Белград
12ᴼ /
11ᴼ
За прв пат по повторното возобновување на наградата од публика, претстава доби највисока просечна оценка (5.00) Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов ја доби наградата за уметничко остварување на претставата во целина на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“. Жирито во состав Лилија Абаџиева, претседател и членовите Иван Меденица и Нела Оташевиќ, ја додели наградата со мнозинство гласови, а на истата претстава ја додели и специјалната награда за ...
Под раководство на наставничката Анамарија Митриќеска-Кал’чева, муралот го работеле околу три месеци, за време на часовите по проекти по ликовно образование, слободни изборни предмети, воннаставни активности, и самоиницијативно во слободно време Со претставување на муралот изработен на надворешниот ѕид на спортското игралиште, учениците од основното училиште „Ристо Шуклев“ во селото Негорци ја завршија учебната година. Идејата потекнала од ...
Во галеријата КО-РА при Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје синоќа беше отворена самостојната изложба „Ликови“ од Славица Танеска. Таа се претстави со проект инспириран од улогата и значењето на портретот низ историјата на уметноста. – Претставувам повеќе портрети во различни техники. Сите портрети се инспирирани од вистински личности. Има студии на цртеж со молив, цртежи со туш и трска, акварели, слики со масло на платно, акрил на платно – ...
На Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска во 11 часот ќе биде одбележана 80-годишнината од раѓањето на д-р Зденка Рибарова. Присутните ќе ги поздраво д-р Елена Јовановска-Грујовска, директорка на Институтот. Проф. Д-р Лилјана Макаријоска ќе зборува за придонесот на Рибарова во проучувањето и афирмацијата на македонското ракописно наследство. Во рамките на свеченоста ќе се одржат промоции на „Кратовско евангелие“ ...
Во рамките на тркалезната маса за претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска, а продукција на Драмски театар од Скопје, модераторот на разговорот, Милош Б. Андоновски на оригинален начин и’ се обрати на екипата на претставата, во форма на писмо. Ви го споделуваме писмото. Драга „Парови“, Она што се случи меѓу нас траеше само една вечер. И беше доволно да направи да мислам на тебе цел ден. Немам спиено и го губам разумот. Нешто ...
Организаторите EXIT, најреномираниот музички фестивал на Балканот највија дека ова издание што ќе се одржи од 10 до 13 јули во Нови Сад е последно. Ви го пренесуваме писмото во целост. Пред 25 години, EXIT беше создаден како студентско движење за мир и слобода во Србија и на Балканот. Од својот почеток до денес, тој прерасна не само во еден од водечките фестивали во светот, туку и во глобален симбол на заедништво, толеранција и сила на младите ...
Прилеп живее со театарската уметност неделава. Радост е да се видат полни гледалишта на сите претстави на 59. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“, кое се приближува кон својот крај. Нa програмата на претпоследниот ден на фестивалот ќе биде претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, на Театар Комедија во 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Претставата е во режија на Нина Николиќ, а играат: Валентин Костадиновски, Атанас ...
На античкиот град Стоби кај Градско се одржува 15. Интернационалната школа за археологија. Низ теренската работа учесниците изучуваат контекстуален пристап – откривање, идентификација и документирање на стратиграфски единици За да еволуира Стоби во истражувачки, музејски и туристички центар налик на Помпеја, потребни се законски измени, современи објекти за наука и конзервација, музеј и подобра туристичка инфраструктура од една страна, а потоа и ...
Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар во Скопје освои Гран при меѓународниот хорски фестивал „Црноморски звуци“ што се одржа од 4 до 8 јуни во Балчик, Бугарија. Освен на натпреварот, хорот учествуваше и концертите на фестивалот и на мастер-предавањата каде се изучуваа нови композиции заедно со другите ансамбли учесници. – Ова е уште еден во низата успеси на хорот и маестро Сашо Татарчевски – велат од МКЦ. Патувањето и учеството ...
Под слоганот „Млади за млади“ вечерва во 21 часот ќе биде отворена летната сцена „Славиша Кајевски“ при Македонскиот народен театар. Фестивалот ќе биде насочен кон концертни настани на македонски изведувачи и ќе има хуманитарен карактер. Сите пари од продажба на билетите ќе бидат наменети за Support Кочани, за помош на настраданите во стравотниот пожар. Концептот е подготвен во соработка со „Стереолаб“, а со поддршката од „Телеком“. Летната ...
