Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Онкологија“, во кој поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски се обвинети за несовесно лекување пациенти. Судењето го води судијката Снежана Марковска, додека обвинението го застапува јавната обвинителка Марија Ѓоргева од Основното јавно обвинителство – Скопје. На претходното ...

Несекојдневна и застрашувачка сообраќајна несреќа се случи во вторникот попладне на автопатот А1 во Хрватска, на одмориштето Надин-Југ, кога патничко возило под полна брзина ја проби стаклената фасада на ресторан и заврши во неговата внатрешност. На социјалните мрежи брзо се прошири снимката од камерите за надзор, објавена од страницата „Црна хроника Хрватска“. На видеото јасно се гледа како автомобил марка „Ауди“ со австриски регистарски ...

Искривувањето на палецот на ногата, познато како чукли или hallux valgus, често се појавува кај повеќе членови на едно семејство, поради што родителите со ваков деформитет се прашуваат дали и нивните деца имаат поголем ризик да го развијат. Иако наследниот фактор има значајна улога, појавата на чуклите не значи дека детето неизбежно ќе го наследи проблемот.Одговорот е – не мора. Фактот дека мајката, таткото, бабата или дедото имаат hallux ...

Германска туристка и нејзината 12-годишна ќерка доживеаја вистински кошмар откако биле нападнати од животно за кое се претпоставува дека е волк, во популарното туристичко место Пунта Пицо, во близина на Галиполи, на југот од Италија, пренесува Quotidiano di Puglia. Драмата започнала додека девојчето шетало мало куче, кога дивиот ѕвер ненадејно ги нападнал. Мајката веднаш притрчала да го заштити детето, но и таа била зафатена и повредена. ...

Дали вегетаријанската исхрана навистина е поврзана со подолг живот? Ново истражување објавено во „The American Journal of Clinical Nutrition“ го испитувало ова прашање кај 5.203 лица на возраст од 80 и повеќе години, користејќи податоци од кинеско истражување за долговечност што започнало во 1998 година. Истражувачите од Универзитетот Фудан и Кинескиот центар за контрола и превенција на болести следеле кој од учесниците доживеал 100 години, ...

Топлата вода наутро често се препорачува како едноставен начин за почеток на денот, особено по неколку часа сон кога организмот има потреба од течности, но и покрај честите тврдења, нема убедливи докази дека таа сама по себе го забрзува варењето или има посебен „детокс“ ефект. За разлика од кофеинот, кој може да ја поттикне дигестивната активност, водата првенствено помага во надополнување на течностите. Нејзината главна корист е едноставна ...

Јужна и Средна Европа се под опсада на шестиот и најсилен топлотен бран оваа сезона, предизвикан од т.н. „топлотна купола“ — стабилен систем на висок воздушен притисок што го заробува и додатно го загрева воздухот над континентот. Според прогнозите на Severe Weather Europe, од четврток до сабота температурите во котлините и речните долини на Балканот, Северна Италија, Источна Хрватска, Србија и БиХ ќе се искачат до рекордни 42 до 43 °C. Она ...

Природните непогоди годинава предизвикаа милионски штети врз хрватското земјоделство, при што загубите на земјоделските култури од почетокот на 2026 година до средината на август достигнаа околу 37 милиони евра. Податоците ги соопшти потпретседателот на хрватската Влада и министер за земјоделство, шумарство и рибарство, Давид Влајчиќ. Тој ги претстави податоците на средбата со словенечкиот министер за земјоделство Јанез Циглер Крал во рамки ...

Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот, заедно со неколку соработници, со чекани го срушил споменикот посветен на загинатите Палестинци во селото Мадама на Западниот Брег, при што инцидентот предизвика осуди и од израелската армија и од политички претставници. На видеото прво објавено од палестинските медиуми, се гледа војник како стои до Сукот, член на партијата Религиозен ционизам, и други мажи кои удираат во споменикот. Други ...

Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерната литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, а со неа ќе чиноначалствува Митрополит ...

