Kонтактот на човечкото битие со вишите сфери на убавината, отелотворена во поезија, но и почит на иновацијата на Брајовото писмо кое годинава одбележува два века е инспирацијата на ЗООТРОП студио да го создаде промотивното видео на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата, Дестивалот ќе се одржи од 22 до 26 август. Автор на плакатот е дело на графички уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика. Музиката за видеото е фрагмет од ...

Во „Најмила Фиона“, режисерката се обидува да ги тестира границите и нормите на филмската уметност, создавајќи компилација од архивирани, црно-бели снимки од секојдневието на Холанѓаните, стари околу сто години Пишува: Евгенија Арсова, Гледај.мк Стоминутен документарец со вонсериска хипнотичка моќ, кој создава чувство како кога човек е заглавен во бесконечна верига од видеа на некоја од социјалните мрежи – веќе одамна му е загубена ...

За првпат ќе бидат доделени награди „Воздејства“ – на академик Виктор Фридман од САД и на Максим Каранфиловски Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска напладне ќе биде отворена 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Под мото „Македонистички гордорек“ до 29 август, 65 македонисти од 17 земји од светот ќе учествуваат на најновото, збогатено издание на 57. Летна ...

Триесетина поети од земјава и од странство учествуваа на 14. Меѓународна поетска манифестација „Лирски треперења“ што се одржа на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка. Одекнаа стихови и афоризми од потврдени и современи поети од Штип, Струмица, Скопје, Куманово, Кочани и Крива Паланка и од нивни колеги од Бугарија и од Србија. Манифестацијата ја збогатија и млади локални автори, подмладок на Литературниот клуб „Калин“, кои се ...

Со проекција на документарците „Како се мери годината?“ на Џеј Розенблат и „Целулоидно подземје“ на иранскиот автор Ехсан Кошбахт вечерва во 20.30 часот во Куршумли ан во Старата скопска чаршија ќе почне 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“. Фестивалот до 22 август ќе се одржува во Куршумли ан, Музејот на Македонија, Сули ан, Младинскиот културен центар и „Лабораториум“ во Скопје. Сцена од „Како се мери ...

Ви споделуваме рецензија за австриско-германскиот филм во режија на Елса Кремер и Левин Петер, што ќе биде прикажан на „Македокс“, утревечер во 20.30 часот, на платото пред Куршумли ан Пишува: Филипа Сара Попова, Гледај.мк „Еднаш многу одамна, звуците на безброј фабрики одекнуваа низ северната страна на Москва. Кога паѓаше ноќ, улични кучиња ги чуваа тивките ходници… генерации кучиња живееја таму додека еден ден фабриките не ги затворија ...

Алпинистите од битолскиот клуб „Вертикал“, Влатко Деловски и Владимир Ѓоргиевски-Бабушо го искачија швајцарскиот врв Ајгер (Eiger) на 3970 метри надморска височина. Ајгер заедно со врвот Матерхорн го држат култот во алпинизмот од 19 до средина на 20 век. – Особено задоволство ми прави што нашиот клуб „Вертикал-Битола“ лани го понесе признанието и за Матерхорн и сме првите Македонци што го искачија врвот од Червинија во еден ден, и секако за ...

Министерството за образование и наука информира дека од денеска започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2024/2025 година е до 5 септември. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот ...

Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци вечерва во 20 часот ќе биде промовиран романот на годината за 2023 година, „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска. За делото ќе зборува Виолета Танчева-Златева, а ќе присуствуваат и претставници на Фондацијата „Славко Јаневски“, како организатор на доделувањето на една од најпрестижните награди за проза кај нас. Критиката веќе се огласи за многузначноста на ова прозно остварување на ...

Претставата „Кенди“ на Театар „Златен Елец“ од Скопје ја доби наградата за најдобра претстава на Џез фестивалот „Нишвил“ во Ниш. Овој независен театар ја дели наградата со Teatra En Vol од Сардинија, Италија. Шест претстави учествуваа во театарскиот дел на фестивалот. Жирито беше во состав: Франко Унгаро, Наташа Гвозденовиќ и Ана Тасиќ, кое наградите ги додели едногласно. Улогите во претставата ги толкуваат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски. Во ...

