Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Младиот 21-годишен шведски напаѓач Вилиот Сведберг уште долго време ќе го памети и прераскажува вечерашниот натпревар на „Бернабеу“ и неговите два гола со кои Селта направи првокласна сензација победувајќи го „кралскиот клуб“ на гостински терен со 0:2. Вечерва, по повеќе од 10 години, Селта победи во Мадрид, за првпат од 2014 година. Реал ја пречека Селта со императив за победа откако Барса победи против Бетис еден ден претходно и отиде на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, по тридневните разговори меѓу Вашингтон и Киев во Флорида, синоќа изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, „не е подготвен“ да го потпише мировниот предлог на САД со цел ставање крај на војната со Русија. - Малку сум разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот, тоа беше пред неколку часа. На неговиот народ му се допаѓа, но тој не го направил, рече Трамп синоќа ...
Зеленски во саботата разговараше со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, а се очекува денеска во Лондон да се сретне со францускиот, британскиот и германскиот лидер. Планирани се и дополнителни разговори во Брисел. - Американските претставници ги знаат основните украински ставови, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. „Разговорот беше конструктивен, иако не и ...
Наполи и Елиф Елмас запишаа голема побед аво 13-тото коло во Серија А, откако вечерва го победија Јувентус на својот стадион со 2:1, во големото дерби. Херој на шампионите на Италија беше двојниот стрелец Расмус Хојлунд, додека голот за гостите од Торино го постигна Кенан Јилдиз. Лучано Спалети се врати на „Марадона“, каде пред две години доби ранг на „божество“, бидејќи му го донесе на Наполи Скудетото по 33 години чекање. Но радоста не му ...
Катар е домаќин на политичкото биро на Хамас. - Сега видовме дека оваа комуникација донесе прекини на огнот, ослободување на заложници и олеснување на страдањата на луѓето таму – изјави катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман на Доха форумот, годишен дипломатски собир во катарската престолнина. Тој додаде дека контактите меѓу Катар и Хамас започнале пред 13 години на барање на САД. Со години, САД се потпираат на Катар како посредник во ...
Легендата на Реал (М), Шпанецот Серхио Рамос го одигра својот последен натпревар за мексиканскиот клуб Монтереј во саботата навечер, во поразот од 3-2 од Толука, резултат со кој тимот беше елиминиран во полуфиналето на мексиканското првенство. По натпреварот, 39-годишниот дефанзивец изјави дека заминува. „Мислам дека тоа го ставив јасно до знаење минатата недела и очигледно ова е мојот последен натпревар за Монтереј“, изјави тој. „Тажен сум, ...
– Се обидувам да им објаснам на Кинезите дека нивниот трговски суфицит е неодржлив, затоа што практично ги „убиваат“ сопствените купувачи, особено со тоа што повеќе не увезуваат од нас, изјави Макрон во интервју за економскиот дневник Лес Екос, по тридневната посета на таа држава. Тој нагласи дека доколку нема одговор, Европа ќе мора во идните месеци да преземе силни мерки и да го намали степенот на соработка, следејќи го примерот на САД, ...
„Во последните години Русија е изложена на мерки на економски притисок од страна на западните земји. И покрај тоа, руската економија покажа висок степен на отпорност и приспособливост и продолжи со сигурен раст. Стана очигледно дека едностраните принудни мерки им нанесуваат тежок удар на самите иницијатори“, се наведува во соопштението по повод заседанието на Генералното собрание на ОН посветено на Меѓународниот ден на борбата против ...
Фудбалерите на Кристал Палас славеа на гостувањето кај Фулам со 2:1 во 15-то коло од Премиер лигата. Херој на Палас беше Марк Гуеј, кој го постигна победничкиот гол на крајот од натпреварот. Претходно, Палас поведе во 20-тата минута со голот на Нкетија, но Фулам брзо се врати во натпреварот, бидејќи во 38-та минута Хименез му асистираше на Вилсон за 1:1. Во финишот Гуеи беше највисок во скокот пред голот на домашните за 1:2. sportmedia.mk ...
Фудбалерите на Војводина направија изненадување во натпреварот од 18-то коло од Суперлигата на Србија, бидејќи на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград ја совладаа екипата на Црвена Звезда со 0:1. Госите го повторија подвигот направен кон крајот на октомври кога ги победи актуелните повеќекратни шампиони на Србија во Нови Сад со резултат од 3:2. Со вечерашниот пораз, Ц. Звезда му ја отстапи лидерската позиција на Партизан, кој претходно денес ...
