование Пишува: Ива Трпески Интелектуалноста е особина карактеристична само за нас луѓето. Секојдневно се соочуваме со ситуации каде разумни постапки и образование се неопходни за тие да се надминат. Сепак, предност или маана ќе биде кој и како ќе ја разглоби истата ситуација, за да ...

Изложбите „Мал формат“ и „МиниАРТура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија се отворени од синоќа во Музеј галеријата – Кавадарци. Претставени се дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничкото здружение. Изложбите ќе бидат отворени за посета до 12 февруари. Сподели Изложбите „Мал формат“ и „МиниАРТура“ на Друштвото на ...

Филмот „Грешници“ (Sinners) во режија на Рајан Куглер освои рекордни 16 номинации за 98. церемонија на „Оскар“, објави вчера Американската академија за филмски науки и уметности. Овој филм успеа да го собори досегашниот рекорд од 14 номинации, што го држеа „Сè за Ева“, „Титаник“ и „La La Land“.„Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон доби 13 номинации, додека „Марти Суприм“, „Франкенштајн“ и „Сентиментална вредност“ – по девет. Сцена од ...

„Најдоброто од Киненова“ почна вечерва со проекција на македонскиот филм „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи, а кинематографер е Владимир Самоиловски, кој е годинашен лауреат на наградата за особен придонес во филмската уметност на Фестивалот. По него беше прикажан српскиот филм „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, кој на јубилејното десетто издание на МФФ „Киненова“ доби награда за најдобро сценарио и најдобра режија. -Се радувам што за оваа ...

Во Националниот музеј на Унгарија во Будимпешта денеска во 15.30 часот ќе биде отворена големата изложба Attila. Horizons of Memory, во чии рамки ќе бидат изложени и артефакти од Македонија. Ќе бидат претставени наоди од богатиот гроб пронајден во Таранеш, Дебарско. Изложбата ќе биде отворена за јавност од утре до 31 јули. Потоа тие ќе бидат вратени во Македонија. На изложбата ќе бидат претставени повеќе европски музеи со делови од нивните ...

Жално е што во Македонија, поготово во Скопје, немаме каде да ги прикажуваме филмовите. Освен мултиплексот „Синеплекс“, чија намена и не е ниту да прикажува типови на филмови што не се блокбастери. Ние создаваме македонска култура. Постојат два типа филмови – теоретски – филмови што забавуваат и тие што отвораат проблеми, социјални, политички и какви било. Јас лично сум повеќе фокусиран на втората група, мене не ме интересира забавата во ...

Со филмот „Мајка Мара“ во режија и главна улога на Мирјана Карановиќ, вечерва во 19 часот во „Синеплекс“ ќе биде отворено зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот регион. Ревијата на наградувани регионални филмови, вечерва започнува кај нас, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Од утре бесплатно ќе биде достапен избор на наградувани регионални филмови на онлајн-платформата ondemand.kinomeetingpoint.ba. ...

Македонскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски ќе се натпреварува за награда на Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин, еден од најпрестижните филмски фестивали на светско ниво. Филмот е дел од селекцијата „Перспективи“ која опфаќа исклучителни филмски таленти ширум светот кои дебитираат на интернационалната филмска фестивалска сцена. Оваа селекција на филмови е од компетитивен карактер, а дава особена ...

Почна процесот за подготовка на Закон за основање Факултет за медицински науки и здравство во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Информацијата вчера беше објавена на ЕНЕР системот. – Со овој закон се основа високообразовна установа Факултет за медицински науки и здравство, како единица во состав на УКЛО. Факултетот е правен наследник на „Високата медицинска школа“ при Универзитетот. Факултетот ќе врши високообразовна ...

Градовите Оулу во Финска и Тренчин во Словачка се Европски престолнини на културата за 2026 година. Програмата во Оулу почна во минатата недела, а отворањето во Тренчин е закажано за 13 февруари. Иницијативата е поддржана од Европската Унија преку програмата „Креативна Европа“. Скопје е избран за Европски престолнина на културата за 2028 година. Сместен во регионот Северна Остроботнија, Оулу ја оформил својата културна програма во соработка ...

Изложба на фотографии ќе биде отворена утревечер во 19 часот во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Сули ан во Скопје. Исто така ќе биде прикажан и документарен филм реализиран во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, во соработка со Гете Институтот во Скопје и поддршка на Универзаланата сала. На настанот ќе го обратат: Кристоф ле Риголер, амбасадор на Франција и Петра Дрекслер, ...

Драмскиот театр од Скопје вчера ја одржа првата проба за претставата „Ова е само крајот на светот“ по истоимената драма на Жан-Лик Лагарс. Преводот, адаптацијата и режијата се на режисерката Теа Беговска. Ќе играат: Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ. Сценограф и костимограф на претставата е Надиа Василева од Бугарија, музиката е на Енес Беговски. Роберт Вељановски, директор на ...

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт заедно со гудачкиот ансамбл на Националната опера и балет на 30 јануари во 20 часот на сцената на Македонската филхармонија. Ова ќе биде официјално отворање на концертната сезона 2026. Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија. Под диригентство на маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени авторски композиции на Трајче ...

Театар Комедија годинава ќе го прослави Светскиот ден на театарот (27 март) со премиера на претстава според македонскиот автор Митко Чешларов. Претставата ја режира Наташа Поплавска, а во тек се нејзините подготовки. Од првата премиера на Театар Комедија во 2012 година со наслов „Ах љубов моја“, претставата „Кој сум јас?“ ќе биде 55 премиера на Театар Комедија со што свечено ќе се одбележат 15 години богат репертоар. Театар Комедија годинава ...