Асоцијацијата Макам-транс упати повик до сите превозници, возачи, соработници и ВИП членки да се приклучат на протестот против правилото 90/180 дена престој во Шенген зоната, кое создава сериозни проблеми за професионалните возачи. Протестот ќе се одржи во понеделник, 31 август, од 12:00 до 14:00 часот, пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Од асоцијацијата порачаа дека целта е да се испрати јасна порака до европските институции ...

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека до граѓаните пристигнуваат лажни SMS-пораки во кои се тврди дека „даночниот поврат е подготвен“, а во пораката е приложен и линк. Оттаму предупредуваат дека станува збор за можен обид за измама и апелира граѓаните да не го отвораат линкот и да не оставаат лични или банкарски податоци. Од УЈП велат дека информациите поврзани со даночните услуги и повратот на ДДВ треба да се проверуваат исклучиво ...

На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција по вчерашниот пожар. Екипите ќе работат се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола, соопшти доцна синоќа кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. „Станува збор за пожар кој, според досегашните сознанија и начинот на неговото избивање, покажува сериозни индиции дека е подметнат. Ова не е само напад врз депонијата, ...

Морбилите повторно го креваат алармот во САД, откако две лица од Пенсилванија починаа од оваа исклучително заразна болест, што се први смртни случаи од морбили во земјата оваа година. Двете жртви биле невакцинирани и живееле во округот Ланкастер, додека САД бележат најголем број заболени од морбили во повеќе од три децении, во услови на пад на стапката на вакцинација. До смртните случаи дојде приближно две недели откако претседателот Доналд ...

Новиот тренер на Реал (М), Жозе Мурињо рече дека верува дека Бразилецот Винисиус е неправедно цел на критики, но додаде дека напаѓачот на мадридскиот клуб може подобро да одговори на провокациите. Бразилскиот фудбалер беше вмешан во неколку инциденти со навивачи и играчи на противничкиот тим за време на натпреварот од второто коло од шпанската Ла Лига против Еспањол, кој се играше во саботата во Барселона. „Постојат ситуации во и надвор од ...

Посетата на шефот на американската ЦИА, Џон Ретклиф, на Москва е исклучиво поврзана со директни контакти меѓу специјалните служби на двете земји, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за „Вашингтон пост“. Песков категорично ги демантираше пишувањата на дел од медиумите дека Ретклиф имал средба со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека разговорите се воделе само на ниво на разузнавачките агенции. Инаку, доаѓањето на ...

Во изминатото деноночие регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување за кризи. Активни пожари има општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со крак кон Палиград и Вражале – општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – кај селото Трново кон селата Битово и Заград и во ...

Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата. По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите. Централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Џордан Пруит, поранешна поп-пејачка која како тинејџерка настапувала заедно со ѕвездите на Дизни како што се браќата Џонас и Деми Ловато, ја обвини Мајли Сајрус дека ја малтретирала додека двете биле дел од светот на Дизни. Таа ги изнесе овие тврдења во коментар на Инстаграм, кој потоа стана вирален на Reddit и привлече големо внимание. Пруит коментираше старо видео на кое Сајрус наводно се потсмева на Селена Гомез и Деми Ловато. „Мајли ...

Студија за податоци за морталитет од 35 земји покажа дека во текот на жешкото лето 2022 година, во Европа се регистрирани 56 % повеќе смртни случаи поврзани со горештината кај жените отколку кај мажите. Неодамнешните податоци од Германија, која ја регистрираше својата највисока сезона на смртност поврзана со топлина од 2016 година, исто така покажуваат сличен тренд. Институтот Роберт Кох го припишува ова на фактот дека жените сочинуваат ...

Американската тајна служба е запознаена со видео емитувано од иранската државна телевизија, во кое се зборува за можен план за атентат врз најмладиот син на американскиот претседател Трамп, објави денес портпаролот. „Американската тајна служба е свесна за видеото и истражува сè што би можело да се смета за закана за луѓето што ги штитиме. Од грижа за оперативната безбедност, не дискутираме за прашања поврзани со заштитното разузнавање“, ...

