На самиот почеток на 2026 година, веќе на 3 јануари, нè очекува силна лунарна појава – Полна Месечина во знакот Рак, позната и како „Волчја Месечина“. Оваа лунација традиционално се поврзува со емоционална кулминација, но и со најава за внатрешни пресврти, интроспекција и потреба од длабоко емоционално прочистување. Станува збор за астролошки настан што се случува уште во првите денови од јануари и значајно влијае врз атмосферата и ...

Премиерот Мицкоски потврди дека за реконструкција и опрема на ГАК се вложени околу 110 милиони денари. Истакна дека проектот е реализиран без прекин на работата на објектот. „Јас немам многу што да додадам на тоа што директорката и министерот го кажаа, освен да се заблагодарам на вработените во Клиниката и на директорката за посветената работа“, изјави Мицкоски. Премиерот напомена и за почетоците на овој проект пред неколку месеци, каде ...

Со 73 гласови ,, за”и 1 ,,воздржан” Собранието денеска го усвои Предлог Законот за судски совет. Од министерството за правда велат дека овој закон ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да се зајакне довербата на граѓаните во судството. Оттаму, како клучни новини во Законот ги издвојуваат: јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат ...

Италијанскиот Суперкуп следната година ќе се решава во еден натпревар и нема да има турнир во Ријад. Ова и официјално го соопшти првиот човек на италијанската Серија А, Ецио Марија Симонели. „Веќе не ни требаат две полуфиналиња. Следната година Азискиот куп ќе се одржи во Ријад, а Саудијците веќе нè предупредија дека го откажуваат. Значи, ние сме слободни да го избереме датумот и местото на одржување“,рече Симонели. Во 2025 година, Наполи, ...

Десетина патници беа повредени за време на инцидентот и добија медицинска помош по слетувањето. Боингот 737-8 MAX, кој работеше како лет FR1121, беше на FL370 (11.300 метри), приближно 30 наутички милји североисточно од Брест, кога екипажот започна со спуштање и одлучи да го прекине летот. Според достапните податоци, по почетното стандардно спуштање, авионот започна многу побрзо спуштање под FL290, пред да се стабилизира на FL100 и да се ...

Денес, со особена чест и гордост, свечено ги доделив признанијата за најдобар пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје за 2025 година. Овие признанија им припаѓаат на исклучителни и докажани луѓе во своите професии, посветени, одговорни и хумани личности, избрани од своите колеги, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Нивната работа и пожртвуваност се вистинска мисија во служба на ...

Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северенветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата. Под ...

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на последните статистички податоци за сиромаштијата во земјата. „Што се однесува до стапката на сиромаштија, сакам да кажам дека во 2024 е подобра од 2023 и е најдобра од 2020 па наваму. Ако во 2020 стапката на сиромаштија била 23%, во 2023 година била ...

Во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март годинава избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени бил пронајден мобилен телефон со сим картичка. На почетокот на денешното рочиште, судијата Дијана Груевска Илиевска, информираше дека Судот добил известување дека во келијата на Јованов, кој се наоѓа во притвор во затворот во Куманово, бил пронајден мобилен телефон ...

Со 73 гласа „за“ и само еден „воздржан“, македонското Собрание денеска ги усвои измените на Законот за Судски совет. Овие законски измени имаат за цел да ја вратат довербата во судството преку отстранување на системските слабости и воведување на повисоки стандарди за транспарентност и отчетност. Една од најзначајните новини е воведувањето јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, со што се става крај на ...

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа во пресрет на средбата на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека многу наскоро е планиран уште еден телефонски разговор. Песков одби да коментира за идејата за слободна економска зона во Донбас или за судбината на руската нуклеарна централа Запорожје, велејќи дека Кремљ ја смета за ...