Во долгиот говор против продолжувањето на борбите во Украина, Доналд Трамп помладиот, исто така, рече дека „корумпираните богати луѓе од Украина избегале од земјата, оставајќи го она што го сметале за селска класа да се бори во војната“. Трамп помладиот нема официјална улога во администрацијата на Доналд Трамп, но е клучна фигура во движењето MAGA. Неговиот настап ја одразува антипатијата на некои членови на тимот на Трамп кон украинската ...
- Промените што ги гледаме, би рекол, во голема мера се совпаѓаат со нашата визија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за рускиот новинар Павел Зарубин, делумно објавено на неговиот канал на Телеграм. Песков ја изрази надежта на Москва дека ова би можело да биде „скромна гаранција“ дека ќе можат да продолжат со заедничка конструктивна работа за наоѓање решение во Украина. Тој, исто така, тврди дека домашната политичка ...
Посетата се реализира на покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а Орбан ќе учествува на седмото заседание на Високиот совет за стратешка соработка Турција–Унгарија, објави Дуран на турската социјална мрежа NSosyal. Дуран најави дека двете страни ќе ги разгледаат сите аспекти на продлабоченото стратешко партнерство и ќе разменат мислења за актуелни регионални и глобални прашања. Според него, се очекува да бидат потпишани повеќе ...
Во сета невоља во која се најдоа по катастрофалниот почеток на сезоната и проблемите кои се наталожија и со последните изјави на Мохамед Салах, раководството на Ливерпул се подготвува за промени во играчкиот кадар уште оваа зима. Ливерпул наводно одредил намалена цена за дефанзивецот Ибрахима Конате по последниот катастрофален момент на Французинот. Поранешниот играч на РБ Лајпциг доживеа значителен пад на нивото на перформанси оваа сезона и ...
– Иранската оска е значително погодена, рече Нетанјаху по разговорите со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Ерусалим, осврнувајќи се на судирите што го потресоа регионот во изминатите две години. - Веруваме дека постои пат за поширок мир со арапските држави и пат за воспоставување одржлив мир со нашите палестински соседи, продолжи тој. - Но нема да создадеме држава која би била посветена на нашето уништување пред нашите врати, додаде ...
- Ниту една друга држава нема толку големо влијание врз Русија како Кина и не може толку ефективно да го искористи своето политичко тежиште за конечно да ја убеди Русија да пристапи кон сериозни преговори за почитување на украинскиот суверенитет, изјави Вадефул од берлинскиот аеродром, непосредно пред поаѓањето за Кина. Тој нагласи дека за Германија е од интерес „Кина да придонесе за постигнување праведен и долготраен мир во Украина“. Западот ...
Фудбалерите на Валенсија извадија бод на домашен терен во меч со екипата на Севиља играјќо 1:1 во еден од денешните дуели од 15-тото коло на шпанската Ла Лига. Во составот на домашните, нашиот Столе Димитриевски повторно остана на клупата за резерви и покрај одличниот настап во Копа дел Реј, а Валенсија денеска не успеа да дојде до посакуван триумф во еден од исклучително важните натпревари во битката за бекство од „црвената зона“ на ...
Тимот на Хамбургер ја искористи предноста на домашниот терен и успеа вечерва да биде поуспешен од Вердер Бремен со конечни 3:2. Одличниот натпревар имаше пресврти, интензитет, многу шанси и конечно пет гола. Гостите дојдоа во водство преку Стаге во 45. минута. Локонга во 63. минута израмнува на 1:1, а во 75. минута Лука Вушковиќ им носи предност на домаќините од 2:1. Џастин Њинмах три минути подоцна израмнува на 2:2, за да во 84. минута ...
Повеќе од третина од околу 220.000 лица уапсени во првите девет месеци за време на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп од страна на службениците на Службата за имиграција и царинско спроведување (ИЦЕ) немаат никакво криминално досие, покажуваат новите податоци. Податоците, кои ги опфаќаат апсењата од 20 јануари до 15 октомври, покажуваат дека речиси 75.000 лица без претходни пресуди биле уапсени во имиграциски операции ...
Со голот на Џанлука Гаетано во 82. минута од мечот, тимот на Каљари дојде до многу значајна победа на домашен терен попладнево во дуелот против фаворизираната Рома. Борбениот дуел на двата тима го реши еден гол, а големо влијание на настаните имаше и фактот што гостите од Рим речиси село второ полувреме го одиграа со играч помалку. Во 52. минута беше исклучен Зеки Челик, што секако влијаеше на играта, а воедно и на конечниот исход на дуелот. ...