Во Центарот за култура во Крива Паланка синоќа беше отворената изложба „Мантра на љубовта” од сликарката Маја Андонова Јокиќ. Поставени се уметнички дела од кои најголем дел се создадени за време на карантинот во ковид-кризата, а секое дело го бои моментот на животот, ги буди тајните и ги поместуваа границите на личното ослободување. Присутната публика настанот го поздрави со аплаузи и честитки за авторката која по втор пат го претставува ...

На летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, вечерва во 20 часот ќе се одржи Меѓународната поетска манифестација „Лирски треперења“. Ќе настапат искусни и современи поети од Штип, Струмица, Скопје, Крива Паланка и Ќустендил, како и млади локални автори што ќе ја збогатат лирската вечер исполнета со стихови и емоции. Настанот е дел од богата програма на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на ...

Целта на проектот „Словачки уметнички патишта“ е да ја претстави словачката уметност во странство и да ги вклучи словачките уметници во меѓународните мрежи „Траги од два света“ е насловот на колективната изложба на уметници од Словачка што ќе биде отворена утревечер во 19 часот во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Бул. 8. Септември бр.10). Изложбата е дел од проектот „Словачки ...

Самостојната изложба на Доротеј Нешовски „Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Својата најнова уметничка продукција, која Доротеј ја насловува како „Ноќна шума“, е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едонставни формални елементи и материјали со кои работи во различни формати: ...

Во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп вечерва во 19.30 часот ќе се одржи промоција на поетската збирка „Координати на болката“ од Александра Спасеска. Низ разговор со авторката, промоторот Звонко Димоски ќе ја доближи поетската збирка до прилепската читателска публика. Илустрациите во книгата се на визуелната уметница Марија Конеска, која соработуваше со авторката и на нејзината прва книга, „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на ...

Михајло Свидерски е добитник на наградата „Книжевен круг“ за проза, за романот „Синовите на Адам“ што ја доделува Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“, во рамките на меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“. На доделувањето на наградата, критичарката Елизабета Јончиќ, истакна дека Свидерски со убедувачки уметнички јазик и стабилен раскажувачки тек нè воведува во општествениот и индивидуалниот свет на приказната за ...

Централната пошта во Скопје ќе стане мултифункционален културен центар. Од Министерството за култура објаснуваат дека основниот проект е во завршна фаза и го изработува Националниот конзерваторски центар. -За сè друго во тек е усогласување на динамиката на модулите и начинот на финансирање на конзерваторско-реставраторските работи, согласно основниот проект – велат од ресорното министерство и додаваат дека во наредниот период ќе се дефинира и ...

Атрактивни и бравурозни точки на ново издание на „Баскер фест“ нajaвуваат организаторите за вечерва во 20 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка. И на оваа забавна вечер со отворениот уличен фестивал „Баскер фест” се очекува спектакл под отворено небо со кловнови, жонглери, пантомима, атракција со танчери, марионети, стрелаштво, музика и забава за сите. „Баскер фест” нуди улична уметност за сите генерации, а најмногу ...

Пишува: Љубица Ангелкова Светот изминатите две недели очите ги имаше вперено во Париз. Гледаше како се одвиваат Олимписките игри во ова 2024 лето од новата ера, во градот домаќин, кој по сите критериуми приреди игри што ќе останат запаметени. Излегувајќи од клишеата на славење не само на атлетската извонредност, туку и на човечката креативност во нејзината најдинамична форма. Од церемонијата на отворањето, па до таа завчеравечер која го ...

Дванаесет збирки поезија од 75 пристигнати, се избрани во потесна селекција за 7. награда „Антево перо“. На Конкурсот пристигнаа 75 поетски збирки кои имаат разноликост, креативност и особена автентичност и уникатност во поетскиот израз од автори од Италија, Австралија, Србија, Германија, Грција, Канада и од Македонија. – Она што е особено значајна придобивка и на што сме многу горди и среќни е тоа што наградата „Антево перо“ и името и ...

