Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Поради оваа причина, сега ќе ги премести своите акции подлабоко на иранска територија, изјави на прес-конференција во Вашингтон претседателот на Здружениот генералштаб на САД, генерал Ден Кејн, цитиран од ДПА. Кејн рече дека Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), одговорна за регионот на Блискиот Исток, ќе премине од големи, целни напади со оружје со долг дострел на хируршки напади. Како дел од овој пристап, ќе се користат ракети воздух-земја ...
Голема, огромна фама денеска се крева во светската фудбалска јавност, а секако предничат шпанските медиуми кои наголемо пишуваат за ситуацијата со Килијан Мбапе и неговата повреда на коленото. Французинот е во „аут“ дефинитивно, а што точно се случува реално никој со сигурност не може да потврди. Едно е сигурно, дека напаѓачот е повреден и дека во прашање е неговото колено. Радио „Кадена Сер“ откри дека медицинскиот извештај на напаѓачот ...
Европската комисија ќе поднесе законски предлог на 15 април за трајна забрана за увоз на руска нафта, три дена по парламентарните избори во Унгарија, изјавија претставници на ЕУ во документ. „А сега се отвораат и други пазари. И можеби е попрофитабилно за нас веднаш да престанеме да го снабдуваме европскиот пазар. Ајде да преминеме на тие пазари што се отвораат и да се етаблираме таму“, му рече Путин на новинарот на руската државна телевизија ...
Нападнати се воена база во близина на Тел Авив и военопоморската база во Хаифа, тврди милитантната група поддржана од Иран, Хезболах. - Како одговор на израелската агресија … Хезболах ја напдна воената база „Тел Хашомер“ и военопоморската база во Хаифа, соопшти движењето откако во Ерусалим и Тел Авив се огласија сирените за тревога. Претходно, државната Либанската новинска агенција (ННА) објави дека израелски копнени сили денеска навлегоа во ...
Турското Министерство за одбрана објави дека ракетата денеска била соборена од воздушната одбрана на НАТО откако прелетала над Ирак и Сирија од Иран. Дипломатски извор изјави дека иранскиот амбасадор бил повикан во турското Министерство за надворешни работи во Анкара за да може турската влада официјално да го изрази својот протест. Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, претходно изјави: „Го осудуваме иранското насочување кон Турција. НАТО ...
Тимот на Ливерпул доживеа уште едно големо разочарување вчера откако во рамките од 29. коло од Премиер лигата загуби со 2:1 од тимот на Вулверхемптон. Ситуацијата во таборот на „Редси“ е алармантна, затоа што неуспесите се редат, се повеќе се зборува за евентуална смена на Арне Слот, а тој пак по вчерашниот дебакл рече дека шансите се создаваат но не и користат. „Лош резултат. Нашата игра во првото полувреме беше далеку од добра, додека во ...
Тој ги повика европските и светските лидери да се вратат на преговорите и побара итен прекин на огнот. „Ова е голем неуспех на дипломатијата“, рече Боланд, коментирајќи ја меѓународната ситуација. Тој праша зошто, со оглед на огромниот технолошки напредок на човештвото, „имаме мобилни телефони, постигнавме огромен напредок во лекувањето на болестите, не можеме мирот да го направиме дел од овој цивилизациски развој?“ Боланд ги повика лидерите ...
„Овие напади, по кои следеше иранска одмазда низ целиот регион, се во спротивност со Повелбата на ОН, која забранува употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава“, се вели во соопштението на Независната меѓународна мисија за утврдување факти за Иран. Панелот изјави дека е длабоко шокиран од нападот врз женско училиште во Минаб во јужен Иран на првиот ден од американско-израелските напади. ...
- Американска подморница во Индиски Океан потопи ирански воен брод, кој мислеше дека е безбеден во меѓународни води. Наместо тоа, беше потопен од торпедо „Тивка смрт“. Тоа е прво потонување на непријателски брод со торпедо по Втората светска војна. Како и во таа војна, кога сè уште бевме Воено Министерство, се бориме за победа, наведе Хегсет. Првично беше објавени дека имало експлозија на иранската фрегата „ИРИС Дена“ во близина на брегот кај ...
Портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае на арапски јазик на Икс објави дека израелски воени авиони погодиле комплекс каде се сместени командни центри на безбедносниот систем на Иран. ИДФ посочи дека во комплексот се сместени штабови на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, силите Кудс, Басиџ, военото разузнавање и други безбедносни единици. За време на нападот иранскиот персонал бил присутен во комплексот. Портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае на ...
