Славниот пар испрати порака за важноста на љубовта кон себе и дека вредноста на една личност не треба да се мери според нејзиниот изглед или мислењата на другите. Секое лето, откако ќе објави фотографии во бикини, социјалните мрежи се преплавени со коментари за тежината и облините на Џорџина Родригез. Овој пат, таа призна на Инстаграм дека јавниот притисок влијае и врз неа, но наместо директна конфронтација, реши да ги сподели своите мисли ...

Со децении, Соединетите Американски Држави водеа војни под еден речиси невидлив услов: опасноста мора да остане далеку од американското тело. Целите може да горат, земјите може да се распаднат, но пилотот се враќа во базата, бродот останува надвор од дометот, а политичката цена на војната дома се сведува на слика од ноќното небо и неколку реченици од претседателот. Доналд Трамп отиде во Иран убеден дека истата геометрија на моќ ќе се примени ...

Искусниот 34. годишен голман на Барселона, германецот Марк Андре Тер Штеген и официјално од денеска е на едногодишна позајмица во тимот на Ајакс. Тој долго време е во втор план на Ноу Камп и едноставно мораше да додје до ваков развој на настаните. Сепак, иако Ајакс се согласи да го преземе Тер Штеген за оваа сезона, сепак, Барселона ќе биде клубот кој што ќе го плаќа германецот. Конкретно 90% од платата на голманот останува обврска на ...

Снегот го покри Данидин, вториот по големина град на Јужниот Остров, поради што полицијата ги повика луѓето да избегнуваат секакви патувања освен неопходните, предупредувајќи на заледени патишта, објави Ројтерс. „Полицијата утрово доби бројни пријави за сообраќајни несреќи низ Данидин, при што некои возила се лизнаа од патот. За среќа, немаше повредени“, соопшти полицијата на Нов Зеланд на социјалните медиуми. Antarctic Polar Blast Brings ...

Клиника Жан Митрев воведува попусти за породилните пакети во Центарот за мајка и бебе, со цел на идните мајки да им овозможи достапна, безбедна и целосна медицинска грижа во текот на породувањето и постпородилниот период. Промоцијата важи за трудниците што ќе се породат до 1 октомври 2026 година, како и за оние што до овој датум ќе уплатат аванс, независно од планираниот термин за породување. Достапни се пакети за спонтано породување и за ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР. Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 Август, велат од полицијата. По повод големиот ...

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во текот на јуни и јули спроведе засилени акции против незаконскиот риболов, при што беа реализирани вкупно 44 акциски контроли во водите на Охридското Езеро. Во рамки на акциите, полициските службеници затекнале две лица при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“. Станува збор за лица од охридското село Пештани и од Струга, кои биле приведени во полициска станица, а против нив ...

Илинден и АСНОМ не се обични историски датуми, тие се темелите врз кои е изградена македонската држава, симболи на слободата, државноста и на вековната борба на македонскиот народ за сопствена држава и односот кон овие датуми е прашање на државничка одговорност, а не на личен избор, порача претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Осврнувајќи се на отсуството на претседателот на Собранието, Африм Гаши, од централното одбележување на ...

Најтешката делница од автопатот Кичево–Охрид, во должина од околу 10 километри, треба да биде пуштена во употреба во следните месеци, додека целосното завршување на целиот автопат е планирано за мај следната година, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Николоски посочи дека најголем дел од капацитетите на Министерството за транспорт во моментов се ...

Ние сме секогаш спремни за избори. Кога која било влада ќе влезе во вториот дел од мандатот нормално е да се очекуваат избори во даден момент. Ние би биле среќни доколку одиме на редовни избори, доколку ги реализираме проектите на коишто сме фокусирани, но секогаш сме спремни и за предизвик којшто во моментот го нема, така што најверојатно ќе одиме на редовни избори, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

Средба со Никол Варнс, ВД амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, напиша на социјалните мрежи Александар Николоски. Разговаравме за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, ...

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски. „Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени. Системот ...

Иднината на Винисиус Жуниор продолжува да биде една од главните теми на летниот преоден рок, а интересот на Арсенал за бразилската ѕвезда не се намалува. Како што објавува „ESPN“, Реал Мадрид јасно ги дефинирал условите под кои би размислил за негова продажба. Се вели дека кралскиот клуб поставил цена од дури 150 милиони евра за еден од своите најдобри фудбалери. Ова испрати јасна порака до сите заинтересирани клубови, особено до Арсенал, ...

Шефот за глобален развој на фудбалот на ФИФА, Арсен Венгер, го опиша потегот на Џани Инфантино да се откаже од плановите за продажба на својот удел во компанијата за Светското првенство на приватни инвеститори како „апсолутно неопходен и несомнен“. Поранешниот менаџер на Арсенал го објави ова во соопштение во вторник наутро, една недела откако се појавија информации дека Инфантино планира да основа компанија наречена FIFA Forward Enterprise ...

