Рома официјално го заврши трансферот на грчкиот репрезентативец Константинос Кулиеракис од Волфсбург. Според италијанската платформа „Фудбал-Италија“, износот на договорот е 16,5 милиони евра, на што се додадени бонуси и 20 проценти учество во идната продажба. Дефанзивецот успешно ги помина медицинските прегледи денес, по што потпиша петгодишен договор и ќе го носи дресот со број 33. Според италијанското издание „Ил Темпо“, вкупната вредност ...

Државата јакнее преку националното помирување. Ако сакаме нашата држава да биде пристојно место за живеење, мора да ги надминеме поделбите и да научиме да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес. Тоа ни е потребно повеќе од кога било порано, ова е главната порака на претседателката Гордана Сиљановска Давкова од нејзиното обраќање по повод 2 Август Илинден, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје. -Државата ...

Маж облечен во црно ненадејно се појавил од зимската ноќ во предградие на Стокхолм. Со пиштол во раката му пришол на 20-годишниот Мурад Абделкадер, студент кој се враќал дома од смена во „Мекдоналдс“. Напаѓачот пукал повеќепати додека се приближувал, а последниот куршум му го испалил на момчето во главата додека лежело на земја. Убиецот бил 18-годишниот Атила Азимов, кој го убил погрешниот човек за пари – по налог на мрежата „Foxtrot“ ...

Според проценките на експертите, економската штета предизвикана од сушите и горештините во Европа би можела да достигне и до 126 милијарди евра годишно до 2029 година, пренесува ХРТ. Последиците се видливи низ целиот континент. Во периодот од април до јуни, на огромни површини од Европа – кои се протегаат од Португалија до јужна Финска – се регистрирани врнежи под просекот за овој период од годината. Ова, во комбинација со последователните ...

Пожар настана утринава во угостителски објект во Трговскиот центар Лептокарија во скопски Карпош. Следувала експресна интрвенција на пожарникарите, сведочат граѓаните. Жителите на околните згради информираат дека пожарот се рашири многу бргу, а притоа силен чад ги прекри зградите долж булеварот Партизански одреди. Пожар настана утринава во угостителски објект во Трговскиот центар Лептокарија во скопски Карпош. Следувала експресна ...

Никому не му должиме за тешко изборената држава. Токму затоа, никој нема право да ја ревидира нашата национална историја оти секој народ има право на своја историја. Имаме долг кон историската вистина и кон асномската генерација, којашто со крв извојува слобода и македонска република, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето обраќање по повод 2 Август - Илинден, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје. ...

Милан Илоски, Американецот со македонско потекло инаку напаѓач на Филаделфија утринава го постигна еден од најубавите голови во својата кариера и еден од најубавите во последно време во МЛС. Имено на мечот против Атланта при резултат 0:2 за гостите, Илоски изведе вистинска магија за 1:2. Тоа како да им даде крилја на неговите соиграчи кои до крајот постигнаа уште два гола и со голем пресврт му донесоа на својот тим победа од 3:2. Сепак вреди ...

Компанијата „Антропик“ (Anthropic) соопшти дека нејзиниот модел на вештачка интелигенција „Клод“ (Claude) ненамерно извел три реални сајбер напади врз вистински организации за време на тестирање на безбедноста, кое требало да се одвива во строго изолирано окружување. Инцидентите биле откриени дури подоцна, за време на интерна ревизија која била покрената по сличен загрижувачки случај во кој беа вмешани „OpenAI“ и платформата „Hugging Face“, ...

Како што е осоопштено, терористот на Хамас, кој го нападна кибуцот Нир Оз во јужен Израел за време на нападот на 7 октомври 2023 година, е убиен во израелски напад врз јужниот дел на Појасот Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“. Во нападот е убиен Салем Џамал Абд ел-Рахман Абу Лабад, водач на ќелија во елитната единица „Нухба“ на Хамас, која на 7 октомври изврши упад во Нир Оз, соопштија Израелските одбранбени сили. Во посебен напад во ...