Филипче по големите реформи што ги направи во СДС, отиде да одмори за празниците токму во Дубаи кај Заев или пак во неговиот стан за кој јавноста не доби одговор, дали е негов или не, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Големиот предводник на опозицијата, толку се умори од лагите и манипулациите што ги искажа во јавноста, да мора да одмори не било каде, туку дома во Дубаи. Сепак доктор Филипче, се уште молчи и не дава ...

Мојата порака кон младите е дека љубовта кон татковината се манифестира со тоа што одлучуваме да создадеме семејство и да се реализираме како родители, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. -Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, нашата политика е про-лајф политика. Да испратам една порака до младите, да одлучат да се реализираат како родители, да се раѓаат што е можно повеќе бебиња. Од 2016-та до ...

Министерката за образование Весна Јаневска најави дека во Македонија ќе постои Ѕид на срамот, за изработени дипломски и магистерски трудови. -Бидејќи се зборува дека на факултети поминуваат трудови напишани во стил на ученички пишувања, ќе ги објавуваме сите јавно. Мене ќе ми биде срам да ставам потпис на нешто што не вреди. Сите ќе бидат изложени на ѕидот на срамот, па сите што препишувале ќе бидат откриени, рече министерката на брифинг со ...

Капитенот на Ливерпул, Вирџал ван Дајк, изјави дека проблемите на неговата екипа во одбраната при прекините „болат“, пренесе денеска Би-Би-Си. Ливерпул оваа сезона прими 12 голови од прекини, што е најмногу во Премиер лигата, заедно со Борнмут и Нотингем Форест. На саботниот натпревар на „Енфилд“, кој Ливерпул го доби со 2:1, Вулверхемптон голот го постигна од корнер, додека минатата недела им се случи и против Тотенхем. „Имаше многу ...

Според извештаите на јапонските медиуми кои се повикуваат на полицијата, момчето, Хината Гото, се спремало да излезе од транспортерската лента кога паднало и неговата десна рака се заглавила во механизмот, пишува Би-Би-Си. Иако ременот бил опремен со автоматски безбедносен механизам за запирање, тој не се активирал. Уредот бил запрен само од мајката на детето со притискање на копчето за итни случаи. На спасувачите им биле потребни 40 минути ...

Древниот кинески билен чај од цимет, зелен чај, ѓумбир и куркума, кој се препорачува во традиционалната кинеска медицина, ја подобрува циркулацијата, го зајакнува имунолошкиот систем, го активира метаболизмот и помага во елиминацијата на токсините, што го прави идеален утрински ритуал за оние кои се подготвени да воведат нова позитивна навика во својата рутина. Утрото, а особено урамнотежената исхрана, е клучно за поставување на тонот за ...

Новите прописи во Холандија предвидуваат дека од 1 јануари ќе биде забрането чувањето на одредени раси мачки, меѓу кои и безвлакнестите мачки, поради здравствени ризици. Мачките што се родени и чипирани пред 1 јануари ќе можат да останат во домаќинствата, но нема да можат да учествуваат на изложби или во програми за одгледување. Од 1 јануари ќе бидат забранети и аналогните броила, кои ќе мора да се заменат со дигитални. Аналогните броила за ...

Познатиот фудбалски агент Хорхе Мендес, кој го застапува Кристијано Роналдо, го изрази своето восхитување кон Ламине Јамал. „Ламине Јамал е играч на сегашноста и иднината. Има и други, но мислам дека Ламине може да ја освои наградата за најдобар фудбалер во светот неколку пати“, рече Мендес. Менаџерот брзо го насочи вниманието кон својата татковина: „Покрај Јамал, има и многу други квалитетни играчи – Витиња, Жоао Невес, Рубен Дијас… ...

Од март следната година, наставниците ќе го добијат договореното покачување на платите, најави министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите.Покачувањето ќе изнесува меѓу 7 ипол и 10 проценти од платата, зависно од пресметките. -Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив за наставниците е кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го ...

