Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Народната банка по истекот на 10 дена од воведувањето администрација ќе ги понуди акциите на Алта банка- Битола на продажба на Македонска берза, информира гувернерот на Народна банка Трајко Славески. Тој рече дека веќе е испратено известување до надлежниот регулатор во Србија, со барање во рок од три дена да се произнесе дали Алат банка а.д – Белград ќе ги понуди на продажба акциите во македонската филијала. – Без разлика дали ќе добиеме ...
Денешните бизниси зависат од податоци, апликации и поврзани уреди повеќе од кога било. Но, со растот на дигиталната зависност расте и ризикот од ransomware, кражба на податоци, системски дефекти и прекини во работата. Многу компании се обидуваат да го решат овој проблем со повеќе различни безбедносни алатки – една за backup, друга за antivirus, трета за управување со уреди и дополнително решение за disaster recovery. Проблемот? Повеќе алатки ...
Извозот на стоки од земјата во периодот јануари - септември 2026 година достигнал 6,62 милијарди евра и бележи раст од 10,8 проценти во споредба со истиот период лани. Истовремено, увозот изнесувал 9,18 милијарди евра, што претставува зголемување од 7,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период е остварен трговски дефицит од речиси 2,56 милијарди евра. Според производите, во извозот најголемо учество ...
Српскиот ланец на парфимерии и козметика „Јасмин“ влегува на македонскиот пазар, откако го презеде работењето на специјализираните продавници „Космо“ (Cosmo), кои досега беа во сопственост на македонската компанија „Тинекс-МТ“. Со оваа трансакција, „Јасмин“ го проширува своето работење надвор од Србија, а постојните продавници „Космо“ во Скопје ќе продолжат да функционираат под новиот бренд „Јасмин Парфимерија“. Продавниците остануваат на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на министерскиот состанок на Иницијативата за енергетско поврзување на Централна и Југоисточна Европа (CESEC), во Загреб. На состанокот, на кој што учествуваа министрите од регионот и претставниците на европските институции се разговараше за енергетската безбедност, регионалното поврзување и иднината на европскиот енергетски пазар. „Енергетската ...
Тоа беше негова прва официјална акција откако неговата партија претрпе убедлив пораз на среднорочните избори во САД во вторникот, објави Wall Street Journal. Но, одлуката не ги спречува идните претседатели да ја редекорираат иконската канцеларија, која Трамп ја наполни со кичести златни украси, ниту пак го спречува неговиот наследник да ја поништи одлуката. Самиот Трамп претходно ги поништи претходните одлуки на неговите претходници за ...
Видео што кружи на социјалните мрежи го прикажува градот покриен со снег, додека силните налети на ветер и леденото време даваат впечаток дека целата област е целосно замрзната во зима, а луѓето се поделени во коментарите. Оние кои го гледаат само на своите телефони - зимските сцени изгледаат прекрасно, додека оние кои мораат да ги напуштат своите топли куќи и да излезат надвор велат дека не е многу пријатно. Еден од коментарите е многу ...
Голманот на Екваротијална Гвинеја, Хесус Овоно, и човекот кој што беше вмешан во сериозниот инцидент во втората шпанска лига по што трагично почина играчот на Тенерифе, Хесус де Мигел, сериозно размислува да заврши со професионалното бавење фудбал. Тој според извои блиски до неговото семејство е во сериозно тешка психолошка состојба, и во моментов се чувствува много лошо. Ана Маје, координаторка во Фудбалската федерација на Екваторијална ...
Иран го укина своето самонаметнато ограничување од 2.000 километри за дострелот на своите балистички ракети. Портпаролот на Исламската револуционерна гарда (IRGC), бригадниот генерал Хосеин Мохеби, на прес-конференција во Техеран потврдил дека „ова ограничување е отстрането“. Оваа стратешка одлука следува по директивата на иранскиот врховен водач, ајатолахот Моџтаба Хаменеи, кој претходно предупреди дека секоја закана од САД или Израел ќе се ...