Мика Годтс постигна личен договор со Пари Сен Жермен, па парискиот клуб сега мора да постигне договор со Ајакс. Холандскиот клуб наводно бара обештетување од околу 60 милиони евра за својот играч, објави Goal.com. Доколку Ајакс и ПСЖ постигнат договор, Годтс треба да потпише договор што би траел до средината на 2031 или 2032 година. Неговиот агент Нилс де Јонк потврди напредок во преговорите. „Мика е информиран за платата и во принцип ги ...

Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги ...

Падот на американската валута ги вознемири финансиските пазари, бидејќи инвеститорите сè погласно шпекулираат дека Јапонија и САД би можеле повторно заеднички да интервенираат на девизниот пазар – нешто што наликува на валутна војна и што светот не го видел во вакви размери повеќе од една деценија. Вредноста на американскиот долар нагло ослабе во однос на кошничката од шесте најважни светски валути минатата недела, бидејќи инвеститорите ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, упати порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава. Тој истакна дека идеалите на илинденците денес се продолжуваат преку развојот и изградбата на современа Македонија, посочувајќи дека ...

Мохамед Салах би можел да ја продолжи кариерата во Турција, но се чини дека неговата нова дестинација нема да биде Бешикташ, туку нивниот ривал Трабзонспор. Според информациите од Турција клубот му понудил на египетскиот напаѓач двегодишен договор вреден 17 милиони евра по сезона по состанокот со неговите претставници. Салах наводно е отворен за оваа опција, но конечната одлука ќе ја донесе откако ќе разговара со своето семејство, објавува ...

Изградбата на мост меѓу Северна Кореја и Русија официјално треба да ја олесни економската соработка и туристичката размена, но според истражувањето на украинската организација „Truth Hounds“, неговата вистинска намена би можела да биде сосема поинаква. Според истражувачите, мостот би можел да биде дел од стратешката воена инфраструктура. Мостот преку реката Тумен, кој ќе го поврзува рускиот град Хасан на далечниот исток на земјата со ...

Со апел за единство, непокор и цврста верба во иднината, премиерот Христијан Мицкоски ја заврши својата празнична беседа по повод Денот на Републиката – 2 Август, порачувајќи дека идеалите на Илинден и АСНОМ остануваат нечепканиот темел врз кој се гради македонската држава. Премиерот истакна дека од местото каде што одекнува историјата треба да се испрати јасна порака до секој дом и секој граѓанин дека Македонија ќе остане достоинствена и ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, беше крајно незадоволен од пристапот на неговите играчи во второто полувреме од пријателскиот натпревар против Фиорентина, кој заврши 2-2. Португалецот остро го критикуваше тимот за опуштеноста што доведе до нерешениот резултат, пишува goal.com. Реал влезе на полувреме со предност од 2:1, а претходно пропушти неколку шанси што можеа да го решат натпреварот порано. Сепак, во продолжението од натпреварот, ...

Битката на денешната генерација е битка за човековиот дух и за зачувување на вербата во сопствената држава, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето илинденско обраќање, предупредувајќи дека најопасниот отров за едно општество е моментот кога народот ќе престане да верува во себе. Премиерот истакна дека покрај економската и политичката борба, клучниот предизвик е да се победи безнадежноста и да не се дозволи пасивно прифаќање на ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека се откажува од идејата за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство на надворешни инвеститори. Тој нагласи дека проектот предизвикал несогласувања што се спротивставуваат на неговите првични цели. Во официјално соопштение, Инфантино ги објасни причините за неговата одлука. „Проектот на ФИФА Форвард Ентерпрајз (FFE) имаше за цел да ги постави темелите за понатамошно ...

Перуанскиот државен информативен канал „ТВ Перу“ соопшти дека во авионот имало 11 патници и двајца пилоти, пренесе Ројтерс. Локалните власти изјавија дека авионот се урнал во областа Пуебло Виехо, на околу шест километри од градот Наска и приближно 12 километри од локалитетот со Линиите од Наска. Малиот авион ѝ припаѓал на локалната перуанска авиокомпанија „Аеродијана“ (Aerodiana). Авионот полетал од аеродромот во Писко за да прелета над ...

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод одбележувањето на годишнината од двата историски Илиндена – 2 август 1903 година и 2 август 1944 година, порача дека Крушевската Република и АСНОМ претставуваат нераскинлив континуитет на македонската борба за слобода и државност. Истакнувајќи го историското значење на 2 Август – Денот на Републиката, премиерот Мицкоски потенцираше дека темелите на современата македонска држава се цврсто поддржани од ...