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва во 20 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2025“. Ќе бидат претставени 39 дела, слики и цртежи, изработени од 17 автори. – Целта на изложбата е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, но, воедно, и развивање на афинитети кон визуелните уметности, едукација и презентација на едно запоставено творештво коешто претставува ...
Драмски театар со „Парови“ синоќа ја наполни големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп до последно столче. „Бура“ на прилепскиот театар, за прв пат беше изведена на сцената на Центарот откако е ставен клуч на театарот кој не е безбеден за користење и треба да се реновира, а во алтернативниот простор во кафе-барот „Тротоар“ настапи актерот Хакан Даци со монодрамата „Ла Макбет“ во режија на Хакан Даци. Тркалезните маси ...
Теренската настава опфати бројни стручни предавања од страна на сите присутни професори. Тие беа посветени на природно-географските и социо-економските одлики на местата кои се посетија Теренска настава во Црна Гора за студентите од сите студиски години и програми организираше Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Студентите имаа шанса директно, преку примери да учат од професорите д-р Благоја Маркоски, д-р ...
Во театарот „Антон Панов“ во Струмица утревечер во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Синот“ од Флоријан Зелер во режија на Благој Мицевски. Оваа е праизведба на пиесата во македонскиот театар. Претставата е посветена на 30-годишниот јубилеј актерска дејност на актерот Кољо Черкезов. Улогите ги толкуваат Кољо Черкезов, Михаил Велков, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Ванчо Василев и Томе Витанов. Сценографијата е на Благој Мицевски, ...
Работилница за мозаик под менторство на м-р Александра Димитрова од денеска до петок ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. На работилницата ќе учествуваат талентирани ученици од општинските училишта. – Позитивен беше исходот од работилниците во 2021 и во 2022 година во Штип и решивме да го реализираме проектот во Прилеп за да ја поттикнеме мотивацијата и желбата кај младите за изучување на оваа дисциплина во ликовната ...
Нешто ново од современата македонска уметност и прва македонска изложба од ваков вид ќе може да погледне и српската публика во галерискиот простор на нашиот КИЦ во Белград, вечерва во 19 часот. Изложбата насловена како „Живи артефакти (АР) тистика” на Филип Јовески претставува средишно место во кое се среќаваат традицијата, технологијата и новите медиуми. На оваа повеќедимензионална, интерактивна и мултимедијална интервенција во просторот, ...
Сите ние како уметници сме одговорни да дадеме поддршка на нашите колеги од Прилеп за да добијат нов театар, дали преку петиција или друга форма. Капитализмот нè направи себични луѓе и ние веќе не гледаме подалеку од нашиот праг. Меѓутоа, како луѓе што работиме со емоции, треба да бидеме поемпатични и да гледаме за доброто на колективот. Колективот наш театарски е мал. Се надевам дека Прилеп конечно ќе добие нова зграда во најбрзо време – одекна ...
На неколку локации синоќа беше отворен Музејот во движење, во рамките на 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Авторите на изложбата Звонко Димоски и Ана Стојаноска го доловија животот на овие уметници и приватно и професионално Преку изложба на фотографии, лични предмети, артефакти на тројцата легендарни прилепски театарски уметници, Кирил Ристоски, Благоја Спиркоски-Џумерко и Благоја Ристоски-Платнар, синоќа на ...
Вечерва во 19 часот во Безистенот во Штип публиката ќе има ретка можност да го чуе Павиќ на солистички концерт. Во пресрет на концертот, тој зборува за почетоците исполнети со љубопитност, за инспирациите што го водат, за предизвиците на сцената, и пред сè, за љубовта кон пијаното којашто „само музиката знае да ја донесе на возвишен начин“ Музиката не е само обичен звук, туку емоција што зборува, мојот начин на живот, вели Давид Павиќ (19), млад ...
Новинарот Тони Димков 35 години остава траен медиумски печат од културната сцена во Македонија. Речиси нема тип на медиум низ кој Димков како културен хроничар и новинар не прошол и оставил белег со своите интервјуа, разговори, текстови, информации. „Културен печат“ е неговото дело кое излегува секоја сабота, а го подготвува самиот. Димков е гостин во 16. епизода на „Умен поткаст“. Премиерата е закажана вечерва во 19 часот на Јутјуб-каналот ...
