Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Службеното „Ауди А6“ на Општина Струга, кое пред 7 години го купи поранешниот градоначалник од ДУИ, Рамиз Мерко за 67.000 евра денеска беше продадено на јавна аукција за 22.000 евра. Продажбата на автомобилот одеше преку извршител, кој пред 4 месеци го заплени возилото. Парите ќе се искористат за враќање на долгоивте на Општина Струга кон повеќе доверители. „Озлогласеното службено возило, кое беше симбол на прекумерниот луксуз на поранешниот ...
Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата е пристигнат во Собранието, а седницата е закажена во понеделник на 13 јули, информираат од собраниската прес-служба. На дневен ред на 112. седница на Собранието се три точки – предлог за разрешување членови на Владата, предлог за разрешување заменици на министри во Владата и предлог за избор на членови на Владата. Ќе бидат разрешени 8 министри. Пред пратениците ќе се најде ...
Откако беше елиминиранa од Светското првенство, се поизвесно е дека хрватската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор. Златко Далиќ ја заврши својата ера на клупата на „коцкестите“, а Хрватската фудбалска федерација наскоро ќе започне со потрага по негов наследник. Конечната одлука за смената на Далиќ сè уште не е официјално објавена. Според хрватските медиуми, по години поминати на клупата на Хрватска, Далиќ би можел да заклучи дека ...
27-годишната девојка, која се врати на работа минатата недела од породилно отсуство по раѓањето на своето второ дете, ги даде острите коментари за време на гостувањето во Фокс њуз, објави Унилад. „Некои од овие деца никогаш немале вистинска работа и се жалат дека сè е скапо. Работите се скапи кога немате вистинска работа. Дали мислите дека таквото кукање наоѓа плодна почва?“, ја праша водителката Џеси Вотерс. Ливит одговори потврдно, ...
Фенербахче го објави потпишувањето на холандскиот дефанзивец Натан Аке. 31-годишниот холандски репрезентативец го напушти Манчестер Сити, а неговиот договор со „граѓаните“ требаше да важи до 2027 година. Фенербахче ќе му плати на Манчестер Сити 7 милиони фунти плус 1,5 милиони фунти бонуси. Претходно, турскиот клуб самостојно го потврди трансферот иако Манчестер Сити тоа се уште не го направил. Според Фабрицио Романо, клубовите сè уште ги ...
Амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа иницијативата на состанокот во Брисел. Според планот, НАТО ќе издвои 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници во следните две години, вкупно 140 милијарди евра. Сепак, ова вклучува заем од ЕУ за Украина од 60 милијарди евра за 2026 и 2027 година. Ова значи дека сојузниците ќе треба да покријат 40 милијарди евра годишно од своите национални буџети, пренесува ДПА. САД ја ...
Поранешниот шведски репрезентативец, Златан Ибрахимовиќ, го прокоментира поразот на Хрватска од Португалија со 2:1 во шеснаесетфиналето на СП. „Фудбалот може да биде неверојатно суров. Не ме интересира што зборуваат другите. Мислам дека Хрватска има целосно право да се чувствува измамено. Ја видов снимката и сè уште немам докази за да бидам убеден дека Гвардиол бил во офсајд. Кога гол е поништен во последните секунди од натпреварот од ...
Мунтеану, кој е на функцијата од ноември 2025 година, не ја објасни својата одлука детално. Тој во објава на социјалната мрежа „X“ изјави дека неговиот мандат завршува и дека одлучил да се повлече кога заклучил дека повеќе не може да ги извршува своите должности во согласност со своите принципи и верувања. „Денес завршува мојот мандат како премиер. Во моментот кога сфатив дека повеќе не можам да го извршувам мојот мандат во согласност со ...
Саудискиот клуб Ал-Наср го објави назначувањето на Анже Постекоглу за свој нов менаџер. Австралијанецот доаѓа со двегодишен договор. Постекоглу се враќа на тренерската позиција по краткиот престој во Нотингем Форест. Австралиецот ќе го замени Жорге Жесус, кој го напушти клубот откако ги одведе до титулата во Саудиска Про лига. „Ново поглавје. Г-дин Анже Постекоглу како тренер на првиот фудбалски тим во клубот Ал-Наср, и тоа со договор ...
Според проценките на „CSIS“(Центар за стратешки и меѓународни студии), Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви, што е околу еден процент од вкупното население на земјата. Загубите не се рамномерно распределени, а најпогодени се посиромашните области и етничките малцинства. Приказните за малите села каде што загинале речиси сите мажи се сè почести во руските опозициски медиуми. Авторите на извештајот, Сет Г. Џонс и Рајли Мекејб, истакнаа дека ...