Македонскиот хемичар Панче Наумов стана член на Европската академија на науките (European Academy of Sciences), во Одделението за хемија. Наумов во 2022 година беше избран за член надвор од работниот состав на Македонската академија на науките и уметностите. Тој е еден од македонските научници кои се на листата на 2 отсто највлијателни научници во светот што ја објавува Универзитетот „Стенфорд“. За членство во Европската академија на науки ...

Новиот македонски долгометражен игран филм „17“ на режисерката Косара Митиќ ќе ја има својата светска премиера на 76. Берлински филмски фестивал во февруари, во натпреварувачката селекција „Перспективи“. Продуцент на филмот е Томи Салковски и „Црна мачка продукција“. Информацијата беше соопштена денес на прес-конференција во Берлин. „Перспективи“ е програма посветена на најдобрите дебитантски филмови на светско ниво. „17“ ќе биде оценуван од ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје на 22 јануари (четврток) во 19 часот ќе се одржи промоција на 37. издание на списанието „Филозофска трибина“ во издание на Филозофското друштво на Македонија. Промотор на бројот во кој темата на бројот е „300 години Кант“ ќе биде проф. д-р Ана Димишковска. Повеќе за содржината на списанието може да видите на следниот ЛИНК. Списанијата можат да се најдат во книжарниците на „Или-или“ и „Култура“ по ...

Дела на уметницата Марија Павловска се изложени во Академијата за уметности на цртеж во Фиренца. Таа е една од победниците на 15. Фиренциско биенале. Павловска се претставува со неколку дела. Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари во Изложбената сала на Академијата за уметност на цртање (Вија Рикасоли 68 / Пјаца Сан Марко, Фиренца). На изложбата се претставени дела од 16 наградувани уметници од Фиренското биенале во 2025 година, меѓу кои ...

Од 21 до 24 јануари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на на фестивалот: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „Паноптикон“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе и многу други наслови. Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе ...

Eкофикцискиот роман „Министерство за иднина“ од етаблираниот писател на научна фантастика, Ким Стенли Робинсон, во превод на Игор Раиден, читателите го добија и на македонски јазик. Изданието е на „Илика“ од Скопје. За романот, на 28 јануари ќе се одржи книжевен кружок во кафе-книжарницата „Илика“ на кој можат да се пријават заинтересираните читатели преку порака на нивните социјални мрежи. Романот ја истражува можната иднина на светот и ...

Скопје. Корегиран дискурс. Надвор паѓа ситен дожд. Едната половина на градот е под вода, а другата ранета плута по градското езеро. Една птица удира во полуотворената ролетна. Трета за денеска. До мене стои книгата за Бројгел која ја позајмив. Се присетувам на „Падот на Икар“. Чудно е, но не можам да си го споменам Бројгел, а на неговото име како асоцијација да не ми се закачи и Вилијамс. According to Brueghel when Icarus fell it was spring. ...

Норвешкиот „Сентиментална вредност “ на Јоаким Трир ја освои наградата за најдобар филм на 38. Европски филмски награди, кои се одржаа синоќа во Берлин. Филмот исто така ги доби наградите за најдобра режија, сценарио, актер, актерка и оригинална музика. Главната актерка во филмот, Ренате Реинсве, изјави дека кампањата за наградите била „сентиментално патување“, додека главниот актер Стелан Скарсгард рече дека неговите шанси да освои „Оскар“ ...

Македонката Тина Русева побеид на шоуто за таленти Voice of Europe. Родена во Струмица, Русева во изминатите месеци беше вистински хит на шоуто Voice of Germany, каде победи, па отпосле ја претставуваше оваа земја на Voice of Europe. Тина Русева доби најмногу гласови од публиката и жирито. Тина преку видео одлучи им се зaблагодари на сите што гласале за неа и за поддршката што ја добила. -Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, ...

Со претставата „Сина сенка“ на режисерката Тамара Стојаноска, во продукција на „Златен Елец“, вечерва во 20 часот во Драмскиот театар во Скопје ќе бидат затворени Деновите на независна продукција. Текстот е на авторот Брајан Рејнолдс. Преводот од англиски јазик го направи Сашо Огненовски. Во претставата се користи оригинална музика на Мајкл Хукер, додека изборот на музиката и новите аранжмани ги изработи Лука Тошев. Дизајнот на плакатот и ...

Мјузикл според музиката на Влатко Стефановски, именуван „Као какао“ се подготвува со голема екипа, во режија на Дејан Пројковски, а според текст на Венко Андоновски. Станува збор за љубовна приказна со мелодрамски ефекти, противници и со голем копнеж да се успее, затоа што човекот е копнеж. Влатко Стефановски е човек-епоха, истакна Андоновски на прес-конференција што се одржа во Скопје. Продукцијата е на „Баги комуникации“, во копродукција со ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
7.72
71%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
93%
1004
weather icon

Софија

8ᴼ / 0ᴼ
2.57
80%
1016
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.91
90%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1004
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
4.47
76%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1008
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
81%
1017
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
3.13
97%
1008
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
76%
1019
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.06

Паладиум

56617.46

Злато

159322.70

Родиум

339190.38

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Сребро

3663.67

Рутениум

45750.51

Цинк

3.37

Иридиум

221848.72

Бакар

12.10

Калај

49.78