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес на прес-конференција изјави дека американска подморница потопила ирански воен брод „кој мислел дека е безбеден во меѓународни води“. Хегсет рече дека бродот бил „потопен од торпедо“. „Ова е прво потонување на непријателски брод со торпедо од Втората светска војна. Како и во таа војна... ние се бориме за победа“, рече Хегсет. https://t.co/PiqQpVIrMu pic.twitter.com/Wc1e0B0um7 — Department of War ...
„НАТО цврсто стои зад сите сојузници, вклучително и Турција, додека Иран продолжува со своите неселективни напади во регионот. Нашата позиција на сите фронтови поврзани со одбраната и одвраќањето останува цврста, вклучително и во случаите, кога станува збор за противвоздушна и ракетна одбрана“, рече Харт. Претходно денеска турското Министерство за одбрана соопшти за пресретнувањето балистичка ракета, посочувајќи дека нема жртви или повредени ...
Техеран ја продлжува битката сам против сите, досега ракетирајќи 11 земји во регионот. Иранска балистичка ракета денеска долета до турска територија, откако Анкара соопшти дека воздушната одбрана на НАТО го соборила проектилот кој претходно минал на ирачка и сириска територија. Во исто време, ирански воен брод потона кај брегот на Шри Ланка, откако бил погоден од американско торпедо. Се трага по 130 луѓе. -Американска подморница потопи ...
Настапот првично беше закажан за во Центарот за сценски уметности „Кенеди“ во Вашингтон. Во јануари, Глас објави дека ја откажува планираната премиера во знак на протест против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да го отпушти раководството на културната установа. Рене Флеминг, Лин-Мануел Миранда и Бела Флек се меѓу уметниците кои ги откажаа своите настапи во Центарот „Кенеди“. Така, симфонијата ќе биде изведена на добротворен ...
Синоќа тимот на Барселона беше на работа на сензација и елиминирање на Атлетико Мадрид по негативата од 4:0 во првиот меч но на крајот сепак, до тоа не дојде. Барса стигна само до 3:0, и тука застана со што е елиминирана од Купот на Шпанија. Покрај тоа, проблем сега настанува и со повредите на Жил Кунде и Алехандро Балде, и обајцата заменети во текот на вчерашниот дуел. И обаајцата се пожалија на повреди на бицепсот, а точниот период на ...
Галатасарај, пак, е казнет со 40.000 евра и клубот нема да има простор за свои навивачи на следниот натпревар на гостински терен од Лигата на шампионите како казна за навивачките немири против Јувентус. И паричната казна и забраната беа потврдени со соопштение на официјалната веб-страница на Галатасарај. Овие инциденти се случија на реваншот од плејофот за Лигата на шампионите, кој се одржа на стадионот „Алијанц Јувентус“ во Торино на 25 ...
Израел го уби Рахман Макдем, командантот на единицата за специјални операции на Иранската револуционерна гарда (IRGC), кој наводно бил вмешан во обидот за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп во 2024 година, објави ABC News, повикувајќи се на два израелски извори запознаени со случајот. Според изворите, Трамп бил лично информиран за операцијата од страна на израелски претставници во последните неколку часа. Локацијата на ...
Радарот за рано предупредување од балистички ракети AN/FPS-132, вреден околу 1,1 милијарда долари, наводно бил погоден во ирански напад. Сликите од Planet Labs покажуваат изгорена земја и знаци на гаснење пожар на местото на радарот. Ирански напад и потврда за штетата Нападот врз радарската инсталација во близина на Ал-Хор, северно од воздухопловната база Ал Удеид, се случи минатата сабота. Иранската револуционерна гарда (IRGC) ја презеде ...
„Денес стојам пред вас со една недвосмислена порака за операцијата „Епски бес“ - Америка победува. Решително, разорно и без милост“, рече Хегсет. „За помалку од една недела, две сили го презедоа целиот ирански воздушен простор“, изјави Хегсет на брифинг за медиумите. Тој рече дека „пристигнуваат повеќе американски сили“ и рече дека „Иран е завршен и тие го знаат тоа“. „Ова никогаш не требало да биде фер борба и не е фер борба. Ги удираме ...
Арсенал ја врати предноста од пет бода на врвот на Премиер лигата со победата од 2-1 над Челзи, но стручниот коментатор Крис Сатон излезе со сериозни обвинувања кон лондончани за стилот на игра. Сатон, кој работи како стручен коментатор за Би-Би-Си, не е импресиониран од начинот на кој се развива фудбалот. Тој вели дека лошо е тоа што тимовите од Премиер лигата почнуваат повеќе да користат прекини, особено Арсенал, но ниту еден тим не ...
