Рекордни 396 автори од цел свет се пријавија на 22. Меѓународен салон за стрип „Велес 2025“. Од нив 164 се македонски автори. Сите пристигнати дела ќе бидат прегледани од жири-комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајната стрип манифестација кај нас што ќе биде отворена на 20 август. Според Томе Трајков, програм координатор на Стрип ...

Се конципира конкурс за серии кој би бил отворен во јануари. Веќе десет години немало ваков конкурс во Агенцијата за филм, рече в.д. директорот Сашко Мицевски Македонија мора да дефинира што е филм од национален интерес. Досега биле финансирани проекти кои сметам дека не треба да припаѓаат во таа категорија. Нив треба да ги финансира МРТ или некоја друга сродна институција, рече в.д. директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски на ...

Во Амфитеатарот во Дојран синоќа и свечено беше отворен Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. На актерот Лазар Ристовски му беше врачена наградата „Мето Јовановски“ за високо достигнување во уметноста на филмот, која фестивалот ја доделува по втор пат, а беше прикажан филмот „Кога летото ќе заврши“ на Данис Тановиќ, како и краткиот дебитантски филм „Боја на темнината“ на Кристијан Костадиновски – филм поддржан од ...

На тема „Постмеморија – одек на тишината“, од 12 до 18 август во Галичник ќе се реализира ликовната колонија 36 -та сесија на „Галичник 2025“ – една од најреномираните и најпрогресивни уметнички колонии во регионот. Со јасна ориентација кон современите текови во визуелната уметност, колонијата и понатаму гради платформа за иновативна, интер-/транс-дисциплинарна и концептуална продукција. Темата е инспирирана од истражувањата на Мериен Хирш, ...

„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата со афоризми на бугарскиот писател и афористичар Дилјан Бенев. Во својата книга „Неповратно“ бугарскиот писател и афористичар Дилјан Бенев, на читателот му нуди афоризми кои според својата структура, симболика и метафорика го потврдуваат необратливото, необратното, непревртливото, непревртеното, непресвртното во секојдневната реалност – што е контрапункт на логиката, разумот и човечноста. Книгата ...

Изложба на акварели на Билјана Санџакоска, со наслов „Прелевања“ од синоќа е отворена во галеријата „Вангел Коџоман“ во Струга. За изложбата зборуваше проф. д-р Иван Додовски, а настапи и вокалистката Ева Милошевска во придружба на гитаристот Методи Поповски. Изложбата содржи седумдесет акварели во мал формат во кои доминираат топосите на езеро, планина, поток, шума и селски куќи зад чии необични издигнати покриви често се наѕира купола на храм ...

Книгата „Калиграфи на филмското писмо“ на Влатко Галевски ќе биде промовирана денеска во 19 часот во Кинотеката на Македонија. Промоцијата е во рамките на 6. „Флипбук филм фестивал“ што ќе трае до утревечер. Книгата во разговор со авторот ќе ја претстават Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков. Филмофилското издание на Галевски понудува иновативен филмолошки концепт во толкувањето на делата на дванаесет мајстори на филмскиот занает како: Вим ...

Филмот „Дневникот на машиновозачот“ во режија на Милош Радовиќ беше прикажан синоќа во Амфитеатарот во Дојран, во чест на лауреатот на наградата „Мето Јовановски“, Лазар Ристовски. Публиката беше одушевена од драмата со примеси на комедија што ја третира темата на машиновозачите и траумата што ја имаат поради неизбежната појава на прегазување на луѓе на железничките пруги. По проекцијата на филмот публиката беше дел од сесија на прашања, а ...

Награда за најдобар научен труд освоија студенти и истражувачи од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје на меѓународна конференција за обработка јазик – ACL (Association for Computational Linguistics) во Виена, Австрија. “Towards Open Foundation Language Model and Corpus for Macedonian: A Low-Resource Language” е насловен трудот на Стефан Крстески, Борјан Саздов и Матеа ...

Во рамките на програмата на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ кој се одржува во Дојран, годинешниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“, српскиот актер, Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на тема „Aктерството во уметноста на филмот и местото на актерот во филмската индустрија денес“. Во Музејот на Град Дојран, Ристовски го сподели неговото прво искуство со актерството кога снимале филм со негов колега. – ...

Гран-при за најдобра претстава во целина на фестивалот „Битолино“ ја доби претставата „Вошката и мравката“ на Театарот за деца и млади „Нодар Думбадзе“ од Тбилиси, Грузија. За наградите одлучи жирито во состав: бугарската актерка и режисерка Ефимија Павлова и македонските актери со интернационална кариера Тони Наумовски и Мартина Тапарчевска. Во чест на наградените премиерно беше изведена претставата „Аудиција“ на Театарската школа „Бабец“. – ...

