Венко Филиче денес доживеа најголем јавен пораз (не само политички) по кој тешко ќе се опорави и во време на годишниве одмори ќе мора да замине на подолга пауза во стручна психијатриска установа за да ја поврати ориентацијата во времето и просторот, и да му стане јасно кој е и што е. На другите тоа им е јасно одмана. Филипче, лекар, во политиката и на функција потфрли во темите кои му се струка како корупцијата со болницата во Штип, ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде што се запознал со секојдневната работа на службениците, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите што ги постигнуваат во справувањето со семејното насилство. Тошковски објави дека статистиката за последните пет години покажува промени во бројот на пријавени случаи. Во 2022 година биле евидентирани 326 пријавени ...

Според Деловникот, оставено е на претседателот на Собранието да одлучи кога, по исцрпената расправа, може да го повика пленумот на гласање. Јас ќе го искористам тоа право да проценам и да одлучам кога е најдобро тој закон да се стави на гласање, истакна на денешниот месечен брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши, прашан за Законот за правичната застапеност за кој се завршени сите предвидени процедури. – Сакам да знаат ...

Сепак, и покрај заканите и предупредувањата на Трамп, тој не ја исклучи можноста за продолжување на дипломатски разговори меѓу двете страни Од друга страна пак, заменик-министерот за надворешни работи на Иран изјави дека Техеран повеќе од две недели нема побарано обновување на преговорите со САД. Воената ескалација дополнително се усложни со првите јавно потврдени заеднички американско-саудиски напади, кои уследија по нападите со дронови врз ...

Официјалните податоци и проектираниот реален раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Македонија за 2026 година изнесуваат 3,1% во првото тримесечје, додека државниот буџет го предвидува на 3,8% годишно. Бруто домашниот производ (БДП/GDP Gross Domestic Product) е вкупната пазарна вредност на сите финални стоки и услуги произведени во една земја во одредено време. Тој е важен бидејќи го мери економското здравје, ја води владината политика и ...

Подолг стаж и повисоки придонеси значат и поголема исплата од вторниот пензиски столб. Вкупно 137 пензионери досега добиваат средства од своите индивидуални сметки, покажува анализата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување со пресек на 30 јуни 2026 година. За овие корисници досега е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, а просечната исплата по корисник изнесува 9.878 денари. Податоците покажуваат ...

Утревечер „Егоист Бич Бар“ ќе биде местото каде што илјадници фанови ќе го доживеат најголемиот хип-хоп спектакл ова лето. Џала Брат и Буба Корели се подготвени за вечер исполнета со најголемите хитови, врвна продукција и атмосфера што долго ќе се памети. Публиката ја очекува повеќе од тричасовно аудиовизуелно шоу со спектакуларни сценски ефекти и репертоар составен од најголемите хитови на дуото, но и песните од актуелниот албум GODZILLA, ...

Она што Јелена Розга го најави пред концертот – дека Охрид има посебно место во нејзиното срце – публиката ѝ го возврати на најубав можен начин. Точно една година по минатогодишниот концерт, на истиот датум и на истата сцена, Античкиот театар повторно беше сведок на вечер исполнета со емоции, хитови и атмосфера што долго ќе се памети. Повеќе од два и пол часа Розга пееше без престан, а на публиката како да не ѝ беше доволно, па ја врати на ...

Во полициска акција спроведена во текот на ноќта во два угостителски објекти на гостиварското подрачје, приведени се 15 странски државјанки, а уапсени се и две лица, меѓу кои и сопственик на локал кој, според полицијата, се обидел да им овозможи бегство на жените откако ја забележал контролата. Акцијата била спроведена помеѓу 02:00 и 04:00 часот од полициски службеници на ОВР Гостивар. Според информациите од Министерството за внатрешни ...

Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје, откако досегашната претседателка Мери Дика вчера беше избрана за судија на Уставниот суд. За в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје беа предложени Тања Милева и Зоран Герасимовски, а Советот одлучи функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога Филипче беше министер за здравство. – Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центарот за јавно здравје во Прилеп од 01 февруари 2019 до 28 февруари 2019 и се однесува за градовите Прилеп, ...