Никако да престанат маките на репрезентативците на Тунис кои имаа ужасен резултатски гледано Мундијал. Да биде ситуацијата уште полоша, Дејли Меил објавува дека осуммина играчи се позитивни на антигопинг тестовите направени на Мундијалот. Поточно, имале позитивни резултати од тестот за кленбутерол, лек кој ги опушта дишните патишта и се наоѓа на листата на забранети лекови на Светската антидопинг агенција (ВАДА). Сепак, во образложението се ...
Очигледно дека екипата на Баерн Минхен нема намера да сопре со својата доминација на домашно тло, па само што започна преодниот рок во Бундеслигата, а веќе „Баварците“ доведоа две огромни засилувања. По Исмаел Саибари, денеска претставен е и Натанијел Браун, 23. годишниот досегашен играч на Ајнтрахт, за кои збирно се потрошени 100 милиони евра. Браун потпиша петгодишен договор и еден од најскапите фудбалери кои што пристигнале во Минхен ...
Само неколку дена пред состанокот на лидерите на Алијансата во Турција закажан на 6 и 7 јули, американскиот претседател Доналд Трамп повторно е незадоволен и повторно го отвори прашањето за нерамномерното издвојување за одбраната на земјите членки, оценувајќи дека односот на САД со НАТО „не е реципрочен“ и дека Вашингтон носи несразмерно голем финансиски товар. „Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е ...
По дебаклот на тековниот Мундијал, и раното испаѓање на репрезентацијата на Германија, „Панцирите“ отворено и без бардон стартуваат со рехабилитирање, и поправка на она што очигледно не чини. Во прв момент, тоа секако ќе биде смена на селекторот Џулијан Нагелсман кој што според германските медиуми веќе е минато, односно си поднесува оставка. На негово место истите извори тврдат дека пристигнува еден од најголемите германски фудбалски ...
Пожарот кој избувна во реонот на тврдината Исар во Штип е ставен под контрола, откако на терен интервенирале и воздушни екипи. Според последните информации од терен, пожарот повеќе не претставува опасност за блиските куќи и не се забележува негово понатамошно ширење. Надлежните служби продолжуваат со активности за целосно догаснување и обезбедување на подрачјето околу Исар. Пожарот кој избувна во реонот на тврдината Исар во Штип е ставен ...
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) при последните контроли откри дека одредени маркети во земјава ги зголемиле своите бруто маржи за 2 до 5 проценти во споредба со истиот период минатата година. Ова денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој најави итна реакција на Владата и порача дека трговците кои профитираат на грбот на граѓаните ќе бидат повикани на состанок за да им се упати последно и јасно предупредување. Премиерот даде и ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека Изборниот законик во основа е добар закон, но посочи дека е неопходно политичките партии да постигнат консензус за преостанатите прашања околу неговото усогласување. Тој нагласи дека во моментов се водат разговори меѓу политичките партии и изрази надеж дека ќе се најде заедничко решение за ова, како што рече, чувствително прашање. – Законот сам по себе е добар закон. ОДИХР и Европската комисија ...
Над 400 монети се откриени во петгодишните археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај Црнобуки, Битолско, меѓу кои има и монети ковани во времето на Филип Втори Македонски, како и од Октавијан Август и античките градови Тесалоника, Пела, Амфиполис и Дирахион. Археологот Енгин Насух вели дека монетите ја откриваат хронологијата на античкиот град, а годинашните наоди сè уште се чистат и анализираат. Иако постојат теории дека станува ...
Конечно. Англија го прекина проклетството на Светските првенства кое траеше цели шест децении или точно 60 години. „Трите лава“ го победија ДР Конго со 2-1 во драматичен пресврт. Африканците водеа во првото полувреме, но два гола на Хари Кејн во второто полувреме ги испратија Англичаните во осминафиналето. Ова беше првиот пресврт за Англија во нокаут натпревар на Мундијалите и тоа финалето на Светското првенство во 1966 година. Потоа „Трите ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека гледа забрзување на реформите во земјава во сите 51 реформски чекори, додека во грејс периодов работат заедно со Владата и од 10 ќе бидат исполнети девет и половина од нив. За Изборниот законик, Рокас смета дека законот во основа е добар и оти се надева дека партиите ќе постигнат консензус. - Ние сме фокусирани на 10-те чекори коишто беа во грејс периодот и коишто истекуваа на 30 јуни. И ...