Оваа претстава е големо достигнување и за македонскиот театар, воопшто, затоа што на неа работеше вредна театарска екипа – режисерот Ријани, асистент на режија – Иван Јерчиќ, сценографот Валентин Светозарев, костимографката Марија Пупучевска. Култната политичка драма од Вилијам Шекспир, „Јулије Цезар“ во режија на Ќендрим Ријани, вечерва во 21 часот ќе ја има својата премиера во Диоклецијановата палата во Сплит. Премиерата е во рамките на ...

Дипломираните студенти стекнуваат и некои општи квалитети, како што се анализирање, оценување и презентирање информации, идеи и концепти коишто се изведени од релевантни податоци Математиката е основа за многу научни, образовни, технолошки и финансиски дисциплини. Секој од студентите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ до крајот од своето студирање стекнува знаења од одредени ...

Уште две недели до концертот на Ник Кејв, еден од најголемите музичари на нашето време. Концертот е во рамките на „Скопје колинг 2025“, а ќе се одржи на Стадионот на АРМ на 22 август во 20 часот. – Некогаш и најубавиот сон станува реалност, иако често и реалноста знае да биде нереална. Веројатно најбараниот и најпосакуваниот артист во Македонија, музичарот, поетот, писателот, композиторот, генијалниот уметник Ник Кејв во рамките на неговата соло ...

Лазар Ристовски, годинешниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“ што ја доделува Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ денеска на прес-конференција изрази благодарност за високотo признание и жалење што никогаш не работел на проект заедно со Мето Јовановски, чие име ја носи наградата која му ја додели фестивалот. -Роден сум во Војводина, татко ми е од Мариово. Оваа награда е и голема и значајна, бидејќи носи име на еден ...

Филмот „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам доби Гран при на 20. „Астерфест“ во Струмица. Наградата „Златна потковица“ ја доби Марко Црногорски за филмот „Избор“, „Сребрена потковица“ доби Александар Атане од Франција за „Сок од портокал“. Холандскиот „Еј, Ханун“ на Лина Тадун и Софијан Шуеб ја освои наградата „Бронзена потковица“. Наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ ја доби Боби Бошко Грубиќ за хрватскиот филм „Самотија“. ...

Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал
 „Културен амалгам“ ќе започне вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Фестивалот ќе биде отворен со „Фотосинтеза“ – ревијална изложба на алтернативни фотографски техники
. Ќе биде прикажан и документарниот филм за Јанаки и Милтон Манаки „Манаки – Приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски (2017/2018). Изложбата е резултат на соработката помеѓу фотоклубот „Ирис“ и ...

Претставата „Д (како Дездемона)“ во кореографија на Рисима Рисимкин ќе гостува на Фестивал за Шекспир во Верона, Италија, на 13 септември. Претставата е втор дел од трилогијата „Жените во творештвото“ на Шекспир, тема со која Рисимкин се бави во последниве неколку години. Музиката е на Тони Китановски, дизајн на сцена и светло на Матеа Мијановиќ, а костимите – на Благој Мицевски. „Рисима Рисимкин ги поместува границите на театарската форма – ...

Фестивалот „Дрим шорт“ ќе се одржи од денеска до 10 август на повеќе локации во Струга, под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“. Главните проекции ќе се реализираат во Паркот на поезијата, додека останатата програма ќе биде распределена во Јуроп хаус – Струга, кафе-бар „Дуќан“, мезе-бар „Барабар“ и мезе-бар „Кингстон“. Фестивалот ќе биде отворен вечерва во 19.30 часот во Паркот на поезијата, со проекцијата на филмот „Човекот кој не ...

Ете, точно заради тоа што ние сите кои доаѓаме или живееме на Балканот и Медитеранот знаеме сè за светската кинематографија, а не знаеме ништо за нашите соседи, решивме да направиме фестивал на балканскиот и медитеранскиот филм. Сакаме Дојран како најмедитеранската точка во Македонија да прерасне во фестивал кој ќе биде препознатлив по тоа дека е посебен – вели Јани Бојаџи, директор на фестивалот „Преку езерото“ Фестивалот го прават тие што се ...

Во галеријата „Ко-Ра“ при Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи Меѓународна музичко поетска вечер под наслов „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“, а го организира Здружението на љубители на ромската фолклорна уметност „Романо ило“. Ќе учествуваат 35 поети и писатели од повеќе земји, што се пријавиле на конкурсот во спомен на Ромите и Синтите – жртви на нацистичкиот холокауст во време на Втората ...