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата. Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели. Тој моментално е во болница под медицински надзор, но ...

Првенствениот домашен пораз од Мадервил (1:2), во саботата донесе многу грижи во составот на Хиберниан пред дуелот со Шкендија во четврток во првиот меч од третото квалификациски коло од Конференциската лига. Како алиби за неуспехот од таборот на „зелените“ го посочија токму проблемот со многуте повредени играчи кои ги има екипата, а кои не играа изминатите неколку средби. Според најавите од Единбург, шкотскиот тим за пресметката со Шкендија ...

Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз ...

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 ...

Она што се најавува веќе неколку дена, очигледно дена наскоро и ќе се случи. Турските медиуми денеска еруптираа по најновите информации дека тимот на Трабзонспор успеа да стигне до согласност од египетската супер звезда, Мохамед Салах и тој најверојатно во следните два три дена ќе се појави на потпис во овој клуб. Како што е добро познато, Салах има слободни документи да пронајде нов клуб, откако летово и официјално си замина од Ливерпул, и ...

За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“. Трамп потенцираше дека САД, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска војна“, пред синоќа да и нареди на војската да прекине со нападите. Трамп, исто така, изјави дека Иран нема да наплаќа патарини во Ормуската теснина. За време на обраќањето ...

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со ...

Пожарот во кавадаречко е ставен под речиси целосна контрола и се очекува до крајот на денот целосно да биде изгаснат. Ова на заедничка прес-конференција го соопштија директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Ангелов истакна дека станува збор за исклучително тежок и комплексен пожар на непристапен и стрмен терен, поради што во гаснењето биле ангажирани три ер-трактори, ...

Во базиликата Сант Амброџо во Милано претпладнево се одржа погребот на италијанската фудбалска легенда, Франко Барези кој што почина на 66 годишна возраст на 31 јули. На самиот настан присуствуваа илјадници верни навивачи на Милан, клубот каде што Франко Барези е една од најголемите легенди и во чиј што дрес дефанзивецот ги постигна најголемите успеси во кариерата. Од друга страна пак делегацијата на Милан беше предводена од сопственикот ...

Бројот на граѓани кои побарале медицинска помош во Гостивар бележи намалување, но здравствените власти регистрираа нов сомнителен случај на Западнонилска треска. Епидемиолошката состојба во градот продолжува внимателно да се следи, информира Министерството за здравство. Состојба во Гостивар: Број на прегледи: Во текот на 3 август 2026 година се регистрирани вкупно 78 прегледи. Тренд на намалување: Оваа бројка е за 6 прегледи помалку во ...

Аријана Гранде се откажа од планираното деби на Вест Енд и одлучи да се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата. Одлуката ја донела поради сè поголемите контроверзии околу нејзината тежина и изглед. Нејзиниот портпарол потврди дека пејачката планира да направи пауза поради „постојаниот притисок од јавноста“, објави Page Six. „Аријана ќе се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата Eternal Sunshine. Таа со нетрпение ...

На северот на Шпанија, во провинцијата Бургос, се наоѓа селото Авељаноса де Муњо (Avellanosa de Muñó) кое поголемиот дел од годината минува речиси незабележано. Има едвај десетина постојани жители, нема продавница, ресторан, ниту место што би ги привлекло туристите. Но, на 12 август 2026 година, ова мало село ќе стане едно од најбараните места во Европа за набљудување на небото. Причината е целосното помрачување на Сонцето, кое ќе биде ...

Украинската полиција објави снимка за која тврди дека прикажува руски дрон како следи и напаѓа цивил на пазар. Според укранските власти, мета на нападот бил 52 - годишен маж од Миколаивската област, кој продавал зеленчук и немал никакви ознаки дена е воено лице. Од нападот, мажот преживеал, но се здобил со повреди од експлозијата, шрапнели и потрес на мозокот, по што бил пренесен на лекарска помош. Украинските власти случајот го оценија како ...

Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој на Шпанија и со својот гол во финалето против Аргентина (1:0) ѝ ја донесе на “Црвената Фурија“ титулата светски шампион. Шпанецот има договор со Барселона до 2027 година, а Каталонците јасно ставија до знаење дека сакаат најмалку 50 милиони евра за него. ...

Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и ...

Гаспачото е совршена летна супа бидејќи сите свежи состојки се во полна сезона во овој период од годината, а нема ни потреба да ги вклучувате шпоретот или рерната! Само подгответе ги состојките на даската за сечење. Потоа вашиот блендер или сечко ќе ја заврши останатата работа. За да го направите овој домашен рецепт за гаспачо, ќе ви треба: Домати: „Рома“ доматите или она што во Шпанија се нарекува „домати на гранка“ (средни, тркалезни ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.91
47%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
56%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.5
52%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
67%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.5
75%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
48%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.75
45%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.14
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
66%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
5.36
52%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.5
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Бакар

13.51

Калај

56.46

Платина

56135.20

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Сребро

1994.05

Рутениум

53852.50