„Плачот на Адам“ е насловот на изложбата на ликовниот уметник Никола Пијанманов која во среда во 18 часот ќе биде отворена во Македонскуот културен центар ви Њујорк (Gallery MC). Д-р Коста Милков од Балканскиот институт за вера и култура вели дека во поставката Пијанманов го соопштува плачот на целиот свет. – „Плачот на Адам“ е пророчки и мисиолошки симбол на уметникот за првиот Адам кој плаче и за вториот Адам – Христос кој извикува „Ете, ...

Поради најавениот топлотен бран, односно портокалова фаза, што ќе ја зафати Македонија, Владата донесе мерки за заштита на населението. Во наредните три дена (до 14 август), од работни обврски се ослободени најранивите групи: бремените жени и лица на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење ...

Театарот „Златен Елец“ синоќа гостуваше на Џез фестивалот „Нишвил“ во Ниш, Србија. Актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски ја изведоа својата дуодрама „Кенди“, во режија на Тамара Стојаноска пред полно гледалиште на отворено. Претставата е дел од официјалната конкуренција на фестивалот кој од година в година расте со својата програма. Музиката е на Лука Тошев. Претставата имаше своја премиера во 2022 година на Фестивалот „Бранко Ѓорчев“ во ...

На летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 18 часот, во организација на Клубот на литературни творци – Прилеп, ќе се одржи 17. традиционална меѓународна поетска манифестација „Поетско Маркукуле“. -И оваа година манифестацијата предизвика огромен интерес кај поетите од Македонија и од странство. Прилеп повторно ќе биде центарот на поезијата и убавиот пишан збор, а присутните ќе имаат можност да уживаат во поетските восклици на ...

Владо Јовановски е актер кој во кадар може да чита од телефонски именик, а ние тоа да го доживееме како приказна, тажна и среќна во исто време. Владо Јовановски е она што на почетокот од ова патување наречено филм, од журналот го создало филмот, таков каков што го знаеме денес. Владо Јовановски е посебна, оригинална, неповторлива уметничка големина, и за наша среќа, актер во најдобрите години од својот живот од кого допрва ги очекуваме ...

Книгите на Љупчо Јолевски се „текстуални винили“. Документаристички раритет. Искра светлина од мрачните лавиринти на македонското копи-пејст новинарство. Навезени вистини за едни времиња, гледани од горе, од високо, а срочени лесно, чиниш, како со пердув, вели писателот и поранешен новинар Дејан Трајкоски за книгите „Радио“ и „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ кои неделава беа промовирани во предворјето на ...

Рокот за достава на дела на конкурсот за наградата „Мост“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година, за дела објавени на некој од јазиците на националностите, се продолжува до 1 септември, објави писателската асоцијација. – Потсетуваме дека согласно Правилникот за доделување на годишните награди на ДПМ, за секоја од наградите потребно е да се достават најмалку 3 дела за да биде конституирана жири-комисија и наградата да се ...

Професорка по македонски јазик и литература Дијана Петрова е авторка на „Јоанес Даубманус“ кој пријавен под шифра „Фанатик“ беше избран за најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“. Повикот го распишува Општина Охрид. Одлуката ја донесе комисијата составена од проф. д-р Димитар Пандев, претседател и членовите д-р Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо Димоски. „Ова е пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и ...

Со претставите „2-квадратни метри“ од Унгарија и „Воздух“ од Словачка заврши 13. ИДТФ „Битолино“. Битолската публика уживаше во претставите што беа дел од годинешното издание на фестивалот кое годинава се одвиваше под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“. Гран при доби претставата „Големото езеро“ од Португалија во продукција на Imaginar do Gigante. Жирито беше во состав, претседател Милан Пајиќ, актер од Србија, режисерите Драгана ...

Васил Хаџиманов, истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд утревечер во 22 часот на сцената на Долни Сарај во Охрид ќе биде гостин на концертот на Националниот џез оркестар. Диригинт ќе биде маестро Џијан Емин. На концертот ќе бидат изведени дел од најпознатите композиции на Хаџиманов, адаптирани за изведба со биг-бенд, како и композиции од неодамна промовираниот албум “Keyf.” Аранжманите на композициите се ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
68%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
83%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
3.58
81%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
91%
1000
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157055.75

Сребро

2457.28

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Паладиум

53434.54

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Калај

48.47

Родиум

336779.07