Во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ во Охрид вечерва во 20 часот Здружението „Креативна верига“ ќе одбележи пет години од своето електронско списание „(е)Лит“. Ќе настапат Миодраг Богиќ на виолина и Искра Атанасова Митуш на пијано. Ќе читаат: Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Пандева, Ана Илијоска Богиќ, Долорес Атанасова-Лори, Марина Икономова Шокева, Маја Мојсова, Марина Димовска, Мирко Томовски, Митко Кољушевски, Смиле Наумоски Брсјак, ...

Со просек повисок од ланскиот, матурантите го завршија полагањето на државната матура во јунскиот рок во учебната 2024-2025 година. Голем дел од учениците испитите ги полагаа во амфитеатри и предавални во најблиските факултетите и не беа евидентирани масовни прекршувања на правилата како во минатото. За новините во начинот на организација годинава и резултатите од државната матура, денес прес конференција одржаа министерката за образование и ...

Актерот Емил Рубен со возбуда евоцираше спомени од неговото плодно 70-годишно филмско искуство и зборуваше за неговиот посебен респект кон Струмица, како град на значајни личности и творци, синоќа во Центарот за култура за отворањето на 20. издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“. Тој ја доби специјалната награда, плакета на „Астерфест“ за долгогодишни врвни актерски остварувања во македонскиот и балканскиот филм. Плакетата му ја ...

Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје организира студии на неколку насоки. Сите нудат голема перспектива Во моментот кога треба да донесеш една од најважните одлуки во животот — што да студираш, запрашај се: „Дали сакам да знам како се создаваат лековите, што има во козметиката што ја користиме, како се анализира водата што ја пиеме — и зошто светот не би можел да функционира без хемичари?“ Ако одговорот е потврден, ...

По половина цена се продаваат сите изданија на „Матица македонска“ посветени на македонската историја, археологија, јазик, книжевност, уметност, архитектура и воопшто на македонската култура. Попустите се во чест на празникот Илинден и ќе траат до крајот на август. – Попустот се однесува на сите изданија посветени на македонскиот национален идентитет. Сите клучни книги за Македонија ќе може да се дел од библиотеките во секој македонски дом, за ...

Доајенот на театарот за деца на нашите простори, хрватскиот актер и режисер – Ивица Шимиќ ќе го отвори 14. ИДТФ Битолино вечерва во 20.30 часот во Центарот за култура во Битола. Основачот на Мала Сцена од Загреб и поранешен Генерален секретар на Светската асоцијација на детски театри ASSITEJ (2008-2014) ќе ја изведе својата култна претстава Pale sam na svijetu. Оваа култна претстава се изведува речиси 40 години. – Приказна што толку убедливо ги ...

Во издание на „Антолог“ од Скопје, неодамна е објавен романот „Реката“ од Лаура Виноградова. Станува збор за роман со едноставна, но прецизно осмислена нарација која ги спојува мноштвото светови на неговата хероина, токму како што реката го дефинира текот на животот и на смртта. Приказната е осмислена како аналогна метафора поставена врз енигмата на едно детство и врз енигмата на надежта за тоа како да се продолжи животот по доживеаната загуба. ...

Емотивна статија која оживува стари рецепти и нивните приказни, (со социолошки аспект?) Пишува: Ива Трпески – Описот на станот и мирисот = емоција. – Социолошко-научниот дел (амигдала, хипокампус) како објаснување на чувството. – Прашањето за носталгијата на 30 vs. 18, што ќе води во заклучокот. Ние луѓето сме љубопитни суштества. Сакаме да истражуваме, да разгледуваме, па и да потпрашаме или да пробаме нешто ново. Нешто невообичаено или ...

Сребрени медали за Македонија освоија Дамјан Давков и Леонид Цуклев, а Благој Рујаноски Стојановски и Виктор Максимоски освоија пофалници Сребрени медали за Македонија освоија Дамјан Давков од Штип и Леонид Цуклев од Гевгелија на 37. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2025) што се одржува во Сукре, Боливија. Останатите двајца натпреварувачи во македонската репрезентација, Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп и Виктор Максимоски од ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
92%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.0
65%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
88%
1029
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.34
70%
1026
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
86%
1026
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
86%
1028
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
76%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65772

Currency

0.33645

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Калај

42.10

Иридиум

145787.60

Цинк

3.24

Платина

56365.91

Сребро

1991.62

Паладиум

4758.31

Бакар

10.77

Родиум

256402.20

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.89

Злато

138244.13

Рутениум

29192.88