Во споредба со минатата сезона, Манчестер Сити моментално игра многу добро. Екипата на Пеп Гвардиола е втора на табелата во Премиер-лигата и заостанува само два бода зад водечкиот Арсенал по 18 одиграни кола. Сити има добар настап и во Лигата на шампионите, каде што се наоѓа на четвртото место и многу лесно може директно да се пласира во осминафиналето. Пеп Гвардиола зборуваше за тоа дека на неговиот тим, но и нему лично, минатата сезона му ...

Појавувајќи се на подкастот „Тим Дикинс“ на 24 декември, 50-годишната актерка се потсети на улогата во филмот „Небесни суштества“ (Heavenly Creatures) од 1994 година, која ја направи позната. Филмот го следи опсесивното пријателство помеѓу две тинејџерки, играни од Винслет и Мелани Лински, а актерката сега откри како нејзините сопствени искуства ѝ помогнале да се поврзе со ликот. „Ќе споделам нешто што никогаш порано не сум го споделила. ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Поводот за посетата е финализирањето на процесот за реконструкција на капацитетите и набавката на најсовремена медицинска опрема за потребите на оваа клиника. Како што информираат од владината прес-служба, по завршувањето на увидот во реконструираните делови, предвидено е ...

Собранието денеска ќе го разгледува дополнетиот предлог на Законот за Судскиот совет во второ читање. Главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет. Клучни новини кои се предвидени со законот се јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат ...

Во периодот од 01.12.2025-28.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.318 издадени платни налози, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 123 лица, од кои 100 за ...

Белгиските земјоделци протестираа денес против трговскиот договор меѓу Европската Унија (ЕУ) и Меркосур, стравувајќи дека договорот за слободна трговија би можел да претставува „смртна пресуда“ за многу европски земјоделци. Како што објави Фламанската радиотелевизија (VRT), земјоделците поставија симболични „гробишта на земјоделците“ на своите полиња. Според организаторите, целта на акцијата е јасно да се изрази протестот на земјоделците ...

Најновата изјава на Марта Кос дека Украина е приоритетен кандидат за членство во ЕУ треба да се сфати како намера на Западот да му даде надеж на Киев во рамките на процесот на мировни преговори со Русија, велат аналитичарите. Како што велат, во процесот на европска интеграција, Украина мора да се гледа како специфичен случај како поранешните држави на СССР или Романија и Бугарија на почетокот на овој век. Европскиот комесар за проширување, ...

Вештачката интелигенција сè повеќе презема улоги што некогаш беа резервирани исклучиво за луѓето, а контролата на сообраќајот е еден од најновите примери. Во Грција, властите започнаа пилот-проект со камери со вештачка интелигенција кои автоматски ги евидентираат прекршоците, а првите резултати покажаа колку возачите се всушност склони кон кршење на правилата. За време на пробниот период, речиси 2.500 сериозни прекршоци беа евидентирани на ...

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани официјално го објави крајот на својата професионална фудбалска кариера на 38-годишна возраст. Тој ја објави својата одлука во проштална порака објавена на социјалните мрежи. Во неа, тој изрази благодарност до фудбалот и до сите што го поддржуваа по патот. „Ви благодарам многу. Ме обликувавте, ме тестиравте, ме научивте да станувам кога ќе паднев и ми покажавте да го ценам секој чекор. Ми дозволивте да ...

Иако со своите постапки спасил многу животи, таткото на две деца вели дека сè уште тагува за оние што загинале, пишува Би-Би-Си. „Фрли го пиштолот, престани да го правиш тоа“ Во потврденото видео, Ахмед ал Ахмед - сопственик на продавница роден во Сирија од Сиднеј - се гледа како одзади соборува еден од двајцата напаѓачи и му ја грабнува пушката. „Го држев со десната рака и почнав да му велам, знаете, да го предупредам - „фрли го оружјето, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1004
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
79%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1006
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1005
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.07
91%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.89
97%
1006
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
7.6
48%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1007
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
4.12
83%
1004
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
72%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.03

Калај

46.91

Паладиум

546.56

Кобалт

64.04

Цинк

3.25

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Платина

67162.91