Израелски безбедносен оперативец наводно погрешно ги известил САД за планот, по што Вашингтон спречил негово спроведување. Канал 12 не објави детали за планираната операција и не е јасно точно како Вашингтон дознал за планот. Според извештајот, некои високи израелски безбедносни претставници се спротивставиле на операцијата бидејќи се плашеле дека може да предизвика голема ескалација со Иран и да ги одложи изборите. Изборите се одржаа на 27 ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска соопшти дека реформите поврзани со европската агенда остануваат во фокусот на Владата, при што се работи на унапредување на транспортот, комуникациите и реализација на инфраструктурни проекти. -Работна сабота – Реформите за ЕУ во фокус. Реализираме реформи за подобрување на транспортот, комуникациите, изградба на автопати, железница, реформи и инвестиции - напиша Николоски ...
Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во реакцијата се додава: Ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со ...
Поранешниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења, во текот на ноќта е итно префрлен во воен објект во главниот град Асунсион, откако демонстрантите ја надминаа безбедносната блокада пред неговата резиденција. Преместувањето е извршено поради безбедносни причини, во услови на сериозна политичка и финансиска криза во земјата, предизвикана од колапсот на дигиталната банка „Уено“ (Ueno Bank). Пења, кој во петокот беше сменет од ...
Амбасадата во Париз продолжува со иницијативата „Клуб на пријатели на Амбасадата“ (Club des Amis de l’Ambassade) во која македонското дипломатско претставништво станува отворен простор за средби, идеи, соработка и нови пријателства. ,,Нашата цел е да ги обединиме сите оние кои ја сакаат земјата, ја почитуваат нејзината култура и традиција и сакаат да придонесат за зајакнување на македонско-француското пријателство”, објави македонскиот ...
Иако во текот на вечерта пееше и се забавуваше со толпата, на социјалните мрежи особено се прошири видео во кое неговото расположение, барем очигледно, наеднаш се промени, објави Индекс. Вучиќ вечерта ја помина во белградскиот ресторан Саванова, познат и како „Ќаци бар“, каде беше организирано неформално дружење на кое, меѓу другите, се собраа и главниот уредник на Информер Драган Ј.Вучиќевиќ и Ана Брнабиќ. View this post on Instagram A post ...
За да бидат конкурентни на меѓународните пазари, македонските компании мора да понудат многу повеќе од добра цена. Квалитетот, современата технологија, стручниот кадар и ефикасното производство се предуслови за успешен извоз, истакна Ангел Анѓушев, оперативен директор на Green Machines и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, на панел-дискусијата „Извоз без граници – поттикнување на растот во машинската и ...
Ајнтрахт Франкфурт е клубот чии фудбалери забележале најголем раст на вредноста во последните пет години, покажува најновата анализа на Меѓународниот центар за спортски истражувања (ЦИЕС). Германскиот клуб е на врвот на рангирањето со вкупен позитивен биланс од 527 милиони евра. Од оваа сума, 293 милиони евра се однесуваат на зголемената вредност на фудбалерите кои во меѓувреме го напуштиле клубот, додека преостанатите 234 милиони евра се ...
Стотици милијарди долари пазарна вредност изгубија американските и азиските технолошки компании по остриот пад на светските берзи, поттикнат од најавите дека изборната победа на демократите во САД може да го забави развојот на вештачката интелигенција.. Само седумте најголеми американски технолошки компании, познати како „Величествената седумка“, за еден ден изгубија вкупно еден билион долари пазарна вредност, објави Би-Би-Си. Индексот ...
Светските цени на храната малку се намалија од четиригодишниот максимум во октомври, поттикнати од пониските цени на житарките, месото и млекото, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). „Очекувањата за олеснување на ограничувањата на извозните текови преку Црното Море придонесоа за дополнителен притисок врз намалувањето на цените, иако континуираните пореметувања во логистиката во Црното Море го ограничија ...
Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип. Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз ...
Таа поднесе барање за промена на името во јули, неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за одлуката. Вивиен, 18-годишната ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално повеќе нема да го носи презимето на својот татко. Суд во Лос Анџелес во понеделникот го одобри нејзиното барање за промена на името, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). Судијката Вирџинија Кини од Вишиот суд на округот Лос Анџелес ја ...