На вториот фестивалски ден се одржа и првата тркалезна маса за претставата „12“ на Македонскиот народен театар со која беше отворен фестивалот Битолскиот актер Мартин Мирчевски преку носечката улога на ликот на Доне, низ приказната за Егејците, нивниот прогон и притисокот веќе да не се изјаснуваат како Македонци, севкупната актерската игра на ансамблот на Народниот театар од Битола беа наградени со громогласен аплауз синоќа во големата сала на ...
Емотивно и со многу восхит и почит, долги аплаузи им подари прилепската публика синоќа на отворањето на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Длабоки наклони, благодарност и нескриени емоции на сцена споделија актерите наградени за животно дело – Снежана Коневски-Руси, Соња Михајлова и Гоце Тодоровски. Тие добија награди изработени од прилепски мермер од „Крин про“ од Прилеп. Ова издание на фестивалот ...
Маестро Даутовски настапи со неговиот син Ратко, докажан перкусионист, претставувајќи нов материјал и композиции, кои за прв пат се изведуваат на голема сцена. Беше тоа музички дијалог на двајца виртуози, патување низ неправилните ритми на македонската традиционална музика, како и низ пасажи кадешто се спојуваат Истокот и Западот Пишува: Александра Јуруковска „Чест ни е што фестивалот го отвора Драган Даутовски, музичар, професор и мајстор што ...
Во Младинскиот културен центар во Скопје денеска во 17 часот почнува 3. издание на меѓународниот фестивал на деветтата уметност „Стрип трип“. Главен гостин на фестивалот е реномираниот стрип-автор Рајнхард Клајст од Германија, познат во светски рамки со графичкиите биографии за Дејвид Боуви, Ник Кејв и Џони Кеш, како и графичките романи „Боксерот“ и „Олимписки сон – Приказната за Самија Јусуф Омар“. Клајст ќе настапи на „Стрип трип“ со изложба, ...
Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Черндодрински“. Голем интерес за фестивалот покажува прилепската публика и годинава, што се докажува и со фактот дека неколку претстави и пред почетокот на фестивалот се веќе распродадени. На изведбата на ...
Секоја прва сабота во месецот е бесплатен влезот во Археолошкиот музеј во Скопје. Искористете го денот и наушете нешто за макеоднското културно наследство и за нашите предци. Постојаната поставка е поделена на: предсториска, античка и археологија на среден век и на средновековен и османлиски период. Ќе ги видите и одделенијата за нумизматика, епиграфска и камена пластика, антропологија и археолзоологија. Археолошкиот музеј презентира движно ...
Во Уметничката галерија во град Созопол вечерва во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Графички коментари и сликарски реминисценции“ на ликовните уметници Иво Пецов и Марјан Ѕингаров. Изложените дела – графики и слики претставуваат извадок од најновите творечки преокупации на двајцата автори. Изложбата е дел од програмата на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“, како и дел од програмата на Македонскиот културно-информативен центар во ...
„Брз е векот“ е настанот со кој денеска во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат одбележани четири јубилеи поврзани со поранешни членови на Друштвото: Живко Чинго, Ташко Георгиевски, Ката Мисиркова-Руменова и Тодор Чаловски. На животот и делото на овие автори ќе нè потсетат, и извадоци од нивни дела ќе прочитаат писателите: Славе Ѓорѓо Димоски, Гоце Ристовски, Љубинка Донева и Марина Мијаковска. Одбележувањето на јубилеите ...
Во кафе-барот „Шила“ во Охрид, утревечер во 18 часот ќ биде претставена издавачката куќа „Илика“, која својата работа ја започна пред помалку од две години со своја кафе-книжарница во центарот на Скопје. На настанот ќе учествуваат уредничката Катерина Шекутковска и поетесата Александра Спасеска, а модератор ќе биде Јордан Коцевски. Притоа, на настанот ќе бидат достапни за купување сите изданија на „Илика“. Ќе се разговара за идејата зад ...
Славниот италијански автор Паоло Сорентино е годинашен добитник на признанието „Почесно Срце на Сараево“ и во рамките на програмата „Посветено на“ (Tribute to) ќе биде прикажана ретроспектива на неговите филмови. Фестивалот ќе му оддаде почит за неговиот извонреден придонес кон филмската уметност. Сорентино, исто така, ќе одржи и мастер клас, каде што ќе ги сподели своите размислувања за уметноста денес во разговор со публиката. „Длабоко сум ...