Бразил веќе беше елиминиран во осминафиналето, оставајќи го без место меѓу осумте најдобри репрезентации на Светското првенство за прв пат од 1966 година. Во разговор за ESPN, Карло Анчелоти истакна дека неговиот тим го контролирал натпреварот до паузата, но дека ситуацијата се променила по паузата. „Мислам дека загубивме од Норвешка поради паузата за хидратација. До тој момент, тимот ја имаше контролата. Норвешка имаше многу посед на ...

„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција во Токио, пренесе Кјодо. Локалните власти соопштија дека денеска продолжиле напорите за пребарување и спасување во урнатиот трговски центар и оштетената фабрика за хартија. Од префектурата соопштија дека шест ...

Деновиве вниманието на јавноста го привлекува и неговата сакана... Според пишувањата на странските медиуми, тој моментално престојува на јахта на Сардинија во друштво на својата девојка, шпанската актерка Естер Експосито. Нивното опуштено дружење веднаш го привлече вниманието на јавноста и дополнително ги поттикна шпекулациите за нивната блискост. Фотографите на странските медиуми ги уловија во интимен момент – додека се прегрнуваа и ...

Притвореник во полициската станица во Загреб се обидел да убие друг притвореник. Дваесет и двегодишен маж нападнал 33-годишен државјаник на Србија додека двајцата биле сместени во просторијата за задржување лице во Полициската управа во Чрномерец, соопшти загребската полиција. Полициската управа потврди дека физичкиот напад се случил во службените простории каде што се сместуваат лицата лишени од слобода. Според првичните информации од ...

Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки и уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино се двете услуги кои што можат компаниите ориентирани за извоз да ги вадат електронски преку националниот портал за услуги uslugi.gov.mk Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски појасни дека ова е ново придвижување за македонските Компании. „На националниот портал од денеска се достапни овие ...

Неидентификуван објект падна рано утрово на територијата на Полска, членка на НАТО, предизвикувајќи експлозија во близина на селото Тарнава - Колоња, додека Русија изведуваше масовни ракетни напади врз Украина. Полските власти веднаш го активираа системот за одбрана, а во воздух беа испратени воени авиони поради можната закана во воздушниот простор на земјата. Според информациите објавени од CNN, објектот паднал во Лубинското војводство, ...

Новата Клиничка болница во Штип влегува во нова фаза на реализација. Минситерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко перински, градоначалникот на Штип Иван Јораднов и лекарскиот тим од Клиниччката болница, заедно со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на современиот болнички комплекс. Инвестицијата вредна околу 6,7 милијарди денари, или ...

Зоран Герасимовски е избран за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје, откако доби поддршка од девет членови на Судскиот совет. Неговиот избор следуваше откако претходниот претдлог Тања Милева да ја презеде функцијата не помина, со само два гласа „за“ од членовите на Советот, додека сите останати беа против предлогот. За Герасимовски гласаа девет членови на Судскиот совет, додека двајца беа против. Со тоа, Зоран ...

Водата во гостивар се уште не е безбедна за пиење, а надлежните не даваат конкретен рок кога состојбата ќе биде нормализирана. Минситерот за здравство Сашо Клековски денеска во Штип изјави дека не сака да дава ветувања за дадтум на браќање на водата за пиење. Премиерот Христијан Мицкоски претходно од Делчево откри зошто водата во Гостивар не е се уште за пиење, туку може само да се користи за техничка употреба - имало резидуелна бактерија во ...

Клаудио Раниери сака Италијанците повторно да се заљубат во фудбалот, а како нов технички директор на организацијата Клуб Италија, планира да ги реформира фудбалските академии. Тој верува дека Италија е добра во тимската тактика, но дека другите нации ги учат децата на индивидуална техника. Поранешниот тренер на Рома, Челзи и Лестер Сити се реактивираше по најавеното пензионирање за да ја преземе функцијата претседател и технички директор на ...