Социјалните медиуми беа преплавени со вести дека легендарниот музичар Лени Кравиц наводно е меѓу жртвите на авионската несреќа што се случи во неделата во Флорида. Сепак, се покажа дека станува збор за неточна информација, што неговите претставници брзо ја негираа. Падот на приватниот авион „Лирџет“ ги уби сите девет лица во авионот. По трагедијата се појавија тврдења дека познатиот рок-музичар бил меѓу патниците, што предизвика голема ...
Минатиот месец беше објавено дека долготрајниот процес на кастинг за улогата на агентот 007 е намален на три имиња: Џејкоб Елорди, ѕвезда во филмот „Slow Horses“ на Џек Лоуден и трет, неименуван актер, објави НМЕ. Сега се известува дека Тарнер, кој неодамна глумеше во њујоршката романтична комедија „Само една ноќ“, се појави во студиото Бреј во Беркшир во петокот (30 октомври) на пробно снимање. Се претпоставува дека тест-снимките за улогата ...
Таа наведува дека поминале повеќе од 17 години од смртта на нејзиниот татко, славниот пејач, а парите што требало да им припаднат на неговите деца сè уште не се префрлени во фондот. Фондот бил основан во корист на неговите три деца, а тие требало да почнат да добиваат приходи кога ќе наполнат 21 година. Во нов судски поднесок, доставен на 29 октомври, 28-годишната Парис наведува дека имотот на нејзиниот татко генерирал приходи во износ од ...
Таа сподели серија провокативни фотографии на Инстаграм кои го привлекоа вниманието на нејзините следбеници, пренесува „The Sun“. Позира во чипкасто боди и танга Ријана позираше опкружена со елки и подароци, носејќи црвено-црно чипкасто боди со длабоко деколте и танга. Изгледот го надополни со високи чорапи и црни чевли со високи потпетици. На една од фотографиите, таа му сврте грб на фотоапаратот за да ја покаже својата заднина. „Бидејќи ...
Како што е наведено во краткото образложение на одлуката, судот го одобрил барањето за поништување на пресудата поднесена од осуденото лице, која се однесува на кривичната одлука бр. 1222/П од 18 декември 2025 година, издадена во предметот бр. 7777/118/2024. Соодветно на тоа, Апелациониот суд во Констанца ја поништи претходната одлука и наложи поништување на наредбата за извршување на затворската казна, издадена од Трибуналот во Констанца. ...
Ситуацијата беше толку сериозна што властите наредија евакуација на жителите од околните згради. Славниот актер сега претежно престојува во хотели, а јавно проговори за проблемите што го снајде на настанот „Комик Кон“ во Лос Анџелес. „Во моментов сум како бездомник. Нешто се случи со мојата куќа во Малибу, па сега претежно живеам во хотели“, рече Кејџ, пренесува „Пипл“. Огромна дупка се заканува на вилата вредна милиони Кејџ го купи ...
Актерот Оливие Мартинез, поранешниот сопруг на мегапопуларната „Жена мачка“ изненади со порака која покажа дека, и покрај правниот спор, тој не сака неговиот син да биде разделен од мајка си. Холивудската актерка Хали Бери претрпе нов удар во долготрајната битка за старателството над нејзиниот син Масео. На нејзиниот поранешен сопруг, францускиот актер Оливие Мартинез, му беше доделено примарното физичко старателство над нивниот 13-годишен ...
Во случајот на Јанг Дади - речиси сè. Вклучително и промена на имиџот, перика, кожна јакна, прстени и обид да се совлада една стара Лада. Во оваа музичка приказна му се придружува и Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист на „Дивље Јагоде“. Резултатот е „EX YU“, неговата нова песна, направена заедно со Андреј Ник и придружена со видео приказна во која носталгијата, хуморот и рокенролот возат во ист автомобил. Буквално. Во центарот на ...
Актерот Николас Кејџ ги изненади многумина кога објави дека морал привремено да ја напушти својата вила во Малибу, вредна 10,5 милиони долари, откако огромна дупка во земјата го оштетила теренот околу неговиот имот. Актерот Николас Кејџ неодамна ги шокираше обожавателите кога на еден настан отворено изјави дека „моментално е бездомник“. Кејџ призна дека во моментов нема дом, откако во близина на неговата вила во Малибу, Калифорнија, се ...