Денеска на програмата се последните три натпревари од 1/16 финалето на СП 2026, по што ќе се знаат сите осминафилани двојки. Нема некои посебни дерби мечеви, но во секој случај се очекуваат нови возбудувања. Се среќаваат Австралија – Египет, Аргентина – Зеленортските Острови и Колумбија – Гана. Програмата се отвора во Далас, каде што играат Австралија и Египет. Под водство на Тони Поповиќ, Австралија се пласираше понатаму со победа над ...
Во забрзаното темпо на живот, покрај деловните обврски, непрестајните известувања и секојдневниот стрес, многумина тешко наоѓаат моменти за вистински одмор. Дури и кога имаат слободно време, мислите често им остануваат насочени кон грижите и обврските. Сепак, ново научно истражување носи охрабрувачка вест – само 20 минути поминати во шума можат значително да придонесат за чувство на мир и опуштеност. Студијата што ја спроведоа научници од ...
Португалија и Хрватска ја одбележаа синоќешната програма на тековниот Мундијал, во кој што Кристијано Роналдо и неговите другари се пласираа во следната фаза. Модриќ и Хрватска си одат дома, но далеку од тоа дека синоќа беа надиграни во поразот до 2:1, напротив. Така смета и Горазд Михаилов, кој ја прави денешната анализа за Спортспорт. Во еден од најинтересните дуели од оваа нокаут фаза, видовме еден интересен и возбудлив натпревар до ...
Ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон, ја спомена својата девојка Ким Кардашијан додека им се обраќаше на фановите во Силверстоун пред Големата награда на Велика Британија во четврток, 2 јули. Ова не е прв пат Хамилтон некако да ја искаже својата љубов кон Ким пред сите, истото го направи и во Монако. Откако публиката аплаудираше, еден од возачите се пошегува и праша: „Дали е поради брзиот автомобил или поради новата девојка?“ Хамилтон се ...
Барселона почна да им дели нараквици за следење на телесната температура на работниците кои работат на отворено, со цел да се намали ризикот од топлотен удар за време на сè почестите и поинтензивни топлотни бранови, извести агенцијата „Ројтерс“. Градот набави околу 1.400 нараквици за комуналните работници, меѓу кои се чистачите на улици, вработените во јавното осветлување, работниците во парковите и вработените задолжени за собирање отпад. ...
Пејачката Тејлор Свифт и американскиот фудбалер Тревис Келси наводно веќе се венчале пред нивната голема забава во Медисон сквер гарден, како што изјавија повеќе извори за „Пејџ сикс“. Се верува дека во строга приватност го кажале судбоносното „да“, а пред раскошната прослава донирале и 26 милиони долари во хуманитарни цели. Иако парот планира забава во Медисон сквер гарден со повеќе од 1.000 гости, по пробната вечера со 100 гости, тие ...
Идентификувано е осомниченото лице во истрагата за нападот со бомба во пакет, во кој тешко беа ранети санкционираниот мултимилионер Вадим Јермолаев, роден во Украина, и уште две лица во Монако, соопшти во четвртокот обвинителството на кнежевството. Францускиот дневник „Ле Фигаро“ и БФМТВ известија дека се верува оти осомниченото лице, кое е снимено од надзорните камери како носи црн рибарски шешир, е жена која се обидела да се претстави како ...
На Росов Остров во Росовото Море, длабок залив на Антарктикот, планината Еребус чади на околу 1.350 километри од географскиот Јужен Пол. Најјужниот активен вулкан во светот во својата внатрешност крие езеро од вжештена лава. А, во гасовите што постојано избиваат од овој природен отвор кон внатрешноста на Земјата научниците пронајдоа микроскопски честички на кристално, елементарно злато. Според научниот труд објавен во 1991 година во ...
Во текот на месецот јуни, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 6165 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Расчистени се повеќе обемни диви депонии лоцирани во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел. Во општината Гази Баба е интервенирано на улицата Перо Наков и во населбата Ченто, при што се подигнати 65 кубни метри отпад, додека во општината Ѓорче Петров се подигнати 75 кубни метри отпад од диви ...
Деценискиот инфраструктурен проект за изградба на автопатот Скопје-Блаце конечно влегува во фаза на реализација, откако целокупната постапка е успешно завршена. Премиерот Христијан Мицкоски ексклузивно најави дека веќе в понеделник официјално ќе биде потпишан договорот со избраниот изведувач, а градежната механизација ќе излезе на терен уште во текот на овој месец. – И ова негативно наследство од минатото се решава. Илјадници проблеми ...