Иранската фудбалска репрезентација која се квалификуваше за Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, се уште е нејасно дали ќе отпатува во САД. По почетокот на конфликтот на Блискиот Исток во кој Американците го нападнаа Иран, големо прашање е дали ќе ја видиме оваа азиска земја на Светското првенство. ФИФА веќе разгледува алтернативни решенија, а Обединетите Арапски ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, на прес-конференцијата по синоќешниот реванш натпревар од Купот на Шпанија со Барселона, изјави дека му честитал на Ханси Флик за играта која Барселона ја покажа на мечот кој го доби со 3:0. Атлетико (М) поради победата од 4:0 на првиот меч, на крајот излезе како поуспешен тим од овој двомеч. „Флик го сподели своето мислење за средбата. Му кажав дека одиграа брилијантно. Се надевам дека ќе можеме да ...
Таа беше соборена од воздухопловните сили на НАТО во областа над Источниот Медитеран. Според податоците, дел од пресретнатата ракета паднала на отворена површина во регионот Хатај. Според првичните информации, немало жртви или повредени. „Балистичката ракета, лансирана од Иран, била откриена додека се движела кон турскиот воздушен простор по преминувањето на ирачкиот и сирискиот воздушен простор и била брзо пресретната и неутрализирана од ...
Церемонијата традиционално започнува со монолози од познати актери за нивните кариери, а оваа година таа чест ѝ припадна на Кејт Хадсон. Говор за бунтовната младост Зборувајќи пред публиката во аудиториумот „Шрајн“ во Лос Анџелес, Хадсон ги насмеа своите колеги потсетувајќи се на своето бунтовничко детство. Таа опиша како била „луда како момчиња“, „премногу гласна“, „запаѓала во неволја затоа што сонувала“ и „била испратена дома од училиште ...
„Правиме сè што можеме“, изјави за државната телевизија Ахмад Хатами, член на Собранието на експерти, телото одговорно за избор на нов лидер. „Ако даде Бог, лидерот ќе биде назначен што е можно поскоро. Блиску сме до одлука, но сме во војна“, додаде тој, сугерирајќи дека процесот може да се одложи. Да ве потсетиме дека медиумската компанија Иран Интернешнл синоќа објави дека Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах, е избран за нов врховен ...
Форбс Воените напади на претседателот Доналд Трамп врз Иран веројатно веќе ги чинеа американските даночни обврзници повеќе од милијарда долари, според грубите процени. Притоа, во текот на викендот војната однесе стотици милиони долари поради соборените авиони. Вкупниот цех би можел да се приближи до износот од 100 милијарди долари, во зависност од тоа колку долго ќе потрае конфликтот. Трамп нареди воена операција во Иран која почна во ...
Ројтерс објави дека воениот брод бил потонат во напад на подморница, но не прецизираше за која подморница станува збор. Туркиш А њуз објави дека Шри Ланка спасила 32 „критично повредени“ морнари од потоната иранска фрегата, изјави министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат. Херат му рече на парламентот дека повредените морнари се однесени во болница на југот од островот. Фрегатата, која има екипаж од 180 лица, испратила повик ...
Ова е првото соборување на авион со екипаж од страна на Ф-35. Исто така, ова е прв пат по околу 40 години израелските воздухопловни сили да се вклучат во борба воздух-воздух со авиони со екипаж. Последниот пат кога авиони на израелските воздухопловни сили соборија непријателски авион со екипаж беше на 24 ноември 1985 година, над Либан. Во тој инцидент, Ф-15 на израелските воздухопловни сили собори два сириски ловци МиГ-23. Ова е првото ...
„Во текот на изминатите неколку дена, повеќе од 9.000 американски граѓани безбедно се вратија од Блискиот Исток, вклучувајќи повеќе од 300 од нив од Израел“, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Со организирани чартер летови патниците беа евакуирани од Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Јордан, се додава во соопштението. Стејт департментот во понеделникот ги повика Американците низ Блискиот Исток, од Египет кон ...
Еден од тимовите во Ла Лига кој грчевито ќе се бори за опстанок до крајот на сезоната, Алавес има нов главен тренер. Шпанскиот клуб објави дека го раскинува договорот со Едуардо Куде, откако се појавија информации дека Аргентинецот ќе ја преземе Ривер Плата. Новото име на клупата на Алавес ќе биде Кике Санчез Флорес. 61-годишниот стратег, кој е познат по својата работа со Валенсија, Атлетико Мадрид и Хетафе, ќе потпише договор со Алавес до ...