Украинскиот претседател утре ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер во Лондон, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Нивната средба доаѓа во услови на продолжени разговори меѓу украинските и американските претставници за планот поддржан од Вашингтон за ставање крај на војната. Министерот во британскиот Кабинет, Пет Мекфејден денеска изјави дека безбедноста и самоопределувањето на ...
Украина продолжува да работи со своите партнери, „за да обезбеди, како одговор на овие напади, нашата одбрана да станува посилна“, напиша Зеленски на Х. - Приоритетот е јасен: повеќе системи и проектили за противвоздушна одбрана, и поголема поддршка за нашите бранители, додаде тој, повикувајќи секој договор да се спроведе побрзо. Русија повторно ја бомбардираше Украина за време на викендот со повеќе напади со дронови и проектили. Зеленски ...
Заврши првиот од двата денешни дуели во Премиер лигата. Тимот на Брајтон на домашен терен успеа да се спаси од пораз во последните моменти од мечот против Вест Хем и на тој начин да освои злато вреден бод. Конечните 1:1 се дело најпрво на Бовен кој што ги доведе гостите во водство во 73. минута од мечот. Сепак, домашните успеаа да се извлечат од оваа проблематична ситуација со погодокот на Рутер во првата минута од судиското продолжение. ...
Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за прекин на војната во Украина е „навистина блиску“ и оти сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје. Русија почна голема инвазија на Украина во февруари 2022 година по осум години борби меѓу сепаратистите поддржани од Русија и украинските трупи во Донбас, кој се состои ...
Чаби Алонсо верува дека Реал Мадрид се врати на вистинскиот пат откако го победи Атлетико во Билбао. Тој особено го пофали Килијан Мбапе, кој блеска оваа сезона, а многумина веруваат дека Французинот би можел да ги сруши дури и бројните рекорди на Кристијано Роналдо во Мадрид. Чаби Алонсо не избра страна помеѓу двајцата, а ве потсетуваме дека тој беше соиграч на Роналдо. „Кристијано е Кристијано, а Килијан е Килијан. Тие се феноменални, ...
Мажи исрпрскале патници со хемиска течност, неколкумина биле повредени и биле префрлени во болница. Лондонската полиција соопштила дека група мажи испрскале неколку лица со некој вид спреј со бибер, и побегнале, едно лице било уапсено под сомнение за напад. Според полицијата групата лица што го предизвикала инцидентот мегусебно се познавале, но дека сепак не станува збор за тероризам. Едно лице веднаш било уапсено.. Инцидентот предизвикал ...
Во интервју во емисијата „Москва, Кремљ, Путин“, Песков потсети на соопштението на ММФ за последиците од запленувањето на рускиот имот, додавајќи дека „тоа не се случило долго време“. - Значи, дури и ММФ, темелот на монетарната политика во монетарниот свет што тие го создадоа, сега се врти против нив и им порачува: Вразумете се, рече Песков. Европската комисија од неодамна се обидува да ги искористи замрзнатите руски средства за т.н. ...
Иако посакувањата беа Мохамед Салах уште минатата или оваа година да се пресели во С. Арабија, до тоа не дојде. „Фараонот“ потпиша нов договор. Сепак откако вчера по мечот најави дека сака да си оди од Ливерпул, пребогатите шеици од С. Арабија тријат раце и сметаат дека уште во јануари ќе успеат да го доведат во тамошната лига. Да потсетиме дека тогаш понудата беше фантастична, нешто слична како онаа на Роналдо. Салах би можел да заработува ...
Не само што е најдобриот фудбалер во историјата, Лео Меси е и голем спортсмен. Иако Интер Мајами е основан само пред неколку години, овој клуб успеа да ја освои својата прва шампионска титула во МЛС, а секако најзаслужен за тоа е Лионел Меси, кој одигра уште една нереална сезона. Во големото финале, Интер играше против Ванкувер и успеа да победи со 3:1 и на крајот да ја освои титулата. Интересно е што од доаѓањето на Меси, овој клуб освојува ...
- Во моментов не зборуваме за некаков прекин на огнот, зборуваме за изгледите за долгорочно решение. Тоа е она што е важно. И ние работиме во тој контекст, рече Ушаков. Како што пренесе Риа новости, Ушаков изјави дека САД ветиле цврст договор со Русија, доколку двете страни постигнат договор. - Овие Американци (претставници на администрацијата на Трамп) се колнат дека ако Трамп се согласи за нешто, тоа ќе биде цврсто решено, рече Ушаков. ...