Двајца сопственици и управители на фирма, меѓу кои турски државјанин, се осомничени за даночно зајтајување од 205 илјади евра. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Сопје и против правното лице , поради спомнежи дека со нивните постапки е оштетен државниот буџет. Сопоред податоците од Финансиската полиција, првопријавениот Н,О , кој во периодот од 2016 до 2021 година бил реален сопственик и ...

„Ормутскиот теснец не може повторно да се отвори сè додека продолжуваат заканите и запаливата реторика од американските официјални лица, како и нивното мешање во поморскиот сообраќај во регионот“, соопшти Револуционерната гарда. Иран тврди дека има цврста контрола врз влезните и излезните точки на теснецот, кој претставува една од најважните светски рути за транспорт на нафта и гас. Американската војска ги оспорува иранските тврдења во врска ...

Комарците повторно се закана за јавното здравје во Грција. Западнонилската треска од почетокот на годинава однесе четири животи, а бројот на потврдени случаи се искачи на 47. Најголем миризик имаат повозрасните граѓани и лицата со хронични заболувања, бидејќи кај голем дел од заразените болеста предизвикала сериозни компликации на централниот нервен систем. Според Националната организација за јавно здравје, од регистрираните случаи, 34 ...

Зинедин Зидан официјално е нов селектор на француската репрезентација, а француските медиуми веќе ги открија милионските параметри на неговиот договор. Легендата ќе ги предводи „петлите“ во следниот голем циклус со главна цел триумф на Светското првенство во 2030 година. Според информациите од RMC Sport, Зизу ќе добива фиксна месечна плата од 300 илјади евра. Сепак, оваа сума може значително да се зголеми, достигнувајќи 450 илјади евра во ...

Милионски долгови, слаби контроли и институционални пропусти го разнишуваат функционирањето на Фондот за здравствено осигурување. Новиот извештај на Државниот завод за ревизија открива сериозни слабости во работењето на Фондот во 2024 година, при што ревизорите изразија мислење со резерва и предупредија дека дел од проблемите на кои укажувале и претходно се уште не се решени. Најголем предизвик останува финансиската стабилност - навременотот ...

Кристијано Роналдо, кој ужива во крајот на својот одмор откако играше на своето шесто и најверојатно последно Светско првенство, објави порака на социјалните мрежи на шпански јазик во среда. „Кога ќе се свртите кон сончевата светлина, сенките остануваат зад себе“, се вели во објавата, на која се гледа како ужива во сонцето на брод. Веројатно станува збор за криптична порака до критичарите по Светското првенство во 2026 година во САД, Канада ...

113 - та пленарка во Собрание, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите. 113 - та пленарка во Собрание, ...

Грцција се соочува со една од најтешките огнени стихии ова лето. Разорни шумски пожари беснеат на повеќе острови, зад себе оставајќи човечки жртви, уништени домови и масовни евакуации. Најмалку тројца пожарникари загинаа во обид да ги стават пожарите под контрола, додека десетици туристи беа спасувани со бродови од плажите во Крит. Шумските пожари од вчера бесенеат на повеќе острови низ Грција, меѓу кои најпогодени се Крит, Парос и Лезбос. ...

Летувањето во Грција за група македонски туристи завршило со непријатно искуство, откако од нивниот автомобил биле украдени пет пасоши и други патни документи. Кражбата се случила додека биле на плажа и на ручек, по што тие јавно предупредија и други туристи да бидат внимателни. Според нивното сведоштво, по враќање од Сивири застанале кај паркингот на „Sahara Beach Club“, каде планирале да ручаат. По враќањето кај возилото забележале дека ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.81
35%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
1.16
66%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.12
56%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.88
43%
1015
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.82
66%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.37
70%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
1.34
42%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.47
32%
1012
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
58%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
55%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
2.46
91%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Паладиум

43435.66

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Сребро

2005.37

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54