Столе Димитриевски и Валенсија вечерва доживеаја прв пораз во новата сезона на Ла Лига и тоа на домашен терен против екипата на Бетис. Во одигрувањето на мечот од 1. коло, Бетис успеа со голот на Гарсија во 82. минута од натпреварот да ги однесе бодовите од „Местаља“. Нашиот репрезентативен голман и денеска беше стартер во дресот на Валенсија, но не успеа да ја сочува својата мрежа. Столе имаше две успешни интервенции, но ударот на Гарсија ...

Азербејџански Сабах обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите, победувајќи го Хапоел Бершева со вкупен резултат од 6-4 во плејофот, откако го доби реваншот дома со 5-2 (1-1, 3-2) по продолженијата. Првиот натпревар заврши со победа на Хапоел од 2-1. Хапоел никогаш не играл во главната фаза од Лигата на шампионите, а тоа нема да биде ниту сега. Вечерва секунди ги делеа од пласман, но Сабах успеа да направи историја во продолженијата ...

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е прогласен за играч на сезоната од страна на Професионалната фудбалска асоцијација (PFA). Наградата е за сезоната 2025/26 во англиската Премиер лига. Минатата сезона, Бруно Фернандеш беше водечки асистент во натпреварувањето. Португалскиот играч од средниот ред имаше 21 асистенција на 35 натпревари. Играчот на Манчестер Јунајтед постави рекорд во Премиер лигата за најмногу ...

Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милиони евра. Камил денеска ги мина медицински прегледи во Торино, по што договор е официјализиран. Минатата сезона, Полјакот одигра 34 натпревари во Бундеслигата. sportmedia.mk Голманот на Волфсбург, Камил ...

Кристофер Нкунку се врати во РБ Лајпциг. Германскиот клуб го објави потпишувањето на 28-годишниот напаѓач на позајмица од Милан со опција за откуп. Претходно беше објавено дека позајмицата ќе го чини Лајпциг 3,5 милиони евра, додека перманентен трансфер ќе чини 30 милиони евра. Нкунку играше за Лајпциг од 2019 до 2023 година пред да се приклучи на Челзи, од каде што замина во Милан во август 2025 година за 37 милиони евра. sportmedia.mk ...

На својот 48-ми роденден, Карлеуша доби луксузна чанта „Биркин“, а шпекулациите за Тошиќ како донатор го поттикнаа интересот на медиумите. Пејачката Јелена Карлеуша го прослави својот 48-ми роденден со стил, а меѓу многуте скапи подароци, внимание привлече и престижна чанта од брендот „Ерме“ (Hermes), вредна дури 20.000 евра. Карлеуша го прослави својот роденден далеку од очите на јавноста, во луксузен ресторан во главниот град, во кругот на ...

Легендарната американска кантри пејачка, актерка и хуманитарка Доли Партон почина денеска на 80-годишна возраст, потврди нејзината придружба. За време на кариерата што траеше речиси шест децении, Партон стана една од најпрепознатливите личности во американската култура. Партон остави зад себе бројни хитови, вклучувајќи ги „Jolene“, „I Will Always Love You“ и „9 to 5“, и продаде повеќе од 100 милиони плочи низ целиот свет. Таа освои 11 ...

Останувањето на Коди Гакпо во Ливерпул е неизвесно веќе некое време. Холанѓанецот, кој беше доведен од Јирген Клоп во зимата 2023 година за повеќе од 40.000.000 евра, игра нестабилно, иако неговата позиција на теренот минатата сезона варираше поради повредите прво на Александар Исак, а потоа и на Уго Екитике. Тој ја започна оваа сезона на левото крило и постигна гол против Њукасл во премиерниот натпревар. Остави добар впечаток на Светското ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Платина

49319.25