Секоја генерација има свој Илинден и своја историска одговорност, а задачата на денешната генерација е да изгради силна, праведна и просперитетна држава од која младите нема да заминуваат, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод Денот на Републиката – 2 Август. Премиерот истакна дека почитта кон илинденците и асномците не треба да биде само формалност, туку поттик за преиспитување на сопствената одговорност кон ...

Настанот на вечерта во МЛС дефинитивно беше дебито на Роберт Левандовски за својот нов тим Чикаго Фајер на домашен терен, кое беше назаборавно. Новиот тим на легендарниот Полјак заостануваше во натпреварот против Шарлот, откако прими гол во 18-тата минута. Левандовски сам ги водеше домаќините до целосен пресврт. Прво, го израмни резултатот во 20-тата минута, а потоа со гол во 68-мата минута, ги предводеше Чикаго Фајер до конечна победа од ...

Поради исклучително нискиот водостој на Дунав во Унгарија, пронајдени се остатоци од автомобил „Опел корса“, кој во септември 2013 година бил украден од пред семејна куќа во местото Соб, пренесува унгарскиот портал Blikk. Возилото од реката го извлекле општинските противпожарни екипи од Вамошмикола и доброволните пожарникари од Наѓмарош. Нуркачите најпрво под вода ја прицврстиле олупината, а потоа со сајла и техничко возило ја извлекле на ...

Пожарот што во петокот наутро избувна во областа Виотија во централна Грција веќе е проширен и во соседниот регион, областа Атика поширокиот регион на Атина, а според метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, изгорена е површина од над 6.500 хектари, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот веќе трет ден е без контрола, проширен е на голема површина и постојат повеќе активни жаришта, а изгорени се и куќи, иако ...

Над тропскиот дел на Тихиот Океан забрзано се развива моќен Ел Нињо, кој според моменталните прогнози, при крајот на есента и почетокот на зимата би можел да достигне исклучително висока, па дури и рекордна јачина. Неговото влијание веќе се забележува во атмосферската циркулација, а во текот на есента и зимата би можело сè посилно да ги обликува временските прилики и во Европа, пишува Severe Weather Europe. Ел Нињо настанува кога површината ...

Во објава на социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), американскиот претседател напиша дека одлучил да ги откаже нападите врз Иран, под услов брзо да се постигне договор со таа земја, кој би вклучувал итно отворање на Ормускиот Теснец и крај на нуклеарната закана од Иран. Трамп изјави дека одлуката е донесена заеднички со Израел, а соопштението уследи по бројните извештаи на американските медиуми дека Вашингтон планирал нови, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги откажал планираните воени напади врз Иран под услов брзо да се постигне нов договор со оваа земја. Во објава на својата мрежа „Трут Соушл“, Трамп соопшти дека одлуката за прекин на нападот е донесена по барање на Иран и други земји од Блискиот Исток со цел да се даде простор за брзо постигнување договор. Според неговите зборови, веќе се договорени рамките на договорот, кои предвидуваат ...

По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив претстави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, посветени на историското значење на Првото заседание на АСНОМ и темелите на современата македонска државност. -На 2 август 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, беа поставени темелите на современата македонска држава. Со донесените одлуки беше потврдена државотворната ...

По пријателскиот натпревар против Џирона, на тренерот на „топџиите“, Микел Артета, му беше поставено интересно прашање токму на оваа тема. Новинар го праша шпанскиот стручњак: „Па, кога пристигнува Винисиус?“. Артета не даде конкретен одговор. Наместо тоа, тој само се насмевна, што дополнително ги поттикна шпекулациите за можен трансфер. Неговата реакција брзо стана тема на социјалните мрежи. Навивачите на Арсенал веднаш почнаа да ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.61
50%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
73%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.11
64%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.16
67%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.38
74%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.11
82%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
47%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.53
50%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.0
55%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.81
70%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
55%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.28
99%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Паладиум

43435.66

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Бакар

13.54

Платина

55652.94

Злато

137126.15

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.27

Калај

56.77